РАЗГОВАРАВМЕ СО ТХЕ МИЧО
Сето ова заборајте го ако некогаш работам во DC Comics
Уметник, стрип цртач и горд Битолчанец. „Супер-херој“ во стрип културата. Само размислете. Тој има свое име- Михајло Димитриевски, и „алтер его“ како и сите супер-херои. Всушност има две. Дел од фановите го препознаваат како Тхе Мичо, а дел и како Бричсон Праудфит. Идивиди имаше задоволство да разговара со Михајло Димитриевски, а за неговите мисли поврзани за актуелната ситуација во стрип културата, филмовите и неговите идни проекти... Подолу во интервјуто.
Вашиот уметнички алијас е Тхе Мичо, а приватниот на Facebook профилот е Бричсон Праудфит. Делуваат како алтер его на супер херои. Кој е Тхе Мичо, а кој Бричсон Праудфит? Како настанаа алијасите и кои се разликите/сличностите меѓу нив двајца?
Алијасот настана во средно при едно бегање од час при што ја посетив уметничката галерија во близина на саат кулата во Битола и ја видов изложбата на битолскиот уметник Мичо. Со предпоставка дека во иднина некој можи да се збуни, додадов ТХЕ на Мичо. Како демек да биди кул и про англиски. Бричсон Праудфит го смислив при отварање на профилот на фејсбук и предпостављам дека заради икс причини голем број на луѓе (тикви со расол голем број....6 пример) шо не ги познавав лично ме побараја за пријател, а тој Бричсон профилот ми е за свадби крштевки и слично слики така да... Кој шо сака цртежи да гледа нека бара Тхе Мичо...има Фејсбук страна-јас тоа си средувам и то...Сличностите на двајцата се шо се дебели и со брада. И се мачат со анатомија.
Во 2012-та година го претставивте стрипот „Волшебното катче на Цане“, за кој ја освоивте наградата за Сатиричен стрип каиш на Балканската смотра на млади стрип автори. Веќе следната година ги претставивте и колекцијата цртежи инспирирани од Тhe Lord of The Rings. Што е следно од вас во стриповите, но и во самите цртежи што можете да го најавите за јавноста?
ВКНЦ е стрип шо го цртаф за мајтап... и доби награда-што е кул.Тоа цртежите од LOTR си ги праам така пошто сум фан на серијалот плус послужија таман за мала изложба во Битола по повод премиерата (тогашна) на Хобит 2. Коа ќе задума чоек-кај ги најде овие два примери-меѓу ниф има барем миљарда цртежи проекти и вотевр Стрипој од мене наскоро компир (шо е еднакво на нула) а во иднина игри и цртани. Барем годинава. Која јавност? Оние 6 души од погоре?
Активен сте и во креирањето на игри со карти. Веќе работевте на Shipwrights of the North Sea, а ја нацртавте и Valeria: Card Kingdom, во соработка со Исаијас Валејо и Daily Magic Production. Играта веќе беше ставена на Kickstarter и каков е напредокот од тогаш? Дали со кампањата играта ќе го види „светлото на денот“ и се разбира кога ќе биде достапна за „гејмерите“?
Јеп. Нaброените се веке одамна готови. Shipwrights 2 е веќе во печатница а сега почнав да работам и на Shipwrights 3,Valeria е во печатница исто и веќе работам на продолжението. Работам на уште десетина игри- Dragon Keepers, моментално во делот со boardgames. Кикстартерот испадна убаа работа искрено-немаф појма ни шо е ни како е до пред една година. Накратко се продава играта пред да излези-а купувачите ја финансират. Со еден збор претплата за производ. Нормално производот треба да е добар и во смисла на содржина, а и убо нацртан. Игриве шо ги праам сите го наткачија лимитот дури и по неколку пати. Ваљда ме бива. Или тие 6 души стварно сакат да ми поможат.
