МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
Приказна VS. Цртеж http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=13&t=2973 |
Page 1 of 2 |
Author: | Neo [ 31 Dec 2011, 04:16 ] |
Post subject: | Приказна VS. Цртеж |
Ме интересира мислење за следнава работа: Ако еден стрип, еве на пример нека биде овај последниов "Упиров Бес", има лошо сценарио и заслужува слаба оценка за тоа (на пример, 2/10), колку цртежот го вклучувате при креирањето на крајната оценка за стрипот? Дали ако приказната ви е за 2/10, а цртежот за 10/10, конечната оценка за стрипот ќе ви е пак 2/10 (а.к.а. џабе одличниот цртеж )? Дали на истиов овај стрип би му дале иста крајна оценка ако го имаше нацртано Косу, за разлика од Стано? Прашањето ми е повеќе од аспект - дали и колку стрип читателот му дава значење на цртежот во однос на приказната/сценариото и претпоставувам дека има различни мислења на оваа тема. |
Author: | Meskov [ 31 Dec 2011, 07:50 ] |
Post subject: | Re: Dylan Dog |
Убаво прашање, мене лично пресудна ми е приказната и кога би правел некој сооднос цртеж приказна вероватно би било 70:30 на страна на приказната. |
Author: | KRALe [ 31 Dec 2011, 09:16 ] |
Post subject: | Re: Dylan Dog |
Колку добро техничко прашање!!!! Кај мене 90% е приказната. ако е тапа приказната, скоз ќе ја заборавам, во „комплет“ со кој ја цртал... |
Author: | Meskov [ 31 Dec 2011, 09:23 ] |
Post subject: | Re: Dylan Dog |
Oва не мораше да оди у споилер, од причина што ако не ти текнеше јас ќе те замолев да промрчиш нешто во последниот дел од 2011 година. |
Author: | Brian The Dog [ 31 Dec 2011, 10:12 ] |
Post subject: | Re: Dylan Dog |
Кај мене 95:5. Има чесни исклучоци кај што цртежот бил неподнослив за мој вкус (Arkham Asylum) па ми влијаел до тој степен да сум рекол никад више овој стрип читање. |
Author: | Phoenix [ 31 Dec 2011, 13:21 ] |
Post subject: | Re: Dylan Dog |
Ако не чини приказната-не чини ни стрипот воглавно. Ако е приказната ѕвер а цртежот мех,добива пониска оценка многу нормално. Ама да кажам дека некоја епизода е добра само затоа што има добар цртеж-никако. Името на сценаристот влијае донекаде,ама само донекаде. |
Author: | Konan Makedon [ 31 Dec 2011, 13:59 ] |
Post subject: | Re: Dylan Dog |
Author: | Tet0eC [ 31 Dec 2011, 17:27 ] |
Post subject: | Re: Dylan Dog |
И јас тежнеам повеќе кон 70:30 процентуална застапеност во однос на приказна, но тоа повеќе важи за американски/француски стрипови, за италијанските главно не се замарам со цртеж затоа што има многу помала шареноликост за разлика од другиве, па најбитна е приказната... |
Author: | Brian The Dog [ 31 Dec 2011, 18:14 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Темава ја одделив од Dylan Dog. |
Author: | Tet0eC [ 31 Dec 2011, 18:16 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Седи, 5 |
Author: | Comic Geek [ 31 Dec 2011, 18:37 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
neam mn vreme zatoa aj na kratko - ja mislev deka ako ima perfekcija crtez nema da mi znaci dali e slaba prikaznata.......se uveriv vo sosema sprotivnoto so Captain America noviov serijal.... znaci odlicen crtez moze da pokrie prosecna prikazna i da ja naprai kao makar dobra....ali losa prikazna ne ja pokriva ni alex ross |
Author: | Neo [ 31 Dec 2011, 19:34 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Супер муабети, форум е пред се' за дискусии Ја сум отприлика 75:25 (сценарио:цртеж), што би значело следново: * Битен ми е цртежот, уживам во одличен цртеж, како на пример, знам еден Дампир од Лука Роси или од Мајо, или Дилан од Рои итн, да ги читам и по саат и пол (иако просек ми е од 40-50 мин за Бонели), загледувајќи се во илустрациите, позадините, графичките решенија, композициите на некој побогат кадар и сл. Поточно: 75% за сценарио -> значи 7.5% за 1/10 само за сценариото, или па за 10/10 -> 75% 25% за цртеж -> значи 2.5% за 1/10 само за цртежот или па за 10/10 -> 25% Па крајна оценка ќе биде збир на процентите од едно и друго. На пример, ако сценариото/приказната е лошо, за 2/10 (2*7.5%=15%), а цртежот за 10/10 (10*2.5%=25%), крајната оценка ќе биде нивниот збирот -> 15% + 25% = 40% , т.е. 4/10 (Laf би кажал, 2/5 ) Дискусијава повеќе пати ми паднала на памет, најмногу од аспект за тоа колку удел/процент ни игра цртежот во крајната оценка за еден стрип, за да таа биде пообјективна претстава на нашето субјективно мислење за истиот. п.