Вчера ја симнав прва епизода, фина рилекс сериичка.
Се работи за просечна америчка фамилија, татко-скеч артист во полиција, мајка-хемичар, ќерка-средношколка со тинејџерски проблеми и нервози зошто не се вклопува во средината и син-смотано дете што не го бива за ништо а и со школо слабо му иде
Таткото како би го спасил семејството(од развод) организира патување со некомерцијален лет во во Бразил за да се зближат. Над дождовна шума во Бразил ги фаќа невреме и паѓаат со авионот во езеро со фосфор во него и камењата и сл. светат
После таа случка 4цата добиваат супер моќи...
Таткото станува јак(силен, не животното
) и рипа ко ненормален, од зграда на зграда.
Мајката станува Flash. Само во женска варијанта е поинтересно, и во кујна е брза
Ќерката може да чита мисли на луѓето.
И синот станува вундеркинд, нешто слично како Charles Eppes во Numb3rs серијата.
Мислам дека е доста, интересна серија во секој случај...
Најјак момент:
edit: Заборавив, фина е мајката... Муи фина
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!