Битолски Прекари
Распусто – оти е роден на 10 јуни
Лагата! - оти има куси нозе
Резило - пошол да си купва патики по влечки и по чорапи
Свиокот - живеел на некоја кривина!
Неспремното - оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.
Сантимо - за сантим немал два метра кутар тој 199цм....
Во четврто, на запознавање на општеството, учителката го прашва Иле како се вика текстилната фабрика од Тетово? А овај дума, дума и едно време вели ТЕКСАС! Е, од тогаш сите го знат ко ТЕКСАС, а Иле уште само мајка му го вика.
Две први другарки беа многу суви и ги викаа СЛАМКАТА И ТРЕФКАТА
Ајкула - оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале
ЌОШО - оти Ивица се вика
ЛАНОТО - Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!
Мутето - Оти мајка му и татко му глувонеми биле
Тоблеронето - оти фризурата му била како „Тоблероне“ чоколадата
Нитрото........оти црногорец е детето и "екстремно е брзо"
Индексо - прв во цела мала се запишал на факултет
ЏОГЕРО - висок, слаб со виткана коса
Купусо - оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка - каца.
Ленче шц' - сите машки шц праеле ко ќе поминела кркркр
Џоле - Салафета ! оти женска му има фабрика за салфетки
Спидот - оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак!
Кофчегот - интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка
Индексо 2 - единствен во друштво со факултет
Мекио - оти се презивал Јакович
Децималнио - не е баш „точен“, нормален
Покојното - оти си напрајл некролог за инает на родителите да мислеле дека е умрен
Мирисо - оти имал голем нос
Кофчегот - висока, згодна и мрачна металка
Ќор - Оти на сите му викаше „Кај си Саша“
Пеце Грдиот - оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше:„Кај си бе, грд!“
Иначе на Жабата брат му.
ФЛОРЕ - оти љубовницата му се викаше Флорида
Казанова – оти ко казан бил во главата
Лиља Џврчла - многу зборала
Громо - оти од нигде се давала
Ване Дупо Бетмено - Срамота било само Дупо и му го додале и Бетмено
Паца Толчи-Газ - оти нон стоп седела на камен пред куќа
Наум Наумовски - Борче
Лонгплејката - незастанвала со зборање
Рингла.....на персоната можеше комотно цело тенџере за ајвар да му стој на глата.
Џони Walker - Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот (порано се криеше од сите со раката настрана), во последно време шеташе гушнат со сок од 1 1/2л. во пластично
Пожаро – оти мајка му и татко му отишле во пожарна на родителска
Струјата-оти го акна струја од појачало за бас пред да почни свирката......исто така познат како Мики-добиено по неговиот мачор...........исто така познат како Коцка-не се знај оти..
РАБРАТА - професор по биологија шо секоја реченица ја завршвал со рабра? (разбра?)
Место на настанот: Техничко училиште Професорот : Ние денеска ќе учеме за бојлери.Ајде ти што можеш да ни кажеш за бојлерите ...... и наставата продолжува // Следен час кај истот професор Професорот : Денеска ќе учеме за бојлери.Ајде кој е спремен да ни каже нешто ? Ученик : Ама професоре учевме за бојлери минатиот час Профе...сорот : Седи таму бре, вие нас ќе ни кажувате што имаме учено.Ајде кој знае за бојлери // Следниот час приказната се повторва И така за бојлери се учеше 3 часа со ред И се знај професорот е Владо Христовски - Бојлер
Prevzemeno----->
http://www.tretasmena.com/index.php/201 ... 1-11-08-48