Ernesto
Суперхерој Под Стечај
Joined: 25 Jan 2009, 16:18 Posts: 296 Location: Прилеп
|
Беше еднаш
Не сум јас крив, тоа договорот јас не видов кога се потпишуваше, мене ми е подметнато, како и многу пати во историјата на Македонците, така и мене сега.....говореше и јадеше бурек големиот, македонски преродбеник, човекот кој ја издигна мак – стрип сцената на едно извонредно високо ниво. Човекот кој САМ со се што поседува се избори за ние денес да уживаме во репродукцијата на светски познатите стриповим на нашиот мајчин јазик. Каков светол чин, дело што може единствено да се спореди со делата на големиот македонски крал Александар Македонски. Бравос Мајсторе, ја просветли Македонија......(би требало да се случи во иднина). Ден 13.09.2009 година. Мак стрип одамна нема на трафиките. Се најдува ремитенда од времето на Мак Прес а и ремитендата на неповторливиот, извонредниот, спектакуларно добриот Ворм Комикс (од патриотски причини името ќе му го пишувам со кирилица). Се издадоа шест броеви и замре се, крај! Причини колку сакаш. Една од првите, непатриотизмот на македонскиот потрошувач. Па како може тој купувач, кој замислете треба да потроши, никакви, вошливи 150 денари, може да си дозволи да самиот избира стрип. Па нема бре тука такви глупости, купуваш од Вормот и точка. Дали се распаѓа, дали е лош преводот, дали дизајнот забегал, не е важно. Важно е да ти своите пари ги потрошиш на тој стрип, па патриотски е бре луѓе мои, дури и боите му се црвена и жолта......туку....овде во главава ми се врти еден многу важен аспект....каде е патриотизмот во сето ова кога парите од продадените стрипови одат кај Вормот, во џебот. А можеби е локал патриотизам во една мини верзија, за еден човек.....којзнае можеби. Купувајте стрипови од Вормот, ако треба и еден примерок купете го повеќе пати....патриотски е да му го наполниме џебот, а да купуваме срање (србизмов е намерно употребен заради провокација)! Втора многу важна причина, рецесијата. Па луѓе мои знаете ли вие, дали сте, барем малку свесни колку чини хартијата денес. Па тоа е ужасно скапо, па печатницата (инаку се работи за врвна печатница, со високи стандарди, е сега има мал проблем со рецесијата, ама тоа е тоа), не може да го издржи ова. Значи се повлекува, ама барем да се испечата овие броеви за кои имаме права, за да не се плаќаат пенали нели? Па кој знае, можеби после рецесијата и пак ќе профункционира како што треба, па ќе поефтини хартијата, можеби и без пари ќе ни ја дадат. Најголемата причина за неуспехот на Ворм Комикс, секако е една група на стрипомани, кои по цена на се, се здадоа против нашата патриотска стрипоиздавачка куќа и со сите сили сакаа да ја уништат. Се дојде дури до тоа да тие се групираат по двајца и да одат по трафиките низ Македонија за да ги кријат од излозите мак стриповите на Вормот. Страшно, предавнички, куакавички, подло.... Ете ова се главните причини зошто немаме повеќе мак стрипови. ............................................................ Кога еден проект пропаѓа, вината за тоа пред се се бара во тимот кој го водел тој проект, од неговата неспособност да предвиди и изанализира се, од секој можен аспект. Секое негирање на сопствената вина е невиден кукавичлук и безобразлук. Префрлањето на вината за сопствениот неуспех кај други, ковањето на светски заговори за да се уништи стрипот во Македонија е безобразлук, некултура и во најмала рака идиотизам.
_________________
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
Битно за неуспехот се криви ВЧ,САФ,НАСА,ЦИА,ЦНН,Ватикан,Графичките дилетанти од МК,опасните манипулатори по стрип берзи,Бонели...и нормално главен виновник светската економска криза. Капетан Канго е уан енд онли и е непогрешлив.Коа ќе ми текне како типов на неговиот форум уште по вториот број на Загор молеше сите кои можат да купуваат по два примероци,демек бил во тешка состојба... Епа така е кога бегал од часови по математика и погрешно му излезе сметката.
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|