Здраво на сите. Обично не постирам во овој дел од форумот па затоа и не знам дали се обраќам на вистинското место. Исто така, до сега и немам работено на стрип па затоа не знам ни дали ова е вистинскиот начин за приоѓање до потенцијални соработници или евентуално кршам некој масонски кодекс на стрип цртачите
Во секој случај, имам солидно развиен синопсис за хорор стрип кој би сакал да го дискутирам со заинтересирани стрип цртачи. Исто така, би бил благодарен на било какви сугестии од страна на сценаристите во однос на форматирање на финалното сценарио. Во таа насока, или постирајте во топиков коментари/интереси па ќе ве контактирам некако или директно пратете ми порака. Со оглед на обврските што ги имам во мај, евентуална соработка на стрипот би се одвивала од почетокот на јуни натаму. И така.
Поздрав голем до сите!
Ивица