Author |
Message |
Damjan
Манга Падаван
Joined: 23 Jan 2009, 11:18 Posts: 1899 Location: SKOPJE
::
|
"judo plesacu" se misli na onoj moment od biblijata kade Juda po predavstvoto na Isus se besi na drvo! momentot koga ke se obesi nekoj, nozete mu mrdkaat, Toa go vika "Judo plesacu" ili igranjeto na Juda!
_________________ Pepe Le Pew: Why did everyone leave? Oh, but of course! Already I have achieved a post of honor, and have been left to defend the fort. Viva la Republique!
|
12 Jun 2009, 09:50 |
|
|
talamar
Пензиониран Мрчатор
Joined: 23 Jan 2009, 10:10 Posts: 4689 Location: Skopje, R.Macedonia
::
|
Mistery solved! Next?!
_________________ Креирајте македонски стрипови. Читајте македонски стрипови. Купувајте (по воља) македонски стрипови.
|
12 Jun 2009, 09:52 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
Навистина не сум размислувала што значи тоа. Ова објаснување ми е многу чудно
|
12 Jun 2009, 13:04 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Косу имаше добри епизоди пред едно милион години. „Сенки“ и „Судниот ден“ (специјалка) се прилично добри, ако не и одлични епизоди каде неговиот стил беше сосема соодветен (едната е како сликовница, другата е полнокрвна црна комедија). За жал, премногу користен е во последно време и тоа многу лошо. Јасно е дека не може да крене епизода со својот цртеж; зошто тогаш би му давале епизоди кои се ионака лоши? Да ги дотолчи?!
За Синискалки, мех, не е до толку лош. Каде каде подобар од Триго и Копола кои беа синоним за лошо на времето. Од друга страна, Бриндиси ми е закон (иако и тој забушава), а Биљардо ми е сосема ОК. Пред некој ден добив физичка копија од ВЧ бр. 2 и не разбирам како некој може да биде рамнодушен на неговите испокасапени духови.
EDIT: Денес ја прочитав специјалката „Живи и мртви“ на Мињако и Синискалки која е по сите мерила во врвот на Дилан Дог! Приказната сама по себе вози од почеток до крај со многу интересни тангенти тука и таму, покажувајќи страни на административниот пекол што ги нема на други места. Побитно во контекст на дискусијата за цртачите, не знам што маана може да се најде на цртежот на Синискалки тука кој се одалечува поприлично од тој на Бриндиси, попримајќи и солидна доза на хумор во процесот. Јес да обично Синискалки е полош отколку во оваа епизода, ама сепак, треба да му се оддаде признание.
|
12 Jun 2009, 21:08 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
http://www.kvizomanija.net/index.php?si ... sifkat=OPZго копирам линков од с.ком, логирајте се и у една од категориите под број 101 ќе го најдете ДД квизот ( а има и за заги и остало друштво) ПС. мајн ризалт ис андер Баркер
|
23 Jun 2009, 22:21 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
Стрипот`Соништа` што го прочитав денеска дефинитивно го ставам во антологија...ВАУУ И БРРР...ме протресе и цртежот и темата...прочитајте го обавезно ,ако не сте го прочитале.Сега сум малку тажна Тешки теми...
|
25 Jun 2009, 18:37 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
аха, калсик Склави кога е баш решен да те фрли у даун.
|
27 Jun 2009, 18:26 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
|
27 Jun 2009, 19:27 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
да, овој пат на тапет се родителите, (углавно) они се криви са се заебан е Тицијано, нек си ибе векот...
|
29 Jun 2009, 02:11 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Доста добра „вожња“ епизода делумно базирана на „Тоа“ од Стивен Кинг: 5 души, повторување, арлекин што превзима облици на најдлабоките стравови а чија вистинска форма е пајак. Епизодата поминува многу брзо и е исполнета со акција од прва до последна страна, па при читање не се ни забележува колку таа во принцип е шуплива. Загледајте ја - од прва до последна страна нема апсолутно никаков развој на ликовите; се едно те исто повторуваат ко расипани плочи. Во овој циклус на повторување е заглавен и Дилан Дог кој во таа точка на наративот сосема бегло го проблематизира прашањето за неговото потекло (се вкупно: бр. 25 Моргана, бр. 43 Приказна за Никого и бр. 57 Враќање во зоната на самракот) и од тука на неговиот конфликт му фали вистинска драма. Сепак, како што кажав, епизодата вози како тобоган па на крајот и не се чуствува моментот дека се нема случено апсолутно ништо. Голем удел во овој успех има Фрегиери на кој епизодава му е дефинитивно врв - ритамот што го набива низ сите 128 страни е супертурбо а кадрирањето извонредно живо, чиста антитеза на сегашните негови трудови. Конечна оценка: 8/10
|
29 Jun 2009, 15:00 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
|
29 Jun 2009, 20:25 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Во трафиките сега може да се најде новиот број, „Да не се умре за 24 часа“ од Де Нардо и Биљардо. Просечна епизода во која Дилан е отруен и мора во рок од 24 часа да дојде до противотровот. Епизодата сепак добива малку тензија пред самиот крај со фин иако нелогичен пресврт ама и тоа се враќа на просек со непотребно дообјаснување. Ко што кажува самиот вовед во бројот, веќе постои ваква епизода во канонот на Дилан Дог, се вика „Демони“ а и таа не е богзнае што. 5/10
|
05 Jul 2009, 19:54 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
Демони можда и не е богзнае што, ама за ова е ремек-дело! ова у поднаслов може да се вика: 45 минути да (не) умреш од досада. сега ми е уште појасно зашто де нардо и биљардо (шо фино се римувааат) одувек ми биле на дното од табелата. Доволно е да се спореди делириумот на Дилан во Демони и начинот на кој Касертано го прикажал тоа со оваа беда овде. Ова иде рака под рака со Несоница таму кај што му е местото - во заборав!
|
06 Jul 2009, 17:36 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Нешто замре дискусијата за ДД или така ми се чини?
Што викате да оживееме со некаков турнир или гласање за најдобри епизоди или пак да си прикажуваме и да дискутираме контроверзни епизоди ала „Последниот човек на земјата“? М?
|
24 Jul 2009, 12:27 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Епа почни
_________________ ејм фор д бушес!
|
24 Jul 2009, 13:22 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Ќе почнам Ама прво...
|
25 Jul 2009, 10:14 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
Ова е новиот филм? Во врска со дискусијата за ДД...мислам дека често сме кажувале кои ни се омилени епизоди но ете јас би почнала со епизодата со која и го отворив овој топик `Долгиот поздрав`една елегична и полна со тага приказна,приказна во која секој може да се најде по малку и да се подисплаши од самиот живот,од целиот тој тек,минато,сегашност и иднина,и она што се наоѓа помеѓу реалноста и сонот,животот и смртта.Најмногу ги сакам епизодите во кои нема само чудовишта,туку она што наизглед ни изгледа нормално,она што го крие реалноста кога ќе се претстави во ново светло и кога тоа цртачите прекрасно ќе го претстават како едно комплетно доживување.
|
25 Jul 2009, 13:32 |
|
|
The Bat-Man
Ултимејт Резервист
Joined: 29 May 2009, 14:29 Posts: 542
|
Dead Of Night е моментално во пост продукција. Постер од Comic Con.
|
26 Jul 2009, 15:07 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ok izgleda....kako i stalno sto izgledaat grafickite delovi na filmovite(posteri,promo i slicno) Se nadevam nema mnogu da go userat......
_________________ ејм фор д бушес!
|
26 Jul 2009, 15:18 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
26 Jul 2009, 15:35 |
|
|
The Bat-Man
Ултимејт Резервист
Joined: 29 May 2009, 14:29 Posts: 542
|
Мене не изненади што се во пост продукција. Имаат и сајт и се, ја мислев дека уште ја тумачат околу сценариото. Па пред 2 месеца да го ебам само за Roth се знаеше дека е кастиран.
|
26 Jul 2009, 19:12 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
За Рут се знаеше кастингот пред година дена а сценариото во таа точка веќе било готово. Кога пишав првиот пат за филмот веќе беа бајаги навлезени во снимање, а пост-продукција почна пред месец дена. На Комик кон пуштиле неколку кратки клипчиња од тоа што е снимано и реакциите се главно позитивини иако останува чувството дека филмот нема многу многу врска со стрипот... или барем не засега - наводно ќе излезе број што ќе ги поврзе настаните во филмот со стриповите. За Европа филмот ќе се вика „Дилан Дог“ а „Во мртво време“ е изгледа име само за Америка, чисто по пат. Кога сме веќе кај контроверзии, прашање до сите: дали „Последниот човек на земјата“ ви влегува во било каков ДД континуитет и како воопшто го толкувате (настрана што е базиран на „Јас сум легенда“ од Матесон)? За мене, ДД нема благе везе со континуитет бидејќи секој број почнува со табула раза - освен оние што се директни продолженија (ни крос референци и позајмувања на ликови како такви не признавам). Поинаку кажано, постојат милион универзуми со милион Дилани па и еден во кој тој завршува во Зоната на самракот. Инаку ми се допаѓа бројот, бајаги.
|
26 Jul 2009, 23:07 |
|
|
The Bat-Man
Ултимејт Резервист
Joined: 29 May 2009, 14:29 Posts: 542
|
|
27 Jul 2009, 01:50 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
JOk Dilan Dog mu se vikashe Izdadoa 6 epizodi i tolku.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
27 Jul 2009, 10:09 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Мичо е во право: насловот на стрипот си остана Дилан Дог. 6 класика епизоди со нови корици од Мињола беа издадени пред неколку години, а специјално за излегувањето на филмот ќе бидат реиздадени во единствен пакет што ќе ги содржи сите 6. Ќе беше поинтересно да објавеа барем уште 6 па како два различни пакети да ги нудеа, ама што ги знаеш, може и тоа ќе се случи ако продадат нешто.
По пат, ако евентуално некој нема забележано, на врвот од постерот си стои бледо Дилан Дог.
|
28 Jul 2009, 07:40 |
|
|