с. на башка има оценка за приказна, башка за сценарио, а следува одреден процент и за насловната страна, но искрено не знам зошто, лично мене насловната ми нема удел во оценката за стрипот, едноставно на неа гледам како промо/реклама за тоа што го има внатре. Не дека е лошо да насловната биде одлична.. п.п.с. На па, италијанскиот Бонели портал, во рецензиите користат од 1/7 до 7/7 оценка во три категории - една за идеја/сиже, друга за сценарио/дијалози, трета за дизајн/колор/летеринг. Од , по пробната математика која ја направив (и ја добив точно крајната оценка), значи дека 20% од оценката припаѓаат за идеја/сиже, а по 40% за другите две (сценарио и цртеж). Бидејќи, идеја/сиже и сценарио/дијалози претежно (по нашки) ги интегрираме во една категорија, му доаѓа дека 60% даваат за приказната/сценариото, а 40% за цртежот. Интересно. |
Author: | Laf [ 01 Jan 2012, 03:04 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Фина дискусија (и идеја за дискусија )... Ќе се изјаснам утре. |
Author: | Meskov [ 01 Jan 2012, 10:11 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Нео, мене лично Насловната ми е исто така битна и многу често самата насловна знае да биде потик да седнам да исчитам некој стрип, така да комплетната оценка би била приказна+насловна+цртеж..... |
Author: | pikantez [ 01 Jan 2012, 17:18 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Neo odlicna ideja za tema, ama ne mi raboti tikvata momentalno i jas naknadno kje pisam povekje |
Author: | pikantez [ 04 Jan 2012, 04:40 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
prikaznata e sekogas vazno da bide dobra, normalno dobar crtez ili dobra naslovna kje te privlece da zacitas nekoj strip, ama ako prikaznata ti e dosadna, najverojatno brzo kje go ostavis stripot i kje citas nesto drugo. dobar crtez so sredna prikazna isto pominuva. porano, ne citav stripovi na koi ne mi se dopagja crtezot, ama sega citam i takvi, ako e dobra prikaznata. megjutoa, ako ne se na isto nivo crtezot i prikaznata, stripot gubi na kvalitet. zatoa bi rekol 70/30 otprilika, so toa sto za status na remek delo bi trebale da bidat ocenuvani 50/50 |
Author: | ?TheRiddleR? [ 04 Jan 2012, 12:20 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Браво, одлична тема е ова! Кај мене негде 90:10 во корист на приказната. Ако не е добра, џабе цртежот. Нормално има ситуации со феноменална приказна а не баш добар цртеж, меѓутоа се преминува преку тоа, евентуално да биде до толку одбивен па да оставам. |
Author: | Comic Geek [ 04 Jan 2012, 12:47 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
a los crtez moze skroz da poebe dobra prica primer: Ultimate marvel team up na bendis - broevite so iron man |
Author: | Meskov [ 04 Jan 2012, 12:49 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Author: | Phoenix [ 04 Jan 2012, 13:22 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Author: | Sentinelot [ 04 Jan 2012, 14:25 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
za mene ne e tolku matematichki...zavisi pred se kolku e dobar crtezot ili kolku e dobra prikaznata.naprimer br 1 od natan never ''specijalni agent alfe'' mi e kulten broj radi crtezo na kastelini isto kako i ''shesto chulo'' od dilan dog iako prikaznite se epten prosechni duri i mozebi podprosechni.moram da kazam deka varijantata epten dobra prikazna a mnogu losh crtez(kako primer mi e ''from hell'' na mur,mozi nema sekoj da se slozi)nekako otsekogash pojke me nervirala.sepak stripot e vizuelna umetnost,pa se bara barem prosecno crtanje ili blisku do prosecno.normalno i ne tolku dobar crtach mozi da bidi dobar vo raskazvanjeto na prikaznata,so dobra hemija megju crtezot i prikaznata. |
Author: | Ivo [ 04 Jan 2012, 14:48 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
...losh crtez nemoze da raskaze dobra prikazna, a dobar crtez raskazuva sekakva prikazna.....sorabotkata na avtorite ..scenarist - crtach - kolorist ..treba da e na ista branova dolzina.............mnogu mrsenje muda, sugeriranje,..ama bez ljutish.....vodi do dobar strip... .....i za kraj .....ako crtezot ne mi se svidja, ich ne ja chitam prichata...me zamara ...sho ne znachi deka nesum prochital takvi....chao , prijatno.. |
Author: | Comic Geek [ 04 Jan 2012, 16:26 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Author: | Neo [ 04 Jan 2012, 20:40 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Author: | Neo [ 04 Jan 2012, 20:45 ] |
Post subject: | Re: Приказна VS. Цртеж |
Page 1 of 2 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |