уууууу, супер е стрипиштево од бесна кобила.
кога фибра го објави го изигнорирав пошто не ми изгледаше многу интересно. искрено, сеуште според сижето не звучи баш ко мој тип на приказна, ама едноставно не одолеав кога го видов. башка оригиналниот формат сам по себе си носи оригинални поставки на табли и ме испровоцира тоа што е јапонска нарачка.
сценариото е релативно едноставно, двајца аутсајдери упаѓаат од едно срање у друго со брзина на светлината, среќавајќи се притоа со живописна галерија на ликови и фрикови.
цртежот е одличен, реалистична позадина и експресионистички ликови
има и пар спектакуларни табли кои се протегаат на двете страни.
сите препораки!
напред бесна кобило! дииииии!