|
|
It is currently 13 Jan 2025, 00:40
|
Општото мислење за стрипот во Македонија
Author |
Message |
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
Многу се нервирам кога на стрипот се гледа како на нешто што треба да го читаат деца до 10 години, а секој над таа возраст ако чита неизбежно е да добие епитет на недораснат! А што е лошо, истово мислење го имаат и мои врсници па и помлади. Само поради вакви стереотипни и глупави мислења неможе да успее ниеден македонски издавач. Сега зборам конкретно за моја генерација. Во основно сите (ама баш сите!) едвај чекаа да искочи Наш Свет за да го прочитаат каишот „Осминки“ на Таламар. Успеав на 2-3јца да им објаснам дека стрипот е исто како каишот, само на повеќе страни и со повеќе приказна Истото е и со Петко на Мичо (само кај малце помладите, секако ) кога беше хит емисијата по штама во маало никогаш не било. Сите деца беа дома и гледаа. Сигурен сум дека на таа возраст да им го покажеш стрипот во Викенд ќе почнат редовно да го читаат. Како ќе растат така ќе сакаат да читаат и други стрипови и ќе им стане тоа навика. Ама треба да се почне, да покаже некој. Имам братучед 8 години има, и нормално кисне пред телевизор на CN. Многу го гледа Fantastic 4. Му ги пуштив филмовите, му покажав некој стрип и му се засвиѓа читањето. Знае англиски да чита, ама што знам, може само ги гледа сликите, не е ни битно тоа, битно ЌЕ чита! Текстов беше мал излив, откако еден комшија ми кажа дека сум недораснат кога ме виде со стрипови од трафика, и морав да го пишам ова
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
02 Feb 2010, 22:29 |
|
|
Пепи
Суперхерој Под Стечај
Joined: 23 May 2009, 10:18 Posts: 461
|
ко така цела моја фамилија била уствари градинка дедо ми (од страна на мајка ми) читал, вујко ми чита (омилен му е НН), татко ми и ал колекција... и очигледно зависи каде си во Ох, или барем луѓево што ме опкружуваат, не гледаат така на стрипот -иако морам да кажам дека е потценат
_________________ Пазете се... демниме бавчи!!!
|
02 Feb 2010, 22:37 |
|
|
aquafortune
Ултимејт Резервист
Joined: 05 Apr 2009, 01:27 Posts: 922
|
Сејм џоб енд ин хиер!-.- Сите другари од друштво ми се потсмеваат за тоа дека читам стрипови, дури понагласено е од потсмевањето што ја вртам цела вилица за да кажам "Л" -.-. навистина не ги разбирам тие стереотипи, не дека сум тип без предрасуди ама сепак до тој степен неможам да сватам. Секогаш се избацуваат изјави, стрипови читаш? -Па ти не си нормален, не си дете, порасни! Искрено, јас тоа го сметам како не едуцирана персона.
|
02 Feb 2010, 22:37 |
|
|
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
За фамилијата исто и кај мене се тинејџери сме Аква за потсмев незнам, кај мене нема таков случај, барем меѓу другарите ме знаат отсекогаш дека сум бил гик по малце
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
02 Feb 2010, 22:43 |
|
|
aquafortune
Ултимејт Резервист
Joined: 05 Apr 2009, 01:27 Posts: 922
|
Гиговското во мене го потсмеваат. Чудно друштво иам, не се обидувај да го сватиш бидејќи и јас сеуште не сум го сватил.
|
02 Feb 2010, 22:45 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
ич да не се замарате абе вие и сте на возраст за купување и читање стрип ја со над 30 години, како и повеќето од моево друштво сите купуваме и читаме мене продавачката од трафика ме знае и секогаш ми кажува што има ново и секогаш се смеам кога ќе ми каже дека излезе новиот ДампУр така да само читајте и игнорирајте (т.е. смеј те се)
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
02 Feb 2010, 22:57 |
|
|
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
Не ми беше муабетот дека нешто се жалам или сл. Сакав да кажам дека културата како народ ни е на многу ниско ниво, и дека треба да се направи нешто по тоа прашање
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
02 Feb 2010, 23:00 |
|
|
Пепи
Суперхерој Под Стечај
Joined: 23 May 2009, 10:18 Posts: 461
|
за жал тоа што беше задржано како стрип култура живее во духот на 40-60 годишните кои се уште купуваат Загор )))) а овие измеѓу не знаат што е стрип и ги рамнат со боенки
_________________ Пазете се... демниме бавчи!!!
|
02 Feb 2010, 23:23 |
|
|
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
Па проблемот е што никој не знае што е стрип. Затоа ми беше примерот со Осминки од Наш Свет. Кога малце би се дало внимание и на запознавањето на помладите со стрипот, сигурно дека ќе се зголеми публиката.
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
02 Feb 2010, 23:30 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
колку за информација таламар имаше идеа за цела страна стрип во НС, ама не им се даваа повеќе пари и простор, пошто машките помалку го купувале списанието а не сфаќаат дека со такви потези ќе си ги вратат машките купувачи
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
02 Feb 2010, 23:39 |
|
|
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
Ја веќе кога бев 8мо имаше многу за шминки, имаше многу квизови затоа ја изгубиле машката публика. и да, со стрип една страна сигурно дека ќе ги врателе машките купувачи. Ама тоа е, на кој колку му сече
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
02 Feb 2010, 23:46 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Добра тема Мики.Поопширно деновиве...... Љубовта кон стрипот почнува од младоста......а во денешно врем сме благословени со технологија и избор.... ај поке деновиве немом сеа....
_________________ ејм фор д бушес!
|
03 Feb 2010, 00:19 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
03 Feb 2010, 00:49 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
i porano bese taka - iako sigurno povekje lugje citaa stripovi pred 20 godini otkolku sega, sepak postoese istoto mislenje. mislam deka e taka (ili barem bilo taka) i vo amerika - imeto comics doagja bidejki obicno se rabotelo za komicni stripcinja nameneti za pomladata generacija. e sega, stripot e odamna priznat za 9 umetnost - uste ne znam koja e osmata - i edinstven nacin da mu dokazes na nekoj deka stripot ne e zaebancija e 1. da mu kupis strip koj si siguren deka kje mu se dopadne, otkako prethodno dobro kje go proucis negoviot filmski vkus. 2. da go navleces na kratki smesni stripovi i postepeno na se podolgi i poseriozni (vo zavisnost od vozrasta i ako se raboti za masko mozes da probas i so stripovi koi izobiluvaat so razgoleni pin-ups) 3. da se otkazes od idejata i naredniot pat koga kje ti go recat istoto da spremis eden speech deka stripot e 9-ta umetnost i deka e mnogu podobro od sheherezada ili drugi serii na koi se navleceni "povozrasnite", deka e podobro od vesti, i deka ne e slucajno sto filmskata industrija crpi inspiracija od stripot, ama najcesto filmovite se mnogu polosi i zatoa neinformiranite go imaat doticnoto iskazano mislenje. seto ova treba da go kazes sto e mozno pobrzo, a najvazniot moment od celiot speech e krajot - triumfalno si zaminuvas ostavajki gi so podotvorena usta i bez moznost nitu vreme da smislat odgovor. slobodno mozes da se smeskas pod mustakj dodeka si odis.
|
03 Feb 2010, 01:55 |
|
|
kojekoj
Надежен Луд Научник
Joined: 15 Jan 2010, 18:03 Posts: 206
|
?
Last edited by kojekoj on 25 May 2011, 15:06, edited 1 time in total.
|
03 Feb 2010, 02:46 |
|
|
ZoranC
Магус Регуларус
Joined: 20 May 2009, 00:57 Posts: 1405 Location: Paraguay
|
Muabetot me potseti na eden drug muabet so Zdrave i Igor...inspiriran od neuspeshniot skoreshen obid za izlozba. Mislam deka percepcijata na stripot vo drzavava e takva ko shto e zatoa shto nema sistem. Ona shto mu treba e da stane meinstrim. Znam deka mnogu nema da se slozat ali iskreno mislam deka treba od ova da se napravi brend...cist marketinshki princip. Dokolku sakate neshto da prezentirate toa mora dobro da se spakuva i samo taka kje deluva seriozno i kje bide prifateno od pogolem broj na lugje Sekoja cest za vekjepostoeckite, ali pred se treba povekje od solidna manifestacija za strip i ilustracija vo Sk, mediumski dosta jako pokriena, odlicna galerija, golemi urameni printovi na kvalitetna hartija..( a4 e malo za toa shto go mislam). Zamislete Beli nokji ali samo za strip i ilustracija.... Da otidam ushte podaleku - proekcii na strip filmovi. Koga publikata bi videla kolku filmovi se praveni po graficki noveli mislam deka bi se zamislila dali e toa bash taka neseriozno.... A ushte podaleku - mak comic con prv kje bidam tamu oblecen ko Spok... a veruvajte kje bide toa itekako prifateno i poseteno.... sekoj edvaj ceka ushte edna prilika za maskiranje.... Ushte da se izvlece po nekoj gostin so svetski zvucno ime i ete vi brend. Proektot bi trebalo seriozno da se brka bar godina ipol - dve pred da se sluci! Za ova e potrebna seriozna organizacija i dobar budzet, a za brkanje budzet pred se treba seriozna institucija, da kazeme zdruzenie na ilustratori i strip avtori ( koga moze da ima DLUM- drushtvo na likovni umetnici na makedonija moze i ova). Vo zdruzenieto da se soberat site kvalitetni lugje od drzavava i od postarata generacija koi so svoeto ime bi pomognale seto ova poseriozno da se svati kaj sponzorite. Na pocetok mozda kje bide NVO ili zdruzenie da gragjani, ali takvo telo mora da ima. Duri ne e nevozmozno eden den toa zdruzenie da se finansira od drzavata kako shto e DLUM i da ima svoi kancelarii.... a sega mislete mu ja koj kje bide precedatel Pokraj godishni izlozbi - manifestacijava, drushtvoto postojano da organizira izlozbi na strip avtori, ne samo makedonski.... eve Goce kje povrze so francuskiot strip, edna izlozba od Marvel pa DC... pa zamisli i gostin od tamu.... od regionot kje idat ovde samo za da ja posetat.... E sega seto ova zvuci sajns fikshn ali taka napocetok zvucel i skopski jazz festival.... Celite mora da se visoki, makar i nerealni ali samo taka moze da se napravi neshto seriozno i nadprosecno..... a so toa veruvajte itekako kje se podigne svesta kaj lugjeto za stripot. Tekstot se trudev da go podelam so proredi za plesno citanje. Dosta pishuvav, mi se izlouduva najnovata od 24....
_________________ [url=https://www.viagrasansordonnancefr.com/achat-viagra-generique-geneve/]achat viagra generique geneve www.viagrasansordonnancefr.com[/url]
|
03 Feb 2010, 04:00 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
сите сте во право убави идеи извадивте, повеќето од нив се зборени и разгледувани здружение на граѓани е идеа која си стои профи манифестација сите сакаме, ама убаво викаш, мора добар буџет комикон... ми направи лиги, ти спок, ја радо би бил сајклопс (ради цвикерите) мојата екипа се поднаучи поинаку да гледа на стрипот (на подобра страна, не на детската) ама за тоа требаа долги муабети, ко што спомнаа добри предлози според вкусот и споредби со филмовите. ај здравје, може ќе дојдат уште подобри времиња, па дел од работиве и ќе ги дочекаме кај нас
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
03 Feb 2010, 08:44 |
|
|
Skywalker
|
Интересна тема, на почеток, за pikantez, само генерално:
1. Архитектура 2. Танц 3. Вајарство 4. Музика 5. Сликарство 6. Литература (Книжевност) 7. Филм 8. Фотографија 9. Стрип
Ние секако ќе дискутираме од аспект на стрип вљубеници, читатели, купувачи, другите ќе застапуваат некои свои (субјективни) застарени или не сфаќања и критериуми, отсекогаш било така. Во Франција, Италија, САД, стрипот се издигнувал еден век. Имал време да ги помине сите етапи, за да стигне до она што е денес, mainstream кој носи голема заработувачка, една цела индустрија забавна. Кај нас, кои од петстогодишното отоманско ропство скокнавме во социјализам, не можеме за 50-60 години баш така едноставно да надокнадиме нешто кое на друго место се развивало еволутивно. Кај нас колективната свест е поинаква, заробена помеѓу тагата по минатото и бесперспективната сегашност. Многу е потешко овде да се пласира стрип култура / проект / изложба отколку во некоја друга земја со веќе развиена стрип инфраструктура. Ако ја погледнете Годишната Програма на Министерството за Култура на РМ, ќе видете кои се приоритетите моментално, за што најмногу се издвојува и каде е тука стрипот. Можеби групирање во некоја НВО или здружение кое би аплицирало на вакви и слични програми за финансирање ќе може да го актуелизира стрипот, т.е. можеби поуспешно ќе придонесе за афирмација на оваа уметност. Интересни, убави мислења од сите, мислам дека и самото групирање во еден интернет форум е добар почеток, колку за консолидација и собирање на сите љубители, автори на едно место, јас го сметам за database која понатаму може да се изгради и во некое поголемо движење / организациона форма. Читањето стрип (секако и творењето) е корисна работа, не е убивање мозочни клетки (како овие шпанско / турско / индиски серии, сомнителни програми и скандалозни вести), не чини многу пари (освен ако не сте пасиониран колекционер), ве прави само побогат со знаење, ви ги отвора сетилата кон естетика, уметност, сценарио, приказна. Ако беше само евтина забава за деца, досега немаше да добие статус на уметност и да биде најголема тековна инспирација за филмската индустрија во САД.
|
03 Feb 2010, 08:56 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Oмилен дискриминирачки слег за стрип ми е романче “Уште ли читаш романчиња бе... оф леле“
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
03 Feb 2010, 10:22 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
|
03 Feb 2010, 12:25 |
|
|
kojekoj
Надежен Луд Научник
Joined: 15 Jan 2010, 18:03 Posts: 206
|
?
Last edited by kojekoj on 25 May 2011, 15:07, edited 1 time in total.
|
03 Feb 2010, 14:10 |
|
|
talamar
Пензиониран Мрчатор
Joined: 23 Jan 2009, 10:10 Posts: 4689 Location: Skopje, R.Macedonia
::
|
Sea jas malku da se uklucam u muabetov. Sporedbata na stripot so romancinja na kojekoj e dosta tocna gledano od aspekt na Balkanskiot mentalitet. Licno mislam deka od epitetot romancinja, stripot vo Makedonija tesko kje se ogradi...se dodeka se plasiraat zastareni junaci i klise prici nameneti za edna era kade kolor televizorot bil ko sea da ti daat portabl iMax doma da si gleas. Poentata koja sakam da ja pronizam, e: Stripot treba da se plasira masovno na mladite generacii. Ne mozeme da ja pridobieme mladata publika so teski, egzistencijalistichki i nadrealni scenarija. Poradi ova Marvel se razdeli duri na tri tipa: stripovi za deca (marvel adventures), marvel za tinejdzeri (regularni Marvel izdanija) i Marvel za vozrasni (Max). Pricini poradi koi treba da se ohrabri chitanjeto na stripovi na pomladite generacii. - Prvo zosto preku stripot decata i tinejdzerite (za vozrasnite se podrazbira) ucat novi raboti, zborovi, mitovi, razvivaat fantazija, kako i oset za estetika (barem sopstvena), ucat naracija, dijalozi si gi glumat u glava...Da ne spomnuvam izoshtruvanje na okoto za perspektivi i rakursi. - Vtoro zosto sleden cekor posle stripot e chitanje romani, noveli, poezija, raskazi i drami. Lichno prvo chitav stripovi koi mi dadoa referenci kon nekoi naslovi koi (gledajki retrospektivno) denes da gi neam procitano ne bi si go prostil. - Treto zosto treba da se trgnat od PC-to, PS-ot itn. Ne me sfakjajte loso. I jas sum gejmer, ama igranjeto mi sluzi (barem vo posledno vreme), povekje terapevtski odkolku rekreativno. E sega toa sto odredeni "izdavachi" se vodat prema svojot vkus, kako reperna tochka, za izdavanje na naslovi sto ne samo sto se demode, tuku i se krajno neinteresni za mladite generacii, kako i na mene sho mi se apsolutno banalni, toa e bashka muabet. Iako E za pofalba nivniot entuzijazam, ne mozam da projdam preku nivniot "biznis plan". Zavrsiv na Mashinski fakultet nasoka Industrisko inzenerstvo i menadzment, kade imavme predmeti kako razvoj na novi proizvodi, strategiski menadzment i marketing; i mozam so sigurnost da kazam deka "biznis planot" na povekjeto, a posebno na EDEN konkreten "izdavach" ima seriozni propusti koi se vo najmala raka kontraproduktivni, a vo generalnata slika neseriozni(osven koga se zakanuva po mail-ovi, ali toa neka mu sluzi na chest). Za kraj: Stripot e umetnost, DA. No, dzabe ti e umetnost koga potencijalnite konzumenti se needucirani za skoro sekakov tip na umetnost. Ne samo strip tuku voopsto mislam. Sekojdnevno im se plasiraat pogreshni vrednosti i pogreshni "idoli" (role models) i nie sakame da chitaat Zagor, Marti ili shoidae. Nikola Geleski aka Kolja (za onie sto ne se zapoznaeni: urednikot na spisanieto Lift), vo edna prilika koga se dogovaravme za stripot Plagijator da izleze vo Lift, imase kazano (parafraziram): Underground stripot e entitet sam po sebe i moze da postoi i bez postoenje na mainstream strip.;na sto jas mu odgovoriv: Kako kje klasificiras Underground strip ako nemas komercijalen voopsto. Znachi naporite na site crtachi, kako novite, taka i starite, treba da bidat nasoceni kon stripovi za mladi. Dokolku sakame da go reestablirame stripot kako medium (i umetnost) vo Makedonija. @Miki: Kejf neviden mi naprai so muabetot za Osminki. Milo mi e sto mojot mal proekt, sepak vrodil plod.
_________________ Креирајте македонски стрипови. Читајте македонски стрипови. Купувајте (по воља) македонски стрипови.
|
03 Feb 2010, 14:24 |
|
|
kojekoj
Надежен Луд Научник
Joined: 15 Jan 2010, 18:03 Posts: 206
|
?
Last edited by kojekoj on 25 May 2011, 15:08, edited 1 time in total.
|
03 Feb 2010, 21:59 |
|
|
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
03 Feb 2010, 23:54 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Ќе пробам да се надоврзам на муабетов: Се сложувам дека треба да постои и комерцијален и андергроунд стрип, едното без другото не може... Меѓутоа, во моментот нема публика ни за едното ни за другото... Што не значи дека нема да има во иднина. Муабетот ми е, немаше читателска публика ниту за книги, па ете во последно време некако како да се поместуваат работите, па сведоци сме за гужвите кои се прават во Матица за да се купи книга... Се што треба да се направи во моментов, според мене, е да се пласираат какви било стрипови, во каква било форма (овде мислам за фанзини, списанија, албуми, и сл. , а не за стрипови со лош квалитет...) т.е. да конечно почнат да излегуваат стрипови... Публиката ќе си дојде сама по себе, за неколку години ќе се создаде некаква маса на читатели, т.е. љубители на стрипови како што тоа беше случај со мојата генерација и неколку пред и после мене... Значи, тогаш немаше кој не прочитал барем еден стрип во животот, па макар било тоа и нешто од Бонели продукцијата... Да се разбереме, и тогаш и сега, Бонели стриповите не беа единственото нешто што се нуди на пазарот (имаше и изданија како ЕКС, Денис, Тарзан, Конан, Микијев Забавник, Том и Џери, Хеви Метал, па и во сите весници имаше стрип во ленти или каиши...). Сакам да кажам, стрипот беше присутен насекаде, во весниците, во списанијата, во посебни изданија, во книжари, во трафики... Сега, во моментов, скоро и да го нема... Значи имате стопати преџвакани и реиздадени приказни од Бонели продукцијата ( и овие нашиве, и тие од Весели Четвртак), понекое странско ако улета, Политикин Забавник и толку... Пред некоја година-две ни тоа го немаше... Значи таа нова генерација на потенцијални читатели на стрипови сакаме да ја изградиме со стрипови од 70-тите... Тоа е исто како на пр. во кината да се пуштаат само филмови со Хемфри Богарт (што за некој и не би било така лошо), а новите филмови да ги нема... Или на пр. да даваат на ТВ утакмици од НБА кај што играле Џордан, Џабар, Меџик и сл... дури и за тоа ќе има одредена публика носталгичари кои ќе сакаат да се потсетат на "нивното време", но далеку дека на тоа треба да се гради некоја иднина...
Значи, публиката се создава, а за да се создаде, треба да има некаква понуда... Без тоа, тешко дека работиве ќе мрднат од место... Значи, нека има стрипови, преведени, непреведени, странски, домашни, скапи, евтини, тврди, меки повези, манги, марвел, бонели, дизни,... сите ќе си најдат своја публика, и ќе придонесат за подобрувањето на македонската култура воопшто. А пред се, треба да има и македонски домашни стрипови...Па макар биле и сопствени изданија...
За и околу бизнис плановите, доколку ги има, ќе кажам само едно: за да се продаде каков било производ треба добра реклама! Рекламата привлекува спонзори, спонзорите пари, а парите носат продукција...Тоа е, нема некоја којзнае каква филозофија.
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
04 Feb 2010, 18:14 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 8 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|