МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
Tex Willer http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=29&t=3603 |
Page 1 of 2 |
Author: | Meskov [ 19 Jan 2014, 21:12 ] |
Post subject: | Tex Willer |
Глеам дека Текс го немаме во посебна тема, читнав нешто периодов (да се потсетам на старите денови) Oklahoma -Убав почеток на MAXI едицијата, фина приказна за освојување на териториите на Оклахома или ти со легално освојување на парче земја, нормално работите да функционирале онака како што треба немаше ни да има потреба од „херои“ на дивиот запад како мојот омилен јунак Текс Вилер. Значи ко у секој вестерн има некој злонамерен тип кој сака да профитира од сето тоа.... Lovac na fosile -Солидна приказна, Текс е во потрага по индијанец (одметник) кој е израснат во бело семејство, во потрагата се испреплетува и експедиција која бара фосили од диносауруси и сето тоа зачинето со еден тон акција и пушкарање во стилот на Текс, солидно раскажана приказна. Zlato juga -Граѓанската војна е завршена со победа на Северот, многу конфедерациски војници и високи функционери животот го продолжуваат во затворите, сепак војната иако завршена официјално сепак конфедерациските сили не се победени целосно. Апсолутна препорака за МАКСИ изданијата. |
Author: | THEMICO [ 19 Jan 2014, 21:54 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Супер тема Мешков друже....мене лично Текс ми е еден од најголемите живари* во свето на стрипо. Добар вестерн стрип енивејс. *живар - сељак шо му се сили на обично послаби однего....во конкретнијо случај на поголемијо дел од персоналот од кафеаните кај шо от со онај КИт КАрсон шо иако има 148 години никако да умри.... |
Author: | Meskov [ 01 Feb 2014, 14:30 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Tex Willer Zlatna serija #166,167 и 169 -Можеби една од најдобрите приказни со тексашкиот ренџер, приказна за граѓанската војна во Америка, приказна за пријателството, братоубиството и бесмисленоста на војната генерално! Ми остави впечаток уште како дете, еве и сега после можеби петнаесет години повторно го имав она чуство на восхит....Да знам Текс е, Бонели е, сето тоа делува некако наивно и детско, одтогаш па наваму се променија многу работи во стрип индустијата општо, имам исчитано еден тон посериозни наслови, ама сепак....... Ептен ми направи мерак приказнава и дефинитивно немој да сте ја утнале (ова важи и за оние “небонели„ стрип љубители на фоумот) Апсолутна препорака! |
Author: | rastaman [ 03 Feb 2014, 08:30 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Author: | Meskov [ 03 Feb 2014, 21:48 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Tex Willer - Almanah Libellus #1 Balada o Zeku Kolteru - стар трапер кој во некој неврзан пијан муабет спомнува дека нашол фрутки злато и станува предмет на напади од секаков олош. Karavana straha - Текс и Карсон откриваат леш, судбината ги наведува да станат водичи на караванот за Калифорнија и да се соочат со страшната вистина за припадник на племето Апачи и неговата желба за одмазда. Tex Willer - Almanah Libellus #2 Ubojica indijanaca - Текс и Карсон се на трага да ја откријат страшната вистина за потребата од лов т.е убивање на индијанци, убава ноир мрачна атмосфера преовладува во целата приказна. Bad river - Убава каубојска приказна за животот на еден ранч, скротувањето на диви коњи и расветлување на едно старо убиство! Одиме понатаму..... |
Author: | Ozymandias [ 04 Feb 2014, 03:20 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Последните епизоди со Текс Вилер ги прочитав од Златна Серија, пред повеќе од дваесет години. Навистина одлични приказни. Најмногу ме привлекуваа тајните друштва, некои мистериозни организации, ликови. Тоа го разликуваше овој лик од останати вестерн стрипови. Не знам дали и сега е на тоа ниво. Кај нас не верувам дека доаѓаат овие изданија, погоре што ги рецензира членот Meskov. |
Author: | Meskov [ 23 Feb 2014, 13:23 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Tex Willer - Almanah Libellus #3 Glorieta pass - приказна која се надоврзува на „Кад топ загрми“ односно имаме уште една маестрална приказна за воените денови на ренџерот, приказна која ги обединува војниците на северот и југот против заедничкиот непријател! Planina tajni - Текс налетува на леш и тргнува да го најде убиецот, убава мрачна атмосфера за некое збутано гратче на дивиот запад, приказна за уцената и приказна за милоста! Tex Willer - Almanah Libellus #4 Zakon pustinje - Ограбена е банка, детето на сопственикот е земено како обезбедување, Текс е на трагот на разбојниците, за жал решаваат да ја преминат пустината и да стигнат до Мексико..... Zadatak u Sierra visti - Текс е на трагот на бостонски полицаец кој пак е во потрага по бостонскиот убиец, одлична приказна! |
Author: | Temnik [ 23 Feb 2014, 13:43 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Tex bil otsekogas i ke bide vrvot na Bonelli... zal mi e Zagor-ovci, ama za razlika od Zagor, vo Teks rabotele i vo momentov rabotat najgolemite majstori (ne samo spored mene) na strip industrijata... Claudio Villa, Jose Ortiz, Joe Kubert, Raphael Marcello, Alessandrini, Viktor De La Fuente, Alfonso Font... a od ponovite crtaci brakata Cestaro, Venturi, Seijas, Mastantuono... znaci i da ne go citas scenarioto, dovolno e da go gledas samo crtezot od majstorive. |
Author: | Laf [ 23 Feb 2014, 15:48 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Го нема Фери, не ти држи тврдењето дека на Текс работат само најголемите... |
Author: | Temnik [ 23 Feb 2014, 15:52 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Feri go crtal Zagor... proveri sto se imaat nacrtano iminjava sto gi navedov... ednostavno nema sporedba |
Author: | Laf [ 23 Feb 2014, 16:14 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Се шегував, нели. Имињава ми се познати инаку (освен Raphael Marcello, барем како име, и двајца од поновите што си ги навел). |
Author: | Temnik [ 23 Feb 2014, 16:27 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Raphael Marcello... ozbilno ne si slusnal?... Sigurno si slusnal barem za eden od ovie negovi stripovi... Taranis, Dr. Zistis, Princ Fantom... treba da prodolzam..? Inaku ako si cital "Otkrice Sveta", toj e eden pozastapenite crtaci, ja nacrta i epizodata za Aleksandar Makedonski... duri i od Zagor nekolku epizodi ima nacrtano... eee Laf, me razocara epten... |
Author: | Temnik [ 23 Feb 2014, 16:48 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Posto e za Tex postov, eve go i Tex vo negova interpretacija: |
Author: | Laf [ 23 Feb 2014, 17:02 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Author: | KRALe [ 23 Feb 2014, 17:12 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Знаеме...ти само Фери го знаеш. И затоа - не ти замеруваме. Не си ти крив. До Заги е. |
Author: | Laf [ 23 Feb 2014, 20:31 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
До тебе е. Само Фери, Загор, Фери, Загор, Фери, Загор (чат-пат Чико и Џими Гитара)... |
Author: | KRALe [ 23 Feb 2014, 21:31 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Ако мислиш да се вадиш на мене - у реду е. СВЕ ти опраштам(о). |
Author: | Meskov [ 01 Aug 2015, 21:25 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Да се вратиме на темата Tex Willer - Almanah Libellus #5 Poslednji odred - Текс налетува на фарма на која сите се убиени, веќе станува јасно дека едно од индијански племиња Апачи се побунило т.е избеглао од резерватот и нормално нашиот јунак ќе се обиде да ја смири целата ситуација за да не дојде до поголема ескалација на проблемот. Sluacajni junak - Убиство на ренџер, Текс треба да открие кој е убиецот и трагите го водат до банда која им продава оружје на индијанците, во меѓувреме се појавува брзиот ден и тврди дека е брз со пиштоли но дали е тоа стварно така?! Tex Willer - Almanah Libellus #6 Na zemlji Klamatha - Орегон, на повидок е нова војна со индијанското племе Кламати кои се револтирани што дрвосечите од една голема компнија ги злоупотребуваат границите. Текс и стариот Карсон ќе се обидат да ја откријат вистината. Bjegunac - Текс е во потрага по еден озлогласен бандит. Ќе дојде до пукање во салон и Текс ќе биде обвинет за тоа, ќе се организира потрага, Текс за жал останува без своето оружје и без својот коњ и ќе мора да се снајде само со лукаствата и вештините кои ги има стекнато низ годините. |
Author: | Meskov [ 02 Aug 2015, 13:26 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Poslednji pobunjenik - Strip Agent -Ова си го набавив на хартија од Бункер наравно. Уште на сам старт морам да признаам дека цртежот на Вилсон многу пријатно ме изненади, искрено и незнаев дека го црта ако не се кажам „Млади дани поручника Блуберија„, како и да е фантастичен е. Приказната е сон, не знам за вас, ама мене ептен мерак ми прават приказните за ренџерот кои се поврзани со граѓанската војна во Америка. Приказна исполнета со доста интриги, Текс мора да се откаже и од својата слобода за да ја открие големата мисерија... Време беше да ги дочитам и приказните од Макси едицијата на Луденс. Sjeverozapadni teritorij - MAXI #5 -Приказнава синоча малтене ме остави без сон, 300 и кусур саати со посебно уживање во цртежот и приказна која навистина плени. Овој пат дејствието е на север преку Аљаска па се до Канада, индијанска мистика, санките со кучиња како превозни средства, стари познанства ама и стари непријатели. Текс и Карсон во обид да го откријат исчезнувањето на еден нивни пријател од Канадските црвени капути ќе се соочат со еден одамна заборавен непријател и сето тоа под превезот на појавата на Виндиго и неговото присвојување на човечките души... Rio Hondo - MAXI #6 -Ова е веќе сосема нешто друго, класична приказна за група на луѓе кои сакаат да приграбат голема територија во областа Линколн на самата граница со Мекско. Нормално притоа треба да ги истераат сите ранчери од областа и се служат со уцени, закани, крадење на стока и сл. Норлмално еден од ранчерите е голем пријател на Текс и тука почнуваат сите проблеми на „лошите“ Одлични приказни, препорка за истите. |
