Летово се прочитаа доста ствари. Еве го поголемиот дел.
(Се извинувам за должината на постов. Се насобра доста) ---------------------------------------
Captain America & Bucky: MasksCaptain America & Bucky #620 - #624(Brubaker, Andreyko / Samnee)Краток ревидиран, историјат на
Bucky. Од неговото детство како army brat, преку смртта на татко му, животот со сестра му, станувањето sidekick на
Captain America, деновите со
The Invaders и хорорите на војната, периодот поминат под палката на KGB и руското разузнаваштво, каде служел како
Winter Soldier заедно со неговата сакана
Black Widow.
Од неколку аспекти одлична приказна. Првин што служи како прекрасен водич за ликот на
Bucky, за оние кои не го знаат (а ќе имаат прилика да го видат во престојниот филм) или за оние кои не сакаат да ја читаат целата
Brubaker хронологија од почеток. Артот на
Samnee го има шмекот на периодот во кој се случуваа дејството (WWII) и тогаш актуелните стилови на цртање, со мал nod кон
Darwyn Cooke.
Препорака за сите!---------------------------------------
Captain America & Bucky: Old Wounds Captain America & Bucky #625 - #628 (Asmus, Brubaker / Francavilla)По смртта на
Cap и
Bucky пред самиот крај на WWII, американските власти наоѓаат нивни замени, поради одржување на моралот меѓу војниците и народот.
William Naslund е новиот
Captain, a
Fred Davis е новиот
Bucky. Нивната кариера е кратка.
William гине само неколку месеци по добивањето на задачата, а
Fred е ранет и се повлекува... 65 години подоцна
Fred е нападнат без причина на една парада. Овој напад го вовлекува
Steve Rogers во завера, длабоко во Пентагон.
Приказна која пополнува дел од дупките за историјата на Cap по WWII, особено периодот на борбата против комунизмот. За мене како фан, одлично штиво, но не знам на некој кој не е во тек колку би му се допаднало. Артот на
Francavilla едноставен, симпатичен...
Препорака за фановите на Cap
---------------------------------------
Captain America: American DreamersCaptain America #1 - #5(Brubaker / McNiven)Последната multyarc сага на
Brubaker започнува со приказната за малиот
Jimmy Jupiter и неговата способност да создава паралелни светови кои служат како мост помеѓу различни локации на планетата. Еден таков мост, за време WWII, сојузничките сили ќе искористат за инвазија на замокот на
Baron Zemo, но за несреќа
Codename Bravo (соборец на Cap и Nick Fury) и неколку
Hydra агенти ќе останат заробени во имагинарниот свет на
Jimmy.
И
Brubaker и
McNiven се докажани мајстори на своите занаети и нема потреба многу да се дискутира за квалитетот на стрипов, кој освен како self sustained приказна е и одличен темел за настаните кои следат натаму.
Препорака.
---------------------------------------
Captain America: Powerless Captain America #6 - #10 (Brubaker / Davis)Продолжение на предходната приказна но и на
Steve Rogers: Super Soldier.
Captain America има постојани кошмари во кои ја губи моќта во исто време додека се случуваат постојани, навидум некоординирани напади на разни места низ градот од страна на
The Serpent Society. Се ова ќе се искомплицира во моментот кога Cap навистина ќе остане без своите моќи. Единствен кој може да помогне е Machinesmith, но цената за тоа е преголема...
Најслабата од сите нови приказни за
Cap. Можеби ми влијаеше артот на
Davis кој, иако во свое време супериорен, денес е тешко dated.
---------------------------------------
Captain America: Shock to the SystemCaptain America #11 - #16(Brubaker / Zircher, Deodato)Codename Bravo и неговата сопруга, новата
Madam Hydra, со методи на brainwashing, користат убиец со маската на одамна умрениот
Scourge за да ликвидираат членови на
Тhe Serpent Society кои се заштитени сведоци. Дознвањето на тоа кој е под маската на
Scourge ќе биде уште еден од серијалот удари на
Bravo и
Zemo врз Cap[/b].
Ова е претпоследната приказна во оваа арка. Наредната,
New World Orders, ќе биде последна и од серијалот (ќе се ребутира) а и на
Brubaker. За второво ми е искрено жал, но можеби е и време за промени.
Zircher брилира. Цртежот е еден од најдобрите на
Captain America до сега.
