МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
The Man Who Laughs (1928) http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=10&t=2585 |
Page 1 of 1 |
Author: | The Bat-Man [ 16 Jun 2011, 14:16 ] |
Post subject: | The Man Who Laughs (1928) |
Нем филм од Американско потекло режиран од германскиот режисер Пол Лени според истоимената книга на Виктор Иго. Приказната започнува со еден благородник кој му се спротиставил на Кралот Џејмс II и како казна добива погубување во Железната девица а на син му кралевите хирурзи му средуваат трајна насмевка за да ја носи цел живот за да му се смее засекогаш на неговиот будалест татко. Синот со трајната насмевка (Гвинплејн) ќе талка сам напуштен по улиците и ќе наиде на една мтрва жена замрзната од студ која во раците држи (слепо) бебе кое е сеуште живо. Гвинплејн ќе најде дом за бебето (Деа) и него кај еден старец кој се нарекува себеси филозоф и организира и режира претстави во кои Гвинплејн и Деа ќе учествуваат после нивното созревање. Ова е еден наједноставен пример за германски експресионизам, за одлична глума и пантомима (сепак се работи за нем филм) и како можете да разберете се без да се каже збор, само преку пратење на емоции и јазик на телото. Приказната е одлична, режијата за времето е 10-ка, сценографијата, музиката и костимографијата беа и тие 10-ка. За нем филм од тоа време би рекол 9.5 / 10 |
Author: | Tet0eC [ 16 Jun 2011, 14:42 ] |
Post subject: | Re: The Man Who Laughs (1928) |
Уф, да, каков филм... Главниот виновник, заедно со уште еден од 1924-та (долго германско име, не ми текнува точно како беше), што се навлеков на Guy Maddin, забеган канадски автор кој во модерно време прави артхаус/мајндфак филмови налик на германскиот експресионизам... Особено добар омаж е Careful, од 1992-ра. |
Page 1 of 1 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |