МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ
http://makstrip.com.mk/forum/

Ново низ трафиките
http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=13&t=5
Page 46 of 46

Author:  Meskov [ 10 May 2015, 19:30 ]
Post subject:  Re: Ново низ трафиките

Другарчиња ај мала помош у Ск ги начекал некој овие алубимете на Маркетпринт од по 120 денара, и ако да, каде?
Немам више идеи кај да ги барам.

Author:  THEMICO [ 10 May 2015, 19:55 ]
Post subject:  Re: Ново низ трафиките

bunker.

Author:  M@RKO [ 14 Jul 2016, 18:49 ]
Post subject:  Re: Ново низ трафиките

Еден период додека одев во средно образование се заљубив по стриповите купував и бев активен на форумов но некако откако завршив со средното образование и откако ретко има стрипови во мојот град по трафиките ми опадна страста по ова. Еве денес малку да се вратам за да соопштам дека денес случајно во една градска трафика во Тетово (кај кружниот тек накај културен т.е кај што е Делфин кафаната таа големата трафика за тие што се од Тетово ако има некој на форумов а мислам дека има некој) видов дека го има во продажба Алан Форд во колор издание и тоа овој број беше.

Image

на српскиот форум за стрипови forum.stripovi.com најдов и слика како изгледа внатре преводот
Image

Форматот е 18,5 x 13,5 cm

Пишуваше одпозади мислам цената и е 60 денари (ефтино доста за наш македонски пазар). Убаво си беше фино запакувано во фолија да не се витка по трафиките.

Author:  Neo [ 15 Jul 2016, 01:31 ]
Post subject:  Re: Ново низ трафиките

Здраво Марко, те нема одамна да пишеш нешто, велком бек.
Ако го најдам на трафика стрипов ќе го земам, фала на инфо.

Author:  THEMICO [ 15 Jul 2016, 21:11 ]
Post subject:  Re: Ново низ трафиките

Сега го зедоф...преубо изданије....кој ебени светлосни години се пред нас лугево то чудо едно е+60 денари...
МАрко велком бек.

Author:  M@RKO [ 16 Jul 2016, 13:35 ]
Post subject:  Re: Ново низ трафиките

Не можам да поверувам дека ова е ни повеќе ни помалку 60 денари, во боја издание колекционерско увезено од Србија, додека пак пред некоја година истово само црно бело, како растурена кисела сарма квалитетот за факинг 120 денари се продаваше од македонски издавач на македонски јазик. Јас тогаш имав купено неколку броеви од тој македонски издавач и ете ги стојат во шкаф фаќаат прашина безвезе, ако пакпочнам да ги читам или само прелистам се мислам дека ќе се распаднат затоа што не се убаво залепени листовите со корицата.

Author:  KRALe [ 16 Jul 2016, 16:50 ]
Post subject:  Re: Ново низ трафиките

M@RKO, колку што се сеќавам, и ти беше член на форумот кај македонскиот издавач кој на македонски јазик ти даваше „растурена кисела сарма квалитетот за факинг 120 денари“. Можеше да го прокоментираш и да го посочиш проблемот (иако во тој случај автоматски следеше доживотен бан и периодично плукње од негова страна...).

Но, не е битно тоа.

Прашањето ми е: Доколку веќе го имаш (во било која форма) стрипов, ќе го купуваш сега и овој, (по кој знае којпат - аха,ама сега во боја!) репринт, или - само разгоруваш некои далечни заборавени спомени?!? :shock: :?

p.s.Ацика we still love you.Ова е само фингиран муабет... ;) :lol: 8-)

Author:  M@RKO [ 16 Jul 2016, 19:31 ]
Post subject:  Re: Ново низ трафиките

Тогаш немав никаков проблем многу и си го купував таков испечатен квалитет. Јас не сум колекционер на стриповите највеќе тоа време ги купував само за да ги прочитам еднаш два пати. Но сега гледано кога и малку потпораснав и почнав повеќе да гледам на нештата од друг агол сваќам дека не вредело толку што сум давал пари за нешто кое го добивав како што веќе го пишав погоре. Сега за тие пари тогаш кој ги давав можев да купам еден и да ми останат за наредниот број пари. Тогаш само заштедував нешто од џепарлакот кој ми следеше од мојте за во школо.


Туку сега се мислам дали да го купупувам и ова издание колор на Алан Форд и овој стрип да го собирам како колекционерски. Ако може некој да ми каже колку точно има броеви овoj серијал ?

Од се стрипови до сега што имало итаљански по трафикиве Алан Форд ми е така интересен, другово некако не ми се свиѓа во приказна и се останато иако имам нешто и тоа купено.

Author:  Ozymandias [ 07 Aug 2016, 06:31 ]
Post subject:  Re: Ново низ трафиките

Дали го има уште во продажба?

Author:  Abraksas [ 07 Aug 2016, 09:27 ]
Post subject:  Re: Ново низ трафиките

Da go imam videno niz trafiki vo Bitola I vo Stip.

Page 46 of 46 All times are UTC + 1 hour
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group
http://www.phpbb.com/