Руски шаховски мајстор,Аркадиј Балаган, трауматизиран после смртта на неговата вереница, станува агорафобичен (страв од отворен простор) и живее во хотел. Сепак, се појавуваат финансиски проблеми (скапо е да живееш во хотел
) , па почнува да решава криминалистички случаеви.
Ова го пронајде Тетоецот и, суптилно како и секогаш, ми го „протна“ и мене.
Канадско производство, сигурни засега 13 епизоди, од кои 2 веќе се емитуваа.(Вечерва е 3тата.)
Комбинација нешто помеѓу Монк и овие SCI серијаливе, ама има некаков свој
драж.
Сепак, морам да бидем скептик, бидејки е тука некаде на просечна серија, и оцена на IMDB e 6.4/10. Така да, ако преживее до 6-7 епизода, ќе тера и повеќе сезони.
Омилен лик: Собарицата. Секси лик: Барменката.