МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=13&t=2807 |
Page 1 of 2 |
Author: | THEMICO [ 11 Oct 2011, 14:12 ] |
Post subject: | PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
MATEJ BOGDANOVSKI POVTORNO IZDAVA STRIP. Ovoj pat toa e mal no simpatichen dvobroj vo koj glavniot junak Patentalija se spravuva so razni grabachi na negovata skana nevesta Tentelina. DAMAR Stara charshija 15 Oktomvri-petok |
Author: | Temnik [ 11 Oct 2011, 17:31 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Bravo za Matej! Nema, nema pa vtor album... Se prasuvam koj mu e sponzorot, posto izdanieto KSSSC bese na luksuzna hartija ispecateno. Ili pak, sam se finansira? |
Author: | Ivo [ 11 Oct 2011, 17:51 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
...BRAVO... |
Author: | IgorJovchevski [ 11 Oct 2011, 20:04 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Chestitki! |
Author: | rastaman [ 11 Oct 2011, 20:19 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Честитки и од мене убава вест |
Author: | THEMICO [ 11 Oct 2011, 20:27 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Ne bi bilo losho-clenovi na forumot na koi se odnesuvaat informaciite(stripovi,festivali,gostuvanja i slichno).....sami da si postavuvaat raboti odvreme navreme.... poshto-lichno jas nemozham niti pak sakam se da stavam....ova ko otvoren povik na razlichni temi...nali I oficijalno chestitki za Matej koj poleka popoleka-isturka dva stripa......Bravo! |
Author: | talamar [ 12 Oct 2011, 11:10 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Airlija neka e Matej. Chestitki. |
Author: | Neo [ 12 Oct 2011, 19:41 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Честито нека му е и нему а и на македонската стрип сцена - еден стрип повеќе на листата издадени стрипови за оваа година од наш автор! |
Author: | Meskov [ 12 Oct 2011, 19:42 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Author: | Neo [ 12 Oct 2011, 20:01 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Author: | Meskov [ 12 Oct 2011, 20:10 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
E тука имаме малку различно мислење па не би сакал сеа да обрзлагам што е како е. Во секој случај ако ти се допаѓа стрипот не му се мисли друже. |
Author: | Neo [ 17 Oct 2011, 16:44 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Аирлија!!! и еве неколку табли: |
Author: | Skywalker [ 17 Oct 2011, 22:25 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Многу му е наивен стилот... Сепак, доколку има можност да си ги публикува стриповите, било какво дело е подобро од никакво, барем во оваа наша димензија материјална. |
Author: | Neo [ 17 Oct 2011, 23:26 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Author: | vizant [ 18 Oct 2011, 17:44 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
wow ,bravo deca! |
Author: | talamar [ 19 Oct 2011, 09:10 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Matej ima odlichen likoven stil. Ova sepak kako shto reche Neo mu e na nego eksperiment i da, keif mu e. Airlija neka e Matej. |
Author: | Neo [ 21 Oct 2011, 16:54 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Author: | Neo [ 30 Oct 2011, 19:42 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Текст: Поглед кон „Патенталија и Тентелина“ од Матеј Богдановски, од фронтот на војната за авторски права - + уште едно промо |
Author: | Barker [ 31 Oct 2011, 19:44 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
скроз симпа, фин хумор, имињата ми се скроз нејасни и тешки секако дека има место за разработка на сценариото (ако воопшто има план за такво нешто), а и цртежот можеби би можел да оди на уште покарикатурален приказ. кшшц чека да дојде на ред деновиве. |
Author: | Phoenix [ 02 Nov 2011, 00:02 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Треба да се пазари ова воБункер деновиве Само напред за авторот! |
Author: | Neo [ 02 Nov 2011, 19:31 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Интервју на Матеј за Карма-Каша: ГРАБНУВАЊЕТО И ВРАЌАЊЕТО НА ТЕНТЕЛИНА „Патенталија и Тентелина“ е насловот на најновиот стрип за кој деновиве се шушка дека љубителите на стрипчињата низ Скопје бараат број повеќе. За и околу стрип уметноста, Карма Каша разговараше со Матеј Богдановски, авторот на „Патенталија и Тентелина“ и графичката новела „КШШЦ“ Како за Матеј започна приказната со цртање стрипови? Стрип цртам уште од дете, но на почетокот тоа беа детски обиди, потоа тоа го развивав како медиум, иако сум пред сѐ сликар, секогаш му се навраќав на стрипот. Со тоа што лани, ја направив мојата прва стрип публикација „КШШЦ“ (Кројц-шлиц-шраубен-циер) или скратено „КШШЦ“, што на германски значи шрафцигер - крстач. Кратенката е моја. Случајно, во соработка со една моја пријателка што живее во Германија, Биљана Стефановска, се пронајдовме на релација на интерес за градот Скопје, се работеше за проект кој ја опфаќаше менталната мапа на Скопје, едно субјективно доживување на градот. По некој брејнсторминг решивме да направиме стрип со кој ќе го претставиме Скопје, низ некоја убава призма и неговите потенцијали за тоа каков би можел да биде...Привлече многу внимание, можам слободно да ја наречам како прва графичка новела кај нас, фидбекот од оние кои го погледнаа беше одличен. Прилично универзална беше приказната, се работи за урбана рокенрол сторија, која е интересна за луѓето во Скопје, Белград, Лондон, сеедно... Како се работи стрип, што ти паѓа прво на памет цртежите или текстовите? Дали сѐ се работи на компјутер или се црта рачно? Јас работев сѐ сам, и прво ја направив приказната. Ова беше едно ново искуство и за мене, прво направив едно сценарио, па дел по дел тоа се развива и менува, збогатува со различни моменти, се уфрлаат тие кои имав намера да бидат дел од приказната, местата во градот, измислените ликови, потоа доаѓа графичкиот дел, визуелниот дел... Тука со овој стрип стекнав големо искуство, не само во креативниот туку и во организацискиот дел бидејќи решив уште од самиот почеток дека сѐ сам ќе правам, од креативниот дел од менаџирањето на стрипот до наоѓање средства и публикацијата, бидејќи имам некои лоши искуства од претходно...Техниката е индивидуална, јас го работев комбинирано, прво го исцртав на хартија класично и потоа на компјутер го довршував, го боев, има и одредени фото делови од вистински фотографии кои се скенираат па потоа се доработуваат, зашто сакавме да бидат претставени автентичните локации и да бидат попрепознатливи и дава пред сѐ интересен визуелен ефект. Колку се читаат стрипови во Македонија? Може ли да се каже дека постои одредена домашна стрип сцена? Мислам дека стрипот треба да се приближи повеќе до новите генерации на читачи...Старата стрип публика е постара, тоа се луѓе кои имаат над 30 години, и тука се направи одреден јаз на неколку генерации. Во секој случај тоа е на едно ниско ниво, мал е пазарот, малку цртачи има и малку купувачи... Може да се каже дека имаме одредена сцена, не знам точно колку луѓе се, но може да се околу 50-тина луѓе кои во моментов работат на стрип. Но и самата понуда на стрип треба да се подобри, некои коментираат дека интернетот го руши стрипот, и дека на младите „хард копи“ моментот не им е близок, не знам дали е до тоа, дали е до нешто друго, но во секој случај треба да се подобри понудата, да има добри автори, добар производ и полека да се отвораме и да достигнуваме едно ниво, барем во балканските простори, каде е поголем пазарот. Може дури и на нашите луѓе да им се исплати да работат стрип. Но тој не може да опстои ако не се купува. Едноставно тој е пазарен продукт, не е само работата да излезе некоја публикација и само да фигурира, треба да има своја публика. Како настана твојот најнов стрип - „Патенталија и Тентелина“? Всушност „Патенталија и Тентелина“ е драма од татко ми (Русомир Богдановски) и мене имињата ми беа интересни и ги земав како ликови бидејќи тоа е еден пар кој многу се сака, и се разбира јас тука додадов нова приказна и нов концепт. Интересно за мене во приказната беше што некој на Патенталија постојано му ја зема Тентелина и тој потоа оди да ја врати, тоа всушност е и основата на приказната - грабнувањето и враќањето на Тентелина. Овој стрип хронолошки е многу постар од „КШШЦ“, и е уште од пред шест години на мојот компјутер, но сега се одлучив да го пуштам во јавност, со искуството од претходниот стрип, знаејќи како и каде да го испечатам. Неодамна го пуштив во продажба, има лесен хумор, од луѓето што го читале има доста позитивни реакции, дека се навлекуваат и дека сакаат нови продолженија... Стрипот може да биде едно искривено огледало на современото општество. Има ли потенцијал во Македонија стрипот да стане дежурен коментатор и критичар на политичко-општествените случувања? Стрипот, како и секој друг медиум, може да му послужи на некој автор да ги коментира и критикува појавите во општеството, но и да ги прикаже своите визии, можните потенцијали на одредено општество. Такви се, на пример, „Вочмен“ во чија приказна доминира стравот од потенцијалната можност од нуклеарна војна во средината на 80-тите години од минатиот век (во тоа време актуелна тема) или „В за Вендета“, каде што еден лик се бори против тоталитарниот режим кој владее во Британија после светската нуклеарна војна во (за тоа време повторно 80-ти години на 20 век) блиска иднина. Но она што е битно за стрипот е авторот или авторите преку специфичниот спој на сликата и текстот да раскажат одредена приказна и тоа да биде интересно за читателите,па била таа комична, еротска, научна фантастика, тоа е само прашање на жанрот. „Патенталија и Тентелина“ може да се најде во книжарниците „Бункер“, „Магор“ „Или или“ и "Кавказ". Неодамна имаше своја промотивна вечер и во кафе барот „Дамар“. Колку се заинтересирани домашните промотори, книжарници, спонзори итн. за промоција на дела од ваков тип? Прашањето колку е нашето општество заинтересирано за стрипот како уметност е старо и многу пати поставувано. Но и сега одговорот нема да биде поинаков од порано - стрипот во Македонија опстојува само благодарејќи на љубовта и ентузијазмот на малиот број луѓе кои се занимаваат со него и на уште помалиот број негови љубители. За илустрација ќе го наведам моментот кога во една книжарница однесов 50 примероци од стрипот да се продаваат. Реакцијата беше „што ќе им правам на 50 комада, многу е". |
Author: | rastaman [ 02 Nov 2011, 20:08 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
мило ми е што е Матеј упорен во својот филм! ретко кој се нафаќа на вакво нешто |
Author: | Meskov [ 02 Nov 2011, 21:16 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
За тоа нема збор, ова му е втор проект а како што гледам треба сериал да биде што е за максимална почит. |
Author: | Neo [ 12 Nov 2011, 20:48 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
"Патенталија и Тентелина" купен и прочитан! Две приказни по 16 страни, "Пиратерија" и "По Ѓаволите", двете шармираат со суптилниот хумор и шареноликиот колор. Нуне, кучето-овца ми е омилен лик засега! Секако дека го препорачувам и баш ме интересира што ќе бидат следните епизоди! |
Author: | Darbog Darkmore [ 13 Nov 2011, 02:06 ] |
Post subject: | Re: PROMOCIJA NA STRIPOT PATENTALIJA I TENTELINA |
Odlicno sklopeno izdanie, so super humor, i dopadliv i svez crtez. Me potsetuva na poletniot entuzijazam sto go imase LIFT vo 90tite, so poalternativnite stripovi. |
Page 1 of 2 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |