МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
Mister No http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=29&t=1586 |
Page 1 of 2 |
Author: | Overlord [ 27 May 2010, 20:34 ] |
Post subject: | Mister No |
Долго време пред Zynga покер, интернет порнографијата, PS1,2,3... тогашниот примитивен човек се занимаваше со нешто друго - стрипот !!! Како прв и мој омилен ќе почнам со... Mister No е италијански стрип направен од Серџо Бонели и првпат објавен во 1975 год. Мистер Но (вистинско име Џером "Џери" Дрејк) е роден во 1922 год. и својот прекар го добил 1941 учествувајчи во американскиот доброволен одред "Летечки Тигари" кој се борел на кинеска страна против јапонскиот агресор. Упорно викал NO, т.е. "Не" на јапонскиот полковник Саику кој го мачел и испрашувал. Тој е Њујорчанец, ветеран на Втората Светска Војна, кој се чуствувал неспособен да се вклопи во нормалниот живот после врачањето од војна, во 1950 заминува за Јужна Америка во бразилскиот град Манаус, во потрага по друг живот, неоптеретен од проблемите на современиот свет. Со својот авион "Пајпер" пренесува туристи низ Ј. Америка. Верен пратеник во многубројните авантури му е Ото Кругер, бивш припадник на германската "СС" дивизија, но не и нацист (приморан бил:). Освен него Мистер Но има уште неколку докажани пријатели. Тие се Дана Винтер - пејачка и гитаристкиња, Фил Мулиган - бивш пацифички соборец и приватен детектив, незаобиколениот манауски бармен Паоло Адолф... Важна улога во неговиот живот заземаат и жените. Тој е голем заводник кој вешто го избегнува бракот и на крај на секоја епизода завршува со некоја друга. Најважни се убавата плавокоса, професорка по археологија Патриша Роулендс, потоа пилотката Дебора, Миранда и др... Серџо Бонели во едно свое интервју изјавил дека го креирал крактерот на Мистер Но според еден вистински лик што го сретнал на неговите многубројни патувања во Паленквеу во Мексико. Како што кажува таму сретнал еден згоден младич во еден запустен аеродром. Момчето имало кожна јакна и се преставувало како Капетан Вега. На каишот носело пиштол и летало по Јукатан носејќи животни, овошје и разни намирници. А кога и било да сретнел некој турист само ќе покажел со раката на седиштето и викал "OK, ќе ве одведам каде што сакате". На Бонели тогаш му се родила идејата за јунакот што е возач на Пајпер, но одлучил серијалот да го сместо во Амазонија. Линкови за спуштање: http://acidradio.blogspot.com/ |
Author: | rastaman [ 27 May 2010, 20:37 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
убав вовед посебно е супер што неколку членови викендов имаа чест да се дружат со еден од авторите на стрип фестивал во макарска |
Author: | KRALe [ 27 May 2010, 20:43 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Одличен прв пост Overlord! Нафрли некои слики, и ќе биде совршен постот! Инаку, имаме и за симињање на стрипови, па ништо чудно да е веќе таму „паркиран“ и Мистер Но... Edit/сеуште немаме електронска верзија во тој дел...но, ќе му дојде редот и нему... |
Author: | Meskov [ 27 May 2010, 20:47 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Eве една насловна од стрип кој навистина ме воодушеви и е дефинитивно маст хаве за секој фан на Мистер НО |
Author: | rastaman [ 27 May 2010, 20:48 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
со овој стрип ВЧ започнаа со МНо, така? супер приказна |
Author: | Meskov [ 27 May 2010, 20:50 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Author: | rastaman [ 27 May 2010, 20:52 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
да, сега видов се смешав, пошто и во првите броеви на ВЧ го имаше МНо како дете viewtopic.php?f=19&t=95 |
Author: | Meskov [ 27 May 2010, 20:54 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Во секој случај приказната е феноменална. |
Author: | Brian The Dog [ 27 May 2010, 22:31 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Се слагам со Мешков. Bilo jednom u New Yorku е одлична приказна. |
Author: | Darbog Darkmore [ 28 May 2010, 00:27 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Odlicna prikazna ima Maxi-to. |
Author: | Skywalker [ 31 May 2010, 23:00 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Ми се допаѓаше периодот на ЛМС, особено поновите броеви, денешниве епизоди (во издание на ВЧ) не се ни бледа сенка. Една од моите омилени епизоди деновиве излезе од печат во издание на Либелус. Во тек е набавка на истата. |
Author: | Brian The Dog [ 31 May 2010, 23:20 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Малку приказни имам читано, ама една од омилените ми е Povratak U Manaus. Кога Mister No се враќа од Африка (ваљда) па дознава дека механичарот му го прокоцкал пајперот губејќи на покер од извесен Џек Даниелс |
Author: | Meskov [ 04 Sep 2011, 12:47 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Уште едно прекрасно дело во издание на Либелус повез Чврст наравно папир. Библиотека Алманах Мистер Но И ова ми е драго парче у колекција, се работи за три приказни: Прича о Јунаку Фантастина приказна за еден авион од Втора светска војна и неговата поврзаност со Мисер Но. Ардени 1945 Приказна поради која и го купив ова ремек дело, од секогаш најинтересни ми биле воените приказни со пилотот поготово делот со Европскиот фронт од втората светска војна. Дримленд Приказна во духот на добрите стари детективски приказни. Три различни концепциски приказни собрани во една книга независни една од друга освен што и двете се поврзани со воените и повоените денови на Мистер НО. Книга која навистина секој љубител на пилотот треба да ја има по дома. Од мене трите приказни имаат 10/10 Препорака. |
Author: | Brian The Dog [ 04 Sep 2011, 13:38 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
и секако Bilo Jednom u New Yorku +1 имате сите за разработување на Bonelli форумов! Греота беше да седи празно! |
Author: | Meskov [ 04 Sep 2011, 13:52 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Author: | gordan [ 04 Sep 2011, 20:18 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Author: | Phoenix [ 04 Sep 2011, 20:31 ] |
Post subject: | Re: Мистер Но |
Имате препорака од мене за епизодава. Ова е приказна за тоа како Мистер Но ја добил својата јакна. Ако не се лажам,во периодот пред да отиде во Манаус е. Мора да се прочита! |
Author: | pikantez [ 18 Sep 2011, 17:05 ] |
Post subject: | Re: Mister No |
dali moze nekoja lista na najdobri epizodi ili cisto kako preporaki da se napravi? imam citano mister no na vremeto, se sekjavam deka imase i fantasticni prikazni ponekogas, i opsto kaj sto ima pleminja i sl mi bile omileni epizodi, ama toa epten poodamna, pa bi sakal da se potsetam so mal "izbor" na stripcinja |
Author: | Phoenix [ 03 Dec 2011, 00:46 ] |
Post subject: | Re: Mister No |
Vruca Fotografija-Veseli Cetvrtak 31/32 Изненадувачки добра приказна со куп познати ликови (но и некои нови),многу акција,интриги,динамична прича. Цртежот е на место. Дури и предговорите ми се допаднаа,препорака. |
Author: | Meskov [ 03 Dec 2011, 14:29 ] |
Post subject: | Re: Mister No |
Не се гледаат сликите. |
Author: | Brian The Dog [ 03 Dec 2011, 14:31 ] |
Post subject: | Re: Mister No |
Author: | Meskov [ 03 Dec 2011, 14:44 ] |
Post subject: | Re: Mister No |
Author: | Brian The Dog [ 05 Dec 2011, 13:17 ] |
Post subject: | Re: Mister No |
Author: | Neo [ 08 Dec 2011, 21:22 ] |
Post subject: | Re: Mister No |
@ Феникс: ако имаш прочитано се од Мистер Но во издание на ВЧ, ако не ти е тешко, можеш да препорачаш кои епизоди ти беа во подобрите, не мора слики да бараш, само бројчиња или имиња од епизодите, па може нешто ќе се набави од тоа следна прилика.. Последно го прочитав Мистер Но бр.1, оригиналната пилот епизода и ок си е приказната, но не ми направи некој посебен кеиф како за пилот епизода. A и Фери си е за кај Загор, за кај Мистер Но некако не ми легна тој стил на цртеж, како во Дарквуд да се дешаваше дејствието Мал број на МН епизоди имам читано па се надевам дека доста поинтересни и поквалитетни епизоди следуваат понатака... |
Author: | Meskov [ 08 Dec 2011, 22:48 ] |
Post subject: | Re: Mister No |
Иако и се обраќаш на Феникс, ќе улетам јас на кратко. Со Весели што и да фатиш нема да згрешиш, епизодите се одлични и нема утка. (посебно ми е драг бр.300 во боја) Инаку ако сакаш да почнеш со пилотот обавезна лектира Било једном у Њујорку и моја лична препорака е да ги исчиташ воените приказни (кои во принцип откриваат некои нови работи за пилотот). А ако ептен те мрзи да бараш и за да не луташ премногу, почни со приказните кои се рецензирани во тамава и нема да згрешиш. |
Page 1 of 2 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |