Ова е, со сигурност можем да кажем, најдобрата нова летна серија за која (најверојатно) не знаете дека постои. Или, ако знаете дека постои, (најверојатно) не ја следите, што е штета. Одлична драма, одлична атмосфера, одлично темпо, одлична глума. Базирана е на серијал бестселери чиј главен лик е шериф во некоја вукојебина во Вајоминг. Кастингот е навистина погоден, од шерифот до споредните ликови. Од поглавните фаци на горнана слика фали едино Cassidy Freeman (Tess Mercer од Smallville).
На прв поглед, ако читате кратки синопсиси за серијава, може да помислите дека станува збор за уште еден процедурал, но со вестерн тематика. Реално, многу поблиску е до стилот на Justified (само со Индијанци наместо rednecks), што значи акцентот е на интерперсоналната драма и развојот на карактерите, а не на оној шаблон на решавање случаи типичен за процедурални драми како CSI исл.
Прва сезона заврши и има 10 епизоди, а ќе има и втора...
.
.
.