МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
Parlami d'illustrazione Mariú -Иванка Апостолова http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=13&t=2308 |
Page 1 of 1 |
Author: | THEMICO [ 09 Feb 2011, 22:08 ] |
Post subject: | Parlami d'illustrazione Mariú -Иванка Апостолова |
Самостојна изложба на илустрации на Иванка Апостолова, насловена: Parlami d'illustrazione Mariú (10.02.2011 – ? 02.2011), Отворено графичко студио, Скопје. Изјава како Манифест за Parlami d'illustrazione Mariú: 1. Ако композиторот Cesare Andrea Bixio и текстописецот Ennio ...Neri преку режисерот и глумец Vittorio De Sica и сите најдобри оперски пеачи како Rossi, Di Stefano, Lanza, Pavarotti и др. и` пеат на Mariú за љубовта, тогаш публиката ја нарекувам Mariú и ја наведувам/повикувам да ги гледа и да зборува за илустрациите. За оние илустрации кои долго време спиеа во моите папки и потекнуваат од интимноста на деведесетите години на дваесетиот век. 2. Ова е моја втора самостојна изложба во Македонија, а прва изложба на илустрации. 3. Ова е моја десетта самостојна изложба во поширок географски контекст, во периодот помеѓу 2011 – 1993. 4. За првпат ги изложувам своите објавени и необјавени илустрации, изработени во колаж и комбинирана техника, во еден репрезентативен контекст. 5. Станува збор за избор и комбинација на стриповски илустрации, експериментални илустрации за деца и возрасни, за (ко)авторски илустрации. 6. Објавените илустрации се оние кои ги надополнуваа расказите на младите македонски писатели како Емил Калешковски, Жарко Кујунџиски, Ирина Коцева, Ана Стојаноска, Ивица Дамњановски, Билјана Ѓонеска, Игор Исаковски, Андријана Цветковиќ и други. 7. Необјавените илустрации се оние во кои мутирала желбата за професионален идентитет на илустратор, стрип автор и гегот на несудениот аниматор на цртани филмови. 8. Со оваа изложба сакам да ја подржам македонската фиктивна школа на современа илустрација и современа анимација која опстојува на ниво на празни зборови и неостварени: желба, потреба, уметнички јазик и креативен израз фрлени во сон, а не во конкуренција и континуитет со капацитетот на светската илустрација. 9. Да живее Mariú! Кратка биографија: Иванка Апостолова (1973, Скопје) е доктор на науки: Ликовен антрополог и авторка на кратки колажни стрипови, театарски сценограф/костимограф со проектни искуства на релација Скопје – Љубљана. Досега самостојно и групно изложувала во Ангулем, Берлин, Равена, Љубљана, Скопје, Познан, Загреб, Васто, Нирнберг ... Во театарот соработувала на театарски претстави во режија на Пограјц, Зупанчич, Рангелова, Јелен, Кобал, Лоренци во Лутковно гледалишче, СНГ Драма, Словенско младинско гледалишче, Местно гледалишче во Љубљана и Турска драма, Скопје. Нејзините стрипови, илустрации и ликовни есеи се објавени во повеќе локални и меѓународни магазини и ревии: Стрипбургер, Лифт, Контејнер, Милк енд Водка, Лигатура, Антологија женског стрипа на Балкану; Платформа, Град, Монитор, АРЦ, Маргина, Театарски гласник, Кинопис и др. Оваа година ќе настапува на најголемиот светски фестивал на перформативни и сценски уметности Прашко квадриенале и Сценофест 2011 (под кураторство на Џесика Боулс), со работилницата на театарски стрип Intersected Witches (по Магбет на Шекспир http://www.facebook.com/event.php?eid=196612290350709 |
Author: | Ivo [ 10 Feb 2011, 09:16 ] |
Post subject: | Re: Parlami d'illustrazione Mariú -Иванка Апостолова |
..so sreca... |
Author: | rastaman [ 10 Feb 2011, 09:22 ] |
Post subject: | Re: Parlami d'illustrazione Mariú -Иванка Апостолова |
Ова денес а? Честито, да се множат убави работи |
Author: | THEMICO [ 13 Feb 2011, 14:09 ] |
Post subject: | Re: Parlami d'illustrazione Mariú -Иванка Апостолова |
http://www.telma.com.mk/index.php?task= ... 6&clip=531 |
Author: | THEMICO [ 02 Mar 2011, 11:51 ] |
Post subject: | Re: Parlami d'illustrazione Mariú -Иванка Апостолова |
Page 1 of 1 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |