|
|
It is currently 18 Dec 2024, 00:07
|
|
Page 1 of 1
|
[ 11 posts ] |
|
Рецензија: Графичка новела "Joker", take two...
Author |
Message |
The Bat-Man
Ултимејт Резервист
Joined: 29 May 2009, 14:29 Posts: 542
|
Оваа новела и предходно ја со што ја опишав како непотребна, непромислена и избрзана. Но после втора шанса и подобро размислување околу самата тематика, испадна дека јас сум непотребен и непромислен, затоа што комплетно го сменив мислењето за ова литературно дело. Пред да навлезам во детали околу тоа, да кажам збор два за самиот лик.
Сметам дека доволно го познавам Џокер како лик и можам да дадам објективна оцена за одредена инкарнација имајќи ги во предвид периодите низ кои поминал, кои клучни и вредни за спомнување се: 40-те, како ладнокрвен и интелегентен убиец; 50-те како криминалец со мотив на шегаџија; крајот на 70-те кој всушност е комбинација од двете предходно напоменати децении; крајот на 80-те кога Алан Мур со Killing Joke му посвети цела приказна и се обиде да ја објасни неговата перцепција за самата реалност и дури неодамна се случи слично нешто од страна на Брајан Азарело. Џокер бил опишуван како многу различни работи: социопат, супер-свесен, манијак или едноставно лажго кој глуми лудило за да ја избегне смртната казна.
Она што Азарело го нуди е релативно ново на масата и еве зошто.
Во новелата "Joker", во која Џокер е главниот лик и присуството на Бетмен е минимално, Џокер е всушност во самата смисла тотален психопат. Како хебла ме удри во глава дека Џокер никогаш не бил психопат во стриповите предходно. Знам дека ова се цврсти зборови но следат фактите со кои ќе го зацврстам овој факт.
Џокер е некој што ужива во она што е. Тој е криминалец и убиец кој цврсто се држи кон својот мотив. Неговото потекло е сосема непознато и она што го мотивира останува тајна - или можеби само забава. Ладнокрвен - да, безмилосен - да, нелогички престапи - да, екцентричен - да, но дали технички ова го прави психопат е нешто на кое може да се дискутира со саати.
Џокер, барем во поголемиот обем од објавената литература вклучувајќи го и моменталниот континуитет, имал отсекогаш класа. This town deserves a better class of criminal. Во "Joker" сево ова е речиси неприсутно и Џокер е гадно, расипано, психопатско копиле и притоа е претставен како вистински манијак, кој нема милост за никој (ниту себеси) и е како една собраќајна несреќа која станува се полоша и полоша, притоа Брајан Азарело убаво нé потсетува зошто всушност треба да го мразиме Џокер. Тоа е всушност главната мотивација на книгата - Џокер е некој кој треба да го мразиме и верувајте, следејќи ги страниците ќе се чуствувате се понечисто и понечисто како прогресирате.
Самата новела е нарирана од нов лик Џони, кој е доброволецот кој треба да го собере Џокер од Аркам откако е легално пуштен на слобода (причината за ова не е објаснета во книгата). Откако Џокер се враќа во Готам тој гледа дека помалите шефови си ги разделиле териториите помеѓу себе и тој е решен да го врати ова назад. Акцентот паѓа врз Џони кој ја претставува нашата перцепција за Џокер и како полека ги открива нај ужасните карактеристики и способности кај него.
Ќе ја земеме за пример сцената во која Џокер влегува во бар во кој се присутни негови поранешни поданици. При самото влегување во барот, стриптизерка се спрема за танц (која книгата кратко потоа открива дека ова е всушност Харли Квин, која воопшто нема дијалози во оваа книга), притоа од бес го дере жив еден од поранешните поданици и после самиот акт му лепи пара на газот - сепак шегата е што тоа е стриптиз бар а човекот е гол. Не се насмеавте? Тоа е затоа што вие сте разумна и здрава особа. Ова е пример за црниот хумор и ладнокрвноста на Џокер, но не и психопатскиот аспект за кој ќе разговараме малку подоцна. Во главно, ова е водечката сила на размуот на Џокер кој Азарело ви го претставува. Да, се смеевме за пурата со напалм во "Joker's five way revenge", која е смртоносна шега, но ова е доста црн хумор кој можеби и му претставувал психичка тешкотија на Азарело пробувјаќи да го смисли. Што сакам да кажам е дека поранешните писатели правеа да се чуствуваме валкано кога се смеевме на шегите на Џокер, Азарело прави да почуствуваме суровост и ладнокрвност поради истите.
Азарело поркај тоа ни отвора нова страница за Џокер која барем за мене беше невидена - нестабилност. Ова не значи непредвидливост спрема другите, туку зборувам за нестабилност кон себеси. Имаше неколку многу чудни моменти кои покажуваат дека Џокер не е само психопат туку и дека се мрази себеси. Вредни за спомнување се моментите кога Харви Дент нема да му одговори на телефонскиот повик и тој ќе се расплаче во скутот на Харли Квин, Дент намерно не одговори на телефонскиот повик но Џокер не го знаеше тоа, друг момент е кога игра руски рулет со самиот себеси. Единствениот кој се смее шегите на Џокер е Килер Крок кој работи за него како телохранител и како личност која е одговорна за ослободување на телата (ги јаде).
Џони мислеше дека вртејќи се околу Џокер ќе направи од себеси личност која многу луѓе ќе ја почитуваат и ќе се плашат, но како што прогресира приказната, откриваме дека Џокер е всушност вистинското олицетворение на злото, или барем до степен што може еден смртник да стане. Џони самиот го опишува Џокер како "рак за кој нема лек, никаков лек, само Бетмен". Доста евидентен е и стравот на другите главни фаци во Готам спрема Џокер, како Пингвинот и Харви Дент. Џокер нема никаков код на респект спрема своите "колеги" кое е исто прикажано во неколку сцени: во една сцена постави стапица за Харви Дент, а предходно во разговор со Пингвнот, нарочно и во недостаток на почит упорно го нарекуваше "Абнер" на кое Пингвинот воопшто не се противеше.
Непредвиливоста е секако присутно, која е убаво назначена во една сцена во која Џокер заедно со Џони провалуваат во еден стан на стара брачна двојка (Џони не знаеше точно што ќе прават) и Џокер со брич ќе ја убие брачната двојка и ќе си лежи врз нивните тела. Кога Џони ќе го праша кои се тие луѓе, тој одговара со "На кого му е гајле?". После тоа Џокер кога ќе го праша Џони "Што не е во ред?", Џони одговара со "Сé". Тука всушност е моментот кога Џони сваќа со кого си има работа и дека треба да се тргне понастрана од него, но тоа никогаш не е толку едноставно. После огромна серија од убиства и хаос низ градот Харви Дент во очај го повикува Бетмен и му дава трага за Џокер. Бетмен со сета своја компетентност, наскоро ги заробува сите моментални сојузници на Џокер и самиот Џокер и Џони остануваат последните. Џони сега веќе смртно преплашен кога ќе сети дека Бетмен им е на трагата почнува всушност да се смее, што ја претставува и читателската перспектива на целата ситуација - конечно Џокер ќе биде фатен. Џокер на ова се нервира и почнува да го тепа Џони но Бетмен пристигнува навреме пред Џокер да му свирне на Џони куршум во глава (наместо тоа го погодува некаде во вратот). Ми се допадна фактот што ситуацијата со следењето беше пореално претставена, т.е. фактот дека Бетмен се појавува дури на крај, затоа што, колку што знаеме ние, додека хаос се ширеше на едната страна, Бетмен бил сигурно зафатен на другата страна на градот правејќи нешто сосема друго.
Последните страници ги прегледуваме низ очите на Џони, сликата е како Бетмен и Џокер се борат, а притоа сликата се повеќе и повеќе се замаглува потенцирајќи дека Џони полека се онесвестува и умира.
Самата новела е ништо слично на што и да имате прочитано сврзано со Џокер до сега. Тоа е првото нешто што ја прави уникатна. Другото нешто е самиот пристап спрема Џокер кој е земен од страна на Азарело. Тој решил да го земе криминалецот кој на сите нас ни е омилем и вложил многу труд да нé потсети дека ова е личност на која не сакаме да налетаме никогаш во животот.
Читателот може сам да одлучи дали оваа приказна припаѓа во главниот континуитет на DC. Иако не знам дали би ми се допаднало оваа ултра сурова верзија на Џокер да биде присутна во секој месечен стрип, нејзиното место во оваа самостојна приказна одговара совршено.
Last edited by The Bat-Man on 05 Jan 2011, 18:07, edited 1 time in total.
|
05 Jan 2011, 14:57 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Добар избор Факт е дека е уникатна приказна, со екстра цртеж. Супер ти е навлегувањето во психологијата на личноста една молба - ај вметни и некоја слика, малку да го разбиеш текстов.
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Jan 2011, 15:34 |
|
|
The Bat-Man
Ултимејт Резервист
Joined: 29 May 2009, 14:29 Posts: 542
|
How about... this.
|
05 Jan 2011, 18:08 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Огромна почит кон рецензијава...отидов да го барам ЦеДето кај што ми е снимен стрипов.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
05 Jan 2011, 18:18 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Ми фалат твоиве рецензии брат Браво!
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
05 Jan 2011, 18:46 |
|
|
jovce krstitelce
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 04:41 Posts: 530 Location: Macedonia
::
|
секако дека станва збор за псиохопат - социопат. али работата е шо авторите овај лик го имат издигнато на архетипска основа на „уништивач - оној кој носи разрушување на постоечкото“, во една релативно пречистена форма, драматизирана со особините на еден „дворски шут“. овој архетип на уништувач можи да има поќе функции, али овде е то зло ради самото зло. немањето потреба од причинско-последини врски во неговите постапки е резултат на потребата да се пречисти карактерот. тој е кристализирана деструкција од една страна, а од друга лишен од историја, шо му дава на мистериозност (ко ќе нема доволно инфо за нештото, а има доволно драматика - имаме добра основа за мистерија ) на ова линија се држи и џокерот од филмот на нолан, посебно ко ќе објаснува шо е лудилото, дека „то е како гравитација, се шо треба е само да го поттурниш“. на гравитацијата му треба причина за постоење? та е тука, али истовремено та е на ниво на „божји закон“, кој е како аксиома, и никој реално не сумња во тој факт. во случајот со џокерот, тој закон е чистата деструкција заради деструкција. ја неам читано новелата, али претпоставувам дека ликот на нолан е некој вид на апгрејд на овај лик од азарело? ова само размислувам гласно
_________________ „Јас го разбирам свето како поле за културно заебавање меѓу стрипаџите“. Гоце (пред да ја формулира мислата во за нас веќе познатио облик)
https://www.facebook.com/fantasyillustrationbitola
|
05 Jan 2011, 19:28 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
И ја ја немам читано, али пошто ме потсети до утре ќе ја исчитам и ќе пишам што како. Али верувам дека рецензијата е топ!
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
05 Jan 2011, 19:35 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
fak je.
_________________ ејм фор д бушес!
|
05 Jan 2011, 19:39 |
|
|
The Bat-Man
Ултимејт Резервист
Joined: 29 May 2009, 14:29 Posts: 542
|
|
05 Jan 2011, 20:20 |
|
|
dare_sum
Сеирџикус Максимус
Joined: 24 Jan 2009, 16:35 Posts: 5116
|
Odlicna recenzija, em se iznacitav em kjef naprajf
_________________ http://darkoristevski.blogspot.com/
|
05 Jan 2011, 20:26 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ne e na Nolan likot......
Facata na Jokero e nacrtana ushte vo Lex LUtor stripot od istiot tandem-duri ne se ni razmisluvashe za betmen 2
_________________ ејм фор д бушес!
|
05 Jan 2011, 21:50 |
|
|
|
Page 1 of 1
|
[ 11 posts ] |
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 1 guest |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|