Чуварите на вечната светлинаПо добивањето на стрип албумот на домашна адреса, првична реакција на изгледот на изданието ми беше "
" , ептен професионално сработено - квалитетна мека корица и добра хартија внатре со одличен отисок, "ќе се ужива квалитетно" си помислив. Уште еден гигантен плус беше тоа што на претпоследната страница имаше посвета за која си нарачав , па ко ја ѕирнав колку е добра, расположението кулминираше
Но, настрана тоа, да споделам како ми се допадна самиот стрип, најбитното
Уште иста ден почнав да читам. Ми се допадна искрената непристрасна рецензија на Марко Стојановиќ, која е одлично интро пред да се почне со читање на стрипот, каде наговестува дека Игор пред се' е фантастичен цртач, кој во случајов се опробува и во сценаристички води, па очекувањата треба да бидат реални во тој поглед. Започнав да читам, а обично кога цртежот ми се допаѓа и е детален, знам да се заборавам по неколку минути на една страна, тоа и ми се случи, па после 15-тина страници и запознавање со неколку главни ликови, одлучив да прекинам и уживањето да го поделам во неколку дена, да не биде наеднаш.
Сценариото, како за прво долгометражно на Игор е скроз солидно. Приказната е интересна, а самиот пристап кај сценариото ми има некој ретро шмек и некоја шармантна наивност, што ми алудира дека ова би било одлично прифатено и од најмладата публика. Поскусен стрип сценарист може од оваa приказна ќе направеше 2-3 албуми на малку поопширен начин, но и вака си е сосема океј и ми направи голем мерак. Во секој случај, Игор заслужува секоја почит и се надевам ќе продолжи да се надградува и на сценаристички план, бидејќи фантазијата и креативноста очигледно ја има.
Околу илустраторските убавини овде, би додал: како прво, карактер дизајнот е чиста 10-тка, сите позитивци се крајно допадливи, а негативците се прави гнаси, како што треба да биде
Потоа, секој панел е полн детаљи и не го остава читателот рамнодушен да само прелета преку него со своите очи, едноставно мора да подзастане и да поужива во живописноста на илустрацијата. Ова бар мене ми се чини дека е најдоброто од Игор што сме го виделе досега, секој кадар зрачи со голема стрипска љубов.
За крај ќе речам следново: држам палци Чуварите бр.1 да биде успешен стрип, се надевам сите овде ќе го поддржиме и ќе го препорачуваме, за да може да продолжи приказната - нека биде ова нашиот "Вековници", потенцијалот е тука. Честитки уште еднаш за изданиево и благодарност за уживањето!