|
|
It is currently 26 Dec 2024, 16:49
|
Весели четвртак - Дилан Дог
Author |
Message |
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Не е до здосадување. Пред некој ден го препрочитав „Од друга страна на смртта“ (бр. 88 во регуларна серија), ремек дело од стрип (Дилан Дог за Бетмен фанови сензибилитет ми е ), а продолжение на друго ремек дело т.е. „Сеќавањата на невидливиот човек“ (бр. 19). Дилан Дог достигна врв во првите 80-90 броеви и тоа е тоа (има и неколку бајаги лоши броеви меѓу нив, секако, а има и неколку генијални подоцна како бр. 121 „Додека смртта не не раздели“ и бр. 136, „Некој не вика одозгора“). Постои ограничен број на приказни што можат да се раскажат со еден лик пред да се падне во повторување, а Дилан Дог досега извади преку 260 броеви од регуларна серија, 20-ина гиганти, еден куп специјалки, супер книги и што уште не. Лично, најомилено единечно издание на Дилан Дог ми е гигантот 2 во кој сите 4 приказни се брилијантни и сума сумарум на тоа зошто Дилан Дог го сакам повеќе од било кој друг стрип. Новите броеви се безвезе конципирани (пр: идејата со конкуренцијата е интересна и касни едно 100 броја, ама ликот на Деби Дојл и приказната се ужасни) и доста често се повторуваат (досега необјавени епизоди на овие простори ќе се навратат по н-ти пат на „Психо“ и „Подстанарот“ на Полански за инспирација), смотано напишани (пр: „Ѓаволовиот допир“ има ОК идеја, ама третиот чин нема везе и конечно, Барбато се откажува од вистински расплет), а и цртежот во голема мера е претерано стерилен (сите стари добри цртачи ала Касертано, Бриндиси, Стано, Рои, Пикато, Монтанари и Грасани се само сенки на себе), иако има некои млади цртачи што знаат да извадат (пр: Мари и „Ѓаволовиот допир“ беше солиден). Насловните на Стано од досега излезените за Весели Четвртак се тапа и крајно недраматични, ама колку што знам ќе се подобри во наредните 20-30 броја (во .pdf ги имам до бр. 248). Склави има неколку епизоди таму некаде околу 240, ама не очекувајте многу, и тој е бајаги просечен
|
22 Feb 2009, 14:19 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
Мда, и мене бр.88 ми е у топ5, ако не и у топ3. Дали тоа значи дека е крајно време да се зафатам со читање на Бетмен? Се сложувам воглавном со сите констатации на сердарот, освен со онаа за насловните на Стано. Кај него јасно се гледа кога му било преку кур да се мафта со цртање на корици за ужасни сценарија, па така имаме еден куп просечни до лоши, ама затоа кога ќе реши да биде добар, тогаш е одличен На пр, оваа последнава од ВЧ ми е предобра (со ликовите од админ пеколот ) А за Склави, у која црква да почнеме да се молиме за да се (по)врати? баш би сакал тоа да се деси.
|
22 Feb 2009, 20:48 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Така ми се чини или таа насловна е мешан медиум со исечок од фотографија? Елем, не е лоша, а како што кажав, ќе има и други добри во 220-те и 230-те... Тоа со „преку ташак од лоши сценарија“ не го вади Стано, инаку. Премногу пати имам видено негова насловна што копира сцена од стрипот, губејќи ја цела драма во процесот. Дури и во најлошите насловни на Клаудио Вила се задржува некаков интензитет - јес да ретко е така арти како Стано во неговите најдобри денови. Мој Топ 5 (регуларни) Дилан Дог епизоди: 1. бр. 26 „После полноќ“ 2. бр. 43 „Приказна за никого“ 3. бр. 74 „Долг поздрав“ 4. бр. 19 „Спомените на невидливиот човек“ 5. бр. 25 „Моргана“ Топ 7 насловни: 1. бр. 26 „После полноќ“ - бр. 32 „Опсесија“ 3. бр. 74 „Долг поздрав“ - бр. 104 „Бескрајна ноќ“ 5. бр. 66 „Игра со смртта“ 6. бр. 41 „Голконда“ 7. бр. 34 „Темница“ Што се однесува до Бетмен, не го знам толку добро (премногу алтернативни истории), ама знам дека 5-те книги што обично се сметаат за најдобри т.е. "The Killing Joke", "Batman: Year One", "Batman: The Dark Knight Returns", "Arkham Asylum: A Serious House on a Serious Earth" и "Batman: The Long Halloween" целосно ја заслужуваат нивната репутација. Би го сугерирал и овој редослед на читање
Last edited by serdarot on 14 Mar 2009, 18:17, edited 1 time in total.
|
24 Feb 2009, 17:27 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Додади ги на нив "Batman: A Death In The Family", "Batman: Hush" и најновиот "Batman: RIP", and pretty much that is that (за оние кои не се ептен Бетмен фанови). А инаку има еден куп големи приказни (Knightfall, Cataclysm, No Man's Land, Bruce Wayne: Murderer/Fugitive итн) кои вреди да се ѕирнат ако сте фан...
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
24 Feb 2009, 20:03 |
|
|
Ernesto
Суперхерој Под Стечај
Joined: 25 Jan 2009, 16:18 Posts: 296 Location: Прилеп
|
Викендов низ Македонија излезе SuperBook број 2 Наслов на оригиналот:Super Book n. 19, quarterly, Август 2001 Dylan Dog presenta Groucho (II) Цртеж: Luigi Piccatto Насловна: Claudio Villa Сценарио на првата приказна: Claudio ChiaverottiСцеанрио на втората приказна: Pasquale RujuСценарио на третата приказна: Paola BarbatoСценарио на четвртата приказна: Tito Faraci
_________________
|
27 Feb 2009, 15:01 |
|
|
dOlf
Џуниор Џедај
Joined: 07 Mar 2009, 15:48 Posts: 3
|
дилан дог е еден од најдобрите стрипови што некогаш ги имам читано многу добри се ама сега ми е малце тешко да најдам некои понови изданија и одамна немам купено или читано таков стрип
_________________ така растевме ние децата на сонцето и житото
|
07 Mar 2009, 15:56 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
|
10 Mar 2009, 18:49 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
сердар, гледам дека можеме да разврземе интересни муабети за ДД. Мене лично баш ми се свиѓа таа игра со монтажи и лепења, зар не е предобра идејата за насловната од “Сан разума“ да се вметене Дилан у сликата на Мунк? Прва лига, го имав и на маичка едно време Од насловните кои мене ме бендисуваат би ги спомнал оние за: Сенке - една од омилените Сафара (оригинал 59) Плес смрти (гига1) и сега не ми текнуваат други Се разбира има еден куп кои ми се грозни: Избор (спец) Тамница од папира Стравична инвазија Откуцаји времена и пак не ми текнуваат други А изгледа дека ја сум еден од ретките имуни на Вила, не се сеќавам дека сум читал некој негов стрип, ама од насловните за Дилан повеќето ми се просечни. Сепак како врвни ги издвојувам: Демонска лепота (ма таа реклама и ме навлече на Дилан, уште кога го најавуваа во ЗС) После полноќ Моргана Голконда (уште една супер посвета, овојпат за Магрит)
|
11 Mar 2009, 00:53 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Е кога го правиме тој муабет, мене ми е омилен од ДД: Канал 666 и Розевите зајачиња увиваат (Мислам дека така се викаше ама не можам да проверам во моментов, на работа сум ) Порано ми беа интересни оние поврзани со технологија зезалици, (се приметува а?) ама не сум имун и на добра приказна...да речеме, многу ми се допадна приказаната Сто години подоцна (не сум сигурен дали така се викаше) каде ДД го гледаше светот како старее убрзано. Има уште некои, ама ова е само попатно нафрлано, што во моментот ми текнуваат... Начелно, многу ми се допагаат старите изданиа (да речеме до број 50) отколку новиве, и многу сум разочарам со последната тура. Ги читав Бунарот на измамите, Манила и Проклетата книга и ич не ги бива, последниов дури ми личеше на Ник Рајдер - класично крими романче... Вчера го препрочитав Крај? и многу ме релаксираше...еден од просечните е ама е лежерен бидејки е калеидоскоп од различни кратки линеарни приказни...
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
11 Mar 2009, 01:07 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
крале, прилично невообичаен избор за топ дд епизоди 100 години подоцна е друга епизода, ти мислиш или на онаа Последњи човек на земљи или на една одвратна (за мене) ама со одлична корица каде околу Дилан кој седи на клупа шетаат костури и остарени бебиња у колички, ама како се викаше да ме убиеш не ми текнува а розевиот зајак се вараќа на сцена у најновиот алманах у италија (чисто информативно)
|
11 Mar 2009, 01:11 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
11 Mar 2009, 01:30 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
11 Mar 2009, 01:34 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Брајан, Респект!!!
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
11 Mar 2009, 01:35 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Ашколсун
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
11 Mar 2009, 12:00 |
|
|
Ernesto
Суперхерој Под Стечај
Joined: 25 Jan 2009, 16:18 Posts: 296 Location: Прилеп
|
Дилан Дог број 15Na talasima secanjaНаслов на оригиналот: Dylan Dog n. 224 , mensile Sul filo dei ricordi, Мај 2005Сценарио: Pasquale RujuЦртеж: Giovanni FreghieriНасловна: Angelo Stano
_________________
|
13 Mar 2009, 17:44 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Конечно ја исчитав супер книгата со Гручо и се сложувам со Моргана, 4 откачени епизоди со поплава од фори на Гручо и генерално неврзана надреална/комична атмосфера ала Голконда, уште повеќе што Пикато стои зад сите 4. Последната, „Кога јагнињата пеат“ ми е најкрш од сите, особено што нема крај До Баркер, ОК е насловната за „Сон на разумот“ ама постојат премногу такви зезанции со „Вресок“ (оваа ептен ми се допаѓа - http://nitah.deviantart.com/art/The-Cheep-81240967). Насловната за „Суперосетни забележувања“ со Пикасо алузијата ми е многу поинтересна. Ни една од тие две епизоди немам прочитано - со броевите на Луденс стојам навистина слабо. „Сенке“ и „Сафара“ се многу интересни насловни. Долго време не можев никако да ги најдам тие броеви, а затоа што насловните им се тоа што се уште посилно ги барав Самите броеви се доста солидни, вадејќи максимум од два генерално слаби цртачи како Косу и Копола. „Танцот на смртта“ исто така е прекрасна насловна - всушност првите 8 броеви за Слободна Далмација имаат беспрекорни насловни (иако не се по хронолошки редослед издадени). Лоши насловни - куп. Весели Четвртак, како што кажав, скоро све, а особено низата од број 4 до број 10. Пред „Темница од хартија“ имаш уште една ужасна насловна за „Темната половина“. Што му било на Стано кај тие две не ми е јасно - Дилан Дог е или некаков грозно изведен Г-н Хајд (а блага врска нема со приказната) или стик фигура што мафта кон лебдечки панкер ко некоја стара жена. Што се однесува до Вила, мислам дека единствен број што го има нацртано е посебното издание, „Патот на боите“ (види http://www.youtube.com/watch?v=nSDBC3mnVhg и однапред извини за лигавата италијанска песна ), но може да има уште по некој. Ќе забележиш - фантастичен цртеж, можеби најдобар во Дилан Дог било кога. Што се однесува до насловните, цртежот на Вила денес е прилично поинаков од неговите насловни за првите 41 број (насловните за Super Book серијата се негови, на пример), ама пак задржува некоја приземјеност што им дава месо на насловните, што прави самиот број да делува порелевантно за самиот Дилан Дог како лик. Затоа кажав, со Вила никогаш нема промашување. Изборот на Крале е ОК, особено „Розевите зајци...“ ама и многу подобри. Шлаг на торта:
Last edited by serdarot on 14 Mar 2009, 18:12, edited 1 time in total.
|
14 Mar 2009, 18:07 |
|
|
Damjan
Манга Падаван
Joined: 23 Jan 2009, 11:18 Posts: 1899 Location: SKOPJE
::
|
priceless!!!!!!
_________________ Pepe Le Pew: Why did everyone leave? Oh, but of course! Already I have achieved a post of honor, and have been left to defend the fort. Viva la Republique!
|
14 Mar 2009, 18:08 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
Аууууу супер е Хомер, браво мајсторе, од кај и да го извлече Инаку, не се секирај за оние што не си гипрочитал, дебито на Барбато е за никаде, а она со Пикасо посветата е срање од дуото Рују/Косу, значи бљак (а како се чита уствари Ruju? Ружу?)
|
16 Mar 2009, 10:37 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Има уште еден број нацртан од Villa, баш се заинтересирав и видов на сајтот... http://www.sergiobonellieditore.it/auto ... 7&subnum=0
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
16 Mar 2009, 13:02 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
Еве некои од насловните на Д.Д. што ми оставиле впечаток(има уште многу)
|
16 Mar 2009, 22:00 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Вчера ја прочитав „Мудроста на мртвите“ и имам да го кажам следново: Фрегиери, никогаш, никогаш повеќе! Нема подосаден цртач на Дилан Дог и Марти Мистерија. Порано се трпеше, се гледаше дека се труди, имаше епизоди каде дури и беше добар (бр. 40 „Ќе се случи утре“ има фантастични кадри, бр. 109 „Ноевиот лет“ одлично ја долови депресивноста на епизодата), ама веќе долго време е неподнослив. Бр. 179 „Трета страна на медалата“ можеби и нема интересна приказна, ама во комбинација со бланко цртежот на Фрегиери нема поочајна епизода во цел канон на Дилан Дог. Слично, „Мудроста на мртвите“ е филер епизода до крај, ама со Фрегиери како цртач е ужасно банална/досадна. Да не збориме тоа што во третина од бројот, Дилан Дог личи на избричен неандерталец. Од друга страна, вчера исто така ја исчитав и единствената Весели Четвртак епизода што ја имав пропуштено, „Куќа на духови“ и морам да кажам, не е така лоша, па на некој начин ликот на батлерот е и освежување, со голема доза Чак Паланиук во деталите што ги изнесува. И цртежот е профи, од дизајнот на самата куќа и скулптурите во неа до духовите и акционите сцени при крајот. Конечно, ќе беше поинтересно ако куќата криеше и некоја мистерија плус, вака е премногу А-Б-Ц целиот број, ама ако ништо друго: 1. Самата тема е привлечна; 2. Фрегиери го нема никаде во близина. Веднаш по ова читнав и нешто од специјалките за Transmetropolitan и во поглед на нив, овие нови епизоди на Дилан Дог се или ѓубре („Мудроста на мртвите“) или чисто петпарачко романче („Куќа на духови“), ништо подлабоко, ни текстуално, ни визуелно... Чисто по пат, со оглед на тоа дека пред извесно време почнав да ги препрочитувам хронолошки старите броеви и да пополнувам дупки таму каде што имам пропуштено по некоја епизода, го стеснувам изборот за најдобра Дилан Дог сезона. Во моментов размислувам меѓу сезона 3 (бр. 25-36, класици „Моргана“, „После полноќ“ и др.), сезона 4 (бр. 37-48, класици „Господар на тишината“, „Голконда“, „Приказна за никој“ и др.), и сезона 6 (бр. 61-72, класици „Ужас од бесконечноста“, „Вампири“, „Игра со смртта“ и др.). Од овие имам впечаток дека 6ката е најконзистентна од сите. И така...
|
18 Mar 2009, 14:48 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
Фанатично проучување на Д.Д. Јас од прв до 60-70 број скоро сите сум ги прочитала,ама тие останатите и мн.специјални изданија ги немам,дали се реиздаваат од страна на хрватски или српски издавачи(и дали ги има кај нас)или само преку колекционери?
