Беше некој на ова? Ја бев, ама темно бре, никој не познав.
Иначе ок беше. Прво збореше Јан Харлан, шура (ха, непотизам) и продуцент на Кјубрик. Темата беа првите 3 минути на филмот, односно нивното значење и различни типови на започнувања проследени со примери од неколку филмови.
Потоа дојде Крис Бејкер, зборуваше за тоа како е да се работе со Кјубрик и со Спилберг како концепт артист на AI, проследено со стотина цртежи во распон од неколку години и сл. Типчето праша колкумина го гледале, a ја се изненадив дека малкумина само кренаа рака... дал ги мрзеше или стварно сме до таа мера затуцани филмов да не сме го гледале? Смешен момент ми беше и ко рече као ете он имал многу повеќе идеи ама не ги реализирале ради малиот буџет... од $120м. Концептите иначе беа олд-скул, молив-туш, 1-2 во боја, неколку 3д, доста влијанија од Гигер пред се, понатаму СтарВорс, БлејдРанер и сл. Генерално, ништо фантастично, али онака, интересно, за нашава околина топ би рекол со оглед на реткоста на вакви настапи.
Немаше прашања од публика и сл.
Морав да сјодам па не останав на отварање на изложбата од Бејкер.