МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
Едукативни стрип часови http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=17&t=2524 |
Page 1 of 2 |
Author: | rastaman [ 20 May 2011, 07:57 ] |
Post subject: | Едукативни стрип часови |
Во вторникот (17ти мај) Здружението за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ“ започна со едукативни стрип часови низ основните школи. Првиот час се одржа во „Х.Т. Карпош“, а до крај на оваа учебна година планирани се уште предавања во други основни школи. Предавањето го држеа Здравко Гиров (стрип цртач) и Давор Драмиќанин (стрип сценарист), а презентацијата беше насочена кон познатите македонски стрипови и стрип ликови. Првата половина од часот беше претставување на сегашната македонска стрип сцена, посебно на авторите кои се појавиле во стрип магазинот „Синдром“, како и последните активности на Здружението „МАКСТРИПОВИ“ и Македонскиот стрип форумот makstrip.com.mk. Во вториот дел од часот се предаваше за основите на стрип цртањето, практичниот дел на кој Гиров ги покажа своите тајни и трикови при цртање на стрип. Благодарение на професорот по ликовно, Илчо Симовски, ние дојдовме до правиот таргет - талентирани ученици кои сакаат стрип! Овие едукативни стрип часови се подготовка за стрип школа, која треба да започне од септември, со стартот на учебната година. Заинтересираноста за учениците и нивното познавање на стрип многу позитивно не' изненади, па само од првото школо има над 15 пријавени таленти. Целата активност е со поддршка на општина Карпош, а планирано е да заврши со групна стрип изложба при крајов на годинава. Повелете фотки (чекам да стигнат поубави фотки, извинете за (не)квалитетот): Почетно предавање на Давор Супер посетеност (ова беше за време на часови, а беа повикани само талентираните ученици) Пријатно ме изненади нивното познавање на стрип (Дилан Дог беше најчитан меѓу оваа група деца) Здравко покажува некои од своите тајни |
Author: | Nesomai [ 20 May 2011, 08:25 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Odlicna inicijativa, bravo. |
Author: | fichot [ 20 May 2011, 09:05 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Браво бе луѓе. Така требит. |
Author: | rastaman [ 20 May 2011, 09:18 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Фала друштво. Кога ќе започне школата, сакаме да има што повеќе од домашните автори, кои ќе им пренесат по нешто на младите цртачи! |
Author: | Ivo [ 20 May 2011, 09:22 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
...Bravo... |
Author: | THEMICO [ 20 May 2011, 10:11 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Алал да ви е дечки..... Уште еден доказ дека убави работи се прават од кеиф и љубов кон стрипот. БРАВО! |
Author: | BrunoPhoenix [ 20 May 2011, 11:02 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
BRAVO! |
Author: | Laf [ 21 May 2011, 09:28 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Па веќе поминало ова (не сум го видел топикот)... Супер, изгледа дека идејава се покажува како полн погодок. Баш ме интересираат повеќе детали околу целиот настан - како реагираа децата во врска со стрипот, какви познавања покажаа за стрипот и од каде им тие познавања (дали читаат, купуваат, интернет и сл... ако паднаа такви муабети)? Покажаа ли дел од нивниот талент или беа само слушатели овој пат? Ако не те мрзи пиши збор-два, ако не при средба... |
Author: | pikantez [ 21 May 2011, 11:24 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
povtorno cestitki i za arno da e! |
Author: | aquafortune [ 21 May 2011, 16:41 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Ее, знам неколку од децава бе, супер! Браво дечки! |
Author: | jovce krstitelce [ 21 May 2011, 17:30 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
одлично, имате поддршка и од мене! |
Author: | sejver [ 21 May 2011, 17:54 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Bravo momci !!!!!!! Svetla idnina go ocekuva makedonskiot strip so vakvi entuzijasti. Bravo uste ednas!!! |
Author: | waterlily [ 21 May 2011, 18:00 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Super inicijativa, ama taa diskriminacijata "bea pokaneti samo talentirani ucenici" mnogu me nervira. |
Author: | rastaman [ 21 May 2011, 19:15 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Author: | rastaman [ 21 May 2011, 19:17 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Author: | waterlily [ 21 May 2011, 20:12 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Штета што било за време на часови. Би било многу подобро ако сите би имале избор да дојдат, а не само „талентираните“. Без да судам колку ни се способни професорите да проценат талент, мислам дека секој може да научи да црта, поважна е мотивацијата и вложениот труд. Покрај ова, стрипаџии не се само илустратори, туку и сценаристи, хумористи, сатиристи итн... А многу често школските бељаџии имаат најдобра смисла за хумор, па и талент за сценарио (смислување практични шеги )... Сето ова на страна, која е целната група која би сакале да ја заинтересираме за стрипот? Кој порадо би читал стрипчиња отколку книги? Ако нема за кого да се пишува и црта, џабе е.. Од друга страна , ако ги земеме „талентираните“ како започнувачи на трендови и leaders of opinion, тогаш можеби и не е толку лошо како стратегија. Ама, ако станува збор за професорски галеничиња, е тоа... |
Author: | KRALe [ 21 May 2011, 20:14 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Гледам дека waterlily ќе биде една од гостите на еден од следните часови... |
Author: | rastaman [ 21 May 2011, 20:18 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
ти ја сфаќам забелешката, ама во реалност, мораш да гледаш како е најбезболно да се изведе во случајов, најбитно им беше да нема непотребни изостаноци децава беа далеку од галеничиња, професоров е многу ок, стар рокер, кој цело време им смислува активности на децата (гледав анимација што ја правеле основците, супер беше, биле и во италија со неа) гледа да ги активира на повеќе полиња а и присутните деца беа многу ок, ќе ги видиме понатаму иначе, ова не е школата, ова е колку да ги запознаеме со стрипот кај нас и да ги информираме дека од септември ќе започнеме со стрип школа, а таму ќе биде отворено (и бесплатно) за сите заинтересирани! |
Author: | rastaman [ 21 May 2011, 20:20 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Author: | waterlily [ 21 May 2011, 20:22 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Blagodaram na objasnuvanjeto. Zadovolna . I Krale e vo pravo, ako sum tuka, rado bi dosla... Osven ako nema nekoja starosna diskriminacija |
Author: | rastaman [ 21 May 2011, 20:24 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Author: | Мики [ 21 May 2011, 21:31 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Author: | rastaman [ 25 May 2011, 08:10 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
http://www.karpos.gov.mk/index.php?opti ... Itemid=131 |
Author: | IgorJovchevski [ 25 May 2011, 09:27 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Chestitki i poddrshka! |
Author: | Darbog Darkmore [ 25 May 2011, 11:43 ] |
Post subject: | Re: Едукативни стрип часови |
Super! Neka ima sto poveke vakvi raboti |
Page 1 of 2 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |