Ernesto
Суперхерој Под Стечај
Joined: 25 Jan 2009, 16:18 Posts: 296 Location: Прилеп
|
Да да, чудно нели? Од каде сега стрип со пазарна економија, со авторски права? Е па, се прашувам и јас, се обидувам да најдам конекција, се обидувам да сватам и доаѓам до заклучок, дека нема една конекција, туку се повеќе и различни.
Стрипоман - човек што има манијакална страст за собирање и читање стрипови. Категорија на луѓе која не одбира средства да дојде до стрип. Ова е еден посебен вид, лесно забележлив во минатот, висеа по трафиките чекајќи го нивниот број, разменуваа стрипови, собираа денарче по денарче, само да имаат и да не пропуштат број. Се раскажуваат приказните за колекционери во чии домови, наместо мебел има стрипови.
Стрипоманот има истенчен осет за мирисот на хартијата. Кога ќе земе стрип, најпрво го мириса, да оцени дали и колку олово има во печатот. Тој мирис на хартија, едноставно ги опива, не можат без него.
Посебна е негата на овие луѓе кон стриповите. Ги читаат еднаш, внимателно, да не ги прекршат многу, да не се извитка или не дај боже да се оштети.
Редовно стрипоманот трага по што е можнопостари броеви, тоа се стрипови со исклучителна вредност, непроценливи. За овие луѓе не постои јазична бариера, нема предрасуди, нема комплекси кога е стрипот во прашање.
Што и да е, само стрип да е!
Стрипоманијата не е хоби, не е ни професија, тоа е страст која излудува, пасија кон стрипот, љубов, опседнатост, растрепереност и ненормална возбуда, кога во раце се држи нов стрип. Да не зборувам па какво е чувството кога во раце се држи некој антиквитет, КАПИТАЛЕЦ, мноооогу блиску до оргазам........
Е сега, во време на вечна транзиција, преродба или не знам уште како да го наречам ова расипано време, се поретки се овие стрипоманите. Денешниве „модерни“ луѓе, посебно младите не можат да се движат во правец во кој се движат стрипоманите. Денес ова е HI - TEC младина, не се замра со глупави црно - бели слики, над кои има балончиња со текст. Тоа е многу излитено, старо и демоде, немаат тие време за тоа. Сега е важно да се седи на нет, да се гледат клипови од самоубиства, да се пребаруваат добри порно сајтови со сочна HARD CORE тематика. Одвреме, навреме некоја игричка, што покрвава тоа подобра, кој повеќе убиства направи тој е подобар.
Каков стрип, какви бакрачи, не поминува тоа парче хартија со убав мирис за некого.
Хммм, овде грешам, можеби и би поминало ако донесе профит, пари по народски. Зашто , сега е време кога парите го вртеле светот, кога треба целата наша енергија да ја насочиме кон парите. Кој сега тука ќе собира стрипови??? Стрипоманите се будали, да не речам глупаци!?!?!
На сцената, стрипот сепак кај нас го има. Срамежливо, како печурки по дожд, се појавија стрипоманите. Ги има, постара екипа, ама сепак ги има. Се појавуваат на трафиките да си го купат редовниот број. Парите, не се важни, важно е да се има стрипот. Бил тој на македонски или на било кој јазик, важно да го има на трафиките, да може да се купи и да се стави на витрината во колекцијата.
Нема тука политика, нема некоја доктрина дека стрипот требало да се чита на мајчин јазик, инаку не би било патриотски. Не!!!! Стрипот се читал и ќе се чита на било кој јазик, нема тука никој никого да го ограничи и да му каже како и што да чита. Овие патриоти до вчера тврдеа дека нема политика кога стрипот е во прашање, но кога тука ќе се замеша парата, оваа транзиционата, е тогаш прво на што би се повикале е се разбира патриотизмот.
Ете, тоа е тоа што во уводниот текст го пишував. Стрип и пазарна економија, стрип и профит.......и се разбира патриотизам. Кога собираш стрипови го правиш тоа со чувство, со емоции, се предаваш себеси целосно. А во бизнисот, нема чувства. Чувствата ги измислиле комунистите. А пак, за да се продава стрипот ќе се повикаме на патриотизам. Смешно нели??? Па, кај нас секогаш е така, ниски удари, а кога не си доволно добар тогаш обавезно повикај се на патриотизам. Тоа пали скоро секогаш. Па видете ги само нашите политичари и се ќе ви биде јасно.
Сега да навлезам малку во детали на проблемот. Во февруари годинава, на општо задоволство на стрипоманите од Македонија, српска издавачка куќа, започна издавање на Бонели јунаците на територија на Србија, Црна Гора и Македонија. За неполна година стигнаа да издаваат по два броја неделно. Темпо кое е исклучително брзо и за поздравување.
Кај нас стигнува ремитенда со доцнење од два месеци.
Во меѓувреме, есенва, на моја голема радост, почна да излегува и стрип на Македонски јазик, ни помалку ни повеќе туку Алан Форд лично.Се најавува дека од 2009 ги имаат правата за некои Бонелиеви јунаци кои ќе се издаваат на Македонски. По автоматизам, тврдат , дека со нивните изданија, странските стрипови ќе престанат да излегуваат тука. Така, наводно бил договорот со имателот на правата. Странскиот издавач пак , тврди дека има право да издава во Македонија и дека ќе престанат само ако тие сакаат, правно, тврдат дека се е во ред со договорот.
И, ете ти конфликт. Според планот, нашата издавачка куќа не се поклопува со броевите со странската. Па така, наместо да се радуваат стрипоманите на голем број стрипови, сега ќе стравуваат, дека, како тргнало, се навестува неизлегување на никаков стрип. Зошто??? Поради стравот на издавачите од конкуренција, која е сосема легитимна. На крај, страдаат само вистинските љубители на стрипот, кој таман малку потпркна, како стојат работите, ќе испари во воздухот.
И пак ќе се заебаваме со поштарини и останати глупости!!!
ШТО И ДА Е, САМО СТРИП ДА Е!
_________________
|