Од неодамна сте дел од новата македонска компанија Lynx Animation Studios и првиот проект на Lynx е вселенската опера „Џон Вардар против Галаксијата“. Која е примисата на „Џон Вардар против Галаксијата“, како дојдовте до инспирацијата за него и претставете ни го самиот анти-херој Џон Вардар.
Lynx animation studios е нова македонска фирма шо официјално старта од септември. Колку шо разбраф од одговорните шо ми се случајно другари, еден од ниф не ми беше другар-ама од ко ми поклони статуа од клон трупер ми стана најдобар другар-ќе се работи воглавно за надворешен пазар. Јас си цртаф елијени одамна а Гоце-сценаристот ги имаше бендисано исто одамна, така да на основа на цртежите мој „склепа“ концепт кој испадна поприлично интересен. Ко шо кажаа по фестивалите има заинтересирани да го купат па ќе видиме наскоро. Инаку екипата шо ќе работи е релативно интернационална, најнормално појачана со домашни таленти. Паралелно ќе се работи и на уште неколку анимирани филмови како и игри. 6 души ке бидат среќни.
Додека сум на темата филмови, меѓу последните објави на вашата Тхе Мичо страна на Фејзбук може да се најдат доста цртежи инспирирани од актуелните холивудски филмови како Minions, Mad Max Fury Road и моментално актуелниот Ant Man. Кој од нив најмногу ви остави впечаток како уметник и ако имавте можност да го погледнете дали сте задоволни од адаптацијата на Марвеловиот култен стрип Ant Man?
Абе...убај се сите погоре наведени-шо од поглед на дизајн, шо од општо како филм. Јас сум мераклија на филмој посебно на анимирани или такви со ефекти така да од кога ќе изгледам филм ептен ме тера нешто да исцртам. Предпоставувам дека мојте соработници ги нервира ова пошто тие си чекат нивните цртежи, ама јас па работам брзо така да сите се задоволни. Или барем ме лажат дека се. Минионите се супер-син ми ги обожава, Лудијо Макс е топ со адреналин а Чоеко Мрафка ми е врв моментално пошто сум пристрасен кон Марвел. 6 фаној мој! Ојте глете го Чоеко Мраф.
Ако продолжиме да зборуваме за адаптации на популарни стрипови кои ги очекуваме во блиска иднина... Batman v Superman: Dawn of Justice и Suicide Squad пристигнуваат следната година во кино-салите и трејлерите веќе се објавени. Wonder Woman и Justice League се закажани следната година. Дали со овие проекти DC Comics полека но сигурно станува конкурентен на машинеријата наречена Marvel по поглед на стрип адаптациите? Бидејќи The Dark Knight трилогијата беше успешна кај кино-публиката, но DC имаше и доста критички и бокс офис „утки“ со Green Lantern, Jonah Hex, па дури и Superman Returns не ужива во преголема прифатеност кај фановите а ако се навратам уште наназад да не го споменувам Catwoman.... Како изгледа иднината на DC во кино-салите?
Нит станва нит бутур. Прво Бен Афлек не е Бетмен. Второ, сите знајме дека суперхерои не постојат така да нека не ја тупат со то шо ги праат фотореалистични-едноставно не функционира тоа. Плус то-како ќе му се тепа жити се Бетмен на Супермен? Прецизен погодок со то ласеро од очите од преку пола планета и филмо ќе трај пример 3 минути сосе најавна и одјавна шпица. „Самоубилачкијо одред“ делува интересно....ќе видиме то. Вил Смит не ме бендисва. Несомнено ќе бидат убај филмојте, преубо напраени и ќе ги гледам на кино ама ова погоре останва. Мрачнио Витез мене ми беше преглуп мене искрено.Тим Бартон и она серијата старата врв од Бетмен замене.„Зеленио Лампион“ и „Џона Хекс“ мизерија, Супермен со гаќите небеше лош....ама ваљда заради музиката ко ќе помини покрај авијоно првиот пат. За Кетвомен нејќам ни да зборам. Сето ова заборајте го ако некогаш работам во Ди-Си....тогаш супер ќе ми бидат филмојте. Се надевам 6 души го делат моето мислење. Или нема да се намалат на 5 пример...или 4 што е уште полошо.
Во декември оваа година конечно ќе пристигне филмот кој сите фанови на Star Wars го очекуваат- Episode 7 или The Force Awakens. Кое е вашето мислење (и предвидување) за филмот? Што очекувате Џеј Џеј Абрамс режисерот да ни прикаже (визуелно) и дали сте задоволни од визуелните промени кои ги има најновиот дел, како на пример изгледот на lightsaber-от?
Не знам шо да одговорам на прашањево. Стар Ворс....Што да очекува чоек. Убајни. Мачо троа глуп додуша ама според информациите Кајло го правел сам затоа е така, троа глуп. Џеј Џеј ќе клај ленс флер во сцените дури снима и то. Веројатно ќе има пригодна манифестација по повод Стар Ворс во Битола, ама не кажвам пошто вие Скопјаните тро така...малку ви е Скопје 2014. 4 фаној шо ми беа се изретчија.1 од нив бил треќи.
Постоеше доминантно мислење не само во САД туку и кај нас на Балканот (многу помал пазар од САД) до пред само неколку години, дека личностите кои се дел од стрип културата се асоцијални nerds/geeks и freaks а така беа (и се уште се делумно) прикажувани во мејнстрим медиумите. Не мора да одам далеку. Само треба да се погледне на пример Chasing Amy и Holden McNeil/ Banky Edwards ликовите од тој филм. Но, полека (поправете ме ако грешам) се менува перцепцијата кај генералната популација. Дали е тоа поради популаризацијата преку филмските адаптации или пак преку сериите како Big Bang Theory, но мислењето за оваа култура и за лицата во неа се менува и станува поприфатливо и позитивно. Какво е мислењето за неа тука и сега за разлика од порано во Македонија од вашето досегашно искуство?
Тикви со расол. Никакво мислење нема за стрип културата и поп културата општо.Јес дека е во благ пораст ама пред и се заради филмојте и игрите.Сан Диего Комикон кој беше стрип фестивал сега е доминантно фестивал за филмој и игри.Ама тоа е-поарно нешто отколку ништо. Гледам додуша нешто младиве почнаја во последно да носат мајци и потчитнуват тро, ама ќе видиме. Кај нас претежно земјоделци се и живари. Заради субвенците тоа изгледа. Освен мојте 3 фаној...тие се супер и си пратат стрипој.
Кои се личностите поради кои го засакавте стрипот но и анимацијата? Макс Бункер, Чак Џонс, Стен Ли, Мајло Манара, Генди Тартаковски можеби? Кои беа уметниците кои извршија најголемо влијание врз вас и го трасираа патот до тоа што сте денес?
Појма немам. Почнав со Микиев Забавник и Микиев алманах.100 динари парче. Неделно. Уште мирисо му го памтам-а ако го подзаборам имам уште стрипој од тоа време па се подсеќам. Сетне се префрлив на она италјанските бози Загор, Блек, Марк итн (шо би се рекло народњаци-вит ол дју риспект) па на француско-белгиски стрип +Политикин забавник, за сега да пратам генерално Марвел (мада да куфам скоро се) и артбукој. Макс Бункер, Харолд Фостер, Берн Хогарт, Сајмон Бизли, Крег Мекракен, Пол Рудиш, Генди, Чак Џонс, Стен Ли, Фрезета, Кирби, Алекс Рејмонд, Адам Хјуз, Адриан Смит, Семвајс Дидиер...итн,итн....премногу да се редат. Како и да е несомнено е дека Картун Нетворк од пред 10 години имаше големо влијание на мене. Заради стилот-пошто сакам стилизација + побрзо се црта така...хе хе хе. Се надевам дека и јас како и наведените автори ке влијам да некој од мојте 3 фаној почни да црта.
http://www.idividi.com.mk/intervju/vo4o ... index.html