Другари и другарки,
Фрик Фестивал 2014 (шесто издание) има за цел да ги препрочита поимите поврзани со специфичниот контекст во пост просторите (на територија на некогашна Југославија и некогашна СССР) и начините на кои се создаваат нови јадра на проникнување, на поинакви модели на дејствување и истражување, преку неколку медиуми. Програмата ќе биде реализирана со работилници, изложби и концерти со стремеж да постави или врати една обединувачка порака – Античка љубов. Простор, во кој губитокот и паднатите битки се секојдневна атмосфера и товар над сите нас, преку границите на „здравиот разум“ се селиме таму каде започна, кон Античката љубов.
Оваа година ФРИК Фестивалот е во соработка со БОШ и Ново Доба и како гостин на Факултетот за ликовни уметности во Скопје ќе се обиде преку заедничка работа, принцип на солидарност и самоорганизирање да го обмисли и постави финалниот концепт на фестивалот. Преку серија работилници за самоорганизација/алтернативни начини на продукција и актуелизирање на различностите, ФРИК ќе се обиде да го напушти фестивалскиот начин на презентација и преку директен демократски пристап да ги вклучи учесниците во остварувањето на крајната изложба на фестивалот на тема Античка љубов, форма на истражување: цртеж.
Работилниците за сито-печат, стрип и цртеж ќе се оддржуваат во Галеријата на ФЛУ (во зградата на Педагошкиот факултет) од 25 до 28 декември, од 12 до 20 часот (во договор со учесниците). Работилниците ќе бидат водени од членовите на Ново Доба во изработка на сито, заеднички плакат и заеднички печат за платно.
Последниот ден, 28 декември, ќе биде поставена изложбата, проследена со концертни настапи.
Формација за развој на иницијативи во културата
www.frik.mkБОШ Фестивал
http://www.boshfest.com/Ново Доба
https://www.facebook.com/NOVODOBAFESTIVALhttp://www.novodobafestival.net/Контакт e-mail:
frikaktion@gmail.com