МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
STAR WARS Rebels http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=31&t=3694 |
Page 1 of 1 |
Author: | Meskov [ 18 Mar 2014, 19:39 ] |
Post subject: | STAR WARS Rebels |
После одличната завршница на Clone wars и текако се спремам за новава серија Темава ќе ја искористам за собирање на сите новсти, гласини и се што е поврзано со серијава! Уживајте. |
Author: | Meskov [ 03 Oct 2014, 21:16 ] |
Post subject: | Re: Star Wars Rebels |
Вечер е премиера на чудово Одвај чекам да се појави торент! |
Author: | KRALe [ 03 Oct 2014, 21:40 ] |
Post subject: | Re: Star Wars Rebels |
Госпон’ Мешков (и сличните фанатици на овој форум...) Ова Би можело да те интересира: Star Wars Rebels S01 Special Art Attack https://eztv.it/ep/58888/star-wars-rebe ... -x264-w4f/ (18 MB) Star Wars Rebels S01 Special First Look https://eztv.it/ep/58887/star-wars-rebe ... -x264-w4f/ (62 MB) |
Author: | Meskov [ 03 Oct 2014, 22:02 ] |
Post subject: | Re: Star Wars Rebels |
Не би можелно, него одма симнувам! Фала. Патем периодов ми одлепи со нови серии, моментално спуштив forever! |
Author: | KRALe [ 04 Oct 2014, 10:49 ] |
Post subject: | Re: Star Wars Rebels |
Author: | Meskov [ 04 Oct 2014, 11:36 ] |
Post subject: | Re: Star Wars Rebels |
Изгледана прва епизода од анимираниов! Првите впечатоци ми се горе доле добри (ова значи дека ќе се прегледа уште еднаш). Карактерите се добри, горе доле ако ги следевте сите новости поврзани со серијава (како мене) веројатно и можевте да претпоставите што и како ќе се случува, значи имаме џедај кој предводи „пиратска“ банда со цел напади врз империјата и помагање на немоќните (колку и да звучи ова лошо ) Главните ликови покрај џедајот се горе доле стандардни, значи имаме пилот, саботер и онаков класичен мускулест војник и она без кое нели не може а тоа е апрентис кој би требало да биде ликот околку кој ќе се врти целата приказна. Покрај запознавање со ликовите, епизодава изобилува со многу, ама многу акција, од стормтрупери, преку масивни експлозии па се до таи фајтери и она што е најинтересно се појавува Инквизиторот т.е главниот негативец. Е сеага малку за универзумот, значи верувам љубителите на стар ворс серијалот се добро запознаени со т.н „проширен универзум“, случувањата во прикзнава се помеѓу третиот и четвртиот дел од филмската сага, по моја проценка авторите и текако имаат одврзани раце да си „играат“ со приказната бидејќи се работи за период од дваесетина години. Единствена замерка за серијава ми е анимацијата, некако премногу детска по мој вкус, ама па тоа и е разбирливо со оглед да серијалов и е наменет за деца Мислам дека сега за сега е доволно, ова што го напоменав погоре е само плотот за серијата и не открив скоро ништо. Јас максимално уживав и дефинитивно ова ќе го пратам серијалов со големо внимание. Инаку оние два линка од погоре што ги постираше Крале сега и не се толку актуелни односно не се маст воч од причина што се промо материјалчиња за самата серија. |
Author: | Tet0eC [ 05 Oct 2014, 03:16 ] |
Post subject: | Re: Star Wars Rebels |
Аладин in space цртанов Со поднаслов: The Return of the Dumb Stormtroopers (илити, оние од оригиналната трилогија). Што, морам да признам, многу ми направи мерак. За стормтруперите мислам, цртанот онака, воведно. Ќе се гледа кога ќе ме фаќа SW носталгија. |
Author: | Meskov [ 05 Oct 2014, 09:52 ] |
Post subject: | Re: Star Wars Rebels |
Author: | Brian The Dog [ 05 Oct 2014, 12:45 ] |
Post subject: | Re: Star Wars Rebels |
го ѕирнав онака. Тетоец тоа што кажа... Чат пат ќе се гледа по нешто можда. |
Author: | jovce krstitelce [ 05 Oct 2014, 17:24 ] |
Post subject: | Re: Star Wars Rebels |
го враќат стар варс доживљајот .. ќе се гледа ова секако. |
Author: | Meskov [ 20 Oct 2014, 16:56 ] |
Post subject: | Re: Star Wars Rebels |
Втора и трета епизода одлични. |
Author: | Meskov [ 28 Oct 2014, 20:57 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Четвртава одлична! |
Author: | Meskov [ 03 Dec 2014, 20:55 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Прати бе некој ова? Иначе пета, шеста и седма фантастични епизоди. Солидно си тера причава, има лајт сејбер дуели. Музичето од оригиналната филмска трилогија ептен мерак. |
Author: | talamar [ 04 Dec 2014, 10:30 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Jas ja pratam. Malku mi e off neshto, mada moze ne sum u SW mode u posledno vreme. Posledna mi beshe Empire Day mislam 6-ta, pata-pata. Kje vidime kako kje tera. |
Author: | Meskov [ 21 Feb 2015, 13:00 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Осма, девета, десета и единаеста епизода се милина. Приказната убаво се развива, од мистиката за силата, тук и таму некој лајт сејбер дуел и еден тон акција. Музиката исто маестрално го надополнува уживањето во епизодите. |
Author: | Meskov [ 07 Mar 2015, 09:55 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Заврши прва сезона со многу ама многу добро финале! Фанови а и нефанови на star wars, немојте да ја утнете серијава. |
Author: | Tet0eC [ 07 Mar 2015, 16:47 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Author: | Meskov [ 28 Jul 2015, 19:13 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Почна втора сезона, т.е извадија пилот за втора сезона во траење од четириесетина минути, официјално сеаоната стартува септември. Пилотов е лудница, голема доза на сериозност кај карактерите, добро познатите негативци плус едно би рекол големо изненадување (додуша ако ги следевте промо материјалите ) верувам дека веќе знаете за кого се работи и сето ова прткаено со една многу моќна приказна која многу ама многу ветува. Секако она што го оставија како „нерешено“ во Clone wars тука дефинитивно убаво се вклопи, верувам дека ќе претстои една сезона која ќе биде многу подобра од првата (која патем речено беше одлична) и серазбира многу забава за љубителите на серијалот. |
Author: | Meskov [ 28 Nov 2015, 21:19 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Л У Д Н И Ц А! Изгледани осум епизоди од вторава сезона. Есдноставно серијава е брилијантна, одличен стар ворс сетинг, одлично надоврзување на приказната од clone wars, враќање на стари добро познати ликови, Ведер е бедес мадрфкар, два нови инквизитори и што е најважно многу свеж и посериозен пристап кон приказната, за разлика од претходникот тука добиваме една сосема поинаква перспектива на формирање на алијансата на бунтовниците и нивните зацртани цели да ја ослободат галаксијата, нормално приказниве изобилуваат со акција, ghoust ми е веќе фејворит летелица во sw универзумот. Е да за момент ама само за момент видот паметен стормтрупер! Како и да е добро освежување а итекако и добро пополнување на време до премиертата на the force awakens. Патем исчитана ми е и А new dawn, приквел на серијалот rebels ама за тоа повеќе во соодветната тема! Немојте, ама стварно немојте да ја утнете серијава! |
Author: | Meskov [ 05 Dec 2015, 13:40 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Изгледана и деветата епизода. Одлично, мрачно, прљаво, како што доликува на периодот во кој се случува дејствието. Асока е тоално мрдната. |
Author: | Meskov [ 12 Mar 2016, 14:29 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Изгледа само јас си пратам ова, а? Изгледани од десета до шеснаеста епизода, приказната тера одлично и дефинитивно ќе имаме одлично, мрачно финале. |
Author: | Tet0eC [ 12 Mar 2016, 17:12 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Eee, ја и седумнаеста ја изгледав Додуша, не ги гледам како што излегуваат, обично неколку во пакет кога ќе ме фати малку туга за Star Wars, а изгледа и ти по истиот модел функционираш... Со тоа што тебе многу туга те фаќа |
Author: | Meskov [ 12 Mar 2016, 20:38 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
Author: | Meskov [ 02 Apr 2016, 11:18 ] |
Post subject: | Re: STAR WARS Rebels |
По повод епсокото финале на втора сезона https://medium.com/@Meskov81/star-wars- ... .rup4584zc |
Page 1 of 1 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |