МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
Ars Libris - Графички новели! http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=13&t=3705 |
Page 1 of 2 |
Author: | THEMICO [ 10 Apr 2014, 17:59 ] |
Post subject: | Ars Libris - Графички новели! |
Еве уште убави вести....Art Libris од Скопје издаде 3 графички новели- Модерниот Дон Кихот, Фауст и Боксерот! Риспект....ги има на саемот па кој може нека види... Фејсбук страна - https://www.facebook.com/pages/Ars-Libr ... 8055049105 |
Author: | THEMICO [ 10 Apr 2014, 17:59 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Наскоро ке има и новела за Џони КЕш! |
Author: | THEMICO [ 10 Apr 2014, 18:03 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Author: | THEMICO [ 10 Apr 2014, 18:04 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
На 12 април ќе биди официјалната промоција: Драги пријатели, ве покануваме на промоција на трите нови графички романи во издание на Арс Либрис: „Боксерот“ од Рајнхард Клајст, и „Фауст“ и „Дон Кихот“ од Фликс. Промоцијата ќе се одржи на штандот на Арс Либрис на Саемот на книгата, во сабота (12. април), со почеток од 13.00 часот. На промоцијата ќе зборува и Ласко Џуровски, илустратор, стрип артист, графички дизајнер, еден од најистакнатите типографи во Македонија, и еден од основачите на здружението Макстрипови. https://www.facebook.com/events/844651005561487/?ref=22 |
Author: | Temnik [ 10 Apr 2014, 21:05 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Da, interesno e ova, germanski avtori, imav prilika da gi razgledam na saem stripcinjava, super se, a i lani mislam imase izlozba na germanski strip avtori vo Univerzitetska Biblioteka, i bev i od tamu prijatno iznenaden... germanskite avtori se kaj nas (zboram za celiot Balkan) malku nepravedno zapostaveni, a imaat dosta dobri i kvalitetni stripovi... Toj so Dzoni Kesh go imam odamna kupeno od Ikona, na angliski jazik, i e odlicen strip, i kako crtez i kako scenario. Me raduva toa sto, konecno na eden makedonski Saem za Kniga, vidov i ponuda na stripovi, dosta manga i po nekoja graficka novela, ama sepak toa znaci rabotite se menuvaat vo pozitiven pravec i toa mnogu me raduva. |
Author: | fichot [ 10 Apr 2014, 22:08 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Одлично, браво за АРС ЛИБРИС! + за Тери Прачет на Македонски. Еве едно ривју за Боксеров на кое неодаман налетав. http://the9thblog.blogspot.com/2014/02/ ... leist.html |
Author: | dare_sum [ 11 Apr 2014, 12:24 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Author: | fichot [ 11 Apr 2014, 15:05 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
^^ па вајда дека го немало до сега. |
Author: | THEMICO [ 12 Apr 2014, 21:38 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Hah...sega razbrah deka izdavachkava kukja e na eden prijatel i sorabotnik....kul choeche taka da ke ima ubaj rabotu u buduchnost valjda |
Author: | THEMICO [ 14 Apr 2014, 09:38 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
ПРОМОВИРАНИ ГРАФИЧКИ РОМАНИ НА САЕМ На штандот на издавачката куќа „Арс либрис“ вчера се одржа промоција новиот литературен жанр – графички роман. Беа промовирани „Боксерот“, „Дон Кихот“ и „Фауст“. - Одамна на нашиве простори немало вакво издание. Графичкиот роман е различна форма од стрипот. Иако и двете се пренесени преку илустрации и зборови, графичкиот роман ја пренесува целата приказна во една книга и е со посложена содржина - објасни Дарко Фиданоски, еден од основачите на издавачката куќа. За илустраторот Ласко Џуровски, ова е голем чекор напред во македонското издаваштво. - Пријатно сум изненаден што можеме во Македонија да проследиме и да уживаме во читањето и гледањето на овие изданија. Оваа форма дава поголеми можности за разлика од стрипот, комбинацијата на приказната и илустрациите се на повисоко ниво. За да ја доживеете соодветно приказната, формата, типографијата и графички изглед се направени на модерен начин – рече Џуровски. http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemI ... F675B18095 |
Author: | talamar [ 14 Apr 2014, 09:51 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Gi razgledav izdanijata temelno. Site 3 se od odlichen kvalitet. Preporaka. |
Author: | Neo [ 15 Apr 2014, 18:01 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Author: | Brian The Dog [ 15 Apr 2014, 18:37 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Ценава популарна. Браво! |
Author: | rastaman [ 16 Apr 2014, 07:08 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
имаше и некој саемски попуст мислам, не сум сигурен ама едно другарче ми кажа дека по 100 денари поевтино ги зел а и вака се добри цени за екстра изданија |
Author: | pikantez [ 16 Apr 2014, 14:46 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
nesto slika od vnatre kako izgleda? |
Author: | Neo [ 16 Apr 2014, 16:31 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Ако некој купи или прочита некој од стриповиве, нека сподели мислење. Би купил бар еден од овие 3, ем од љубопитност, ем за поддршка на одлуката да издаваат стрип. |
Author: | THEMICO [ 16 Apr 2014, 20:38 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Ко шо разбраф ке ги има во Бункер Јас ке ги набавам-па ке пишам освен ако некој во мегјувреме не ги зел... Како и да е-ушеднаш за потегот респект....издавачо е фиљан чоек ( фиљан по на битолски арен чоек)! Полека полека тргнува работава......графички новели-чек! Киоск издања (м комикс) - чек! ДОмашни издања-кај и да е ( Стрип квадрат и други )-чек! ЗУбо да е! |
Author: | Meskov [ 16 Apr 2014, 20:43 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Author: | THEMICO [ 17 Apr 2014, 00:27 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Со промоцијата на графичките романи „Боксерот", „Дон Кихот" и „Фауст" издавачот „Арс Либрис", основан како дел од „Арс Ламина публикации", донесе нов книжевен жанр наменет на македонската читателска публика. Необично чувство добива читателот кој в рака држи графички роман. Форматот е ист како кај класичните книги, но содржината е раскажана со стрип-цртежи. Првите три романи од овој жанр можеа да се најдат на штандот на „Арс Либрис“ на неодамна завршениот Саем на книгата во Скопје. „Одамна на нашиве простори немало вакви изданија. Графичкиот роман е различна форма од стрипот. Иако содржината и во двете форми се пренесува со илустрации и со зборови, графичкиот роман ја пренесува целата приказна во една книга и содржината е посложена“, објасни Дарко Фиданоски, еден од основачите на „Арс Либрис“. Графичкиот роман „Боксерот“ од Рајнхард Клајст на возбудлив начин ја следи вистинската приказна за Херцко (Хари) Хафт, професионален боксер кој настапил и против легендарниот Роки Марчано. „Дон Кихот“ и „Фауст“ се графички романи потпишани од германскиот стрип-автор Фликс. Создадени по инспирација на оригиналните дела, овие романи се обидуваат да откријат што прави современиот Фауст во нашето време и низ какви авантури поминува современиот Дон Кихот, односно „Витезот со тажен лик“, кој сега вози велосипед во придружба на новите пријатели, а на мисија е против старите непријатели - ветерниците. Авторот Фликс живее и работи во Берлин, а формата на прераскажување на познати книжевни дела во современи книжевни контексти ја нарекува реинсценирање. „Пријатно сум изненаден што можеме во Македонија да проследиме и да уживаме во читањето и гледањето на овие изданија. Оваа форма дава поголеми можности и, за разлика од стрипот, комбинацијата на приказната и илустрациите се на повисоко ниво. За да ја доживеете соодветно приказната, формата, типографијата и графички изглед се направени на модерен начин“, потенцира Ласко Џуровски, илустратор, стрип-артист, графички дизајнер и еден од најистакнатите типографи во Македонија. „Арс Либрис“ ќе продолжи и во иднина да им ја носи оваа форма на книга на читателите, бидејќи заинтересираноста кај публиката се зголеми по промоцијата на првите три графички романи на скопскиот Саем на книга. Т.Д. http://m.mkd.mk/kultura/nov-zhanr-se-po ... niot-pazar |
Author: | rastaman [ 17 Apr 2014, 07:13 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
мн убави вести бе, браво |
Author: | gordan [ 17 Apr 2014, 21:40 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Вкупно 9 мегабајти во 42 (!) фотографии, ве молам бидете трпеливи пред да притиснете ESC. |
Author: | THEMICO [ 17 Apr 2014, 21:58 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Super izgledat vaka nasliki-na fat kako se? |
Author: | Eddie_rebel [ 17 Apr 2014, 22:31 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
Тоа што на некои места кориците изгледаат како оштетени е намерно направено само така да изгледа или се работи за вистински оштетувања? |
Author: | gordan [ 18 Apr 2014, 07:42 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
На фат се супер - хартијата Натре е прилично тенка но тоа воопшто не пречи. Тоа што изгледаат кориците како оштетени, тоа е намерно направено како демек дамки (печатарски е направено, со боји, не физички). |
Author: | Meskov [ 18 Apr 2014, 13:41 ] |
Post subject: | Re: Ars Libris - Графички новели! |
И јас ги приметив „оштетувањата“ Како и да е, изданијава изгледаат преубаво и се надевам во блиска иднина ќе ги набавам! |
Page 1 of 2 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |