Мојата нова преокупација.
Прво, иако се поминати еве веќе 3 сезони, не ја знаев првичната идеја, и за мене скроз изненадување и затоа ќе го ставам во спојлер
Вампирите се секогаш
етикета на вечна младост но и да не заборавиме дека се симбол сексуална пожуда и страст - што во серијава е добро погодено. Е сега ако тоа го бутнеш во redneck опкружување - феноменална комбинација!
Убава собрана „банда“ на млади (и згодни) глум(и)ци, серијава добро ја држи неизвесноста.
Но, по изгледани 3 епизоди, било каков коментар е излишен...долг е патот до оценка на серијава.
Досега има истерани 3 сезони, и на повидок е 4. Но , како што имам среќа со серииве, дур ја изгледам - ќе ја прекинат.
За мераклии на ваков вид на жанр (јас би реко Лаф, ама мене никогаш не ме слуша за серии...) е навистиа добро и препорачливо. И на HBO продукција е, да не заборавиме.