Star Wars: The Clone Wars - The Lost Missions #1-13-КОНЕЧНО!!!!!! Кончено ја дочекавме и последната сезона од оваа прекрсна сага, сага за 4 годишната војна на клоновите, војна која остава траен белег во целиот star wars универзум, војна која јасно го дефинира правецот на движење на работите, војна која е важна не само за редот на џедаите и преземање на власта од страна на ситовите, него и војна заради која и најстариот дури би рекол и најмоќниот џедај мора да се соочи со сам себе и да го продлабочи своето знаење во силата!!!!! Одличен концепт, одлични решенија за многу карактери кои продефилираа низ целава оваа сага од шест сезони, визуелно изгледа фантастично, музиката е доведена до совршенство, ДА се појавува и омразениот Џар Џар ама и тука е симпатичен како и секогаш, ненаметлив, едноставно не сметаше во тие две епизоди кои му беа посветени, убаво ја решија и „мајката од Дантомир“, патот кон мрачната страна на Анакин и конфликтот што го има во себе, наредбата 66 и посветеноста на клоновите едни кон други, имаше тука обични да не речам стандардни епизоди кои сме ги виделе многу пати во претходните сезони (се чудев, гледав во нив со неверување, едноставно очекувањата ми беа преголеми и чуствував дека го губат времето со небитни работи....) и сето ова во заградата падна во вода кога ги изгледав и последните три епизоди, да последните три епизоди илити финалето на шестата и за жал псоледна сезона од војната на клоновите. Едноставно брилијантно изведено финале, разјаснување на работите, Јода и неговото откривање дека ќе ја изгубат војната ама сепак..........
Со душа ја чекав оваа сезона, искрено ни сам не верував дека ќе издржам околу пет и кусур саати пред компјутер ама вредеше, вредеше секој поминат саат, минута, секунда, преубаво доживување со многу искрен, реален крај!!!!!
Здравје боже останува да ја почекаме новата серија Rebels и да видиме што ќе направат таму, од она што имам прилика да го прочитам по нетов ветува и верувам дека ќе биде барем на истото ниво како негвоиот претходник.
Во четвртокот ме фати „криза“ па морав да и седнам на Clone wars од 2003 година на Тартаковски, ја сакав и пред десет години кога ја гледав мила ми беше и сега (ако не сте ја гледале, немој да ја пропуштите никако)
Неверована сезона!
Целиот серијал од 6 сезони АПСОЛУТНА ПРЕПОРАКА!