Author |
Message |
jovce krstitelce
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 04:41 Posts: 530 Location: Macedonia
::
|
Здраво на сите! Чест ни е да ви најавиме појавување на уште еден претставник на стрипот во Македонија! Станува збор за фанзинот СтрипТрип, кој наскоро треба да се промовира во Битола. Првиот број на фанзинот е излезен во печат во ограничен број пред се наменет за тесната авторска стрип публика во Македонија. Но покрај оваа, планирана е и електронска верзија на фанзинот, која ќе биде достапна за сите заинтересирани кои што нема да успеат да дојдат до печатен примерок од фанзинот. Таа ќе може да се спушти овде на форумот на Макстрипови како и на официјалната страна на издавачот ИМКА Битола. Идејата на СтрипТрип е да биде еден вид на „носач“ на стрипови долги од 20 - 25 табли и да излегува еднаш годишно. Со оглед на фактот дека станува збор за фанзин изработен од непрофесионалци, тоа подразбира дека не постои гаранција за идинината на овој фанзин - освен ако ентузијазмот кој што сите ние го вложуваме во него не подразбира извесна гаранција Во секој случај, името „СтрипТрип“ во сета оваа замисла не е она кое што треба да биде акцентирано, туку она што е содржина во него - а таа ќе биде различен стрип во секој број на фанзинот. Во првиот број на фанзинот тоа е стрип долг 20 табли кои првично беа изработени со цел да се придонесе во промовирањето на стрип културата во Македонија на „XIV-то Биенале на млади уметници од Европа и медитеранот“, кое се одржа во Скопје од 3-ти до 13-ти Септември, 2009 г. Делови од овој стрип-проект беа изложени во изложбениот салон на ДЛУМ во Скопје за целото времетраење на Биеналето под насловот „Полн Круг“, работниот наслов на овој стрип-проект. Една година подоцна, овој стрип-проект се појавува за прв пат целосно во фанзинот „СтрипТрип“, дополнет со насловната илустрација на ТхеМичо и илустрациите на Ласко и Даре-сум. На овој стрип проект работеа Дарбог, Таламар, Д Даркнес и Сентинелот како цртачи и Јовче Крстителче и Растаман како сценаристи. Неофицијалното промовирање на фанзинот се случи на неодамнешниото стрип собирање во Велес, каде што прилика да го видат и да поделат мислења за него имаа луѓе кои работат за француско-белгискиот пазар, некои од овдешните стрип автори, како и неколкуте организатори на различни стрип манифестации од балканскиот регион. Офицјалната промоција на фанзинот треба да се случи наскоро во Битола. За таа цел ќе биде организирана изложба каде ќе бидат претставени илустрациите и таблите од овој стрип проект. Со тоа се надеваме дека ќе се започне еден долг процес на анимирање на публиката за постоењето на стрипот на овие македонски простори, нешто што веќе е започнато со стрип магазинот „Синдром“, а што фанзинот го продолжува верувајќи во една иста цел - дека стрипот може да заживее на овие простори и дека си има своја верна публика. Оригиналната илустрација на ТхеМичо за насловната страница на фанзинот.За сите настани поврзани со фанзинот ќе дознавате овде на форумот на Макстрипови. Затоа бидете во тек и се читаме наскоро. А во меѓувреме, чувствувајте се слободни да прашувате било што поврзано со фанзинот! Поздрав, Уредувачкиот тим на СтрипТрип
_________________ „Јас го разбирам свето како поле за културно заебавање меѓу стрипаџите“. Гоце (пред да ја формулира мислата во за нас веќе познатио облик)
https://www.facebook.com/fantasyillustrationbitola
|
20 Oct 2010, 22:59 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
JOvce bravo za magazinov-go prelistav vecerva i ODLICNO izgleda(blagodarenie na LAsko afkors)
Odlicno-se zatera muabeto so spisanija malku po malku......
_________________ ејм фор д бушес!
|
20 Oct 2010, 23:51 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Браво, браво, одлично е ова! Мичо насловната ти е "YOU SHALL NOT PASS!!!" За многу години нека е P.S. По која цена се продава ова, и каде може да се најде?
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
21 Oct 2010, 01:55 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Јас одвај чекав да се отвори топиков, го добив пред некој ден и мојот примерок и се воодушевив! Најмногу се израдував поради ширењето на стрипот како медиум, пред се поради професионалниот пристап кон заживувањето на стрипот во Македонија, комплетниот изглед, интересната приказната (друго е кога ќе ја прочиташ како целина), од квалитетот на штампата, од добрите воведни муабети, од добрите цртежи... 20 табли во колор, пропратени со неколку илустрации е добитна комбинација. огромно браво за јовче кој го извозе цел филм и браво за цртачите кои си го сработија профи својот дел (посебно за сентинелот, кој ги обои скоро сите табли) Јас се надевам дека после промоцијата во Битола, ќе остане некој примерок за да се донесе на некоја од нашите стрип-средби, па и скопската публика да го прочита.
Да се множат многу броеви на СтрипТрип, многу убави табли и илустрации да се цртаат, да прерасне во редовно издание, вториот да има дупло поголем тираж, квалитетот да оди само нагоре...
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Oct 2010, 07:12 |
|
|
talamar
Пензиониран Мрчатор
Joined: 23 Jan 2009, 10:10 Posts: 4689 Location: Skopje, R.Macedonia
::
|
Sekoja chest za StripTrip i za celiot redakciski tim koj e odgovoren za izdavanjeto na ovoj fanzin (iako kvalitetot na pechatot i uredno sraboteniot dizajn go kvalifikuvaat povekje kako mini strip album ama vo terminologijata ne se razbiram bash taka nema da tupam). Da se mnozat slednite izdanija na StripTrip i iskreno vi posakuvam uspeh vo namerite za zazivuvanje na stripot vo Makedonija.
_________________ Креирајте македонски стрипови. Читајте македонски стрипови. Купувајте (по воља) македонски стрипови.
|
21 Oct 2010, 08:47 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Супер. Се надевам дека ќе има примерок и за поширока публика, ако има чувајте примерок и за мене. Нека се множат.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
21 Oct 2010, 09:28 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
Супер. Со среќа нек е „патувањево“, па здравје, и почесто од еднаш годишно нека излегува. Мене нема да ми смета.
|
21 Oct 2010, 11:09 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Честитки за новото македонско стрип списание. Нека се множат, да ги има што почесто и во поголем број.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
21 Oct 2010, 11:38 |
|
|
jovce krstitelce
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 04:41 Posts: 530 Location: Macedonia
::
|
_________________ „Јас го разбирам свето како поле за културно заебавање меѓу стрипаџите“. Гоце (пред да ја формулира мислата во за нас веќе познатио облик)
https://www.facebook.com/fantasyillustrationbitola
|
21 Oct 2010, 17:13 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
....prvo...so sreca neka e i neka gi ima mnoogu povece od ednash godishno....najiskreno velam ...deka odsekogash sakav da imame nasi izdanjia od nashi avtori vo sto pogolem broj ....edno vreme mislev deka nema da go doziveam toa ..... ...no ova vece mi dava nadez kako i nekoi izdanjia sto prethodno izlegoa.....da ne nabrojuvam....... ..................se nadevam deka ce imam prilika da si kupam eden primerok...pozdrav i chestitki do site sto rabotele na proektot..... ...i normalno...ushte ednash.... ...so sreca...
|
21 Oct 2010, 17:59 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Купувам одма, ,иако го нема Загор Мајтапот настрана, стварно купувам одма, ако успеам да дојдам до примерок од истиот...
|
21 Oct 2010, 19:34 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
cestito! kade moze da se nabavi?
|
21 Oct 2010, 20:22 |
|
|
Damjan
Манга Падаван
Joined: 23 Jan 2009, 11:18 Posts: 1899 Location: SKOPJE
::
|
sakam da mu se zablagodaram na Jovce za primerokot koj mi go pusti po Davor. odlicno izgleda! bravo za celiot tim koj rabotese na stripov!
_________________ Pepe Le Pew: Why did everyone leave? Oh, but of course! Already I have achieved a post of honor, and have been left to defend the fort. Viva la Republique!
|
21 Oct 2010, 23:27 |
|
|
jovce krstitelce
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 04:41 Posts: 530 Location: Macedonia
::
|
околу то кај можи да се набави и колку чини: ова значи е пилот број, прв, и е бесплатен и ограничен во печатена варијанта. нема да можат сите да добијат примерок, но ќе го има на нет за данлодирање. жалам шо ќе биди така, но сепак станува збор за почеток и целта со овај пилот број е да се види реакцијата и да се испита како евентуално работите во иднина би попримиле некаков тек... фала ушт еднаш за честитките
_________________ „Јас го разбирам свето како поле за културно заебавање меѓу стрипаџите“. Гоце (пред да ја формулира мислата во за нас веќе познатио облик)
https://www.facebook.com/fantasyillustrationbitola
|
21 Oct 2010, 23:42 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
cestitki za strip trip eden, cekame daunlod i da stigni barem do stoeden interesno izgledaa tie nekolku tabli koi gi vidov na forumov, bas me interesira kakva e celata prikazna.
|
22 Oct 2010, 00:14 |
|
|
jovce krstitelce
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 04:41 Posts: 530 Location: Macedonia
::
|
_________________ „Јас го разбирам свето како поле за културно заебавање меѓу стрипаџите“. Гоце (пред да ја формулира мислата во за нас веќе познатио облик)
https://www.facebook.com/fantasyillustrationbitola
|
22 Oct 2010, 05:12 |
|
|
Phoenix
Пензиониран Мрчатор
Joined: 05 Jul 2010, 19:04 Posts: 3551 Location: Скопје
|
Ијааааа! Топ!Честитки! Баш пријатно се изненадив кога ја видов темава.Ај нека тргне работата. П.С.Чекаме даунлоад.
_________________ "There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix The X-Men are dead.Long live the X-Men. X-Men isn't a comic book. It's a drug.
|
22 Oct 2010, 10:38 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Еве некоја фотка од далеку од изданиево, кој разгледува СтрипТрип, кој Синдром...
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
22 Oct 2010, 19:04 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Честитки и од мене, фанзинов испадна подобро од што мислев и браво за Јовче и екипата, успеале да ги избегнат сите недостатоци кои обично се јавуваат при првиот број и можам да кажам дека е едно супер репрезентативно македонско стрип издание.
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
22 Oct 2010, 20:23 |
|
|
igoblin11
Џуниор Џедај
Joined: 09 Oct 2010, 19:33 Posts: 2
|
А кога ќе има online верзија на фанзинот ?
|
27 Oct 2010, 12:48 |
|
|
jovce krstitelce
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 04:41 Posts: 530 Location: Macedonia
::
|
_________________ „Јас го разбирам свето како поле за културно заебавање меѓу стрипаџите“. Гоце (пред да ја формулира мислата во за нас веќе познатио облик)
https://www.facebook.com/fantasyillustrationbitola
|
27 Oct 2010, 23:41 |
|
|
igoblin11
Џуниор Џедај
Joined: 09 Oct 2010, 19:33 Posts: 2
|
Епа супер , а каде поточно ќе биди презентацијата на фанзинот и кога за да се знај каде да одиме ? иначе супер е ова шо се шири стрипот на нашиве простори .... keep it up
|
28 Oct 2010, 16:05 |
|
|
M@RKO
Суперхерој Под Стечај
Joined: 08 Mar 2010, 22:10 Posts: 281
|
дајте бре по трафики да се продава ова да ги потикнеме младите да читаат стрипови искрено фалат вакви списанија?магазини и ретко по трафикиве да најдеш за стрипови нешто све мода,здравје, скандали се продаваат ништо нема интересно за нас стрипаџиите
|
21 Nov 2010, 21:35 |
|
|
jovce krstitelce
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 04:41 Posts: 530 Location: Macedonia
::
|
а бе марко, стара болка е то али не вервам дека е сепак до толку работава лоша кај нас, пошто има интернет и можи чоек да си порача скоро се шо сака од по белио свет. е сега проблемо со македонcки автори е во парите - нема кој да финансира то шо би се напрајло (и дистрибуира) заради то шо нема гаранција за повраток на вложените пари.. зато уше некое време тешко дека ќе има мк производ на трафика.. конкретно со СтрипТрип е работата шо нема да го има по трафики, зато шо немаше доволно пари да се испечатат поќе примероци, нема резон мислам 60 примероци по трафики да се носат, а и замислата е овај прв број да е пилот-број, то ест нешто шо треба да е во тест фаза..а со тек на време, се надеваме дека работите ќе одат на поарно!
_________________ „Јас го разбирам свето како поле за културно заебавање меѓу стрипаџите“. Гоце (пред да ја формулира мислата во за нас веќе познатио облик)
https://www.facebook.com/fantasyillustrationbitola
|
22 Nov 2010, 15:12 |
|
|
jovce krstitelce
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 04:41 Posts: 530 Location: Macedonia
::
|
Изложба на стрип илустрациите ќе се случи во Центар за култура - Битола отварање на 10.12 2010 (петок) 19:00 часот изложбата ќе биде отворена до 12.12.2010 (недела) Изложбата е во организација на ИМКА Битола. Ја помогнаа Центарот за Култура - Битола и младинската асоцијација Together Macedonia. Па повелете П.С. Напрајв настан и на Фејсбук, па кој ми е пријател таму можи и преку фејсбук да го види истото
_________________ „Јас го разбирам свето како поле за културно заебавање меѓу стрипаџите“. Гоце (пред да ја формулира мислата во за нас веќе познатио облик)
https://www.facebook.com/fantasyillustrationbitola
|
09 Dec 2010, 02:14 |
|
|