[phpBB Debug] PHP Warning: in file [ROOT]/includes/functions_content.php on line 696: preg_replace(): The /e modifier is no longer supported, use preg_replace_callback instead
[phpBB Debug] PHP Warning: in file [ROOT]/includes/functions.php on line 4762: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at [ROOT]/includes/functions.php:3897)
[phpBB Debug] PHP Warning: in file [ROOT]/includes/functions.php on line 4764: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at [ROOT]/includes/functions.php:3897)
[phpBB Debug] PHP Warning: in file [ROOT]/includes/functions.php on line 4765: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at [ROOT]/includes/functions.php:3897)
[phpBB Debug] PHP Warning: in file [ROOT]/includes/functions.php on line 4766: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at [ROOT]/includes/functions.php:3897)
МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ - View topic - The Man Who Laughs (1928)
It is currently 10 Jan 2025, 13:45



Reply to topic  [ 2 posts ] 
The Man Who Laughs (1928) 
Author Message
Ултимејт Резервист
User avatar

Joined: 29 May 2009, 14:29
Posts: 542
Reply with quote
Нем филм од Американско потекло режиран од германскиот режисер Пол Лени според истоимената книга на Виктор Иго.

Приказната започнува со еден благородник кој му се спротиставил на Кралот Џејмс II и како казна добива погубување во Железната девица а на син му кралевите хирурзи му средуваат трајна насмевка за да ја носи цел живот за да му се смее засекогаш на неговиот будалест татко. Синот со трајната насмевка (Гвинплејн) ќе талка сам напуштен по улиците и ќе наиде на една мтрва жена замрзната од студ која во раците држи (слепо) бебе кое е сеуште живо. Гвинплејн ќе најде дом за бебето (Деа) и него кај еден старец кој се нарекува себеси филозоф и организира и режира претстави во кои Гвинплејн и Деа ќе учествуваат после нивното созревање.

Ова е еден наједноставен пример за германски експресионизам, за одлична глума и пантомима (сепак се работи за нем филм) и како можете да разберете се без да се каже збор, само преку пратење на емоции и јазик на телото. Приказната е одлична, режијата за времето е 10-ка, сценографијата, музиката и костимографијата беа и тие 10-ка.

За нем филм од тоа време би рекол 9.5 / 10


16 Jun 2011, 14:16
Profile
Зен Мастер Форумџија
User avatar

Joined: 23 Jan 2009, 14:37
Posts: 9468
Location: Градо на крушите.
::
Reply with quote
Уф, да, каков филм... Главниот виновник, заедно со уште еден од 1924-та (долго германско име, не ми текнува точно како беше), што се навлеков на Guy Maddin, забеган канадски автор кој во модерно време прави артхаус/мајндфак филмови налик на германскиот експресионизам... Особено добар омаж е Careful, од 1992-ра.

_________________
Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind,
Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...


16 Jun 2011, 14:42
Profile
Display posts from previous:  Sort by  
Reply to topic   [ 2 posts ] 

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 5 guests


You cannot post new topics in this forum
You cannot reply to topics in this forum
You cannot edit your posts in this forum
You cannot delete your posts in this forum

Jump to:  
cron