МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
Мистергонија http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=26&t=1445 |
Page 1 of 1 |
Author: | rastaman [ 06 Apr 2010, 20:55 ] |
Post subject: | Мистергонија |
Еве нешто што планирам да го читам наскоро (треба да ја има околу саем) Мистергонија на Милош Димковски Роман – релаксирачки и возбуден. Лесно читлив. Мистичен. Егзистирачки. Мистериозен. Растревожен, а воедно тивок. Несреќен случај кој менува живот на едно семејство. Кошмар. Реалност. Љубопитство. Насмевки кои се паметат за последен пат. Агонии што го толчат човековото битие, оставајќи безвредни траги низ времето. Авантура без ронка милост. Возбудлива приказна низ времето, почнувајќи од Лондон до нова бесконечност – дел од непознатиот универзум, кој ниту научниците не можат да го откријат. Страв од непознатото им претставува пречка на тинејџерите да стигнат до целта. Спомени од минатото се надеж за нив; флертување, свирки, пепетуртки во стомакот, забави, момчиња, девојки... планирана цена: околу 300 ден. |
Author: | Laf [ 06 Apr 2010, 21:17 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
Author: | fichot [ 06 Apr 2010, 21:38 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
ova za u biblioteka da ne e ? |
Author: | THEMICO [ 06 Apr 2010, 21:45 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
definitivno za vo BIBLIOTEKA e! |
Author: | pikantez [ 06 Apr 2010, 23:25 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
place za biblioteka |
Author: | gordan [ 07 Apr 2010, 10:26 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
Давор да каже откај (ќе го) земе (земал) за да си пазарам и јас примерок |
Author: | rastaman [ 07 Apr 2010, 10:27 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
до мене стигна информација дека ќе ја има книгава на саем |
Author: | Tet0eC [ 07 Apr 2010, 14:08 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
Префрлено во Библиотека. |
Author: | rastaman [ 07 Apr 2010, 16:20 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
погрешен топик, не е страшно |
Author: | pikantez [ 07 Apr 2010, 23:48 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
Author: | Barker [ 08 Apr 2010, 11:01 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
звучи храбро и одважно за еден мк роман. треба да се провери. ама дизајнов на домашниве книги е ужасен, и тоа трае со гоооодини ќе им покаже ли некој конечно како се прави добра насловна? |
Author: | KRALe [ 11 Apr 2010, 11:05 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
п.с. Јас лично не сум голем оптимист околу оваа фама. колку што прочитам на едно , каде вели за книгата: „Приказната во „Мистергонија“ се движи околу семејството Милсон, кое има пет деца. Откако нивната куќа ќе изгори до темел, тие ќе бидат принудени да најдат засолниште кај нивниот мистериозен роднина Карлос, на периферијата на Лондон. Тој ќе ги прими во својот дом, но ќе им забрани да влегуваат во четвртата соба. Љубопитните деца ќе го прекршат правилото и ќе влезат во одајата. Таму ќе наидат на голема кристална топка што реагира на сончева светлина. Таа ќе ги повлече децата во себе и тие ќе се најдат во волшебната земја Мистергонија.“ - Исто така неговиот ментор воедно му го пишува и предговорот и го велича својот young apprentice како Осмо Светско Чудо во Македонија: Ментор на младиот Димковски е никој друг освен од наша страна обожуваниот Венко Андоновски. Па во продолжение можете да го прочитате предговорот на Мистергонија напишан од страна на Андоновски: „Еве нов талент на македонското книжевно небо: тоа е младиот средношколец Милош Димковски, кој уште пред неколку години го испиша она што сега го држите во рака. Тоа е неговиот роман „Мистергонија”, дело кое го отсликува бурниот книжевен темперамент на младиот писател и го најавува како нова надеж на нашата проза. Тоа е надеж што треба да се негува, зашто какви се времињава - сè повеќе луѓе кои имаат книжевна дарба се откажуваат од пишувањето (како да е тоа штетна навика) и се свртуваат кон практичните и прагматични работи. Книжевното деби на ова чудо од дете (додека неговите врсници уште не размислуваат за смислата на животот, тој на четиринаесет години напишал роман) го најавува него како прозаист со високо истенчено чувство за приказна, за сижетирање и композиција. Иако дејството на неговиот роман се одвива во утописки, фиктивен простор, односите меѓу ликовите се прецизно поставени, и што е најинтересно - психолошки нијансирани, како да станува збор за човек што го искусил животот во нијанси! Во секоја, а не само во нашата книжевност ретки се ваквите книжевни случаи на прерана книжевна и животна зрелост. Затоа, штета би било да се испушти од раце ваков книжевен талент; од тие причини, благодарност и до Министерството за култура на Република Македонија, кое го препозна форматот на младиот писател и го помогна издавањето на оваа книга. Читателите ќе се убедат во моите пофалби, уште од првата страница: иако е тоа фикција во вистинската смисла на зборот, лесно се препознаваат цели рецитати од познати книжевни дела, но и цели ситуации од секојдневниот живот - љубов, натпревар, завист, борба, копнеж. Младиот Димковски суверено владее со своите ликови, покажува смисла за конфликт, заплет и расплет, смисла за селекција на битното од небитното и испуштање на небитното (елипси), смисла за поентирање и што е најважно за еден писател - смисла за поставување прашања на кои ни филозофите немаат конечни одговори. Неговиот стил е динамичен, темпераментен, видлив, и тоа е она што ми дава за право да го препознаам како надеж на идната македонска проза. Кога сето тоа ќе се стави на кантарот на книжевната критика, се добива комплетна прозна фактура, која иако е сè уште во развој (како младо вино кое уште врие) - гарантира бренд. Сè зависи, во овој случај (во тоа сум убеден) само од тоа дали младиот талент ќе продолжи да се занимава со тој неблагодарен занает - пишувањето, или не.“ Но ај да не звучам ко „лошиот чичко“ во целава оваа приказна, му пожелувам многу успех на младиот автор, и да дочекаме стрип верзија на неговите романи! |
Author: | THEMICO [ 11 Apr 2010, 19:26 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
Kolku miljardi e ova? Zanimljivo... I pozdrav za ZAGOR najnoviot clen koj e voedno i avtor na knigava Bravo mladichu na trudov. |
Author: | zagor^ [ 11 Apr 2010, 21:27 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
Fala mnogu. Pred se da se zablagodaram na onie na koi barem malku se zainteresiraa za "Mistergonija", se nadevam deka nekoj od Vas ke ja procita, pa posle ke mi kazse svoe mislenje... Inaku i jas sum ljubitel na stripovi, posebno na Zagor, Dympir i Martin Mysteri. |
Author: | THEMICO [ 11 Apr 2010, 21:40 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
Ti namesto da se zablagodarvash kje potpishish to knigite ko ke gi kupime za posle da gi preprodajme poskapo na i-bej... I kako pisatel bi ti preporacal da pobatalish to zagor dampir i marti i da se prefrlish na opusot na izdavachkata kukja VERTIGO..... |
Author: | zagor^ [ 11 Apr 2010, 22:23 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
Се подразбира. Договорено, тогаш се гледаме на саемот. |
Author: | THEMICO [ 11 Apr 2010, 22:29 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
a koga e saemo? |
Author: | zagor^ [ 11 Apr 2010, 22:33 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
хаха... од 13 до 18 април. Почнува за еден ден, од вторник, во понеделник навечер е отварање. |
Author: | THEMICO [ 11 Apr 2010, 23:33 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
super sreda sum skopje ke se potrudam da pominam-mada da tnko to-mada da ko ke razmislam groto so treba da se vidam se izdavachi taka da taman..... ke nosam crvena ruzha vo rever-ti zagore nosi stilo za to knigata pozdrav i uste ednash-bravo za knigata(mada da bidi opomenat-ko ke ja prochitam tro zaeban kritichar sum). |
Author: | pikantez [ 12 Apr 2010, 00:17 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
Author: | rastaman [ 15 Apr 2010, 14:00 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
јас си дојдов до мојот потпишан примерок книгата има популарна цена од 250 денари (на саем) подебела е од што очекував коментари, одкога ќе ја прочитам |
Author: | Ivo [ 20 Apr 2010, 19:31 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
..ete be materijal za strip....animiran film.....komplet nashki... |
Author: | pikantez [ 05 Jun 2010, 11:53 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
rasta dokaj si so knigava? |
Author: | rastaman [ 05 Jun 2010, 20:29 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
уште последните глави ама ми фали слободно време да ја финиширам |
Author: | pikantez [ 25 Jun 2010, 14:41 ] |
Post subject: | Re: Мистергонија |
denes ima sredba so avtorot na knigava do 18h, vo knizarnica Tri, Gtc do kino milenium... |
Page 1 of 1 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |