Стрип Центар на Македонија - Велес објавува
КОНКУРСЗа стрип
За 7 -миот Меѓународен Салон за Стрип - Велес 2009
Пропозиции:
- Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;
- Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат, квалитетна копија (мин. 300дпи). Стриповите нема да бидат вратени, и Стрип Центарот не одговара за какво било оштетување при транспорт;
- Темата на стрипот е слободна;
- Текстот во стрипот да биде испишан на македонски, англиски или на еден од јазиците од Екс - Ју просторите;
- Секој автор може да учествува со само еден стрип;
- На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш...)
- Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, дата на раѓање и место како и држава од каде е авторот), како и година кога е стрипот нацртан.
- Сите пристигнати стрипови ке бидат вклучени во Изложбата на Салонот на стрип.
- Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија и Комисијата ќе направи избор и ке ги предложи следните награди:
Прва награда, ''Златен стрип'', керамичка чинија и диплома за прво место.
Втора награда, керамичка чинија и диплома за второ место.
Трета награда, керамичка чинија и диплома за трето место.
Награда за најдобро сценарио, диплома.
Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.
Рокот за испраќање е до 1-ви Ноември 2009 година
Адреса:
Стрип Центар на Македонија - Велес
(за конкурсот)
Ул. Васил Горгов, бр.78
1400 Велес
Република Македонија
Телефон: ++ 389 043 221 395
E-mail:
comicmk@yahoo.com
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com --------------------------------
A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis