МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
LASKO - strip tabli http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=12&t=1191 |
Page 1 of 2 |
Author: | LASKO [ 13 Dec 2009, 14:02 ] |
Post subject: | LASKO - strip tabli |
Можеби ќе ве заморам со малку историја. Ова се моите први две табли ос стрипот ЦРНИОТ КРИСТАЛ кои се изработени во 1985 година. Како што може да видите втората е недовршена. Тоа е моментот кога престанав активно да се занимавам со цртање стрип и започнав некои други работи. Би сакал да прочитам ваши коментари во однос на тоа дали мислите дека треба да го продолжам стрипот? Инаку, насловот неодоливо потсетува на ЦРНИОТ ИНКАЛ од Моебиус, но верувајте, приказната нема никаква врска со ИНКАЛ. Патем кажано, Моебиус е мојот омилен стрип цртач. Да не должам, се надевам дека ќе ви се допадне, ако не поинаку, како сведоштво на едно многу поинакво време во кое на некој начин стрипот во Македонија егзистираше... П.С. Овие табли се цртани на класичен начин - молив, туш, перце, четкица, скалпел (за гребење бели линии, не можевме да најдеме бел туш). Текстот е впишан сега, на компјутер затоа што на оригиналните табли е во молив и на англиски јазик... Делови од сценариото сеуште имам во глава, за жал, немам ништо напишано на хартија ... О.К. еве ги табливе, па кажете нешто... |
Author: | LASKO [ 13 Dec 2009, 14:11 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Author: | Temnik [ 13 Dec 2009, 14:18 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Јас не знам како си имал срце да го оставиш ова недовршено ... Нормално дека треба да се доврши, ама ќе треба изгледа на истиот old fashionable начин, т.е. таблетот овде нема да ти користи... Инаку, за каков стрип станува збор, краток, или долгометражен..? |
Author: | BrunoPhoenix [ 13 Dec 2009, 14:40 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
bravo! ODLICEN crtez! bravo mn dobro na tvoe mesto bi go smenil malce textot,znam deka sakas da go dolovis efektot na realnot(poso stvarno taka prostacki se izrazuvame) ali deluva malku neseriozno (potseka na ZAPEK by micho) inace crtezot e odlicen bravo dovrsi go! |
Author: | the Jester [ 13 Dec 2009, 16:37 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
meraci!!! mora da go prodolzish ova me potseka na meshavina od Tank Girl i pocetokot na 12monkeys filmot super !!! .... toa za dijalozite sto go kaza Bruno i jas bi se slozil |
Author: | pikantez [ 13 Dec 2009, 17:11 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
LASKO odgovorot se naogja vo prasanjeto '85 imav 6 godini i otprilika togas pocnav so aktivno citanje stripovi - prvo nauciv latinica pa duri posle kirilica od tie pusti stripovi.... nego muabetot mi bese, SF strip vo mk vo '85, mnogu jako. pocetokot vetuva. vo odnos na dijalozite, mene mi e ok, bidejki literaturno izrazuvanje funkcionira na vesti (i eventualno vo literatura iako tamu najcesto ima obicaj uste povekje da se pcue). dokolku likovite se vojnici ili nesto slicno, sosema e opravdano da se izrazuvaat na "ulicen" zargon. isto taka dokolku se zatvoreni pod zemja dolgo vreme, normalno e da bidat napizd... ovaj naku... you get what i mean ako odlucis da go zavrsis kje ima citateli i vo mk i nadvor, garant. |
Author: | Darbog Darkmore [ 13 Dec 2009, 17:35 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Da se dovrsi,i toa na old fashion way |
Author: | rastaman [ 13 Dec 2009, 21:59 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
slobodno zamaranje pocesto vaka |
Author: | Laf [ 14 Dec 2009, 02:44 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Ух, супер! Не знам што ќе излезе од приказната, но цртежот е топ. Да се продолжи - него што, без двоумење... Интересен ми е моментот со жилетот и гребењето... Тоа е техника која ја користеле и други стрип цртачи, нешто што било вообичаено (не само кај нас, туку секаде) или тоа ти така се снаоѓаше? |
Author: | aquafortune [ 14 Dec 2009, 11:26 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Медои!! Да го довршиш, немој да остане вака, баш ме интересира како иде приказната.. |
Author: | LASKO [ 15 Dec 2009, 08:52 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
ОК. Ви благодарам на сите за коментарите. Ќе го продолжам стрипчево, но со која динамика не можам да кажам, ќе видам како ќе ми оди. Решив овие две табли да ги оставам такви какви што се. Ќе ги прецртам на „нов начин“ што значи - табла. Направив неколку пробни скици и задоволен сум од резултатот. Ќе ги закачам на форумов кога ќе бидат готови. Да ви одговорам поконкретно: ТЕМНИК: Стрипот е замислен како приказна составена од пет дела, секој од нив по 12 табли, вкупно 60. Дејствието се случува во 2020 година, после еколошка катастрофа ... БРУНО: Ја прифаќам сугестијата за дијалозите, можеби е пренагласена таа нишка на т.н. уличен говор, но за тоа има време да се размисли пред конечната верзија. ЏЕСТЕР: Имаш право, потсеќа на 12 monkeys филмот, одличен филм, само не знам точно кога е снимен, јас стрипов го почнав во 1985. Точниот датум сум го запишал во левиот агол на кадарот што ќе го закачам подолу. ПИКАНТЕЗ: Ликовите не се војници туку сосема обични луѓе, долго време затворени и како последица на тоа - напиздени! ДАРБОГ: Би сакал да работам на old fashion way, но верувај ми, тоа многу тешко ми оди. Таблава ми легна, ми дава многу можности кои порано ми беа недостапни... РАСТАМАН: Ќе ве замарам и понатаму, се разбира ако мислите дека ова е интересно... ЛАФ: За ефектите со гребењето се снаоѓав со она што тогаш беше достапно, тоа го користеа и многу други цртачи од кои можевме да учиме. Интересен ефект се постигнуваше со медицински завој, сунѓер и црна темпера, но за тоа во некоја друга прилика ќе објаснам подетално, доколку некого го интересира... АКВАФОРТУНЕ: Еве, продолжувам, ке ги закачувам повремено таблите за да видите како иде приказната. Еве еден кадар во колор, колку да почуствувам како би изгледало ... |
Author: | pikantez [ 15 Dec 2009, 08:55 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
naaaaaaaajs |
Author: | LASKO [ 15 Dec 2009, 20:29 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Еве повторно малку историја. Оваа табла ја нацртав негде 1984/85 година. Откупена е од тогашниот YU strip магазин но не е објавена затоа што на моја голема жалост истиот престана да излегува. Сепак, за оваа табла и уште неколку други уредно ми беше исплатен пристоен хонорар. Текстот е впишан на англиски пред 2-3 години. Инаку ова е ПРЕМИЕРНО објавување на оваа табла. П.С. Работена е потполно на класичен начин, исто така е и обоена. |
Author: | pikantez [ 15 Dec 2009, 21:00 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
odlicno! inaku se mi se cini deka ja imam procitano ili vo lift, ili vo makstrip, ili nekoe drugo mk spisanie... |
Author: | rastaman [ 15 Dec 2009, 21:05 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
da, i jas ja imam negde videno ne mi se ovde stripovite, koga ke odam kaj moite, ke pobaram |
Author: | Darbog Darkmore [ 15 Dec 2009, 21:18 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Vo makstrip e,go imam brojot,30 i nekoj bese,ne se sekavam...Inaku odlicna tabla |
Author: | THEMICO [ 15 Dec 2009, 21:27 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Џам! |
Author: | the Jester [ 15 Dec 2009, 21:30 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Super !!! |
Author: | Laf [ 15 Dec 2009, 21:32 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Ух бе Ласко, одлично. Давај уште вакви скриени блага... |
Author: | the Jester [ 15 Dec 2009, 21:39 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
LASKO e definitivno avtor na mesecot RESPECT |
Author: | LASKO [ 15 Dec 2009, 22:26 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Благодарам за коментарите. Навистина не се сеќавам дека таблата сум ја дал некаде за објавување, беше на некои изложби, тоа беше одамна, навистина ме збунивте, ај ако ја најде некој печатена негде нека закачи скен на форумов. Баш би сакал да знам. И да сум заборавил не е некоја штета, важно да ме служи раката, ќе нацртам нешто ново, а ќе спуштам и нешто старо, Имам уште доста работи во подрум... |
Author: | Sentinelot [ 16 Dec 2009, 04:06 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Super,super...stvarno shteta sho ne si go dozavrshil stripot ali ako imash volja i zelba da go prodolziz just do it p.s. pozitivno so forumo e oti site dobivat ekstra motivacija...taka da shibaj |
Author: | Skywalker [ 18 Dec 2009, 15:09 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Ефектите на гребење врз црниот туш даваат извонреден ефект, цртежот е прекрасен, и јас се придружувам кон останатите овој стрип да се продолжи. Жално е вака убаво дело да остане недовршено. Што се однесува на стилот на цртање, ми се допаѓаат и оригиналниот, но и дигиталните интервенции, колор исл. Како и да е, јас радо би го купл овој стрип албум (ако е на 60 страници), знам дека визуелно ќе биде убаво направен, бидејќи исто така се занимавате и со дизајн, па би имале еден комплетен уметнички проект. Сакам да прашам единствено за фонтот, дали е авторски, бидејќи го немам досега сретнато во јавност (а се интересирам за типографија). Секоја чест, сте преспале 24 години, иако мислам дека никогаш не е доцна за некои работи да се "обзнанат" во јавноста. |
Author: | LASKO [ 18 Dec 2009, 16:14 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Skywalker: Благодарам за убавите зборови. Фонтот е авторски, направен е и прв пат употребен во Македонската стрип ревија ТОТЕМ, Инаку, моето основно занимање во последниве години е токму типографија, се разбира покрај графичкиот дизајн. Како и повеќето членови на овој форум и јас сум заљубен во деветтата уметност, па еве мотивиран од син ми и во голема мерка од реакциите на моите цртежи на форумов ќе се обидам да се вратам во форма и да го користам секој слободен момент да се занимавам со цртање стрип, без некои големи амбиции, онака, од ќејф, за своја душа и задоволство. Таблава е магија, ќе ми треба уште некое време за да владеам јас со неа, а не она со мене ...хе, хе, хе. П. С. Еве една дигитална илустрација од серијата ТИПО ПОРТРЕТИ на кои работам последнава година. Овие портрети ги користам за промоција на моите авторски фонтови. Фонтот употребен за изработка на овој портрет е TF Elegant, мој авторски фонт. |
Author: | Skywalker [ 18 Dec 2009, 17:20 ] |
Post subject: | Re: LASKO - strip tabli |
Знам дека творите во полето на типографијата, многу ми се допаѓаат фонтовите што ги имате креирано во соработка со Владата, а кои можеа бесплатно да се симнат од Интернет. Многу ми се допаѓа идејата за вакви ТИПО ПОРТРЕТИ, одлична изведба, секако, и сите фонтови се одлични, професионални. Убаво што добивте поттик за да продолжите да творите и во областа на стрипот, се надевам дека на задоволство на членството на овој форум, може за некое време и да видиме конкретни резултати, барем што се однесува до финиширање на тие стари стрип табли. |
Page 1 of 2 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |