МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
The Sugar's Thoughts http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=48&t=1856 |
Page 1 of 1 |
Author: | Comic Geek [ 04 Sep 2010, 03:25 ] |
Post subject: | The Sugar's Thoughts |
WOLVERINE VOLUME 3 После 90 излезени броја со името Wolverine, Marvel прават рестарт со што даваат нов пат за малата killing machine. Рестартот на серијата беше очигледно потребен после сите промени во водството во Marvel универзумот, како и да послужи за појдовна точка на Daken односно синот на Wolverine. Еден од најпопуларните run-ови на Marvel во историјата, Wolverine Vol. 3 доби одличен одзив од сите фанови на Logan како критички така и финансиски со што го зацементира неговото место во листата на најдобрите стрип ликови некогаш создадени. Секогаш проследен со Топ 10 писатели и цртачи, vol. 3 е пример како се одржува карактер од највисок калибар секогаш во игра. Writer: Greg Rucka (1-19) Pencilers: Darick Robertson (1-6, 12-19) , Leandro Fernandez (7-12) Story Arcs: The Brotherhood, Coyote Crossing, Dreams, Return of the Native Rucka е одличен избор за писател на нова серја затоа што има квалитет без проблем да го претвори мутантот којшто спасувал други светови и планети, во street level играч и да ни донесе многу реални, односно контроверзни приказни почнувајќи од малолетна проституција, до корумпирана полиција, шверцување на дрога и луѓе, како и да не натера да поверуваме во тоа дека Логан може да го најде својот мир после сите години на измачување во Weapon X програмата. Writer: Mark Millar (20-32) Pencilers: John Romita Jr. (20-31) , Kaare Andrews (32) Story Arcs: Enemy of the State, Agent of S.H.I.E.L.D, Prisoner Numer Zero Главното прашање е: Дали Wolverine може да ја сомеле цела Америка без око да му трепне? Одговорот очигледно е ДА. Марк Милар уште еднаш користејќи го WOW (или според Кијану Ривс – WHOA) ефектот, ни дава приказна за тоа што би се случило ако го имаш најопасниот човек на планетата под твоја контрола. Појавувањето на сите важни ликови во Марвел универзумот, одличните борбени сцени, цртежот на Romita како и приказната која што успева да биде супериорна низ целиот run е тоа што го заслужува единствено Wolverine. Writer: Daniel Way (33-40) Pencilers: Mark Texeira, Javier Saltares (33-40) Story Arcs: Chasing Ghosts, Origins and Endings Daniel Way одбира интересен пристап на почетокот на неговиот run на Wolverine, почнувајќи со “престојот” на Логан во House of M. Иако после помалку важната приказна се чинеше дека Wolverine конечно снемува сила за понатамошен удар, Way испукува со најважниот момент во дотогашната серија на Vol. 3 – и му ги враќа СЕЌАВАЊАТА. Освен текстот на Way, феноменалните цртежи на Texeira, како и уште поубавите covers на Kaare Andrews го поплочија патот за серијата која што требаше да се бави токму на оваа тема но забега во друга насока, Wolverine: Origins Writer: Stuart Moore (41) Art: C.P. Smith (41) Story: The Package Прекрасно издание кое што освен солидната приказна е проследено и со пеколно добар art. Writer: Marc Guggenheim (42-48) Penciler: Humberto Ramos (42-48) Story Аrc: Vendetta (Civil War tie-in) 600 луѓе убиени од експлозија. Нацијата е во паника. Суперхероите прв пат не го знаат излезот од таа ситуација. Но, не и Logan. Тој трга на лов. По човекот што ја предизвикал таа експлозија. Writer: Rob Williams (49) Penciler: Laurence Campbell (49) Story: Better To Give… Christmas Edition, Wolverine, трговски центар, џуџиња што сакаат да детонираат бомба. Издание што само Wolvie може да го направи да звучи добро. Writer: Jeph Loeb (50-55) Penciler: Simone Bianchi (50-55) Story Arc: Evolution Секогаш кога Loeb работи на стрип ги прави работите што ние “обичните смртници” не можеме ни да ги замислиме. Подпомогнат од фантастичниот цртеж на Bianchi, ни го претставува најголемиот непријател на Logan, човекот што е директно поврзан со сите негови случувања и несреќи, мистериозната фигура која што ги контролира конците – ROMULUS, а исто така и убивањето на дотогашниот nemesis на Wolverine – Sabretooth. Writer: Jason Aaron (56) Penciler: Howard Chaykin (56) Story: The Man in The Pit Сигурно најнепотребната и најлошата приказна во Vol.3 . Единственото добро нешто е: Bad-boy карактерот на Wolverine го вади од секакви каши. И ова издание е доказ за тоа. Writer: Marc Guggenheim (57-61) Penciler: Howard Chaykin (57-61) Story Arc: The Death of Wolverine Одлична идеа од Guggenheim за тоа што се случува со Логан од кога ќе претрпи фатална повреда и дали тоа Wolverine е бесмртен како што сите мислат. Можеби слабиот цртеж на Chaykin допринесе оваа приказна да не биде легендарна, но сепак потенцијалот е искористен. Writer: Jason Aaron (62-65) Penciler: Ron Garney (62-65) Story Arc: Get Mystique! Потеклото на пријателството, соработката, предавството, љубовта и омразата помеѓу Wolverine и Mystique. После дооолго време “сината девојка” се враќа на страниците на Wolverine стрипот. И тоа го користи максимално колку што може. Исто така Garney ги прави овие неколку изданија сјајни со акционите сцени и “глумењето” на ликовите. Writer: Mark Millar (66-72) Penciler: Steve Mcniven (66-72) Story Arc: Old Man Logan Најдобрата Wolverine приказна EVER! Најдобриот plot и script на Millar, најдобриот цртеж од Mcniven, најдобриот тим позади нив двајца (inks: Dexter Vines, colors: Morry Hollowell). Ова претставува тоа што е The Dark Knight Returns за Batman.Имаме: Hulk банда, пацифист Wolverine, слеп Hawkeye што стрела од слух, Spider Bitch, црнец Kingpin, Venom диносаурус, скелетот од Giant-Man којшто се користи многу инветивно и USA под претседателство на Red Skull. И ова се само мал дел од “визуелните” детали со коишто Millar ги “почастува” фановите, додека главната приказна ни кажува што всушност се случило 50 години пред OML и потресувачката причина зошто најопасниот човек на планетата станува пацифист! MUST READ!!! Writer: Jason Aaron, Daniel Way (73-74) Pencilers: Adam Kubert (73-74) , Tommy Lee Edwards (73-74) Story Arcs: A Mile in My Moccasins, One-Percenter Дали Wolvie некогаш спие? Дали неговата мутантска моќ наречена мултитаскинг му дозволува да има време за себе? Интересен поглед на неговите појавувања во секоја втора Marvel книга и уште поубав цртеж на Kubert. Од друга страна, имаме посериозна приказна која што го тера Логан повторно да размисли за својот однос со неговиот син Daken. Writers: Daniel Way (75-90) , Marjorie Liu (75-90) Pencilers: Giuseppe Camuncoli (75-77, 81-84) , Stephen Segovia (78-80, 85-86, 88-89) , Mierco Pierfederici (87, 90) Story Arcs: The Prince, My Hero, A Cautionary Tale, Godlike, Reckoning, Idle Hands, Punishment, Empire: Prelude Dark Wolverine – Daken доаѓа и без никакви прашања и дозволи го завзема неговото место на тронот. Дури по bad-ass и неговиот татко, синот не е прогонуван од духовите на минатото, ниту пак има проблеми со морален кодекс што го води низ животот. Напротив, Daken ужива во убивањето и ја користи својата новостекната слава како дел од новите Avengers до максимум. Иако фановите беа против носењето на Daken како главен играч во Wolverine стрипот, сепак кога видоа што може тој да понуди и дека има можеби повеќе потенцијал за развивање од неговиот татко сфатија дека: A New Star Is Born! -------------------------------------------------------- КОМЕНТАРИ: viewtopic.php?f=48&t=1857 |
Author: | Comic Geek [ 25 Sep 2010, 10:46 ] |
Post subject: | Re: The Sugar's Thoughts |
The Authority Badass: Ultra-Cool Motherfucker The badass carves his own path. He wears, drives, drinks, watches, and listens to what he chooses, when he chooses, where he chooses, uninfluenced by fads or advertising campaigns. Badass style is understated but instantly recognizable Долго време пред The Ultimates да станат најјаките фраери кај geekерите , постоеше тим од суперхерои наречен The Authority. Тие беа причината за внесувањето на поимот BADASS во стрип светот. Создадени од Warren Ellis и Bryan Hitch,The Authority е перфектен показател за тоа како треба да функционира еден тим, составен од професионалци коишто единствена грижа им е безбедноста на Земјата. Генијалноста не е во создавањето на суперхеројски група, туку во сплотувањето и креирањето на харизмата на различните карактери, коишто до ден денеска добиваат praise како од критичарите така и од фановите. Всушност како да не добие praise кога нешто како Authority се нема појавено до ден денеска. Најјаките фаци што се појавиле во форма на стрип се: Jenny Sparks - “духот на 20иот век”. Жена која што има 99 години а изглед на 25 годишна девојка, има моќ да манипулира со струјата и е основачот и лидерот на Authority. Jack Hawksmoor – е човекот со најчудната моќ во стрип светот: Комуницирање со градовите. Во буквалната смисла на зборот. Генетски enhanced преку разни експерименти тој е движечката сила на тимот и наследник на Jenny. Angela Spica – The Engineer – е генијалецот во тимот, и со помош на нанотехнологија има способност своето “метално” тело, да го претвори во се што може да замисли (нешто како Т-1000 али со многу повеќе интелект) Shen Li Min – Swift – женска верзија на Archangel (X-men) Jeroen Thorndike – The Doctor – можеби најјакиот член во тимот со моќи на СИТЕ шамани во историјата на човештвото, но секогаш попречен да го искористи својот полн потенцијал заради неговата нарко зависност Apollo – Богот на Сонцето – rip на Супермен, но со многу понагласена потреба од сончевото recharge, ранливоста е сведена на нула (тотална invulnerabilty) The Midnighter – rip на Бетмен - најbadass лик со најbadass моќи што може да постојат, односно го предвидува секој можен направен потег во борба или со негови зборови: “You’re DEAD before you even know it” HOW COOL IS THAT?!?!?!? Уште поголемата генијалност е во тоа што Аполо и Миднајтер се геј пар, а стрипот се продава како алва. Let’s be real, во 1998 светот беше многу поконзервативен во поглед на таа работа, а не па уште двајца ликови со такви гледишта да бидат ставени во тим задолжен за спасување на човештвото. Сепак, за култноста на стрипот не е доволен само тимот туку и непријателите кои што беа “задолжени” за испробување на нивната сила. Почнувајќи од стар непријател на Stormwatch, па се до, вонземјани, напад од паралелна димензија на Земјата, роботско чудовиште што би направило Doomsday to wet his pants,владата на USA која што не се согласува со законот кој го спроведуваат, дури и самиот КРЕАТОР НА ЗЕМЈАТА, некомпромисните Authority ги надминуваа сите пречки во стил што само може да биде изрежиран од врни писатели и цртачи. А стилот е тој. WIDESCREEN. Акција што ги засрамува Трансформерс (the movie), сили што се mindblowing, пријателство што ја надминува смртта и потресни ситуации што ќе направат да не те фати сон ако не прочиташ “барем уште еден issue”. The Authority Vol.1 е класика која што искрено ја препорачувам на секој comic geek без разлика дали е фан на Marvel, DC или некој од Европскиве стрипови. Посветеноста со која што е негуван овој стрип, е на врно ниво и ретко се случува да се сведочи за вакво masterpiece. Но (секогаш има едно but), тука и завршува среќната приказна за ренесансиот тим. Наредните volumes се срамота за херои од таков калибар. Големите имиња на писатели и цртачи го напуштаат бродот, приказните стануваат едноставно “прецртување” на vol. 1, идеите како да изчезнуваат, а со тоа, Authority и полека почнува да го губи сјајот кој што го имаше врз читателот. Се што останува е подпросечноста и на некој начин махиналното издавање на стрипот. Nevertheless, како што викаат: hold on to what you got. Имаме врвно пишување, врвен текст и најдоброто развивање на ликови што е видено за толку кратко време. Како што пишува горе: The badass carves his own path. А нивниот пат е далеку од завршен. Се надевам дека во скоро време, The Authority, ке биде вратен на старите славни денови кога го држеа статусот на: Earth’s Last Defence |
Author: | Comic Geek [ 03 Oct 2010, 11:10 ] |
Post subject: | Re: The Sugar's Thoughts |
Superman: Red Son Во одсуство на наоѓање на подобри зборови за искажување на конструкцијата на стрипов, може само да се рече: ФАСЦИНАНТНО. Морам да признаам дека долго време го сметав ова буквално за taboo тема. “Супермен од Русија”?!?... Смешно”. Иако поише го гледав како еден вид на навреда спрема Big Old Blue, сепак стрипски стереотипниот Yours Truly, неќеше да го чепне ова дело заради Old Mother Russia и Супермен како нејзиниот шампион. Всушност кога и да дојдеше меѓу fellow geeks муабет за Millar, ова беше најлошата сторија од него, наспроти генијалноста доделена на другите негови приказни. А не ми беше ни прочитана. Со почнувањето на последната сезона Smallville и 10 годишната генијалност која што ја носи (генијалност е релативен термин), почнав повторно да се навраќам на приказниве за Supes, пошо нели сеа повторно сум навлечен на тоа. Просветлувањето беше надојдено после сфаќањето дека нешто што ми останало непрочитано а е од елементарна важност е Red Son. Рационалното размислување наведе на download-ирање по брза постапка и почнување на читање. Првичните Wow детали од Millar секако се присутни, за понатака, приказната да се претвори во нешто многу повеќе од superhero vs. villain. Millar ја изнесува неговата психолошко аналитичка страст на начин кој е достоен за Супермен. Пресвртите се веродостојни на класата во која што е сместен стрипот и најинтересната работа и генијот излегува на виделина со појавувањето на Бетмен. Од тука почнува се. Сигурно некои од карактерните сили на нашиот херој се застапени во неговата Kingdom Come верзија, но за разлика од на-моменти-колебливиот тамошен Кларк Кент, овдешниот руски мечок е решителен и знае конкретно кои се неговите верувања и цели. Приказнава е далеку од акција. Приказнава може единствено да биде дефинирана како драма. Драма за човечките недостатоци, за пропуштените шанси, компетитивноста, љубовта која што може да биде испуштена заради неприметувањето на истата, животот како целина која што наложува да биде исполнета со моменти за паметење и Наследството кое што е неизбежен дел од нас. Иако вонземјанин, Супермен ги покажува најдобро од сите луѓе, сите наши маани и доблести, сите наши аспирации и разочарувања од самата слика на постигнатото која не секогаш испаѓа така како што сме ја замислиле. Соочувањето со реалноста is a bitch. И не постои поубава фраза од оваа за да се опише чувството кога Супермен (читај: читателот) сфаќа дека човекот не е створен за да биде во Утопија. Без разлика колку тоа да звучи совршено, човекот не сака некој друг да го создава неговиот рај. Не сака макар и да биде совршено, тоа совршенство да му биде наметнато. Човекот тогаш се чувствува заробен. Наметнатиот рај се разработува на некој начин како тоталитаризам во Red Son. Се разбира, Америка е и тука оставена како единствено оружје против монархијата која што Супермен се труди да ја наметне. Е тука више Millar брилира. Бодрењето, тензијата и верувањето на одбраната страна ќе бидат доведени до тотална неутралност кон крајот на стрипот. Токму ние самите како читатели сме оставени на прашањето: “А што ако ова стварно се случи? Дали животот во тоа совршенство ќе има смисла? Дали без самата животна борба нешто ќе вреди?”. На некои Утопија може и да им одговара, додека оние побунтовните и спремните за предизвици можеби и нема да се согласат со првите. Мислењата варираат. Имам приметено дека мојот избор на стрип ремек дела се напишани и нацртани од перфектни сценаристи и цртачи за тој проект и не можам да замислам ниеден друг тим да го работи истото. Case in point: Dave Johnson. Millar е маестрално дополнет од цртежот на Johnson. Енергијата што ја внесува на секоја страница е воодушевувачка. Помалку Cartoonish style, за да може не само да се носи со презентираната приказна туку и да ја надмине во комплексноста. Final words – Колку и да е чудно, ова е најдобрата приказна раскажана за Супермен. Русија, снег до врат, вотка, Бетмен со шубара, Лоис и Лекс - на звук и не е најефикасната комбинација, но како се тоа е сместено и прекрасно вклопено заедно треба да се прочита за да се разбере. --------------------------------------------------------------------------------------------------- Коментари: viewtopic.php?f=48&t=1857 |
Page 1 of 1 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |