|
|
It is currently 17 Dec 2024, 06:53
|
Здружение за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ“
Author |
Message |
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Здружението е формирано после две годишно постоење на интернет форумот МакСтрип ( http://www.makstrip.com.mk), место на кое сме собрани голем број стрип автори, сценаристи, илустратори, аниматори, но и љубители на стрипот. Собранието на Здружението "МакСтрипови“ го сочинуваат следните делегати: 1. Давор Драмиќанин 2. Здравко Гиров 3. Михајло Димитриевски 4. Дамјан Михаилов 5. Игор Кралевски 6. Игор Јовчевски 7. Љубиша Сулимановиќ 8. Ласко Џуровски 9. Зоран Цветковиќ Собранието за Претседател и Потпретседател ги избра следниве лица: 1. Здравко Гиров - Претседател на Здружението "МакСтрипови“; 2. Давор Драмиќанин - Потпретседател на Здружението "МакСтрипови“
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
24 Aug 2010, 09:06 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Еве дел од плановите на МАКСТРИПОВИ, извадени од Статутот на здружението: ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ член 12 Граѓаните се здружени во "МАКСТРИПОВИ“ за остварување на поширок заеднички интерес, а како посебни цели и задачи се издвојуваат: - поттикнување на иницијативи, активности, како и нивна реализација на полето на стрип културата, но и други проекти кои придонесуваат за унапредување на можностите на младите луѓе за личен и професионален развој; - организирање стручни советувања, школи и семинари кои ќе придонесат да се издигне степенот на културната свест на младите луѓе; - организирање на културни манифестации и проширување на можностите за креативен развој на младите луѓе; - промоција на домашните стрип автори, преку организирање изложби, издавање промотивен стрип магазин (Синдром), каталози и сл. - соработка со сите организации (јавни, стопански, научни, стручни, рекреативни и слично); - организирање и вклучување во хуманитарни актвности; - рушење на меѓуетничките бариери; - развој на демократијата, демократските процеси и граѓанското општество во РМ, како и афирмација на младиот човек и неговото влијание во истите. Кој е заинтересиран за повеќе информации, слободно може да го симне целиот статут http://www.mediafire.com/?u6nvc3fk78m5vb5
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
24 Aug 2010, 09:07 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Здружението МАКСТРИПОВИ е отворено за примање на нови членови. Потребно е да се пополни пристапница, која ја верификуваат претседателот или потпретседателот (најчесто на нашите стрип-средби). Пристапница (нема потреба да ја принтате, ќе ја добиете испринтана само за потпис): http://www.mediafire.com/?y9saigkrke3gqz0Еве дел од членовите од статутот кои се однесуваат за членувањето во здружениево член 3Член на "МакСтрипови“ може да биде секој граѓанин, државјанин на Република Македонија, кој доброволно ќе пристапи кон здружението со потпиешување на писмена изјава. Странски државјани можат да членуваат во "МакСтрипови“. Зачленувањето во "МакСтрипови“ се врши со пристапница, која при исклучувањето или престанокот на членување во здружението, задолжително се враќа. Здружението на граѓани "МакСтрипови“ за своите членови води регистар на членство, кој се ажурира еднаш годишно, којшто е јавен и се објавува а веб-страницата на Макстрипови. Здружението на граѓани ја гарантира анонимноста на личните податоци на членовите на здружението кои тоа го побарале. член 4Членот, со самото свое пристапување, има право да учествува во работата на Здружението и да придонесува во развојот на работата на Здружението, како и во исполнување на целите и задачите. Членството во МакСтрипови престанува: - со доброволно излегување од здружението - заради неплаќање на членарина повеќе од една година - со изклучување поради неизвршување на обрвските предвидени со членство во МакСтрипови. член 5Обврски на членовите на Здружението се: - да присуствуваат на состаноците; - да земаат конкретно учество во спроведување на програмата на активсностите на Здружението; - да презентираат свои идеи. Членарината е за една година и изнесува 500 денари. Со членската книшка се добива одреден попуст за изданијата на здружението (кој би бил отприлика 20-30%).
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
24 Aug 2010, 09:15 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Активности на Здружението МАКСТРИПОВИ (промоции, изложби, настани, работилници...)Хронолошки запис на активности на Здружението за промовирање на стрип културата МАКСТРИПОВИ Скопје [иако и претходно, како форум, организиравме изложби, промоции, презентации низ стрип салони (Лесковац, Лакташи...), учества и награди од стрип фестивали (Белград, Лесковац, Велес...), многу онлајн работилници, а нормално и стрип табли; сепак започнуваме со овие информации] _______________ 4 Март 2010 година Официјална промоција на промотивниот стрип магазин Синдром #1 во книжарница Икона, Скопје.Првиот број на стрип магазинот Синдром е самофинансирано, промотивно издание на екипата од форумот http://www.makstrip.com.mk, квалитетно колор издание во кое се претставени голем број на домашни автори. Инфо: viewtopic.php?p=27343#p27343Фотки: viewtopic.php?p=27612#p27612Бесплатно симнување: viewtopic.php?p=37134#p37134_______________ 28 Април 2010 год. Основачко собрание на Здружението МАКСТРИПОВИ._______________ 19 Мај 2010 год. Оформено и заведено во Централен регистар на Македонија._______________ 26 Мај 2010 год. Неофицијална промоција на стрип магазинот Синдром #2 во пабот Литл Бритн, Скопје.Вториот број на Синдром беше збогатен со два поклона, стрип пародијата Запек на Тхе Мичо и цеде аниматрикс на Томи Џуровски. Магазинот има 32 страници и малку поголем тираж од првиот. фотки: viewtopic.php?p=37187#p37187_______________ 8 јуни 2010 год. Учество во хуманитарен концерт „БИДИ ЧОВЕК, ПОМОГНИ!“ во организација на Општина Аеродром.Голем хуманитарен концерт за помош на лицата со хендикеп и со интелектуална попреченост, во кој учествуваа неколку од стрип авторите во Македонија, претставници на форумот МакСтрип и Здружението МАКСТРИПОВИ. За цело времетраење на концертот, активно се работеше, се нацртаа познати стрип јунаци, нови карактери, се обоија многу илустрации...Сите цртежи се поделија, а многу од дечињата цртаа со нас. Фотки: viewtopic.php?p=39250#p39250Списанието на Општина Аеродром (во кој имаше и стрип каиш) viewtopic.php?p=41755#p41755_______________ 15 јуни 2010 год. Форумски Конкурс за Илустрацијасо посебен акцент на младите до 18 години viewtopic.php?f=49&t=1642_______________ 25-27 јуни 2010 год. Учество на "12 Balkanska smotra mladih strip autora" - Лесковац и Промоција на македонскиот стрип магазин Синдром и авторската стрип пародија Запекviewtopic.php?f=33&t=1495Фотки: viewtopic.php?p=41480#p41480_______________ 29 јуни 2010 год. АБ Канал, Алтер - емисија посветен на стрипот, со посебено внимание на стрип магазинот Синдром (најголемиот дел е снимана на 16ти јуни, надополнета со уште неколку стрип настани од претходниот период) видео: http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=32&t=1779
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
24 Aug 2010, 09:17 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_______________ 29 Септември 2010 год. Неофицијална промоција на стрип магазинот Синдром #3 во кафе Штрк, Скопје.Третиот број на Синдром си го задржа ритамот на додатоци-поклон овој пат, стрип серијалот „Ангели“ на Здравко Гиров. Магазинот има 32 страници и тираж од 100 примероци. инфо: viewtopic.php?p=53967#p53967фотки: viewtopic.php?p=54237#p54237_______________ 08-10 Октомври 2010 год. 6 МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА СТРИП И КАРИКАТУРА-ПРИЗРЕН 2010Учество на фестивалската изложба, со презентација на дела на 15 македонски автори како и промоција на стрип магазинот Синдром. инфо и фотки: viewtopic.php?f=33&t=1747&start=25видео: viewtopic.php?p=57741#p57741
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
15 Oct 2010, 18:12 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Известување
Започнуваме со зачленување во Здружението за промовирање на стрип културата „Макстрипови“ за 2011 год. Сите се добредојдени.
Годишната членарината изнесува 500 ден., (пари кои ќе бидат вложени во активности поврзани со македонскиот стрип). За да ве мотивираме, со оваа членарина го добивате на поклон Синдром #4, како и попуст за сите наредни изданија во годинава.
|
13 Feb 2011, 19:05 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_______________ 16 Февруари 2011 год. Неофицијална промоција на стрип магазинот Синдром #4 во кафе Штрк, Скопје.И во четвртиот број на Синдром се продолжи навиката на додатоци-поклон, вториот дел на стрип серијалот „Ангели“ на Здравко Гиров. Магазинот има 32 страници и тираж од 100 примероци. инфо: viewtopic.php?p=69683#p69683фотки: viewtopic.php?p=70067#p70067
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
07 Apr 2011, 10:37 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Март / Април 2011 Емисии за стрип
Екипата на Макстрип беше дел од снимање емисии посветени на македонскиот стрип за телевизијата 24ВЕСТИ
Бидејќи проектов е актуелен, не се знае колку емисии ќе бидат, во моментов втората е на ред за емитување, а планирани се и наредните недели.
Видео: прва емисија „Стрипови“:
втора емисија „Стрипот во Македонија“:
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
07 Apr 2011, 10:42 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Листа на членови во Здружението за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ“:
1, 2,
(наскоро)
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
07 Apr 2011, 10:44 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
09 May 2011, 07:21 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Здружението „МАКСТРИПОВИ“ ги започнува припремите за Стрип школаЗдружение за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ“ во соработка со општина Карпош, ќе организира стрип школа за талентираните основци. Првиот дел е информативен час низ школите, а вториот дел е самата школа, која ќе се одржува од септември (наредната школска година). Закажан е и првиот едукативен стрип час, вторник, 17 мај, 10:30ч во холот на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“. Во наредниот период (до 10ти јуни), планирани се посети на повеќе основни училишта. Целата активност ќе заврши со изложба и специјален додаток во Синдром, со делата на учениците. Повеќе информации ќе бидат додавани наскоро. Едит: Повеќе инфо: viewtopic.php?f=17&t=2524&start=0Инфо на сајтот на општина Карпош: http://www.karpos.gov.mk/index.php?opti ... Itemid=131
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
16 May 2011, 09:56 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
30 мај 2011 год. Здружението „МАКСТРИПОВИ“ продолжува со едукативните стрип часовиАкцијата на информативни часови за стрипот, во организација на Здружението за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ“ и општина Карпош, влегува во константен ритам. Второто посетено основно училиште, каде се одржа едукативен стрип час, беше ОУ „Војдан Чернодрински“ и заинтересираните основци. Со голема помош на професорот по ликовно, Илчо Симовски, талентираните ученици преку презентација беа запознаени со стрипот како медиум, со делата на македонските автори, но и со тајните на стрипот, основите за почеток на работење стрип, дали преку цртање или преку пишување сценарија. Пријатно сме изненадени од големиот интерес за стрип школата, која треба да започне од септември, со стартот на учебната година. Младите таленти покажаа дека се запознаени со стрипот и со стрип јунаците, но и дека имаат многу идеи за свои стрип јунаци, супер херои, манга ликови... Со второто предавање за стрипот, се заинтересираа нови 20 ученици, кои ја имаат желбата да ја посетуваат стрип школата. Со ова, бројката на ученици изнесува над 35. Целата активност е со поддршка на општина Карпош, а планирано е да заврши со групна стрип изложба при крајов на годинава, како и издание во промотивниот стрип магазин „Синдром“ со стриповите кои ќе ги креираат младите стрип автори. Фотки: Повеќе: viewtopic.php?p=83573#p83573
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Jul 2011, 07:18 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
06 јуни 2011 год. Стрип школата претставена и во трето училиштеДенес со Здравко го одржавме и третиот час, овој пат во ОУ „Вера Циривири - Трена“, во наставничката канцеларија. Моравме да бидеме побрзи од вообичаен, сепак се последни денови од школската година. Супер си поминавме, има и деца што си читаат стрипови (Бред Барон ми е пријатното изненадување). Ко што се гледа, пак имавме посетеност од 15-тина деца, и до сега има над 40-тина заинтересирани, плус нашите од форумов фотки: Повеќе: viewtopic.php?p=84668#p84668
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Jul 2011, 07:20 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
17 јуни 2011 год. Неофицијална промоција на стрип магазинот Синдром #5 во кафе Штрк, Скопје.Во петтиот број на Синдром како додаток-поклон беа делени картички со негативците од Марвел. Магазинот има 32 страници и тираж од 150 примероци. инфо: viewtopic.php?p=85707#p85707фотки: viewtopic.php?p=86329#p86329бонус фотки - Синдром низ Амстердам: viewtopic.php?p=88218#p88218
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Jul 2011, 07:25 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
24 јуни 2011 год. Учество на "13 Balkanska smotra mladih strip autora" - Лесковац и Промоција на петтиот број на македонскиот стрип магазин Синдром и презентирање на активностите на здружението „Макстрипови“Инфо: viewtopic.php?p=87580#p87580Дел од изложбата: viewtopic.php?p=87530#p87530
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Jul 2011, 07:28 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
12 јули 2011 год. Како една од обврските на здружението "Макстрипови" е и заштитата на авторските права на членовите/стрип авторите
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Jul 2011, 07:35 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
17 Септември 2011 г. Групната изложба на стрип табли и илустрации на тема „Скопје во Стрип“, во склоп на манифестацијата „Бела ноќ 2011“. МКЦ, 20:00ч.Здружението „Макстрипови“ ја претстави долго очекуваната групна изложба, на која беа презентирани 16 дела од 17 автори. Изложбата беше дела од најмасовната манифестација во градов, Бела ноќ, а во организација на Младинскиот Културен Центар. линк до останатите дела: viewtopic.php?p=99679#p99679Истовремено со изложбата, авторите од „Макстрипови“ одржаа и работилница, во истиот простор каде што беше и изложбата, па неповторливо е чувството кога ги слушаш комнтарите за делата, додека се црта Еве и фотки од целиот настан: viewtopic.php?p=99620#p99620
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
02 Oct 2011, 17:54 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
23 септември 2011 г. ХУМАНИТАРЕНТ КОНЦЕРТ „БИДИ ЧОВЕК, ПОМОГНИ!“Здружението „Макстрипови“ и стрип авторите повторно ја покажаа својата хуманост. Втора година по ред авторите се дел од „БИДИ ЧОВЕК, ПОМОГНИ!" - големиот хуманитарен концерт за лицата со хендикеп, во организација на Општина Аеродром. Неуморните цртачи изработија стотина цртежи за децата, а најискрено - најбарани беа македонските кошаркарски репрезентативци. Покрај малите организациски пропусти, сепак цртежите им ја разубавија вечерта и ги развеселија најмладите! Фотки од настанот: viewtopic.php?p=100526#p100526
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
02 Oct 2011, 18:04 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
ДВЕ БЕСПЛАТНИ СТРИП ШКОЛИ ЗА ОСНОВЦИОктомври 2011г. до Јуни 2012 г. ОУ „ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ-КАРПОШ“ ОУ „Јохан хајнрих Песталоци“ Две посебни неколку месечни стрип школи, кои беа супер посетени и од кои излегоа повеќе добри стрипови (деновиве од дома ќе гледам да споделам по нешто)
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
19 Nov 2012, 08:43 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
26 октомври 2011 год. Неофицијална промоција на стрип магазинот Синдром #6 во кафе Штрк, Скопје.Шестиот број донесе 4 страници повеќе, а со тоа и простор за повече квалитетни стрипови. Овој број на магазинот Синдром има 36 страници, како и нов визуелен изглед Како поклон, сите читатели на Синдром, го добија на поклон стрипот на Ристо Халфелф „Демон“ инфо: viewtopic.php?p=105825#p105825фотки: viewtopic.php?p=106701#p106701
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
19 Nov 2012, 08:54 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
4 мај 2012 год. Неофицијална промоција на стрип магазинот Синдром #7 во стрип книжарница Бункер, Скопје.Седмиот број на Синдром претстави 8 кратки стрипови, најмногу стрипови до сега. инфо: viewtopic.php?p=131695#p131695фотки: viewtopic.php?p=132958#p132958
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
19 Nov 2012, 09:06 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
MAGIC DAYS IN SKOPJE СТРИП-РАБОТИЛНИЦА на саем 29 април 2012 годинаКако гости на штандот на друштвени игри „Гоблин“ организиравме стрип работилница за сите заинтересирани Повеќе фотки: viewtopic.php?p=132465#p132465Бонус видеа, цртање во живо на Здравко Гиров На 3:45 минути - СПЕШЛ ГЕСТ СТАР
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
19 Nov 2012, 09:11 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Реакција на Здружението „Макстрипови“ за неправилностите на манифестацијата во Велес,
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
19 Nov 2012, 09:13 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
6 октомври 2012 год. Групната изложба на стрип табли и илустрации на тема „Ретро респект“, во склоп на манифестацијата „Бела ноќ 2012“. Галерија Ко-РаЗдружението „Макстрипови“ втора година по ред организира групна изложба, овој пат беа презентирани 18 автори. Изложбата беше дел од најмасовната манифестација во градов, Бела ноќ, а во организација на Младинскиот Културен Центар. Гости на отворањето беа Миле Топуз и Ласко Џуровски, кои споделија некој збор за нивното стрип искуство од златното време на македонскиот стрип! Димано (за жал) не беше во Скопје тој викенд, иако имаше голема желба да присуствува, а големо изненадуање беше присуството на ќерката на Љупчо Филипов. Делата кои беа сработени, како што кажува и самото име на изложбата, беа редизајнирани стари македонски стрип јунаци во нов стил. Најпреработени ликови беа од делата на Филипов, Димано, Топуз, но и на Марјан Камиловски, Ѓоко Доковски, Здравко Гиров... линк до останатите дела: viewtopic.php?p=146027#p146027Повеќе фотки од целиот настан: viewtopic.php?p=145981#p145981
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
19 Nov 2012, 09:25 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Стрип работилница за деца со дијабет14 ноември 2012 г. Во организација на асоцијацијата на детски дијабет „Баланс“, која го одбележa Светскиот ден на дијабетесот, во забавниот дел за најмладите, здружението Макстрипови организираше стрип работилница, каде што заедно креиравме супер херој (кој самите деца го крстија Диамен) Повеќе инфо: viewtopic.php?f=17&t=3357
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
28 Nov 2012, 23:48 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 7 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|