WOLVERINE VOLUME 3После 90 излезени броја со името Wolverine, Marvel прават рестарт со што даваат нов пат за малата killing machine. Рестартот на серијата беше очигледно потребен после сите промени во водството во Marvel универзумот, како и да послужи за појдовна точка на Daken односно синот на Wolverine.
Еден од најпопуларните run-ови на Marvel во историјата, Wolverine Vol. 3 доби одличен одзив од сите фанови на Logan како критички така и финансиски со што го зацементира неговото место во листата на најдобрите стрип ликови некогаш создадени. Секогаш проследен со Топ 10 писатели и цртачи, vol. 3 е пример како се одржува карактер од највисок калибар секогаш во игра.
Writer: Greg Rucka (1-19)
Pencilers: Darick Robertson (1-6, 12-19) , Leandro Fernandez (7-12)
Story Arcs: The Brotherhood, Coyote Crossing, Dreams, Return of the Native
Rucka е одличен избор за писател на нова серја затоа што има квалитет без проблем да го претвори мутантот којшто спасувал други светови и планети, во street level играч и да ни донесе многу реални, односно контроверзни приказни почнувајќи од малолетна проституција, до корумпирана полиција, шверцување на дрога и луѓе, како и да не натера да поверуваме во тоа дека Логан може да го најде својот мир после сите години на измачување во Weapon X програмата.
Writer: Mark Millar (20-32)
Pencilers: John Romita Jr. (20-31) , Kaare Andrews (32)
Story Arcs: Enemy of the State, Agent of S.H.I.E.L.D, Prisoner Numer Zero
Главното прашање е: Дали Wolverine може да ја сомеле цела Америка без око да му трепне? Одговорот очигледно е ДА. Марк Милар уште еднаш користејќи го WOW (или според Кијану Ривс – WHOA) ефектот, ни дава приказна за тоа што би се случило ако го имаш најопасниот човек на планетата под твоја контрола. Појавувањето на сите важни ликови во Марвел универзумот, одличните борбени сцени, цртежот на Romita како и приказната која што успева да биде супериорна низ целиот run е тоа што го заслужува единствено Wolverine.
Writer: Daniel Way (33-40)
Pencilers: Mark Texeira, Javier Saltares (33-40)
Story Arcs: Chasing Ghosts, Origins and Endings
Daniel Way одбира интересен пристап на почетокот на неговиот run на Wolverine, почнувајќи со “престојот” на Логан во House of M. Иако после помалку важната приказна се чинеше дека Wolverine конечно снемува сила за понатамошен удар, Way испукува со најважниот момент во дотогашната серија на Vol. 3 – и му ги враќа СЕЌАВАЊАТА. Освен текстот на Way, феноменалните цртежи на Texeira, како и уште поубавите covers на Kaare Andrews го поплочија патот за серијата која што требаше да се бави токму на оваа тема но забега во друга насока, Wolverine: Origins
Writer: Stuart Moore (41)
Art: C.P. Smith (41)
Story: The Package
Прекрасно издание кое што освен солидната приказна е проследено и со пеколно добар art.
Writer: Marc Guggenheim (42-48)
Penciler: Humberto Ramos (42-48)
Story Аrc: Vendetta (Civil War tie-in)
600 луѓе убиени од експлозија. Нацијата е во паника. Суперхероите прв пат не го знаат излезот од таа ситуација. Но, не и Logan. Тој трга на лов. По човекот што ја предизвикал таа експлозија.
Writer: Rob Williams (49)
Penciler: Laurence Campbell (49)
Story: Better To Give…
Christmas Edition, Wolverine, трговски центар, џуџиња што сакаат да детонираат бомба. Издание што само Wolvie може да го направи да звучи добро.
Writer: Jeph Loeb (50-55)
Penciler: Simone Bianchi (50-55)
Story Arc: Evolution
Секогаш кога Loeb работи на стрип ги прави работите што ние “обичните смртници” не можеме ни да ги замислиме. Подпомогнат од фантастичниот цртеж на Bianchi, ни го претставува најголемиот непријател на Logan, човекот што е директно поврзан со сите негови случувања и несреќи, мистериозната фигура која што ги контролира конците – ROMULUS, а исто така и убивањето на дотогашниот nemesis на Wolverine – Sabretooth.
Writer: Jason Aaron (56)
Penciler: Howard Chaykin (56)
Story: The Man in The Pit
Сигурно најнепотребната и најлошата приказна во Vol.3 . Единственото добро нешто е: Bad-boy карактерот на Wolverine го вади од секакви каши. И ова издание е доказ за тоа.
Writer: Marc Guggenheim (57-61)
Penciler: Howard Chaykin (57-61)
Story Arc: The Death of Wolverine
Одлична идеа од Guggenheim за тоа што се случува со Логан од кога ќе претрпи фатална повреда и дали тоа Wolverine е бесмртен како што сите мислат. Можеби слабиот цртеж на Chaykin допринесе оваа приказна да не биде легендарна, но сепак потенцијалот е искористен.
Writer: Jason Aaron (62-65)
Penciler: Ron Garney (62-65)
Story Arc: Get Mystique!
Потеклото на пријателството, соработката, предавството, љубовта и омразата помеѓу Wolverine и Mystique. После дооолго време “сината девојка” се враќа на страниците на Wolverine стрипот. И тоа го користи максимално колку што може. Исто така Garney ги прави овие неколку изданија сјајни со акционите сцени и “глумењето” на ликовите.
Writer: Mark Millar (66-72)
Penciler: Steve Mcniven (66-72)
Story Arc: Old Man Logan
Најдобрата Wolverine приказна EVER! Најдобриот plot и script на Millar, најдобриот цртеж од Mcniven, најдобриот тим позади нив двајца (inks: Dexter Vines, colors: Morry Hollowell). Ова претставува тоа што е The Dark Knight Returns за Batman.Имаме: Hulk банда, пацифист Wolverine, слеп Hawkeye што стрела од слух, Spider Bitch, црнец Kingpin, Venom диносаурус, скелетот од Giant-Man којшто се користи многу инветивно и USA под претседателство на Red Skull. И ова се само мал дел од “визуелните” детали со коишто Millar ги “почастува” фановите, додека главната приказна ни кажува што всушност се случило 50 години пред OML и потресувачката причина зошто најопасниот човек на планетата станува пацифист! MUST READ!!!
Writer: Jason Aaron, Daniel Way (73-74)
Pencilers: Adam Kubert (73-74) , Tommy Lee Edwards (73-74)
Story Arcs: A Mile in My Moccasins, One-Percenter
Дали Wolvie некогаш спие? Дали неговата мутантска моќ наречена мултитаскинг му дозволува да има време за себе? Интересен поглед на неговите појавувања во секоја втора Marvel книга и уште поубав цртеж на Kubert. Од друга страна, имаме посериозна приказна која што го тера Логан повторно да размисли за својот однос со неговиот син Daken.
Writers: Daniel Way (75-90) , Marjorie Liu (75-90)
Pencilers: Giuseppe Camuncoli (75-77, 81-84) , Stephen Segovia (78-80, 85-86, 88-89) , Mierco Pierfederici (87, 90)
Story Arcs: The Prince, My Hero, A Cautionary Tale, Godlike, Reckoning, Idle Hands, Punishment, Empire: Prelude
Dark Wolverine – Daken доаѓа и без никакви прашања и дозволи го завзема неговото место на тронот. Дури по bad-ass и неговиот татко, синот не е прогонуван од духовите на минатото, ниту пак има проблеми со морален кодекс што го води низ животот. Напротив, Daken ужива во убивањето и ја користи својата новостекната слава како дел од новите Avengers до максимум. Иако фановите беа против носењето на Daken како главен играч во Wolverine стрипот, сепак кога видоа што може тој да понуди и дека има можеби повеќе потенцијал за развивање од неговиот татко сфатија дека: A New Star Is Born!
--------------------------------------------------------
КОМЕНТАРИ:
viewtopic.php?f=48&t=1857