|
18 Mar 2009, 19:05 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
На stripovi.com има добар преглед на изданијата излезени на територија на екс-Југославија санс последниот македонски квази-обид. Во принцип, скоро сите издавачи се имаат обидено со регуларната серија и најчесто на толку несистематски начин што да немаше интернет колекционерите редовно ќе полудуваа. Имаат излезено неколку гиганти (првите 5 + 12 и 13 мислам), 3 специјалки и Дилан Дог - Марти Мистерија комбото во времето на Дневник, нешто специјалки покасно, а еве сега има обид за super book во Србија и Алманах во Хрватска... Ова на памет зборувам дека во брзање. На горниот сајт ќе најдеш инфо за се што ти треба, како и едуцирани критики/ставови за Дилан Дог (некогаш и премногу гиковски, а некогаш и премногу трезвено). Во електронски формат имам 95% од се што е издадено како регуларна серија во Италија + нешто како 60% од сите други изданија вклучително и one-off едиции. Сите овие на италијански. На stripzona.com може да се најдат бајаги броеви на српски. Вива ла интернет. По пат, заборавив нешто да кажам во претходниот пост: број 15 од Весели Четвртак кој што ќе го добиеме во средина на мај е исто така нацртан од Фрегиери и што е најтрагично, во Италија баш тој број е во колор, без некој особен повод, онака, чисто да се размрда малку серијалот. Од сите автори што можеа да направат чуда со тој поклон, баш на него му го дадоа... не на Касертано, не на Мари или Пикато, на него... којзнае, може сакале барем некако да го направат поинтересен неговиот цртеж Освен тоа, во последно време Рои работи кавери за една Дилан Дог едиција, а во минатото има и пар специјалки во боја, и по него се познава дека на некои автори подобро им стои чисто црно-бело. ..
|
18 Mar 2009, 19:53 |
|
|
Skywalker
|
Голем дел од "дупките" што се направени во хронологијата на издавање на Дилан Дог се пополнети од пиратските изданија. Иако stripovi.com е една мошне корисна интернет дестинација во поглед на пописи и избор на скенирани насловни страни од сите EX YU едиции, кај нив мошне малку простор им е отстапен на т.н. пиратски изданија. На страницата , кога ќе отидете на Stripovi > Izdavaci > Piratski Stripovi, ќе се изненадите од бројката на "нелегално" објавени стрип изданија, пред се од Бонели продукцијата. Ќе постирам само неколку насловни страни од пиратски изданија на Дилан Дог: Dilan Dog Gigant br.9-Vojska zlaDylan Dog i M.Misterija-Kraj svijetaDylan Dog spec.8-Lavirint strahaЕве и еден линк, каде што е направен цел попис на пиратски изданија кои циркулираат на овие простори: . Овде важно, од Дилан Дог се објавени следниве пиратски изданија: DYLAN DOG - Frankenstajn ( Ориг. број 60 ) - Kratke priče 1. - Dr. Terror - Johnny Freak - specijalni broj 5 - Kuca izgubljenih ljudi - specijalni broj 6 - Sedam prokletih duša - specijalni broj 8 - Lavirinti straha - specijalni broj 17 - Demonska moc - specijalni broj 18 - Izbori - Gigant 1 + Almanah 1 Vanredno izdanje (4. epizode - Sudnji dan, Zlocin iz ljubavi, Poslije velikog bljeska, Podrum) - Gigant brој 5 - Pesma sirena - gigant broj 8 - - gigant broj 9 - Vojska zla - gigant broj 10 - Gresnici Helbrona - gigant broj 11 - Kultni horor film DYLAN DOG & MARTI MISTERI - Kraj sveta
|
18 Mar 2009, 23:16 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
O сердару, како само те разбирам Од Фрегиери ми се кења, и тоа од поодамна, епизодите што ги наведе навистина му се врв и на нив ќе ја додадам уште Смрт, љубав, смрт специјалката. После ова се што му паднало под рака се тешки срања од сценарија кои он само елегантно ги доупропастува. А демек, цртал супер добри жени, жими мајка, има 2-3 типа на лагер и тоа е тоа, плус грозно ги облекува (ако сте приметиле :стилист смајли: ). Ок, признавам у Армагедон има стварно одлични девојки, ама толку. Инаку, епизодата е у боја само затоа што од тој број у Италија ја покачиле цената па да замачкаат очи на народот Се согласувам и за Рои, тотално слаби насловни за грандерестампата. Не се согласувам за Куќа на духови, мрзам крими, поготово кај Дилан. А и тој цртач ми е на листата на омразени, незнам баш зошто, ама неговите епизоди ми се углавном на дното на листата. Се на се, боевите на ВЧ стварно не се толку очајни како на пример оние што со години веќе се редат кај Луденс , или некои стварно очајни реденици у Слободна Далмација. (со ова сакам да кажам дека имам све од ДД излезено на “нашиве“ простори, и да, си ја обожавам шарената колекција која немам намера да ја унифицирам со дуплирање, има бољи стрипови кои бараат да се фрлаат пари на нив )
|
19 Mar 2009, 09:12 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 5 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|