МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ
http://makstrip.com.mk/forum/

Што слушате во моментов?
http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=18&t=150
Page 68 of 68

Author:  Tet0eC [ 21 Oct 2015, 00:07 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Riverside - 2015.Love, Fear & The Time Machine

Од сите одлични албуми кои излегоа годинава, на овој мислам најмногу му се израдував. Ем затоа што не го очекував, ем затоа што ги обожавам дечкиве. Мајстори се да им направат мерак на луѓе што сакаат жестока музика без притоа воопшто да бидат жестоки - немаат ни дисторзија, ни рифови, ни гласен вокал, поспоро темпо тераат, а те тераат да нишаш глава и да ги слушаш на рипит. А за тие што не сакаат жестоко, уште подобро легнуваат. Од фанови на Pink Floyd и Yes до фанови на Queens of the Stone Age и My Bloody Valentine, и се’ измеѓу, препорака.



ПС. Новиот албум на Coheed & Cambria исто така фантастичен. The Audience е ѕвер од песна.

Author:  Neo [ 22 Oct 2015, 15:10 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Ќе им посветам внимание на Riverside, не знам како ми промакнале досега, никаде не сум ги начекал, ни во препораки, ни во рок вести.. фала!

Author:  Tet0eC [ 22 Oct 2015, 20:48 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Е да, надвор од прог-рок и прог-метал кругови многу не се спомнуваат, а и таму ни приближно колку што заслужуваат, за што ми е криво, затоа и во таа насока постот погоре. Покрај новиов, не го пропуштај претходниот албум, од 2013-та, мислам дека е нивниот најдобар досега.

EDIT: На истава тема - поспоро темпо, а богат звук - мајстор е Steven Wilson, и соло и како дел од Porcupine Tree и Blackfield. Препорака и за нив.

Author:  Tet0eC [ 30 Oct 2015, 18:37 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

The Seatbelts - Cowboy Bebop OST (1998)

Ми го препорачаа саундтраков, односно групава, и морам да признам, иако нити го имам гледано анимево, нити планирав да го гледам пред ова, музикава е ѕвер. Тоа фршти џез, фршти рок, фршти фанк, фршти ска, фршти блуз, фршти све. Душа да ти се разигра.



ПС. А и анимево да не ти било лошо. Firefly пред Firefly.

Author:  Viktorrr [ 28 Nov 2015, 00:50 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?


Author:  Abraksas [ 29 Nov 2015, 23:38 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Ajde i tuka da se smesam :mrgreen:



Momentalno tera ova na repeat.

Author:  Tet0eC [ 04 Dec 2015, 17:39 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?



Прв сингл од новиот албум. Да пукнеш од мерак, да се прибереш, и да пукнеш пак :D

Author:  Abraksas [ 11 Dec 2015, 01:52 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Normalno na repeat. :D

https://www.youtube.com/watch?v=8b1r7t4LT1g&list=PLoQVkezqRt8TMyHmRuOXJLs7Qzroygqx4

Author:  KRALe [ 16 Dec 2015, 21:41 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Некојаси тибетанска мантра.
Ужасно релаксира за во позадина, особено при читање (Читање Што? Стрипови, нормално...)


Author:  Goki [ 19 Dec 2015, 16:29 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

.............
Албумов е гром.. поголем хајп за албумов отколку за Star Wars..

Author:  Tet0eC [ 30 Dec 2015, 00:35 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Моторхед на shuffle, во чест на Богот Леми.

Image

Author:  Neo [ 03 Jan 2016, 01:34 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Black & Vice Social Club – „Until The Road Is A Dead End“ http://www.thereborn.co/black-and-vice-social-club/

Модерен алтернативен рок со амерички шмек, Скопје продакшн.

Author:  Tet0eC [ 21 Jan 2016, 21:45 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?



Уште недела дена додека да излезе новиот албум. Уф, одвај чекам.

Author:  Tet0eC [ 28 Jan 2016, 21:48 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Dream Theater - The Astonishing (2016)

Ау ау ау. Немам зборови. Epic во секоја смисла на зборот.

Author:  Tet0eC [ 10 May 2016, 20:01 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

The Heavy - 2016.Hurt & The Merciless (и останата дискографија)





Секогаш кога ќе слушнем голема дувачка секција во склоп на некој друг правец, абе срце ми се смее. А овде правци еден куп - фанк, рок, соул, блуз, џез - ко дечкиве 100 години да живееле во Њу Орлеанс (а Британци се). Не можем да им се изнаслушам деновиве. Да ми биде уште покриво, сум ги “открил“ пред 3-4 години, ама поради некоја причина не сум ги додал во плејлиста и седеле неслушани на хард диск се’ додека не ги видов сега брзо кај Тревор Ноа како го промовираат најновиот албум, па уште и се чудев од кај ми е познато името... Ај не си мавни сам на себе фејспалм :mrgreen:

Author:  Tet0eC [ 09 Oct 2016, 14:04 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?



Инспирирано од ова блесаво видео, иначе второ од ваков вид, првото е со Hello Kitty бубањ :D

ПС. И останатите зезалици на Loudwire ко ова погоре се вредни за ѕиркање, на пример Zakk Wylde како (оригинал!) ја свири NIB од Black Sabbath на Hello Kitty гитарче :) (комбинацијава, иначе, ептен ме асоцира на Мичо, не само ради брадата)

Author:  Neo [ 09 Jan 2017, 17:52 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Новите албуми на Хроматик Поинт - Изгрев и Визија - Гласно ми се цут. Кај Хроматик се слуша созревањето на бендот, трет албум им е ова, фантастичен инструментализам, го слушам влијанието на Леб и Сол во тоа како ги користат фолк мотивите - ако продолжат дечкиве со ова темпо, ќе бидат наши одлични музички амбасадори. Визија па се инспирирани од своите македонски идоли како Архангел (на басистката татко и е оригиналниот басист на Архангел, Перо Јанков, на гитаристов Марко татко му е Панта Џамбазовски, прв тапанар на Мизар), но се слуша влијание и од светските рок бендови од 90тите. Убав рок албум од 20 годишни деца кои можеби се иднината на рокенролот овде, времето ќе покаже:




Author:  Tet0eC [ 15 Jun 2017, 16:51 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Royal Blood - 2017.How Did We Get So Dark?



Втор албум од дечкиве, тазе излезен, одличен. На ниво на првиот, што само по себе е достигнување :D

Author:  Tet0eC [ 08 Aug 2017, 00:40 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Во чест на новата епизода на GoT, си ја прекрстив песнава во "Змајчики" :D



Инспирација - првиот стих. Пламене зоре буде ме из сна... :mrgreen:

Author:  Viktorrr [ 12 Feb 2018, 12:33 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?

Nova pesna na Vlatko Lozanoski, za koja videoto go pravev jas. Se nadevam ke ve bendisa.


Author:  Viktorrr [ 02 Apr 2018, 20:26 ]
Post subject:  Re: Што слушате во моментов?



Nov video spot :D

Page 68 of 68 All times are UTC + 1 hour
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group
http://www.phpbb.com/