|
|
It is currently 31 Jan 2025, 00:47
|
|
Page 1 of 1
|
[ 18 posts ] |
|
Sky PUNK: Deus Ex Machina [Мојата прва книга!]
Author |
Message |
Pr0xy
Надежен Луд Научник
Joined: 05 Mar 2012, 22:07 Posts: 228
|
Здраво на сите! Прокси тука! Можда се прашувате зошто ме снема пак пред неколку месеци (може не, ама битно да си кажам). Меѓу останатите школски активности, работев на драма која се даваше во Универзална (сакав да пишам тука да дојдете да ме гледате, ама мајката, баш тој период се погоди да немам нет во куќа), и така многу бев зафатен и немав баш многу време. Но, да преминеме на главното. Освен драмата, исто така работев на нешто многу поголемо и позначајно за мене - мојата прва книга. Ова е првата книга во серијал кој колективно го носи името "Sky PUNK". А првата книга го носи поднасловот „Deus Ex Machina". На нашки, преводот би бил „Небесен ПАНК: Бог во Машината“. По жанр, книгата е акциона авантура во фантастичен/стимпанк (steampunk) свет, составен од безброј острови кои буквално лебдат во воздух. Во овој свет, исполнет со магија, змејови, богатства и штосене, приказната ги следи авантурите низ кои поминува еден млад внук на ковач, со име Darion Danstrum. Секако, како и останатите мои приказни, книгава е пишувана на Англиски, ама ако се изрази желба кај нас (читај - на форумов ), би ја превел на македонски и би ја издал и тука. Darion е 16 годишен внук на ковач е израснат на еден мал остров и целиот свој живот мечтае да си замине од таму и да го истражи светот на својот стимборд (steamboard - како hoverboard, али на пареа ). Шансата ја добива ненадејно кога се наоѓа себеси на брод (кој лета, секако) наречен Галилео, исполнет со интересни, екцентрични и генерално бедес ликови. После тоа, да не откривам многу ама книгата е исполнета со over-the-top моменти и е генерално лесна за читање, наменета како нешто кое ќе го забавува читателот, без да мора многу да мисли. Првото пишување на книгата го завршив негде пред крајот на Новата Година, и со тоа си го исполнив ветувањето дека ќе ја завршам книгата во 2012. Сега, во 2013 планирам да ја edit-nam, да ја ишмирглам и да ја издадам по електронски пат, а можеби и по принтан пат хахахаха. Па сакав да ви пишам тука бидејќи многу ми е драг форумов и го посетувам колку можам, па ако некој сака да ја прочита неишмиргланата верзија, нека ми пише порака или нека стави свој e-mail тука да му ја пратам, па ако ви се допадне пишете зошто, што и како, и ако имате критики, и тие пишете ги за да можам да се подобрам P.S: Исто ме интересира колку би чинело некој од вас да ми нацрта cover artwork за книгата (пошто знам дека тука има феноменални цртачи, а повеќе би ви дал на вас пари, одколку на некој на нет )
_________________ [center][url]http://kolosos666.deviantart.com/[/url] < Мојот deviantArt профил :D [url]http://primetime.mk[/url] << Кул сајт што мора да го посетите :D[/center]
|
12 Jan 2013, 23:25 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
|
13 Jan 2013, 02:42 |
|
|
Pr0xy
Надежен Луд Научник
Joined: 05 Mar 2012, 22:07 Posts: 228
|
_________________ [center][url]http://kolosos666.deviantart.com/[/url] < Мојот deviantArt профил :D [url]http://primetime.mk[/url] << Кул сајт што мора да го посетите :D[/center]
|
13 Jan 2013, 02:44 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
vidi pm
|
13 Jan 2013, 03:00 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Овој пат нема толку фалење : 1) Огромен минус за тебе што не кажа за претставата. Верувам дека ќе имаше многу народ од форумов, because, знаеме да цениме квалитет. И тоа со "немаше нет баш тој период" не проаѓа кај мене. Нејсе 2) Синопсисот на книгата - некако не ми лежи за промоција. Од чиста причина што еве од прво читање, одма ми летна мисла накај "Treasure Planet". Think about that. 3) Види си пм. 4) Настрана се тоа - Честитки за завршеното дело! Во државава наша има countless случаи што почнале и не завршиле многу ствари. Со или без потенцијал. Ти си завршил и е за огромна пофалба
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
13 Jan 2013, 07:56 |
|
|
Pr0xy
Надежен Луд Научник
Joined: 05 Mar 2012, 22:07 Posts: 228
|
Хахаха, благодарам на критиките, Geek! Сега да видам малку да ги одбранам : 1. Знам, знам. Ама од друга страна, тоа што го дававме минатата година (ехеееј, далеку е Декември 2012!) беше осакатена верзија за да се вклопи во временскиот слот (Пошто бевме прејаки!). Сега, здравје боже, 99% ќе има уште едно давање, овој пат НЕОСАКАТЕНАТА верзија, и на ова ќе ве обавестам недела дена унапред (и ќе ве замарам секој ден до премиерата ), затоа немајте гајлe 2. Знам знам, сеа и јас го увидов тоа одкако прочитав по втор пат *facepalm*. Језда сум крив, можев малце повеќе детали да дадам и да не биде толку ambiguous. А исто така, не е случајно што ти летнала мисла накај "Treasure Planet" пошто тоа ми е најомилениот цртан, и многу инспирација црпев од него (Но сепак, мислам дека тотално се разликува книгата моја од цртанот!) 3. Видено, и сторено. 4. И за крај, благодарам за честитките, се надеам ќе ти се допадне тоа што ќе го прочиташ, и кај и да е, ќе ја објавам финалната верзија
_________________ [center][url]http://kolosos666.deviantart.com/[/url] < Мојот deviantArt профил :D [url]http://primetime.mk[/url] << Кул сајт што мора да го посетите :D[/center]
|
13 Jan 2013, 14:36 |
|
|
марамонka
Џуниор Џедај
Joined: 16 Jul 2011, 07:32 Posts: 83
|
Мене лично самото тоа што си напишал ( односно завршил) книга мн ми се допаѓа, такада честитки на нервите и креативноста. За претставата сам си знаеш дека си требал да пишеш, ама и затоа огромна пофалба. За книгава совет од мене е да си најдеш алфа и бета reader. Алфа ти ја проверува целокупната идеја и ја дискутира со тебе, што треба што не треба да промениш, а бета работи заедно со тебе, односно ти го проверува целиот текст, одма ти поправа грешки и можеш одма да се обратиш за проблем. Можеш да побараш онлајн каде било, по форуми некои ако идеш, еве на deviantart пиши у journal. Ова викам, не за друго, туку најдобро е да работиш со некој којшто мајлин јазик му е англискиот. Џабе ја шо се мислев којзнае колку знам, па седнав да преведувам текст и 2 страни 2 саати ги праев. Ако сакаш колективна критика, можеш ( ако сакаш) да постираш првиот чаптер тука, и да видиш повеќето како реагираат и што мислат и како можат да ти помогнат. Нормално, ако сакаш.
_________________This is Detective Lindsy and that stud over there is Detective Lohan. And we're gonna find this killer. http://macichen.deviantart.com
|
13 Jan 2013, 22:45 |
|
|
Pr0xy
Надежен Луд Научник
Joined: 05 Mar 2012, 22:07 Posts: 228
|
Благодарам за убавите зборови, марамонка! Навистина многу ми значи секое охрабрување и секој пост За алфа и бета читачите - на некој начин го правам токму тоа, само не баш така (а и не знаев дека така се викаат, јас editors си ги викам). Моментално работам само со еден ама мислам дека и тој е доволен, па ќе видиме. А за колективната критика - одлична идеја. Само нема да го ставам првиот чаптер ДИРЕКТНО тука, пошто форматирањето ќе отиде у неповрат Затоа, наместо тоа, еве го линкот од mediafire кај што го аплоадирав, таму ќе можете убаво да го прочитате. Всушност, таму е и почетокот на книгата (Насловот и малиот quote што ја води цела приказна )
_________________ [center][url]http://kolosos666.deviantart.com/[/url] < Мојот deviantArt профил :D [url]http://primetime.mk[/url] << Кул сајт што мора да го посетите :D[/center]
|
14 Jan 2013, 00:17 |
|
|
марамонka
Џуниор Џедај
Joined: 16 Jul 2011, 07:32 Posts: 83
|
Сеа го прочитав и да, ми се допаѓа почетокот. Мала критика сега Еден чаптер, не мора да значи и една сцена. Нема некое финале што ја објаснува дешавката. Ама ова го викам само затоашто ти ова го постираш како еден чаптер, инаку во склоп на уште една сцена, не би имало проблем. Како автор, мора да си ја знаеш публиката. Препоставувам дека ова ти спаѓа во Young Adult genre, и такада подобро е да го третираш читателот како глуп, зашто читателот може да погрешно да претпостави дека авторот е глуп. У смисла, кога барменот одма му кажува зашто има милиција, и уште му покажува каде спие. Си можел да додадеш некое description као 'big mouth, little brains', нешо у стил дека ликот знае дека детето е глупо и го искористува тоа, шо знам. Поштуем многу граматиката, и пратењето на времето. Лесно е да се заборавиш кога пишуваш, а ова одлично си го извел. Друго:ликовите. Бидејќи е само 1 чаптер не можам да зборам за нив. Али се надевам дека убаво си ги развил, дека секој карактер го третираш како потполна личност, а не само фрагменти од некои особини. Односно дека имаш character development. Мала поправка. Типката двапати прави chattering, кај вториот пат можеш да ставиш mingling. Кога е пијан и коа вика дека нема да плати, можеш да се поиграш со текстот. Пијан човек ретко е добар оратор, пробај со " 'M not payin' " Како ти одговара на тебе, нормално. И иако не сум многу по fanatasy, заинтересирана сум, и дефинитивно би читала понатаму. Уште еднаш браво, и се надевам не сваќаш погрешно критика.
_________________This is Detective Lindsy and that stud over there is Detective Lohan. And we're gonna find this killer. http://macichen.deviantart.com
|
14 Jan 2013, 12:02 |
|
|
Pr0xy
Надежен Луд Научник
Joined: 05 Mar 2012, 22:07 Posts: 228
|
Марамонка маааа, а да те земам тебе за алфа/бета читач, да ме виде господ? Шала на страна, фала многу за критиката, и мило ми е пред се, што ти се допадна првото поглавје. А за критиката, секако дека прифаќам, и баш ти благодарам што се потруди. А за работите што ги кажа... -За тоа да си ја знам публиката - да, книгава е генерално наменета за таа публика: teens - young adults. Сепак, треба да кажам дека не е толку колку што барменот е глуп, туку му е гајле за тој богаташот, и битно му е во моментот да направи кеш (нели, ако забележа, главниот лик му сигнализира на момент и му дава на знаење дека ќе му плати. Секако, тоа што све иде у вода на крајот, тоа е друга работа хахаха). -Фала за комплиментот, иако сеуште има многу граматички грешки низ книгата и треба се да се оправи -Да, се трудев секој од 7те главни ликови (да, 7 се, тие во првиот чаптер се само the captain and his first mate на бродот) да биде прикажан од сите страни, неговите вредности, слабости, желби, и мотиви. -Одлична ти е идејата, и дефинитивно ќе размислам за тоа, само што секогаш се трудам убав да ми биде спелингот пошто ме нервира тоа црвеното кога ќе се појави и затоа ретко кога пишувам така -Ако си заинтересирана, можам да ти ја пратам целата книга.
_________________ [center][url]http://kolosos666.deviantart.com/[/url] < Мојот deviantArt профил :D [url]http://primetime.mk[/url] << Кул сајт што мора да го посетите :D[/center]
|
14 Jan 2013, 15:27 |
|
|
марамонka
Џуниор Џедај
Joined: 16 Jul 2011, 07:32 Posts: 83
|
Ај види дал сум успеала да пратам pm
_________________This is Detective Lindsy and that stud over there is Detective Lohan. And we're gonna find this killer. http://macichen.deviantart.com
|
14 Jan 2013, 19:19 |
|
|
Pr0xy
Надежен Луд Научник
Joined: 05 Mar 2012, 22:07 Posts: 228
|
Видено. Пратено. Вратено. Патем, еве еден артист што се нафати да ги нацрта ликовите во една илустрација. Повеќето се погодени, само тоа девојчето-механичар треба да има стимпанк роботска рака, ама нема везе. Сега, секако дека ова е една визија за нивниот изглед - визијата на тој цртач за ликовите, не значи дека точно вака изгледаат. Како што ќе читате, градете си ваши слики за ликовите ^_^
_________________ [center][url]http://kolosos666.deviantart.com/[/url] < Мојот deviantArt профил :D [url]http://primetime.mk[/url] << Кул сајт што мора да го посетите :D[/center]
|
14 Jan 2013, 19:57 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
procitan prviot chapter. odlicen pocetok, mi se svigja sto ima blaga doza na humor. angliskiot go vladees epten, i opsto stilot e lesen i citliv. pazi na povtoruvanje na ist zbor vo edna recenica.
edit : zaboraviv da te prasam, kolku vreme ti trebase za da go napises celiot roman?
|
27 Jan 2013, 23:12 |
|
|
Pr0xy
Надежен Луд Научник
Joined: 05 Mar 2012, 22:07 Posts: 228
|
Фала на критиката, пикантез, мило ми е што ти се допадна! Се надевам ќе продолжиш да ја читаш За повторувањето зборови - да, свесен сум и работам на тоа (тој дел што го посочи веќе е среден ), кога ќе биде готово „шмирглањето“ нема да има такви работи и општо ќе биде поубаво напишано и „понакитено“
_________________ [center][url]http://kolosos666.deviantart.com/[/url] < Мојот deviantArt профил :D [url]http://primetime.mk[/url] << Кул сајт што мора да го посетите :D[/center]
|
28 Jan 2013, 14:57 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
da da normalno, skroz veruvam vo toa. vecer kje ti pratam kritika i za vtoriot chapter, vekje e procitan
|
28 Jan 2013, 22:48 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Bravo choek....
_________________ ејм фор д бушес!
|
07 Feb 2013, 21:23 |
|
|
Pr0xy
Надежен Луд Научник
Joined: 05 Mar 2012, 22:07 Posts: 228
|
Благодариме, Мичо! Сега сум во фаза на средуење со помош на критиките на Гоце/Пикантез и едиторот мој, па кога ќе биде готова, ќе ставам апдејт и ќе видам што ќе се прави за објавување на книгата
_________________ [center][url]http://kolosos666.deviantart.com/[/url] < Мојот deviantArt профил :D [url]http://primetime.mk[/url] << Кул сајт што мора да го посетите :D[/center]
|
07 Feb 2013, 22:17 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Kнигата од Марио во електронска верзија, бесплатно: http://www.amazon.com/Sky-PUNK-Deus-Ex- ... 00LX78RR2/* За на Андроид, инсталирајте си ја Amazon Kindle од Play Store.
|
15 Jul 2015, 16:23 |
|
|
|
Page 1 of 1
|
[ 18 posts ] |
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 6 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|