Почитувани љубители на стрипот и визуелните уметности,
Љубезно ве покануваме на првата промоција на стрип албумот ``Personal Futurism/Public Politics``. Проектот е поддржан од страна на Град Скопје, издаден е во изведба на ПРОДУКЦИЈА од Скопје-декември 2013, уредник на албумот е Иванка Апостолова.
Стрип албумот отпечатен е на англиски јазик, воведниот текст го напиша Иванка Апостолова (антрополог и уметник), албумот е создаден во соработка со повеќе реномирани стриповски автори и визуелни уметници од Македонија, Италија, Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна: ЗОГРАФ, Владимир Палибрк, Соња Кучели, Нежа Зинајиќ, Мартина Лајтнер, Ивана Арманини, Филип Андроник, Дамир Штенфил, Франко Сакети, Горан Дачев, Атанас Ботев, Дуња Јанковиќ, Каја Авбершек, Џанлука Константини, Матеј Бранеа, Маја Веселиновиќ, Миле Ничевски и Тони Димитров.
Промоцијата ќе се одржи во петок на 17 јануари, 2014, во просториите на Стрип книжарницата БУНКЕР во Скопје, со почеток во 19ч.
Промоцијата ќе ја водат Владимир Битољану (сопственик на Бункер) и Иванка Апостолова (уредник на Personal Futurism/Public Politics) во соработка со домашните стрип автори и визуелни уметници Атанас Ботев, Миле Ничевски, Горан Дачев, Тони Димитров и публиката.
За ваша подобра ориентација – линк од Гугл мапа, подетални информации за самиот проект и контактните информации се наведени подолу во настанот.
Драги луѓе, се гледаме во петок!