It is currently 17 Jan 2018, 21:27



Reply to topic  [ 30 posts ]  Go to page 1, 2  Next
PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA 
Author Message
Зен Мастер Форумџија
User avatar

Joined: 23 Jan 2009, 02:23
Posts: 21508
Location: Битола!
Reply with quote
MATEJ BOGDANOVSKI POVTORNO IZDAVA STRIP. Ovoj pat toa e mal no simpatichen dvobroj vo koj glavniot junak Patentalija se spravuva so razni grabachi na negovata skana nevesta Tentelina.

DAMAR Stara charshija

15 Oktomvri-petok


Image

_________________
ејм фор д бушес!


11 Oct 2011, 14:12
Profile WWW
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 25 Jan 2009, 16:02
Posts: 2646
Location: Skopje, Makedonija
:: Стрип Автор
Reply with quote
Bravo za Matej! Nema, nema pa vtor album... Se prasuvam koj mu e sponzorot, posto izdanieto KSSSC bese na luksuzna hartija ispecateno. Ili pak, sam se finansira?

_________________
http://temnik.blogspot.com/
http://nikotem.deviantart.com
--------------------------------
A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.
St. Francis


11 Oct 2011, 17:31
Profile WWW
Сеирџикус Максимус
User avatar

Joined: 29 Mar 2010, 20:01
Posts: 6513
Location: Skopje
Reply with quote
...BRAVO...:)


11 Oct 2011, 17:51
Profile
Магус Регуларус

Joined: 23 Dec 2009, 14:54
Posts: 1209
Reply with quote
Chestitki! ;)

_________________
http://igorcomics.blogspot.com/


11 Oct 2011, 20:04
Profile
Зен Мастер Форумџија
User avatar

Joined: 23 Jan 2009, 08:13
Posts: 15537
Location: Skopje, Macedonia
:: Стрип Автор
Reply with quote
Честитки и од мене
убава вест

_________________
Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!


11 Oct 2011, 20:19
Profile YIM WWW
Зен Мастер Форумџија
User avatar

Joined: 23 Jan 2009, 02:23
Posts: 21508
Location: Битола!
Reply with quote
Ne bi bilo losho-clenovi na forumot na koi se odnesuvaat informaciite(stripovi,festivali,gostuvanja i slichno).....sami da si postavuvaat raboti odvreme navreme....
poshto-lichno jas nemozham niti pak sakam se da stavam....ova ko otvoren povik na razlichni temi...nali

I oficijalno chestitki za Matej koj poleka popoleka-isturka dva stripa......Bravo!

_________________
ејм фор д бушес!


11 Oct 2011, 20:27
Profile WWW
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 23 Jan 2009, 10:10
Posts: 4689
Location: Skopje, R.Macedonia
:: Стрип Автор
Reply with quote
Airlija neka e Matej. Chestitki. :)

_________________
Креирајте македонски стрипови.
Читајте македонски стрипови.
Купувајте (по воља) македонски стрипови.


12 Oct 2011, 11:10
Profile WWW
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 12 Aug 2011, 00:35
Posts: 4022
Reply with quote
Честито нека му е и нему а и на македонската стрип сцена - еден стрип повеќе на листата издадени стрипови за оваа година од наш автор! :)


12 Oct 2011, 19:41
Profile
Зен Мастер Форумџија
User avatar

Joined: 23 Apr 2010, 21:09
Posts: 8417
Location: Skopje
Reply with quote
Neo wrote:
Честито нека му е и нему а и на македонската стрип сцена - еден стрип повеќе на листата издадени стрипови за оваа година од наш автор! :)


Ова е втор стрип на Матеј.
Ајде колку за информација првиот стрип го има во Бункер.
извинете за офтопикување.

_________________
"To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."


12 Oct 2011, 19:42
Profile
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 12 Aug 2011, 00:35
Posts: 4022
Reply with quote
Meskov wrote:
Ова е втор стрип на Матеј.
Ајде колку за информација првиот стрип го има во Бункер.
извинете за офтопикување.

Точно Мешков. Oд ко излезе му се токмам да го земам и ќе го земам обавезно скоро, можеби месецов. 650 ден е во Бункер. Се' за нешто друго испаѓало да се дадат парите, а 650 не се 120 :( , па затоа се оддолжи набавката. Инаку, ептен ми се свиѓа како изгледа, а и приказната ми е погодена, кој сака да види има скоро третина од стрипот на следниов линк , на fb профилот на Матеј.

Image Image


12 Oct 2011, 20:01
Profile
Зен Мастер Форумџија
User avatar

Joined: 23 Apr 2010, 21:09
Posts: 8417
Location: Skopje
Reply with quote
E тука имаме малку различно мислење па не би сакал сеа да обрзлагам што е како е.
Во секој случај ако ти се допаѓа стрипот не му се мисли друже.

_________________
"To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."


12 Oct 2011, 20:10
Profile
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 12 Aug 2011, 00:35
Posts: 4022
Reply with quote
Аирлија!!! :)

Image

и еве неколку табли:

Image Image


17 Oct 2011, 16:44
Profile
Reply with quote
:) Многу му е наивен стилот... Сепак, доколку има можност да си ги публикува стриповите, било какво дело е подобро од никакво, барем во оваа наша димензија материјална.


17 Oct 2011, 22:25
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 12 Aug 2011, 00:35
Posts: 4022
Reply with quote
Skywalker wrote:
:) Многу му е наивен стилот...

Сепак има свој стил, нели ;) И прашање на вкус е, мене општо ми се допаѓа неговиот стил од тоа што сум му видел на профилот на фб (слики), а и карикирањето во случајов ми ја има таа хумористична нишка. :) Човекот е ликовен уметник пред се, среќа што сака да работи/експериментира со стрип, најверојатно од ќеф, па респект за тоа. Ќе почекам да го прочитам, па ќе прокоментирам повеќе тогаш. Прва прилика го купувам стрипчево, од "Бункер".

Дополнително инфо:
- Излегува во епизоди како двоброј.
- 32 колор страни, Б5 формат
- Во секоја епизода Патенталија се справува со разни грабнувачи на неговата сакана жена Тентелина.


17 Oct 2011, 23:26
Profile
Надежен Луд Научник

Joined: 24 Jan 2009, 21:27
Posts: 224
Location: Markov Grad
:: Стрип Автор
Reply with quote
wow ,bravo deca!

_________________
vizant[color=#0[color=#008000][/color]08000][/color]


18 Oct 2011, 17:44
Profile ICQ YIM WWW
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 23 Jan 2009, 10:10
Posts: 4689
Location: Skopje, R.Macedonia
:: Стрип Автор
Reply with quote
Matej ima odlichen likoven stil. Ova sepak kako shto reche Neo mu e na nego eksperiment i da, keif mu e. Airlija neka e Matej. :)

_________________
Креирајте македонски стрипови.
Читајте македонски стрипови.
Купувајте (по воља) македонски стрипови.


19 Oct 2011, 09:10
Profile WWW
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 12 Aug 2011, 00:35
Posts: 4022
Reply with quote
:D

Image


21 Oct 2011, 16:54
Profile
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 12 Aug 2011, 00:35
Posts: 4022
Reply with quote
Текст: Поглед кон „Патенталија и Тентелина“ од Матеј Богдановски, од фронтот на војната за авторски права - ЛИНК

+ уште едно промо :D

Image


30 Oct 2011, 19:42
Profile
Суперхерој Под Стечај

Joined: 30 Jan 2009, 09:11
Posts: 397
Reply with quote
скроз симпа, фин хумор, имињата ми се скроз нејасни и тешки ;)
секако дека има место за разработка на сценариото (ако воопшто има план за такво нешто), а и цртежот можеби би можел да оди на уште покарикатурален приказ.

кшшц чека да дојде на ред деновиве.


31 Oct 2011, 19:44
Profile
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 05 Jul 2010, 19:04
Posts: 3551
Location: Скопје
Reply with quote
Треба да се пазари ова воБункер деновиве :)
Само напред за авторот!

_________________
"There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix
The X-Men are dead.Long live the X-Men.
X-Men isn't a comic book. It's a drug.


02 Nov 2011, 00:02
Profile
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 12 Aug 2011, 00:35
Posts: 4022
Reply with quote
Интервју на Матеј за Карма-Каша: ЛИНК

ГРАБНУВАЊЕТО И ВРАЌАЊЕТО НА ТЕНТЕЛИНА

„Патенталија и Тентелина“ е насловот на најновиот стрип за кој деновиве се шушка дека љубителите на стрипчињата низ Скопје бараат број повеќе. За и околу стрип уметноста, Карма Каша разговараше со Матеј Богдановски, авторот на „Патенталија и Тентелина“ и графичката новела „КШШЦ“

Како за Матеј започна приказната со цртање стрипови?

Стрип цртам уште од дете, но на почетокот тоа беа детски обиди, потоа тоа го развивав како медиум, иако сум пред сѐ сликар, секогаш му се навраќав на стрипот. Со тоа што лани, ја направив мојата прва стрип публикација „КШШЦ“ (Кројц-шлиц-шраубен-циер) или скратено „КШШЦ“, што на германски значи шрафцигер - крстач. Кратенката е моја. Случајно, во соработка со една моја пријателка што живее во Германија, Биљана Стефановска, се пронајдовме на релација на интерес за градот Скопје, се работеше за проект кој ја опфаќаше менталната мапа на Скопје, едно субјективно доживување на градот. По некој брејнсторминг решивме да направиме стрип со кој ќе го претставиме Скопје, низ некоја убава призма и неговите потенцијали за тоа каков би можел да биде...Привлече многу внимание, можам слободно да ја наречам како прва графичка новела кај нас, фидбекот од оние кои го погледнаа беше одличен. Прилично универзална беше приказната, се работи за урбана рокенрол сторија, која е интересна за луѓето во Скопје, Белград, Лондон, сеедно...

Како се работи стрип, што ти паѓа прво на памет цртежите или текстовите? Дали сѐ се работи на компјутер или се црта рачно?

Јас работев сѐ сам, и прво ја направив приказната. Ова беше едно ново искуство и за мене, прво направив едно сценарио, па дел по дел тоа се развива и менува, збогатува со различни моменти, се уфрлаат тие кои имав намера да бидат дел од приказната, местата во градот, измислените ликови, потоа доаѓа графичкиот дел, визуелниот дел... Тука со овој стрип стекнав големо искуство, не само во креативниот туку и во организацискиот дел бидејќи решив уште од самиот почеток дека сѐ сам ќе правам, од креативниот дел од менаџирањето на стрипот до наоѓање средства и публикацијата, бидејќи имам некои лоши искуства од претходно...Техниката е индивидуална, јас го работев комбинирано, прво го исцртав на хартија класично и потоа на компјутер го довршував, го боев, има и одредени фото делови од вистински фотографии кои се скенираат па потоа се доработуваат, зашто сакавме да бидат претставени автентичните локации и да бидат попрепознатливи и дава пред сѐ интересен визуелен ефект.

Колку се читаат стрипови во Македонија? Може ли да се каже дека постои одредена домашна стрип сцена?

Мислам дека стрипот треба да се приближи повеќе до новите генерации на читачи...Старата стрип публика е постара, тоа се луѓе кои имаат над 30 години, и тука се направи одреден јаз на неколку генерации. Во секој случај тоа е на едно ниско ниво, мал е пазарот, малку цртачи има и малку купувачи... Може да се каже дека имаме одредена сцена, не знам точно колку луѓе се, но може да се околу 50-тина луѓе кои во моментов работат на стрип. Но и самата понуда на стрип треба да се подобри, некои коментираат дека интернетот го руши стрипот, и дека на младите „хард копи“ моментот не им е близок, не знам дали е до тоа, дали е до нешто друго, но во секој случај треба да се подобри понудата, да има добри автори, добар производ и полека да се отвораме и да достигнуваме едно ниво, барем во балканските простори, каде е поголем пазарот. Може дури и на нашите луѓе да им се исплати да работат стрип. Но тој не може да опстои ако не се купува. Едноставно тој е пазарен продукт, не е само работата да излезе некоја публикација и само да фигурира, треба да има своја публика.

Како настана твојот најнов стрип - „Патенталија и Тентелина“?

Всушност „Патенталија и Тентелина“ е драма од татко ми (Русомир Богдановски) и мене имињата ми беа интересни и ги земав како ликови бидејќи тоа е еден пар кој многу се сака, и се разбира јас тука додадов нова приказна и нов концепт. Интересно за мене во приказната беше што некој на Патенталија постојано му ја зема Тентелина и тој потоа оди да ја врати, тоа всушност е и основата на приказната - грабнувањето и враќањето на Тентелина. Овој стрип хронолошки е многу постар од „КШШЦ“, и е уште од пред шест години на мојот компјутер, но сега се одлучив да го пуштам во јавност, со искуството од претходниот стрип, знаејќи како и каде да го испечатам. Неодамна го пуштив во продажба, има лесен хумор, од луѓето што го читале има доста позитивни реакции, дека се навлекуваат и дека сакаат нови продолженија...

Стрипот може да биде едно искривено огледало на современото општество. Има ли потенцијал во Македонија стрипот да стане дежурен коментатор и критичар на политичко-општествените случувања?

Стрипот, како и секој друг медиум, може да му послужи на некој автор да ги коментира и критикува појавите во општеството, но и да ги прикаже своите визии, можните потенцијали на одредено општество. Такви се, на пример, „Вочмен“ во чија приказна доминира стравот од потенцијалната можност од нуклеарна војна во средината на 80-тите години од минатиот век (во тоа време актуелна тема) или „В за Вендета“, каде што еден лик се бори против тоталитарниот режим кој владее во Британија после светската нуклеарна војна во (за тоа време повторно 80-ти години на 20 век) блиска иднина. Но она што е битно за стрипот е авторот или авторите преку специфичниот спој на сликата и текстот да раскажат одредена приказна и тоа да биде интересно за читателите,па била таа комична, еротска, научна фантастика, тоа е само прашање на жанрот.

„Патенталија и Тентелина“ може да се најде во книжарниците „Бункер“, „Магор“ „Или или“ и "Кавказ". Неодамна имаше своја промотивна вечер и во кафе барот „Дамар“. Колку се заинтересирани домашните промотори, книжарници, спонзори итн. за промоција на дела од ваков тип?

Прашањето колку е нашето општество заинтересирано за стрипот како уметност е старо и многу пати поставувано. Но и сега одговорот нема да биде поинаков од порано - стрипот во Македонија опстојува само благодарејќи на љубовта и ентузијазмот на малиот број луѓе кои се занимаваат со него и на уште помалиот број негови љубители. За илустрација ќе го наведам моментот кога во една книжарница однесов 50 примероци од стрипот да се продаваат. Реакцијата беше „што ќе им правам на 50 комада, многу е".


02 Nov 2011, 19:31
Profile
Зен Мастер Форумџија
User avatar

Joined: 23 Jan 2009, 08:13
Posts: 15537
Location: Skopje, Macedonia
:: Стрип Автор
Reply with quote
мило ми е што е Матеј упорен во својот филм!
ретко кој се нафаќа на вакво нешто

_________________
Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!


02 Nov 2011, 20:08
Profile YIM WWW
Зен Мастер Форумџија
User avatar

Joined: 23 Apr 2010, 21:09
Posts: 8417
Location: Skopje
Reply with quote
За тоа нема збор, ова му е втор проект а како што гледам треба сериал да биде што е за максимална почит.

_________________
"To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."


02 Nov 2011, 21:16
Profile
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 12 Aug 2011, 00:35
Posts: 4022
Reply with quote
"Патенталија и Тентелина" купен и прочитан! :geek:
Две приказни по 16 страни, "Пиратерија" и "По Ѓаволите", двете шармираат со суптилниот хумор и шареноликиот колор. :)
Нуне, кучето-овца ми е омилен лик засега! :lol:
Секако дека го препорачувам и баш ме интересира што ќе бидат следните епизоди!


12 Nov 2011, 20:48
Profile
Магус Регуларус
User avatar

Joined: 24 Jan 2009, 21:06
Posts: 1307
Location: Vinica,Makedonija
:: Стрип Автор
Reply with quote
Odlicno sklopeno izdanie, so super humor, i dopadliv i svez crtez. Me potsetuva na poletniot entuzijazam sto go imase LIFT vo 90tite, so poalternativnite stripovi.

_________________
http://darbog-darkmore.blogspot.com/


13 Nov 2011, 02:06
Profile
Display posts from previous:  Sort by  
Reply to topic   [ 30 posts ]  Go to page 1, 2  Next

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 2 guests


You cannot post new topics in this forum
You cannot reply to topics in this forum
You cannot edit your posts in this forum
You cannot delete your posts in this forum

Jump to:  
cron