Еве една новост, баш на муабетов за црно-беливе филмови, неколку b&w класици во кинотека
„ПРАВОТО И АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛМ“..од 2ри до 8ми март, во Кинотека на Македонија..
Бујрум, да се потсетите на американските филмски класици!
Кинотечни проекции на големото платно и 35 мм филмска лента,
..филмови на
Сидни Лумет (Sidney Lumet), Били Вајлдер (Billy Wilder), Ото Преминџер (Otto Preminger), Стенли Крамер (Stanley Kramer), Норман Џуисон (Norman Jewison), Џонатан Дем (Jonathan Demme), Гери Фледер (Gary Fleder).2 март 2012 (петок), 20:00 часот
12 Angry Men
(1957, САД, црно-бел, 35мм, 96 мин.)
Режисер: Сидни Лумет (Sidney Lumet)
Сценарио: Реџиналд Роуз (Reginald Rose)
Улоги: Хенри Финда, Ли Џеј Коб, Мартин Балсам (Henry Fonda, Lee J. Cobb, Martin Balsam)
Одбраната и обвинителството си ја завршуваат својата работа, а на сцена стапува поротата која треба да реши дали младиот Хиспаник е виновен или не за убиство на сопствениот татко. Проблемот изгледа едноставен, па сепак поротникот бр.8 ќе побара заеднички да ги разгледаат фактите и сведочењата. Понатамошната дискусија ќе ги изнесе на виделина предрасудите, очекувањата и личните драми на секој од поротниците, како и нивното исклучиво субјективно гледиште на убиството. Нивната одлука ќе значи живот или смрт за обвинетиот.
Филмот освои Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 1957.
3 март 2012 (сабота), 20:00 часот
Witness for the Presecution
(1957, САД, црно-бел, 35мм, 116 мин.)
Режисер: Били Вајлдер (Billy Wilder)
Сценарио: Агата Кристи, Били Вајлдер (Agatha Christie, Billy Wilder)
Улоги: Тајрон Пауер, Марлен Дитрих, Чарлс Лотон (Tyrone Power, Marlene Dietrich, Charles Laughton)
Во оваа екранизација на романот на Агата Кристи, Леонард Воли е уапсен поради убиство на една богата средовечна вдовица. Познатиот адвокат Робартс, иако со влошена здравствена состојба, се согласува да го застапува Воли пред судот, а како главен сведок ја наведува сопругата на Воли – Кристин. Меѓутоа, сето она што Кристин ќе го каже или направи ќе биде на штета на осомничениот и најпосле таа ќе сведочи во корист на обвинителството. Адвокатот Робартс сега треба да ги открие мотивите за ваквиот пресврт.
4 март 2012 (недела), 20:00 часот
Anatomy of a Murder
(1959, САД, црно-бел, 35мм, 160 мин.)
Режисер: Ото Преминџер (Otto Preminger)
Сценарио: Вендел Мајс, Џон Велкер (Wendell Mayes , John D. Voelker)
Улоги: Џејмс Стјуарт, Ли Ремик, Бен Газара (James Stewart, Lee Remick, Ben Gazzara)
Фредерик Манион, полковник во американската армија, е уапсен за убиство на сопственик на кафеана. Во своја одбрана, тој вели дека убиениот ја силувал и претепал неговата сопруга Лаура. Адвокатот Пол Беглер, задолжен за одбрана на полковникот, во текот на истрагата сфаќа дека си има работа со мошне проблематичен човек, насилен и посесивен, кој е во брак со доста промискуитетна жена. Тие факти, всушност, се на штета на обвинетиот и Беглер знае дека обвинителството обемно ќе ги користи за да го добие случајот. Беглер има малку адути да ја подготви одбраната.
5 март 2012 (понеделник), 20:00 часот
СУДЕЊЕТО ВО НИРНБЕРГJudgment at Nuremberg
(1961, САД, црно-бел, 35мм, 186 мин.)
Режисер: Стенли Крамер (Stanley Kramer)
Сценарио: Аби Ман (Abby Mann)
Улоги: Спенсер Траси, Берт Ланкастер, Ричард Видмарк (Spencer Tracy, Burt Lancaster, Richard Widmark)
Во 1948 г., судијата Хејвуд доаѓа во Нирнберг за да го води судењето на четворица нацистички судии кои го злоупотребиле правниот систем и ѝ помогнале на нацистичката влада да изврши геноцид на политички и социјално непожелните. Студената војна се заострува, а јавното мнение во Германија, сега поделена и во добри односи со сојузничките сили, како и во земјите на Западната алијанса, е заситено од судења. Сите сакаат да заборават на минатото и да се фокусираат на иднината.
Од судијата Хејвуд се очекува брзо да ги осуди обвинетите за воени злосторства, но од луѓето со кои тој стапува во контакт, обични граѓани, добива сосем поинаква перспектива за случувањата за време на војната.
6 март 2012 (вторник), 20:00 часот
И, ПРАВДА ЗА СИТЕ...And Justice for All
(1979, САД, колор, 35мм, 119 мин.)
Режисер: Норман Џуисон (Norman Jewison)
Сценарио: Валери Куртејн, Бери Левинсон (Valerie Curtin, Barry Levinson)
Улоги: Ал Пачино, Џек Ворден, Џон Форсајт (Al Pacino, Jack Warden, John Forsythe)
Артур Киркленд е неподмитлив адвокат кој се обидува да воведе реформи во правниот систем на Мериленд. Парите за него се само материја, а тој пред сè верува дека духовната сатисфакција е подлабока и побитна. Кога судијата Флеминг, инаку редовен антагонист на Киркленд во судниците, е обвинет за убиство, адвокатот е принуден да го брани. Нивниот однос е комплициран – судијата има поинакво видување од адвокатот за тоа што е правдина а што не – но сега се ставени во ситуација да се бранат од иста клупа.
7 март 2012 (среда), 20:00 часот
ФИЛАДЕЛФИЈАPhiladelphia
(1993, САД, колор, 35мм, 125 мин.)
Режисер: Џонатан Дем (Jonathan Demme)
Сценарио: Рон Нисванер (Ron Nyswaner)
Улоги: Том Хенкс, Дезел Вашингтон (Tom Hanks, Denzel Washington)
Ендрју Бекет е партнер во влијателна корпоративна адвокатска фирма во Филаделфија. Живее со својот партнер, но својата хомосексуалност, како и фактот дека е ХИВ позитивен, ги крие од своите колеги. Откако еден од колегите ќе забележи дека нешто не е во ред со здравјето на Бекет и ќе се посомнева што стои зад сето тоа, Бекет ќе почне да се соочува со дискриминација на работното место. Откако најпосле ќе биде отпуштен од работа, Бекет е во потрага по адвокат за на суд да ги бара своите права. Така, влегува во канцеларијата на Џо Милер, познат адвокат за човекови права, но и тука не наидува на разбирање.
8 март 2012 (четврток), 20:00 часот
ИЗБЕГАНИОТ ПОРОТНИКRunaway Jury
(2003, САД, колор, 35мм., 127 мин.)
Режисер: Гери Фледер (Gary Fleder)
Сценарио: Џон Гришам, Брајан Копелман (John Grisham, Brian Koppelman)
Улоги: Џок Кјузак, Рашел Вајз, Џин Хекман (John Cusack, Rachel Weisz, Gene Hackman)
Во Луизијана е покрената судска постапка против трговец со оружје. Обвинетиот има адут – т.н. советник, кој ја шпионира работата на поротата, ги следи и уценува поротниците, сè со цел да ги изманипулира и да ги принуди случајот да го решат во корист на обвинетиот. Меѓутоа, како поротник е повикан и младиот Николас Истер, кој остава впечаток на незаинтересиран за целата работа, но ќе се утврди дека тој и неговата девојка Марли се далеку помотивирани да го осудат трговецот со оружје. И двајцата се вплеткуваат во низа ситуации на барање поткуп, и од обвинетиот и од неговиот „советник“, ветувајќи им дека тие ќе го изманипулираат мислењето на поротата... Но, дали ќе го сторат тоа?
FB event:
https://www.facebook.com/events/250692591682741/