Author: | KRALe [ 02 Aug 2015, 13:41 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Odlicni recenzii Meskov. Super. |
Author: | Meskov [ 09 Aug 2015, 10:24 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Уште една тура од синоќа Vanredni broj Strip zabavnik: Konjanici smrti -Мераци! Класична прича за лакомоста на белиот човек и искористување на мирољубиво индијанско племе. Оцена погоре заради инволвираноста на Навајо индијанците. Strip agent br.1 Usamljeni jahac -Иако големи имиња, тука некако нешто не ми штимаше. Покрај колорот кој многу ама многу ми сметаше, цртежот на Кјуберт не ми легна некако (зборам конкретно за стрипов) и приказната некако тралалајка, како да сакале од се по малку и на крај да не излезе ништо. Ludens MAXI #8 Blindirani vlak -Одлична приказна и многу инспиративен цртеж. Приказна која нашите јунаци ќе ги однесе на тајна операција во Мексико да спречат еден луд генерал кој сака да ги врати старите територии на Мексико. Нормално кај што има Мексиканци секогаш ама секогаш има и воз со злато. Останатото ќе си го прочитате Ludens MAXI #9 Opasno putovanje -Класичен каубојски вестерн, со терање стока низ Тексас, со проблеми, со спротивставен ранчер кој е побогат и сака да те избрка од твојата земја со сФЕ. Боже колку ги сакам овие приказни со Текс, едноставно преубаво! Ludens MAXI #10 Otrov kobre -Цртеж ГНОЈ, значи ужас...Среќа приказната вреди за сите пари. Значи Текс на пат кон Сан Франциско се судрува со една кинеска секта која ќе се обиде да ја однесе пред лицето на правдата. |
Author: | Ozymandias [ 12 Aug 2015, 15:40 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Дали стриповите ги купуваш или се ова електронски варијанти? Текс ми беше омилен, меѓутоа со гаснење на Златна Серија, некако изгубив континуитет, набавив нешто од Слободна Далмација (додека и тие беа активни) и Весели Четвртак, но не сум купил вакво Макси издание, нити пак Гигант. Со овие објави некако ми се враќа желбата за ваков вестерн стил, полн со тајни организации, мистерии итн. |
Author: | Meskov [ 12 Aug 2015, 19:13 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Од ова конкретно што е „рецензирано“ го имам само гигантот од стрип агент, инаку да имам дома тексови еден куп вклучувајќи и две макси изданија. Генерално се скенови пошо се нема пари за све Имило ми е што темава ти ја вратила желбата за Текс |
Author: | Ozymandias [ 12 Aug 2015, 20:48 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Не пронајдов објава, во темата за преземање стрипови, за Текс, каде се овие изданија, од погоре, има само една за изданијата од Златна Серија, кои ги имам читано. Каде може да се најдат врски за некои од овие изданија кои ги имаш посочено погоре? |
Author: | vaci [ 13 Aug 2015, 19:06 ] |
Post subject: | Re: Tex Willer |
Текс ми е супер стрип. Баш тоа што е живар (што би рекол Мичо ), му дава една човечка димензија, за разлика од еден куп други слаткасти ликови со високи морални начела од тоа време, кои те убиваат во поим со нивната перфектност и политичка коректност Си има човекот камен (за разлика од Загор кој стално е шворц, па сирот Чико мора да се снаоѓа како знае и умее за секој оброк), сака добра храна, сака да испие пиФце, сака да се зеза со Карсон... си ужива во животот Башка и Дивиот Запад не бил баш за однесување во ракавици, нели Текс има разбиено еден куп стереотипи врзани за индијанците. Од ова перспектива можеби тоа и не изгледа така, ама ѕирнете во кое светло се претставени индијанците во Холивуд во 40тите и 50тите и ќе ви биде јасно Точно е дека најпознатите имиња работеле на овој стрип. Последната посластица од Бонели е новата едиција Romanzi a fumetti, во која честа да го отвори овој серијал му припадна, ни помалку ни повеќе, на култниот автор на Друна, Paolo Eleuteri Serpieri. Од издавачите на овие простори до сега има најава само од Либелус за овој серијал. Еве како би требало да изгледа нивната насловница: Празник за очи |
Page 1 of 2 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |