|
|
|
|
It is currently 09 Jan 2025, 07:05
|
|
Page 1 of 1
|
[ 3 posts ] |
|
Cinedays - od strip do animacija
Author |
Message |
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
ne znam dali e za ovde temava, kako i da e, Датум: 17.11, 12 часот, горно фоаје на кино Фросина (МКЦ) Работилница на г. Ангел Круз, развивање на анимиран филм. ТЕМА: “ОД СТРИП ДО АНИМИРАН ФИЛМ. АДАПТАЦИЈА НА СЦЕНАРИОТО НА АНИМИРАНИОТ ФИЛМ БРЧКИ” Био: Започнал да студира архитектура и внатрешно уредување, но ги прекинал студиите бидејќи влегол во филмската индустрија како асистент на Феликс Мурсија во филмот „Тираниниот Бандерас“ (Tirano Banderas), филм во режија на Хозе Луис Гарсија Санчез (José Luis García Sánchez) од 1993 година. Една година подоцна ја основа продуцентската куќа „Артематика продакшнс“ (Artematica Productions). Како продуцент и режисер за првпат се јавува во 1995 година со краткиот филм „Ситком шоу“ (Sitcom show), прв од четирите филма кои ги снима откако добива неколку награди на конкурси за сценарија. Оттогаш работи како продуцент, сценарист и режисер на филмови и телевизиска програма. Во 2001 година го пишува сценариото за филмот „Живата шума“ (The Living Forest), корежија на Де ла Круз и Маноло Гомез. Станува збор за анимиран филм кој беше прикажуван во 3D-технологија ширум Европа. За овој филм ја добива наградата „Гоја“ (Goya) за најдобар режисер во категоријата анимиран филм, како и дваесет други интернационални награди. Во 2005 година истата екипа го заврши својот втор анимиран филм, „Летен сон“ (Midsummer Dream), за кој Анхел де ла Круз повторно ја добива наградата „Гоја“. Неговото последно режисерско дело „Изгубени во Галиција“ (Lost in Galicia) е негов прв долгометражен филм. Негово последно остварување е сценариото за филмот „Брчки“ (Arrugas), за кој повторно ја добива наградата „Гоја“ (Goya), овојпат за најдобро адаптирано сценарио.Исто така има издадено и две книги, „Компостеланиум“ (Compostellanum) (2003) и „Падот на последното зајдисонце“ (O descenso do derradeiro ocaso) (2005).
|
11 Nov 2012, 20:40 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Abe bivase iu isto vreme za istoto da postirame?
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
11 Nov 2012, 20:52 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
ако бе, нека се информираат луѓето двапати
|
11 Nov 2012, 21:17 |
|
|
|
Page 1 of 1
|
[ 3 posts ] |
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 17 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|
|