|
|
It is currently 20 Dec 2024, 21:52
|
ворм комикс - ТЕМАТА Е ЗАТВОРЕНА
Author |
Message |
Skywalker
|
Помина осата...
|
23 Nov 2010, 23:09 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
ilustrativno okolu muabeto pogore:
_________________ ејм фор д бушес!
|
24 Nov 2010, 00:57 |
|
|
Skywalker
|
Утешение грешним (измислено интервју, кон Освртот)
Новинар: Господине О, Пресветол – издавач / лектор / бизнисмен / Ozymandias, Семоќен! Што се случува моментално со изданијата на WARM, топлите стрипови како да се оладија, не се нешто тазе... На што се должи овој пат застојот, што го попречи светиот процес печатарски, та се заврте земја / и чиниш - се корне стресениот век / и околу трпнат ридиштата темни / и враќаат ек (© Блаже Конески)?
Цане Гутенберг: Од печатницата Гинис која ги печати изданиајта на Варм Комикс, добивме информација дека книгата со Загор број 1 ќе биде испечатена до следниот петок по што изданието ќе биде пуштено во продажба. Веднаш по ова, ќе се печати вториот гигант со Марти Мистерија, а потоа и вториот гигант со Дилан Дог. Оваа печатница, која печати материјали за познатите фирми: Витаминка, Прилепска пивара и други, имаше подолг прекин во работата поради дефект на главната машина, кој со поголемо доцнење конечно е решен од овластената фирма за сервис од Србија. За жал, стриповите на Варм Комикс не се приоритет на оваа печатница, па затоа го имаме ова непредвидено доцнење. Од страна на сопствениците на печатница Гинис од Прилеп како и од наше име, ве замолуваме за извинување.
Новинар: Не ли е малку чудно, се надевам дека ќе се согласите, дека некако зачестија овие дефекти во печатниците во кои сте Вие присутен? Можеби поседувате силно магнетно поле, па предизвикувате сериозни пореметувања на хардверот, или машините се кршат под големината на јунакот кој го печатат? Почнаа да стануваат симпатични овие извинувања, објаснувања. Сигурно им се мошне битни на оние 5 редовни читатели кои Ве следат, О пресветол. Меѓутоа, Ве молам да продолжиме со добрите вести, новости од теренот. Сепак, не е сé така црно, нели? Што ќе ни се пофалите овојпат?
Цане Тобако: Што се однесува до изданијата на Варм Комикс, ве известуваме дека Алан Форд класик број 1 „Групата ТНТ“ како и изданието Загор “Индијанска Магија“ број 500, се распродадени. Овие два броја не можат да се нарачаат повеќе преку електронска пошта, ниту ќе имаат повторна продажба во форма на реминтенда. Единствено, останува некоја мала можност да се најдат овие изданија во некоја трафика каде продавачите заборавиле да го вратат на дистрибутерот или во некоја книжара каде сопствениците откупиле мал број на овие изданија. Како и да е, во нашиот магацин не поседуваме повеќе примероци од наведените изданија. До почетокот, како и по крајот на следното лето, очекуваме тотална распродажба на уште најмалку 5-7 изданија.
Новинар: Одлично Ваша возвишеност! Честитки најискрени, што после неброените реминисценции, пардон, реми(н)тенди конечно успеавте да го распродадете првиот број од никогаш непрежалената HARD колекција на Алан Форд, чии последни два броја излегоа во мек повез, и така ја претскажаа тажната судбина на овој лик. Дали последниот продаден примерок беше во пакет 2 во 1 или 3 за 100 денари? Прекрасно, после 2 години првото издание ќе стане колекционерски експонат. А уште помило ми е што гледам дека и целокупната „грешна“ серија од „Индијанска Магија“ сте успеале да им ја подвалите на верните читатели, та сте извадиле едно парче леб, о махеру транзициски! Навистина cunning plan, Семоќен! Одамна не сме прочитале ништо ново од Вашиот другар Томче Јекипе, ромскиот Messiah, велешкиот љубовник, миленикот на камењарките пред МРТВ. Како е тој, како функционира стрип тројството, кое според Вас е единствено автокефално стрип претставништво во РМ, и како се справувате со отпадниците од верата?
Цане Првовенчани: По успешниот стрип салон во Велес кој се одржа минатиот месец, во предходниов период се одржа и изложба по повод 20 години од работата на нашиот најдобар стрип автор Александар Сотировски. Ја користиме оваа прилика во името на Варм Комикс и СтриповиМк да му го честитаме јубилејот на нашиот автор и да му посакаме добро здравје и успешна работа во иднина. Варм Комикс, Стрип центарот во Велес и авторот Сотировски се единствените чинители на Македонската стрип сцена веќе подолго време, заедно со големиот број на читатели, купувачите на стриповите како и младите надежни автори на стрипот. Со сите предходно споменати кои дават голем придонес за развојот на стрип културата во нашата држава, се направи јасна разлика помеѓу стрип сцената и графичките дилетанти, и квази колекционерите на стрипот кај нас. Со ова, би ги охрабрил споменатите за поголема “борба“ против агресивните и нападните илустрации на некои графички дилетанти, како и “одот“ кон искористување на државните пари од разните фондови и министерства како класична злоупотреба на стрипот. Уште повеќе охрабрува и неофицијалната информација за трет стрип форум наменет за професионалните стрип цртачи во Македонија, како и шпекулациите за нова и кратка цртана серија и вистински стрип магазин.
Новинар: Единствени чинители, о каква премудра мисла! Но дали е тоа верно?! И што тоа прави тоа отпадништво од правата вера, та толку го навлекло гневот на Тројството? Тешки времиња, О Најмудар - Кога во молк да те гледам / на очиве магла ми напаѓа сура (©Блаже Конески). Кога сме, ете, кај маглата и премрежјата, кај суровите човечки битисувања, не можам а да не Ве чепнам за Вашата омилена тема – Светската економска криза и импактот нејзин врз социо-културните текови на сублиминалната стварност гледана низ призмата на ежедневното респирално (не)постоење. Каде сме, каде е стрипот, што им се случува на форумите и блоговите, народот, има ли пари за да плати, кој сака да го уништи сево ова, дали Таки Фити навистина погреши и има ли Петар Гошев златне кључеве од твојих тајних одаја (© Бајага)?
Цане Кисинџер: Стрипот во регионот, како и во светот е во голема криза. Намален е интересот за разговори по блоговите и форумите, намалени се тиражите на светските изданија во сите жанрови. Слично беше и пред 4 години пред отворањето на нашиот прв стрип форум. Економската криза која сега си го прави своето, нема да допринесе за згаснување на поголемиот дел на едициите ниту во овој регион. Пред 4 години никој не веруваше ниту дека ни треба веб сајт или форум воопошто, а најмалку некакво издаваштво или општи разговори за стрипот во нашата земја. Многумина повеќе веруваа дека треба да се додворуваат на авторите на север и да влезат во нивните шеми за издавање и фестивали. Тоа може и денес лесно да се провери каде неколку наши “стрип автори“ се заведени на сајтот на уппс како домашни автори. По крајот на 2006, откако се виде дека можеме и ние да имаме свои сајтови, изданија, или откако се виде дека и Македонците добро цртаат или пишуваат текстови и сценарија за кратки стрипови, се појавија доста “експерти“ од сите области на стрипот. Навистина е чудно како ги немало предходно, каде се криеле и како го чувале своето “знаење“, кога наеднаш, претежно се докажуваат со недоквакани критики кон секого и кон сешто, во стилот на хрватскиот форум каде важи правилото препрочитај-прераскажи. Денес, за уште поголемо чудо, статистиката вели дека секој трет Македонец е стрип автор, секој петти Македонец е стрип колекционар и критичар, секој знае како се организира салон и изложба, како се прави стрип, фестивал, какви корици и хартија се потребни, цена, како треба да се продава и како треба да се “работи“ на маркетинг. Секој за себе тврди дека знае повеќе без никакво искуство во издаваштво, со по 30 стрипови по дома купени во изминатата година, без ниту еден текст на рецензија, колумна или било каков посериозен осврт на актуелна тема. Секој знае кој стрип јунак треба да се издава без да се обиде самиот да влезе во тој оган, како да се преведе и адаптира и како се прави лектура со помош на интернет. Да не говориме за дизајн и обработка. Ваков дилентизам и страв кај некои реални стрип читатели и стрип автори кои се плашат да се спротистват на кичот на една мала група агресивни цртачи - аматери и квази колекционери кои се залагаат за српски изданија во Македонија, е резултат на некаква култура и домашно воспитување, но не и вистински пристап за “расчистување“ на малиот стрип простор кој кога тогаш би требало да се случи. Се надеваме, согласно и предходнтие информации кои ги наведов погоре, дека ова може да се очекува за да се постават работите на посигурна основа, во мал простор каде полесно ќе се диши без смрдеата на познатите чкартови.
Новинар: Каква формулација, Ваша Високоинтелигентна Совршеност! Чест ми е што седам покрај човекот кој е spiritus movens на Македонската стрип сцена, човек (полубог) кој има повеќе од 30 стрипови во својата колекција и автоматски е надвор од категоријата вошкар (квази) колекционер, кој ги откри лажните пророци аматери. Уживање е човек да ги слуша овие Ваши беседи, талкања по компулсивните лавиринти на интелектот. Ви посакувам многу успех, и набргу Шарко навистина да залае, Загор да добие Златна Книга™ и печатницата да набави Perpetuum Mobile па Вашите изданија да не се повеќе последни во синџирот на офсет дејноста. Благодарам уште еднаш за овие скапоцени думи.
Како комплементарна со ова интервју, а истовремено за засилување на ефектите погоре искажани, пожелно е после интервјуто да се прочита безвременската химна на ова (не)време:
|
27 Nov 2010, 00:16 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Ова значи дека имало нов осврт? Абе како доаѓате до овие бисери на мудроста, стварно не ми е јасно, кога форумот е запечатен (недостапен) за сите смртници освен за оние "вистинските" љубители на стрипот? Мора да работите во А1...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
27 Nov 2010, 00:37 |
|
|
Skywalker
|
|
27 Nov 2010, 00:53 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Цар е нема што... за ос(врт)и. Во секој случај добра "обработка" од твоја страна...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
27 Nov 2010, 01:05 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Дилетанти едни графички и квази-колекционери...сТрам да ви е на човекот лебот што му го крадете од раце.
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
27 Nov 2010, 01:18 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
хаха. забавно нема што.
|
27 Nov 2010, 01:20 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Абе уште се другари Цане и Томче Јекипе ? Чудно, пошто Томче не го викна на Салонот во Велес...изгледа не му стигнале 150 000 денари, голем трошок ќе било да даде уште еден ручек...а башка и од Сорос не им ги дале ветените пари, пошто им требале за други настани да спонзорираат...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
27 Nov 2010, 01:32 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Овој новинаров на Скајвокер, сигурно е вработен во А1..или пак е на платниот список на Министерство за Земјоделие и Генетика. Премногу фингирано!
Шала на страна, ни Ацика не е евеќе тоа што беше, само бледа копија на оние пишани „интелектуални оргазми“, преточени во Осврт (или сега познати како делови од Манифестот, за вистинските следбеници)...
Ах, Проклета нека е, проклета нека остане Светската Економија! (© дуо:Рацин - Крале)
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
27 Nov 2010, 07:59 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Риспект за прашањава на новинаров
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
27 Nov 2010, 10:42 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Скај бе....мора да признам дека ме изненади...
Сума сумарум се срочено убо.....
Светото тројство-најс......
Срамота за 2 екстрас,што на старост паднаа на гранка прилепскио Хектор .....да им кажува што да прат.....ама то е......ко ке потонва бродо.....
Инаку мала тривија-1 од 3 неодамна ми пријде и ме гњавеше за друзите 2 т.е јас сум ок-тие несе.....така да.....
А стрипој нема-и нема да има-а и ако има-погоре имате шо мислам за то.
_________________ ејм фор д бушес!
|
27 Nov 2010, 10:43 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
27 Nov 2010, 12:35 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТКИ ОД КНИГАТА ЗАГОР-шпијунска слика од печатницата Гинис............
_________________ ејм фор д бушес!
|
27 Nov 2010, 19:51 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
|
27 Nov 2010, 19:59 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
А хартијата е двослојна или трослојна?
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
27 Nov 2010, 20:00 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Знаев дека ќе ја утнат работата ПАК како и секогаш. Ич не се модерни, у денешно време трослојна се користи а они со двослојна ја напраиле. Ах Ацко пак те заебаа машко.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
27 Nov 2010, 20:01 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ubedlivo NAJSKAPIJO izdavacki proekt kaj nas Inaku ima miris na ljubichica!
_________________ ејм фор д бушес!
|
27 Nov 2010, 20:02 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
А тоа мирисот се базира од претхдно формиран проект со помош на кој се истражуваше пазарот или пак е само тврдоглавост на нашиот ценет ИЗадавач
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
27 Nov 2010, 20:07 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
27 Nov 2010, 20:15 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...go prochitav intervjuto iako e iskarikirano od pocituvaniot Skay....... .....medjutoa ako zborovite na covekot koj go dava intervjuto se vistinskite... i ako kolku so razbrav e izdavach na stripovi.........zosto se nafaca na takva delatnost ako misli deka vo drzavava nema strip avtori.... ....ne go poznavam covekot i nemam nikvo i nemozam da imam mislenje za negovata lichnost i dejnost ....i vo nokoj sluchaj ne sakam ovoj moj post da bide svaten navredlivo.. ..medjutoa da se tvrdi deka vo Makedonija ne postojat seriozni strip avtori e navredlivo za avtorite koi i te kako postojat....ako mislel samo na obichni crtaci koi rabotat samo od zadovolstvo i vo senka kakov sto sum jas, togas mozam da pominam preku toa i nema da se navredam bidejki nesum strip avtor ... ..............nikomu ne mu se obracam lichno i vo nikoj sluchaj navredlivo ....tuku od srce bi sakal konechno da se svati deka imame strip avtori ...i namesto da se gordeeme nim im se zameruva zosto rabotat za stranski izdanija....pa dajte ludje..za koi domashni izdanija da rabotat..?????? ...jas sum siguren deka koga ce ima seriozen izdravac vo drzavava nieden strip avtor ne bi odbil seriozna sorabotka ............. ....tolku...pozdrav...
|
27 Nov 2010, 20:18 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Даааааааааааааааа..... Сеа ми текна. Него остај тоам него ти текнало ли зашо Ацко има голем НОС
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
27 Nov 2010, 20:19 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
|
27 Nov 2010, 20:23 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
meskov- ептен ти е добар и погоден спојлерот Ivo- ич не троши нерви за вакви текстови
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
27 Nov 2010, 20:26 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Ова е најдобриот дел: *** Секој знае кој стрип јунак треба да се издава без да се обиде самиот да влезе во тој оган, како да се преведе и адаптира и како се прави лектура со помош на интернет. Да не говориме за дизајн и обработка. Ваков дилентизам и страв кај некои реални стрип читатели и стрип автори кои се плашат да се спротистват на кичот на една мала група агресивни цртачи - аматери и квази колекционери кои се залагаат за српски изданија во Македонија, е резултат на некаква култура и домашно воспитување, но не и вистински пристап за “расчистување“ на малиот стрип простор кој кога тогаш би требало да се случи. ***
|
28 Nov 2010, 13:41 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 7 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|