---------------------------------------
Winter Soldier: The Longest WinterWinter Soldier #1 - #5(Brubaker / Guice)Наводната смрт на
Bucky во
Fear Itself, му остава простор, под радар да ги исчисти гревовите на своето минато. Заедно со
Black Widow тргнуваат на мисија кој ќе ги одведе до несреќно партнерство со
Doctor Doom, кој е мета на атентат од страна на бившите “ученици“ на
Bucky.
Butch Guice има арт кој едноставно е роден за серијалов. Страшно потсеќа на
Epting но во некоја помрачна атмосфера. Препорака за сите кои сакаат добра шпиунска акција.
---------------------------------------
Winter Soldier: Broken Arrow Winter Soldier #6 - #9 (Brubaker / Lark)Leo, третиот од Советските sleeper агенти кои
Bucky ги тренирал за време Студената Војна е на слобода. Во свет каде неговите принципи и цели не вредат ништо, тој е решен да се освети на целиот свет, почнувајќи од своите тренери -
Bucky и
Black Widow.
Серијалов е од-ли-чен! Штета што
Brubaker, кога ќе си замине од
Marvel оваа есен, ќе го остави и
Winter Soldier зад себе.
Lark е мал бисер. Не се чувствува транзицијата од
Guice кон
Lark. Слични стилови. Препорака!
---------------------------------------
Northlanders: MetalNorthlanders #30 - #34(Wood / Burchielli)Норвешка 700г. Ерик ковачот не сака да потклекне пред надоаѓањето на христијаните во неговиот крај. А зошто и би верувал во нивниот бог, кога неговите богови му се обраќаат нему лично? Време е да си ја земе онаа која ја сака од христијанските канџи и да почне да убива крстоносци...
Една од (за мене) послабите приказни во серијалов, но сепак worth a read. Bounty hunter-от е одличен лик!
---------------------------------------
Northlanders: The Girl in the IceNorthlanders #35 & #36(Wood / Cloonan)Исланд 1270г. Jon e стар, изнемоштен рибар, кој живее сам на периферијата на ближното село каде се води мала војна со друг локален клан. Последните денови од животот ќе му добијат значење кога ќе ја пронајде мистериозната умрена девојка во една санта лед..
Кратка ама слатка приказна. Ужасно емотивна и моќна. Jon е лик со кој секој лесно ќе се сожали и ќе му ги разбере изборите кои ги прави.
Апсолутна препорака!
---------------------------------------
Northlanders: The Siege of ParisNorthlanders #37 - #39(Wood / Gane)Викиншката опасада на Париз од 885г, видена низ очите на
Mads, еден од клучните луѓе на данскиот лидер Sigfred. Издржливоста на Франките и нивната стратешка позиција ќе ја направат опсадата ѓаволски тешка, но
Mads и
Abbo (монахот кој оргинално го има прибележано целиот настан) ќе изнаоѓаат начин по начин до самата капитулација на домаќините.
---------------------------------------
Northlanders: The Hunt + Northlanders: Thor's Daughter Northlanders #40 & #41 (Wood / Woodson + Wood / Churchland) Две кратки Northlander-ски приказни. Првата доста потсеќа на онаа нема приказна од Кен Паркер, но овде ловот е пресметка на ловецот сам со себе. Втората е за созревањето на една девојка, оставена на (не)милоста на останатите во селото по смртта на нејниот татко.
Препорака.
---------------------------------------
Northlanders: The Icelandic TrilogyNorthlanders #42 - #50(Wood / Azaceta)Последната, најдолгата и веројатно најдобрата приказна од серијалов. Три генерации на семејството
Hauksson, првите доселенци на на Исланд. Нивниот подем, владеење, борба со христијаните и нивниот пад во заборав.
Ако исчитате само една приказна од
Northlanders оваа нека е таа. Чисто злато!
---------------------------------------
Green Lantern: SinestroGreen Lantern #1 - #5(Johns / Mahnke)Jordan веќе не е
Lantern. Неговиот прстен го има
Sinestro, но не по своја воља.
Jordan се обидува да си го врати животот и врската со
Carol, а
Sinestro да си ги избрише гревовите од минатото.
Стрипот функционира со она темпо со кое застана пред ренумерацијата, ама (ова го кажав и порано) не е за нови читатели. Ситуацијата е длабоко развиена, ликовите исто...
---------------------------------------
Green Lantern Corps: FearsomeGreen Lantern Corps #1 - #6(Tomasi / Pasarin)Lantern-и низ вселената се убивани на најбрутален можен начин.
Gardner и
Stewart со тим од
GLC водат истрага која ќе ги однесе до ново сознание за нивните “шефови“, а
Stewart ќе донесе уште една фатална одлука која ќе го чини многу.
Praise за артот на
Pasarin. Празник за очи!
---------------------------------------
Green Lantern - The New Guardians: Invictus Green Lantern - The New Guardians #1 - #7(Bedard / Kirkham)По еден прстен од секој
Lantern corp доаѓа кај
Kyle Ryner. Тој заедно со преставници на различните corps-ови ќе се обидат да најдат одговор зошто. На таа мисија ќе им се испречат
Guardians (кои се со нова агенда),
Agent Orange и фамозниот
Invictus.
Забавно, брзо и лесно штиво, со
Kirkham како илустратор. Кој го памети
The Weaponer знае што е добар цртеж. Човекот има талент да парира на
Jim Lee.
---------------------------------------
Red Lanterns: Blood and RageRed Lanterns #1 - #6(Milligan / Benes)Atrocitus почнува со реформација на својот
Red Lantern Corps. Во се гледа слабост и во секого гледа потенцијален нож во грб. Единствено богатство му е лешот на
Krona, Guardian-от кој ја дал наредбата да се сотре расата на
Atrocitus. Но одеднаш
Krona исчезнува.
За жал најслабиот од сите GL наслови.
Peter Milligan е одличен автор, ама овде како да нема дадено се од себе, за жал. Светла страна е цртежот на
Benes.
---------------------------------------
Green Lantern: The Secret of the Indigo TribeGreen Lantern #6 - #10(Johns / Mahnke)Hal Jordan и
Sinestro стануваат заробеници на
Indigo Lantern-ите. Мистеријата за нивното настанување конечно ќе биде откриена, но цената за тоа ќе биде скапа.
Black Hand е на слобода...
Препорака, посебно за оние кои сакаат да дознаат кои се
Indigo. Нема да се разочарате.
---------------------------------------
Red Lanterns: ExodusRed Lanterns #7 - #12, Stormwatch #9(Milligan / Guinaldo)Пред да ја создаде армијата од
Red Lanterns,
Atrocitus експериментирал со создавање нова раса. Експериментот пропаднал. Но после многу години, еден од неуспешните обиди,
Abysmus, се враќа од мртвите и успева не само да го понижи
Atrocitus туку и да му го уништи цел
Red Lantern corps.
Послабо од преходното. Некоординирано, загубено... Серијалов е во најмала рака, просечен.
---------------------------------------
Green Lantern - The New Guardians: Last Stand of the New Guardians Green Lantern - The New Guardians #8 - #12, Blue Beetle #9(Bedard / Kirkham)Kyle и останатите “разнобојни“ Lantern-и помагаат при последниот отпор да се спаси светот на
Blue Lanterns. Полека но сигурно се размотува клопчето на интриги на
The Guardians...
---------------------------------------
Green Lantern Corps: Alpha WarGreen Lantern Corps #8 - #12(Tomasi / Pasarin)Stewart мора да одговара пред трибунал за своето дело. Пресудата е брза. Смрт. Lantern-ите нема да го дозволат тоа, а
Alpha Lantern-ите имаат јасна мисија
“No Lantern escapes the Alpha Lanterns". Започнува
The Alpha War.
Приказната игра клучна улога во планот на
The Guardians за
The Rise of the Third Army.
---------------------------------------
Green Lantern: The Revenge of Black HandGreen Lantern #11, 12 & Annual 2012(Johns / Mahnke)Black Hand се враќа на сцената после заробеништвото кај
Indigo tribe.
Jordan и
Sinestro се пред колапс за да го спречат да воскресне армија мртви. Ова е последниот клинец во ковчегот на сите
Lantern армии во очи на
The Rise of the Third Army.
Мило ми е што
Johns одлично знае што прави со GL брендот, и што не ми делува како да е при крај со работата
Препорака!
---------------------------------------
RoninRonin tpb(Frank Miller)Бивш самурај од Едо периодот, се жртвува себе си и го осветува својот господар во борба со Демон. 12 века подоцна во Њујорк, самурајот (сега веќе ронин) оживува во телото на едно “специјално“ момче без лигаменти...
Трета среќа со стрипов. Ова ми е трет обид да го исчитам. Првите два завршија неуспешно. Не ми е криво што му дадов уште една шанса. Интересна, оргинална идеа, убаво реализирана со одлична, длабока поента.
Miller at his best!
НО, артот... Ох мори мајко. Оптеретен со европска школа. Оптеретеност која на моменти преминува во банална копија на
Moebius. За жал имаше места во стрипов каде ми требаа неколку минути да сфатам што е што. Како и да е, препорака за делово. Едно од оние
must read стрипчиња.
---------------------------------------
Batman: A lonely place of dyingBatman #440 - #442, New Titans #60 & #61(Wolfman & Perez / Aparo)По смртта на
Jason Todd,
Batman паѓа во депресија која го уништува полека на секое поле. Згора на се,
Two-Face започнува нова серија кражби дуално мотивирани. Во меѓувреме непознато момче го следи
Dick Grayson за време неговата посета на циркусот чиј дел бил во детството.
Кога решив да ги читам
Batman стриповите од 90ти, ова ми дојде некако како логичен почеток (иако стрипот е од 89та). Инаку за оние кои не знаат, ова е дебито на
Tim Drake како (тогаш) најновиот, трет по ред,
Robin.
Препорака.
---------------------------------------
Batman: Sword of AzraelSword of Azrael LS(O'Neil / Quesada)Нерешено громорозно убиство ќе го одведе
Batman до тајната за братството на
St.Dumas, светецот кој никогаш не постоел и одредот витези кои се заколнале дека ќе го штитат светот во негово име. Олицетворението на тоа братство е
Azrael, професионален убица чии методи и знаење се пренесува од колено на колено со генерации. Следен на таа листа е
Jean Paul Valley, студент по медицина од
Gotham.
Краток приквел (на моменти чуден) на
Knightfall сагата, во кој се запознаваме со
Azrael. Симпатично е да се види
Quesada во
DC ---------------------------------------
Batman: Vengeance of BaneVengeance of Bane(Dixon / Nolan)Во најстрогиот затвор во малата островска држава
Santa Prisca е роден
Bane. Како детето кое нема да знае како изгледа светот надвор од затворските ѕидини, ќе стане човекот кој ќе го скрши
Batman? Целата историја на
Bane од неговото раѓање до неговот пристигнување во
Gotham и неговата опсесија со Мрачниот Витез.
Ова е првото поглавје на
Knightfall. Апсолутна препорака!
---------------------------------------
Batman: Faces of DeathBatman #484 - #487(Moench / Aparo)Black Mask се враќа во
Gotham. Го создава
The False Face Society и почнува серија освети против оние кои му згрешил. На самиот врв на таа листа се
Lucius Fox и
Bruce Wayne.
Batman се предава на ловот на
Black Mask но почнува да покажува симптоми на физичка заслабеност...
---------------------------------------
Batman: God of BattleDetective Comics #654 - #656(Dixon / Netzer)Ulysses Armstrong. 13 годишен кадет во воено училиште. Момче кое ќе завладее со уличните банди низ
Gotham и ќе тргне да го освои и самиот град, со помош на тактиките на најголемите војсководци од минатото. Планот ќе му оди од рака се додека не се вмеша
Batman...
---------------------------------------
Batman: Knightfall preludeBatman #489 - #491(Moench / Aparo)Batman е болен. Депресијата и психичката изнемоштеност се манифестираат и физички. Обидувајќи се да помогне,
Robin ќе го контактира
Jean Paul Valley да го замени
Batman додека овој е болен. Во исто време
Bane му го задава мајсторскиот удар на Мрачниот Витез - ги ослободува сите затвореници од
Arkham...
---------------------------------------
Batman: KnightfallBatman #492 - #500; Detective Comics #659 - #666; Shadow of the Bat #016 - #018; Showcase #007 & #008(Dixon, Moench / Aparo, Nolan, Breyfogle)Сите криминалци од
Arkham се на слобода.
Batman, изнемоштен и слаб ги лови еден по еден во очаен обид да го врати
Gotham во нормала. Во најтешкиот момент,
Bane удира...
Приказната е интересна и многу динамична. Очајот на
Batman одлично прикажан. Исто и детерминираноста на
Bane да стане крал на
Gotham. Заслужен е епитетот на оваа епизода од “животот“ на Мрачниот Витез како култна.
Препорака!
---------------------------------------
Batman: Knightquest - The Search Justice League Task Force #005 & #006; Shadow of the Bat #021 - #023; Legends of the Dark Knight #059 & #060(O'Neil, Grant / Velluto, Blevins, Wagner, )Bruce Wayne и
Alfred тргнуваат во потрага по таткото на
Tim Drake и докторката за која
Bruce верува дека може да му помогне да ја излечи скршената кичма. Нивните киднапери ги носат првин во
Santa Prisca а потоа и во Лондон. Ова патување и неговата тврдоглавост ќе го чинат
Bruce многу.
Alfred си заминува од неговата служба како батлер...
Посветлата страна на
Knightquest. Иако не толку интересни, приказните прилично концизно ќе го сторат невозможното - да ни оправдаат дека човек за само неколку месеци може да излечи скршена кичма, па макар и со “био енергии“
---------------------------------------
Batman: Knightquest - The CrusadeDetective Comics #667 - #675; Batman #501 - #508; Shadow of the Bat #019, #020 , #024 - #028; Catwoman #006 & #007; Robin #007(Moench, Grant, Dixon / Manley, Giarrano, Blevins, Nolan, Kitson, Balent, Grummett)Нов Batman. Ново одело. Нова мисија. Jean Paul Valley e новиот Мрачен Витез. Опседнат со својата мисија да го исчисти Gotham по секоја цена и со секој можен метод, од криминал. Ништо и никој не може да му застане на патот. Ниту Robin. Во својата крстоносна војна тој ќе ги порази најголемите непријатели од минатото на Batman. Но ќе го направи и незамисливото - ќе убие. Со тоа ќе добие нов имиџ но ќе загуби нешто што стариот Batman го градел со години - довербата на Jim Gordon...
Најслабата алка од цела сага е токму оваа. Приказните се во најмала рака досадни, монотони и без поента. За настан од вакви пропорции измислувани се нови, тривијални непријатели а оние старите се сведени на смешно ниво.
---------------------------------------
Batman: Knight's EndBatman #509 & #510; Detective Comics #676 & #677; Shadow of the Bat #029 & #030; Legends of the Dark Knight #062 & #063; Robin #008; Catwoman #012(Moench, Grant, Dixon / Manley, Blevins, Nolan, Wagner, Grummett, Balent)Bruce is back! Но не е оној
Bruce кој бил некогаш. Физичката и психичката состојба не му се на доволно ниво за да се спротистави на
Jean Paul кој го уништува името и ликот на
Batman. За тоа, на
Bruce ќе му е потребна помошта на неговите “деца“
Dick и
Tim но и на
Lady Shiva.
Далеку подобро од предходникот. Концизно, детерминирано со јасна насока. Уживање е да се следи
Bruce како се враќа на престолот.
---------------------------------------
Batman: ProdigalBatman #512 - #514; Shadow of the Bat #032 - #034; Detective Comics #679 - #681; Robin #011 - #013(Moench, Grant, Dixon / Gustovich, Blevins, Weeks, Jimenez, Wagner, Bright, Nolan)Bruce заминува од
Gotham решен да си го преиспита животот како
Batman. Во меѓувреме го остава
Dick Grayson да го пополни неговото место. Тој заедно со
Tim почнуваат долга битка за чистење на името на
Batman пред
Gotham-ската полиција но и чистење на гревовите оставени од
Jean Paul. Меѓу првите со кои ќе се соочат е вечната ноќна мора на
Dick -
Two Face.
Мене овој дел од
Knightfall сагата ми беше најинтересен. Веројатно од субјективни причини (
Grayson ми е омилен лик во
DC). Како и да е, интересно е да се види оваа униктна комбинација на
Grayson како
Batman и
Tim како
Robin. Препорака!
---------------------------------------
Batman: TroikaBatman #515; Shadow of the Bar #035; Detective Comics #682; Robin #014( Moench, Grant, Dixon / Jones, Kitson, Nolan, Grummett)Четворица бивши Советски агенти сакаат да го превземат подземјето на
Gotham за себе а ако тоа не им успее ќе го држат под заложништво целиот град со нуклеарно оружје. Ќе згазат на погрешните прсти кога ќе решат да изнудат рекет од
Wayne corp.
Кратко и забавно. Еден нов, помрачен
Batman, и
Robin против
KGBeast. Милина...
---------------------------------------
Nightwing: Alfred's Return Nightwing: Alfred's Return(Grant / Giordano)По заминувањето од службата на
Bruce,
Alfred оди за Лондон да ја пронајде својата бивша сакана. Изненадувањето таму е поголемо кога ќе дознае дека има син со неа. Но синот е вмешан во огромна завера против кралството. За среќа
Nightwing е во потрага по својот најдобар пријател...
Кратко, лесно и прескокливо штиво. Pass...
---------------------------------------
NightwingNightwing LS(O'Neil / Land)Со години
Dick Grayson верува дека
Tony Zucco е единствениот одговорен за смртта на неговите родители. Одеднаш дознава дека неговите родители биле случајни сведоци на поголема меѓународна завера за превласт...
Интересна, малку предвидлива приказна но со добар твист на крај. Забавно е да се гледа цртежот на
Greg Land пред да стане она што е денес.
---------------------------------------
Vengeance of Bane II: The RedemptionVengeance of Bane II: The Redemption(Dixon / Nolan)По поразот од
Jean Paul,
Bane e во
Blackgate. Но веќе не е истиот човек. Тој се преиспитува себеси и своите мотиви. Но дали е се тоа вистина или само генијално измапиран план за бегство?
Ова е последниот “неофицијален“ дел од
Knightfall. Убав aftermath...
---------------------------------------
Batman: ContagionShadow of the Bat #048 & #049; Detective Comics #695 & #696; Robin #027 & #028; Catwoman #031 & #032; Azrael ##015 & #016(Grant, Dixon, O'Neil, Moench / Giarrano, Edwards, Wieringo, Balent, Kitson, Jones, Nolan)Мутирана форма на ебола го напаѓа
Gotham. Градот е во хаос, а елитната населба
Babylon е прва која ќе стане изолирано жариште на болеста.
Batman,
Robin,
Nightwing и
Azrael сами против невидливот непријател.
Одлична приказна. Страшно динамична и морбидна. Голем плус е реафирмацијата на
Gordon во полицијата и неговото повторно спријателување со
Batman.
---------------------------------------
Batman: The TombDetective Comics #697 - #699(Dixon / Nolan)Lock-up. Бивш чувар. Решава да ја земе правдата во свои раце. Киднапира познати криминалци и ги затвора во свој затвор каде тој лично решава како да им пресуди.
Кратко и забавно. Мислам дека имаше и
Batman TAS епизода со ваква тематика.
---------------------------------------
Batman: LegacyBatman #533 & #534; Detective Comics #700 - #702; Catwoman #036; Robin #032 & #033; Shadow of the Bat #054(Dixon, Grant, Moench / Nolan, Balent, Johnson, Taylor, Aparo)Откако се справија во вирусот,
Batman,
Robin и
Nightwing тргнуваат да го најдат оној кој го пуштил тоа зло на
Gotham. Истрагата ќе ги однесе до вечниот опонент на
Batman,
Ra's Al Ghul, ќерка му
Talia и еден нов
Ubu, кој е решен да биде се она што некогаш
Batman бил во очите на
Ra's.
Малку раштркано и нелинеарно ама приказна достојна за читање, особено приказната во Индија.
Ra's e секогаш забавен негативец. Препорака!
---------------------------------------
Batman: BaneBatman: Bane(Dixon / Nolan)По поразот од
Batman,
Bane се враќа во
Gotham за уште еден удар, со дел од војската на
Ra's Al Ghul спремен да ја освети
Talia и да стане пак крал на градот. Грешката ја прави уште на самиот почеток, кога решава да го држи под заложништво
Blüdhaven, каде оперира
Nightwing...
---------------------------------------
Batman: Bane of the DemonBatman: Bane of the Demon LS(Dixon / Nolan)Приквел на
Legacy за тоа како
Bane се запознава со
Talia и
Ra's Al Ghul и како ќе се избори за да биде десна рака и наследник на Демонот. Иако е приквел, се чита по
Legacy, затоа што е наменет да пополни неколку дупки во приказната.
---------------------------------------
Justice League: The Villain's JourneyJustice League #009 - #012(Johns / Lee)David Graves, авторот на книгата за
Justice League е последниот од своето семејство кој е на ред да умре од рак. За оваа трагедија тој ги обвинува
Justice League и решава да им се освети на громорозен начин, удирајќи ги каде што највеќе боли и уништувајќи го тимот.
Подобра приказна од предходната. Иако остава впечаток дека гради некоја поголема приказна, ова сепак не е најдоброто што
Geoff Johns го може. Артот на
Lee е без преседан најдобар!
---------------------------------------