[phpBB Debug] PHP Warning: in file [ROOT]/includes/functions_content.php on line 696: preg_replace(): The /e modifier is no longer supported, use preg_replace_callback instead
[phpBB Debug] PHP Warning: in file [ROOT]/includes/functions.php on line 4762: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at [ROOT]/includes/functions.php:3897)
[phpBB Debug] PHP Warning: in file [ROOT]/includes/functions.php on line 4764: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at [ROOT]/includes/functions.php:3897)
[phpBB Debug] PHP Warning: in file [ROOT]/includes/functions.php on line 4765: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at [ROOT]/includes/functions.php:3897)
[phpBB Debug] PHP Warning: in file [ROOT]/includes/functions.php on line 4766: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at [ROOT]/includes/functions.php:3897)
МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ :: View topic - Cinedays - od strip do animacija
МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ
http://makstrip.com.mk/forum/

Cinedays - od strip do animacija
http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=17&t=3339
Page 1 of 1

Author:  pikantez [ 11 Nov 2012, 20:40 ]
Post subject:  Cinedays - od strip do animacija

ne znam dali e za ovde temava, kako i da e,

Датум: 17.11, 12 часот, горно фоаје на кино Фросина (МКЦ)

Работилница на г. Ангел Круз, развивање на анимиран филм.
ТЕМА: “ОД СТРИП ДО АНИМИРАН ФИЛМ. АДАПТАЦИЈА НА СЦЕНАРИОТО НА АНИМИРАНИОТ ФИЛМ БРЧКИ”

Био: Започнал да студира архитектура и внатрешно уредување, но ги прекинал студиите бидејќи влегол во филмската индустрија како асистент на Феликс Мурсија во филмот „Тираниниот Бандерас“ (Tirano Banderas), филм во режија на Хозе Луис Гарсија Санчез (José Luis García Sánchez) од 1993 година. Една година подоцна ја основа продуцентската куќа „Артематика продакшнс“ (Artematica Productions). Како продуцент и режисер за првпат се јавува во 1995 година со краткиот филм „Ситком шоу“ (Sitcom show), прв од четирите филма кои ги снима откако добива неколку награди на конкурси за сценарија. Оттогаш работи како продуцент, сценарист и режисер на филмови и телевизиска програма. Во 2001 година го пишува сценариото за филмот „Живата шума“ (The Living Forest), корежија на Де ла Круз и Маноло Гомез. Станува збор за анимиран филм кој беше прикажуван во 3D-технологија ширум Европа. За овој филм ја добива наградата „Гоја“ (Goya) за најдобар режисер во категоријата анимиран филм, како и дваесет други интернационални награди. Во 2005 година истата екипа го заврши својот втор анимиран филм, „Летен сон“ (Midsummer Dream), за кој Анхел де ла Круз повторно ја добива наградата „Гоја“. Неговото последно режисерско дело „Изгубени во Галиција“ (Lost in Galicia) е негов прв долгометражен филм. Негово последно остварување е сценариото за филмот „Брчки“ (Arrugas), за кој повторно ја добива наградата „Гоја“ (Goya), овојпат за најдобро адаптирано сценарио.Исто така има издадено и две книги, „Компостеланиум“ (Compostellanum) (2003) и „Падот на последното зајдисонце“ (O descenso do derradeiro ocaso) (2005).

Author:  Temnik [ 11 Nov 2012, 20:52 ]
Post subject:  Re: Cinedays - od strip do animacija

Abe bivase iu isto vreme za istoto da postirame? :lol:

Author:  pikantez [ 11 Nov 2012, 21:17 ]
Post subject:  Re: Cinedays - od strip do animacija

ако бе, нека се информираат луѓето двапати ;)

Page 1 of 1 All times are UTC + 1 hour
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group
http://www.phpbb.com/