|
|
It is currently 21 Dec 2024, 04:08
|
Author |
Message |
Rubi
Џуниор Џедај
Joined: 25 Jan 2009, 19:44 Posts: 4 Location: Прилеп
|
Еве малку повеќе за една моите поомилени серии........ Dr. House M.D.Dr. House е американска медицинска драма, која со емитување започнала на 16 Ноември, 2004 год. Автор на серијата е David Shore, кој воедно е и извршен продуцент заедно со режсерот Brayan Singer. Во текот на сезоната 2007/2008, Dr. House била најгледана серија во САД, и трета по ред најгледана серија воопшто. Ги има добиено наградите Emmy и Peabody. Главниот лик на серијата, докторот Gregory House, го толкува британскиот актер Hugh Laurie, кој за таа улога, 2006 и 2007 ја има добиено наградата Златен Глобус. Докотор Gregory House е своеглав медицински гениј, кој работи како шеф на Одделнието за дијагностика во (измислена) болницата Princeton-Plainsbo во New Jersey. Поголемиот дел од епизодите започнуваат надвор од болницата, прикажувајќи ги случките кои довеле до појава на симптомите кај главниот пациент во таа епизода. Во текот на поголемиот дел од епизодата, дијагностичкиот тимот на House, се труди да ги открие причните кои довеле до тие симпотоми, а со тоа и да ја излечат болеста. Ценетиот оддел на House, прима само пациенти кои не добиле права дијагноза, што нивните случаеви ги прави уште покомплексни и суптилни. Па така, House одбива да соработува во случаеви за кои мисли дека се неинтересни. Случаевите кои се појавуваат во серијата се многу ретки, но реални. Тимот, до различните дијагнози доаѓа со сократски метод или дифернцијална дијагноза, додека самиот House ги води расправите. House често се подбива и ги омаловажува своите колеги, исмевајќи ги поради испуштањето на некои некои многу битни фактори. Пациентот најчесто добива погрешна дијагноза на самиот почеток, па и најчесто прима лекови за таа погречна дијагноза. Тоа нормално доведува до поголеми компликации кај пациентот, но воедно и му помага на House да ја постави вистинската дијагноза и да го излечи пациентот (ако болеста е излечива). Но, се случува и дојде до потешко дијагностицирање на болеста, поради тоа што пациентот лаже за симптомите или причините. Токму поради ова, House во текот на дебатите често вели: „Сите лажат“, „Пациентот лаже“ или „Симптомите никогаш не лажат“. Дури и кога тоа нема да го изговрои, House секогаш има трошка на сомнитлност дека пациентот не ја зборува вистината, па во текот на дијагностицирањето секогаш тргнува од таа претпоставка. Теориите на House за состојбата на пациентот знаат да бидат темелни во текот на контроверзните прегледи, што поради тоа често има проблем да добие одобрување од Dr. Lisa Cuddy (управителка на болницата), за некои медицински постапки или захфати, за кои тој мисли дека се потребни, но се многу ризични и етички двосмислени. Dr. Cuddy многу често бара од House да поминува повеќе време во болничката амбуланта, но House-овото избегавање и/или жалење за оваа работа е честа појава во серијата. Но, сепак кога работи во амбулантата, тој ги збунува пациентите со својот однос према нив и неотродоксните третмани, но во исто време ги изненадува со брзите дијагнози, иако наизглед се чини деке не ги слуша и дека не го интересираат. Во текот на епизодата тимот често оди во посета на домот на пациентот, некогаш со дозвола, но најчесто без неа, како би ги утврдиле причините за болеста. Авторот на серијата, David Shore изјавил дека имал намера да направи серија на база на CSI, во која „вирисите и бактериите би биле осомничени“, но одлучил да ја фокусира серијата на самите ликови, а не на околината. Уште еден голем дел од епизодите зазима и House-овото земање на опијатот Vicodin, кој му потребен за да ги намали јаките болки кои се предизвикани од инфаркт на квадрицепсот на десната нога, што воедно го присилува и да оди со бастун. House признава дека е зависен од Vicodin, но тврди дека нема проблем: „Таблетите ми овозможуваат да ја работам својата работа и ми ги отклонуваат болките“ House во многу работи е сличен на Sherlock Holmes. Сличностите се евидентни во многу работи, како што е House-овото потпирање на психологијата при решавањето на случаите, неговата истрајност и одбивање на случаите за кои мисли дека се досадни, неговото конзумирање на опијати (но, треба да се напомене дека Холмс своеволно, без никакви потреби конзумира дроги, додека House ги зима од медицински причини), неговата адреса е иста како онаа на Holmes, 221B, неговото пријателство со Wilson, кој е паралела на Dr. Watson и ситуацијата во која на него ќе пука човек познат само како Moriarty, што е презиме на најлудиот непријател на Holmes. ЛиковиВо текот на првите три сезони, дијагностичкиот тим на House го сочинуваат три лекари: Eric Foreman, Allison Cameron и Robert Chase. Во четвртата сезона најмува четириесет кандидати од кои ќе треба да одбере тројца кои ќе бидат негови соработници. Натпреварот за работа се претвора во еден вид на реално шоу, во кое победници ќе бидат Chirs Taub, Lawrence Kutner и “Trinaest”.
_________________ Life is not about finding yourself. Life is about creating yourself.
|
28 Jan 2009, 14:12 |
|
|
Skywalker
|
Одличен исцрпен текст за серијата! Серијата ја следам кога за тоа имам можност, но секоја епизода ми е особено интересна, бидејќи ликот на Д-р Грегори Хаус е единствен, и на дејствието во серијата му дава една посебна динамика.
|
28 Jan 2009, 18:35 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
+1 за текстот! Ако има некој што не е запознаен со серијава, ете му одличен воведник. За оние кои се интересираат повеќе за медицинскиот апсект на серијава: http://www.politedissent.com/house_pd.htmlОва е сајт посветен на вистински medical reviews за болестите/дијагнозите/постапките кои се среќаваат во епизодите. Со други зборови, што и колку е реално од тоа што се случува, со објаснувања и линкови. Сите епизоди емитувани досега се опфатени. Најдобро е да читате откако сте ја изгледале епизодата (инаку ќе си го расипете гледањето, има spoilers). Ја откако го открив сајтов, го обожавам. Покрај Хаус, има редовни reviews и за неколку останати серии, но и за СТРИПОВИ!... ПС. Го сменив насловот на топикот директно во House MD, “Серии“ беше премногу општо. Вака овде ќе се дискутира само за Хаус, без да се меша со други. Посебен топик за секоја серија би било најубаво Понатаму, ако има потреба, ќе ги групираме во еден подфорум Серии...
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
29 Jan 2009, 19:55 |
|
|
Kumori Myu-Jishan
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 10:00 Posts: 191 Location: Svilajnac
::
|
Serija je najtvrdja od svih ikada u ovom zanru. Ajde, doktorisanje tu i tamo, ali kako House lategorijski jebe pacijente u zdrav mozak, onako mator, vrljiv, sarkastichan i pompezan, to je za Oskara, majke mi. Hugh Laurie je nezamenjiv. Mislim, veseli drug Edmundu Crnom Guji, truly for the win.
_________________ http://hotforhoth.wordpress.com/
http://www.pokazivac.com/author/ivan-veljkovic
|
29 Jan 2009, 20:05 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Страшно добра работа оваа House серијава, се сложувам. Единствена серија која ја гледам веднаш штом ќе ја симнам, се друго може да почека неколку дена или недели. Имав среќа да дознаам за неа уште во текот на првата сезона, и тоа сосема случајно. Еден ден листав од досада по IMDb да видам што има ново од некои актери/актерки, од кои долго време не сум видел нешто и на ред дојде и Hugh Laurie. Видов дека е актуелен со House, прочитав одлични критики за серијата и од тогаш не се разделуваме.
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
30 Jan 2009, 02:12 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
...и од тогаш јас го пцујам Лаф. Значи, откога тој се навлече на серијава, постојано пробуваше да ми ја потпикне да ја видам, а јас се противев. Арно ама, ја видов првата епизода (мислам беше кај него на гости) и на таа серија не ми ја покажа главната прича туку оние споредните, side-kick финтици со пациенти, и се загреав ненормално! По некое време, почнав да и ја убедувам едан моја другарка - докторка да ги види (ова збориме за периодот додека идеше прва сезона) и таа ко мене, не бе не што ќе ми е тоа....последна информација ми е дека ТАА е главен „дилер“ на моите ДВДија со првите 2-3 сезони во Државна болница.....
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
30 Jan 2009, 08:59 |
|
|
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
сеа видов дека има топик за серијава... ги имам изгледано сите 4 сезони и 15 епизоди од 5 сезона и можам да кажам дека нема лоша епизода, лоша приказна или една да биде помалку добра од друга. Сите се врв!
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
09 Apr 2009, 22:38 |
|
|
MinioN
Магус Регуларус
Joined: 06 Apr 2009, 22:51 Posts: 1249 Location: Struga
|
Zakon e.Go gledam ko ce go fatam neznam koga igra ama skoro sekoj den e toa Posebno muziceto pfff zakon(i dvete verzii)
|
10 Apr 2009, 11:33 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
ejjj House i ja gleam mnogu cesto,na kanal 5 ili na Fox life zakon e! :p
|
06 May 2009, 22:45 |
|
|
kirils
Џуниор Џедај
Joined: 04 Jun 2009, 21:09 Posts: 2
|
Здраво на сите. Првиот коментар да го потрошам на Хаус, обично мрзам серии со болници ама оваа за разлика од сите тие е добра, и е многу добро направена, последно што завршив беше 4 сезона и мислам дека послените епизоди ме мрднаа...
Поздрав Кирил
|
05 Jun 2009, 09:15 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Ухуху, да, финалето на 4та сезона беше ненормално! Може треба пак да си го изгледам... /Здраво Кириле, и добредојде. Среќно гледање петта сезона
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
05 Jun 2009, 12:19 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
06 Jun 2009, 12:17 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Каков одличен вовед! Браво! Иначе, омилена серија ми е, ликот е неверојатен, и мислам дека само Hugh Laurie може да го изигра! Побарајте на јутјуб кастинг за улогата на Хаус, како Laurie им се покажал на типците! 5 сезона е must watch Незнам дали воопшто некој можеше да го предвиди крајот.
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
06 Jun 2009, 19:47 |
|
|
kirils
Џуниор Џедај
Joined: 04 Jun 2009, 21:09 Posts: 2
|
|
07 Jun 2009, 12:37 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Можда целата сезона до негде пред крај ќе ти изгледа како ништо посебно, ама сите работи ситни и неприметни што се дешаваат, излегуваат на површина на крајот и се ептен битни дури и за наредната сезона!
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
07 Jun 2009, 12:56 |
|
|
Rubi
Џуниор Џедај
Joined: 25 Jan 2009, 19:44 Posts: 4 Location: Прилеп
|
_________________ Life is not about finding yourself. Life is about creating yourself.
|
23 Jun 2009, 13:17 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Промо за шеста сезона која почиња нa 21 Септември. Ептен закон изгледа! Бај д веј, питоните се вистински
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
04 Sep 2009, 14:08 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
i krilata isto.
|
09 Sep 2009, 12:40 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
01 Dec 2009, 20:59 |
|
|
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
Фала Лаф... волпејперот е сменет
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
01 Dec 2009, 21:33 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
04 Dec 2009, 23:34 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
House is back со S06E14.
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
09 Mar 2010, 10:09 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
01 Apr 2010, 18:17 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
13 Apr 2010, 00:31 |

17 May 2010, 18:13 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 24 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|