МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
Common Law (серија) http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=10&t=3161 |
Page 1 of 1 |
Author: | Tet0eC [ 22 May 2012, 19:37 ] |
Post subject: | Common Law (серија) |
Мислев досега некој сигурно ќе ја спомне, but alas... Имено, станува збор за една од оние odd couple џандарски драма-комедии, good cop/crazy cop а ла Смртоносно Оружје, со тоа што тука е повеќе crazy cop/OCD cop (по нашки, едниот е откачен, другиот е пицајзла). Да биде уште поинтересно, после таму некојси инцидент, капетанот ги праќа овие двајца на принудна couples therapy, и тоа од оние групните, каде психијатар им е Sonya Walger (од LOST/FlashForward). Најбитната работа во еден ваков сетинг - хемија меѓу двата главни карактери - ја има ептен на претек, и тоа е она што ме натера да ја почестим со свој топик. Понатаму, како и секоја серија на USA Network, така и оваа е прилично ведра и лесна, ко створена за тепање време, со тоа што е прилично покомична од останатите нивни серии - или барем таков впечаток имам според тоа колку се смеев на интеракциите меѓу карактерите. Досега има две епизоди излезено, и двете се супер. Препорака. |
Page 1 of 1 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |