It is currently 17 Dec 2024, 12:45



This topic is locked, you cannot edit posts or make further replies.  [ 3 posts ] 
Phoenix's Ashes 
Author Message
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 05 Jul 2010, 19:04
Posts: 3551
Location: Скопје
CLONE SAGAS
Image
Веројатно сите ја знаете приказната за контроверзната Clone Saga, која излегуваше во повеќе Spider-Man наслови во периодот '94-'96. Оригиналната Clone Saga (1973) го имаше Miles Warren aka The Jackal кој направи клонови на Peter и тогаш веќе починатата Gwen Stacy. Spidey ќе го порази својот клон, а Gwen ќе замине во потрага по друг живот.
Image
Но потоа дојде лошото. По дваесет години повторно се појавува клонот на Спајди, и се открива дека живеел под името Ben Reilly. Тој тврди дека Peter Parker, кој за последните дваесет години го носел костумот на Spider-Man не е вистинскиот, туку дека е негов клон. Анализата на ДНК ќе го потврди тоа. Peter ќе се повлече и ќе му ја остави улогата на Spider-Man на Ben. Светот (поточно популацијата која чита стрипови ;) беше шокиран и ужаснат од оваа разврска. Јасно беше дека идејата беше премногу револуционерна и несоодветна за тој период. Имаше многу контроверзии и критики кон Марвел и тоа мораше да се среди. Бидејќи имаше многу повеќе критики отколку пофалби, Марвел го направи следното-Во неворојатен twist излегува дека оригиналниот Green Goblin/Norman Osborn манипулирал со целата работа долги години. Тој тврди дека Ben е клонот, а дека Peter е вистинскиот. Ben ова го потврдува со тоа што се жртвува за да го спаси Peter. Тука заврши таа приказна.
Image
Но да ги погледнеме работите од поинаков аспект, поточно,од Ултимативен. Приказната се одвива во Ultimate Spider-Man #97-105. Сценарист е феноменалниот Bendis, а цртач поеднакво добриот Mark Bagley. Во оваа Clone Saga имаме нешто сосема поинакво.
Image
Тука Ben Reilly е црномурест асистент на Curt Connors. Тој краде примерок од крвта на Peter со цел да експериментира и да направи војска од свои Spidey клонови. Тоа и му успева. Тој прави пет клонови на Spidey, па така ги добиваме: The Scorpion, Kaine, Tarantula и најсовршениот клон на Peter-Spider-Woman. Во неверојатен сплет на околностите, се појавува Gwen Stacy (претходно убиена од Carnage), Peter и признава на тета May дека е Spider-Man, и капакот на се е што се појавува Richard Parker (таткото на Spidey,кој всушност е уште еден негов клон со изменето помнење). Aunt May доживува срцев напад, MJ е претворена во Oz-чудовиште од страна на Kaine, а Peter открива дека позади сето тоа стои Otto Octavius кој прави нови super soldiers. Spider-Man ќе го совлада Doc Ock, тета May ќе преживее, а MJ ќе се врати во нормала.
Image
Јасно е дека Bendis сакал да направи нешто вонсериско, ground-breaking за Ultimate Spidey серијалот. И успеа. Појавувањето на Richard Parker е шокантно и тотално непредвидливо во најмала рака. Сцената во која Peter го гледа својот татко е трогателна и срцепарателна. Исто така,особено ми се допадна братско-сестринската врска што се разви меѓу Spider-Woman (Jessica Drew) и Peter. Фантастично.
Работите што не ми се допаднаа се следните-едноставно, имаше премногу клонови на Peter. The Scorpion и Tarantula немаа речиси никаква улога и се гледа дека биле вметнати за посилен ефект. Враќањето на Gwen, иако е шокантно е сосема непотребно, но претпоставувам дека Bendis сакал колку-толку да и остане верен на првичната Clone Saga. Ама можеби најголемата глупост е фактот што Doctor Octopus му открива на Петер дека има моќ на контрола над металот (Magneto anyone?). Лоша идеја.
Да резимираме-Оригиналната Clone Saga според мене беше феноменална, додека нејзиното продолжение, иако со донекаде добра идеја не беше добро прифатено, и затоа беше упропастено. Ултимативната Clone Saga има длабочина, добар развој на некои ликови и фантастични сцени од кои запира здивот.
И двете (поточно трите) Clone Sagas ги красат добри идеи, но и лоши одлуки. Сепак, ова се есенцијални приказни за Spidey и секој фан на нашиот friendly neighborhood Spider-Man треба да ги прочита.
Image

_________________
"There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix
The X-Men are dead.Long live the X-Men.
X-Men isn't a comic book. It's a drug.


02 Oct 2010, 11:55
Profile
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 05 Jul 2010, 19:04
Posts: 3551
Location: Скопје
Image
Во не толку далечната 2000-та година,Марвел реши да направи нов универзум за своите супер херои,Ultimate универзумот.Прв херој кој доби свој ултимативен двојник беше Spider Man.Тогашната редакција на Марвел сметала дека почетоците на Spidey се веќе заборавени,и дека младата публика немала шанса да види како Spider Man станува она што е денес.Така настана Ultimate Spider Man.За сценарист бил избран фантастичниот Brian Michael Bendis,а за цртач Mark Bagley.Нивното партнерство,кое го надминува она на Stan Lee и Jack Kirby на Fantastic Four,ќе произведе 111 броја.Потоа, Bagley ќе се повлече и ќе дојде според мене ни приближно толку добриот,Stuart Immonen,кој ќе работи на USM до 133тиот број,кој воедно е и последен а е објавен во Јули 2009 година.
Image
Power and Responsibility (#1-#7)
Првата приказна на Bendis е за почетоците на Spidey.Тој ќе успее оригиналната приказна за потеклото на Spider Man,која броела 11 страни,да ја преточи во феноменален story arc од 7 дела.Приказната ја знаете сите.Откако радиоактивниот пајак ќе го касне Peter Parker,тој преку ноќ добива моќи на пајак.Неговата желба да добие пари од сево ова резултира со смртта на неговиот вујко Бен.Тогаш Peter решава своите моќи да ги користи за да помага на другите и станува Spider Man.Исто така,во овој прв story arc, Spidey ќе се бори и против неговиот,можеби,најголем непријател Norman Osborn/Green Goblin. Она што особено ми се допадна е длабочината на ликовите,нивните меѓусебни врски и конфликтите во кои доаѓаат.Bendis не само што ни го прикажува потеклото на Spider Man,тој ни покажува како Peter се чуствува кога ќе дознае дека има супер моќи и неописливиот жал по неговиот вујко Бен.
Image
Learning Curve (#8-#13)
Peter дознава дека човекот кој го убил вујко Бен има врска со The Kingpin,попознат како Wilson Fisk.Тој истражува и дознава се за организираниот криминал во New York.Како Spider Man,му се спротиставува на Fisk и на неговиот соработник,Electro,и ќе успее да ги натера да ја напуштат земјата.Потоа,во број 13,Peter и ја признава неговата тајна на Mary Jane.
Прв од многуте конфликти на Spider Man со Kingpin,и story arc главно базиран на акција.
Image
Double Trouble(#14-#21)
Се појавува Doctor Octopus/Otto Octavius.И Kraven the Hunter.И Justin Hammer.И Gwen Stacy.И S.H.I.E.L.D. на чело со Sharon Carter.Со еден збор-сите против Spidey,кој кутриот,се обидува да балансира помеѓу училиштето,неговата работа во Daily Bugle и животот како супер херој.Нормално,на крај се ќе излезе добро и Spider Man ќе успее да ги совлада сите негативци.
Битен Story Arc поради првото појавување на Gwen која подоцна ќе одигра голема улога во животот на Peter.Исто така Doc Ock го дознава тајниот идентитет на Spider Man.
Image
Legacy(#22-#27)
The Green Goblin is back.Norman Osborn се враќа и го уценува Peter да работи за него,претејќи дека инаку ќе му го уништи животот.Peter е збунет и исплашен,а за да бидат работите полоши,се враќа Harry Osborn кој не знае ништо за неговиот татко ниту пак за Peter.Кулминација е борбата на Spider Man со Green Goblin пред очите на Harry кој конечно ја дознава ужасната тајна на неговиот татко и избира да му помогне на Peter.Потоа се појавува и Nick Fury за да го среди нередот.
Многу,многу важен arc во животот на Peter,кој засекогаш го менува неговиот однос со семејството Osborn и става длабок јаз на неговото пријателство со Harry.
Image
Publin Scrutiny(#28-#32)
Се појавува двојник на Spider Man,кој не ги следи неговите херојски патеки.Spidey е бркан и застрелан од полицијата,но успева да избега додека неговиот двојник го убива таткото на Gwen,што ќе направи таа да го замрази Spidey.Peter успева да го најде и совлада неговиот двојник и да го обели образот пред полицијата.
Story Arc кој според мене,ја покажува бескрајната борба на Spidey со медиумите кои го сметаат за крадец и лажливец.
Image
Venom(#33-#39)
Peter случајно ги наоѓа работите на татко му и дознава дека тој работел на лек за рак заедно со таткото на Eddie Brock кој бил именуван The Suit.Parker го наоѓа Eddie и тој му го покажува прототипот на the Suit и тие стануваат добри пријатели.Peter случајно ќе го допре прототипот и ќе стане Venom.Отпрво,тој ужива во новодобиената моќ,но потоа ќе сфати дека станал премногу агресивен и ќе го отфрли костимот,кој ќе најде нов домаќин во Eddie Brock.Spider Man ќе го совлада Venom,кој ќе претрпи навидум смртоносен електричен удар.Peter подоцна ќе се чуствува виновен за смртта на Eddie и ќе почне да се прашува дали вреди да продолжи да биде SM.
Прво појавување на Venom и необјаснивата омраза што Eddie ќе ја чуствува кон Peter.Must read.
Image
Irresponsible(#40-#45)
Filler-arc.Во Queens се појавува мутант,Geldoff.Spider Man го советува да ги користи своите моќи за добро,и се појавуваат и X-Men кои брзо се спријателуваат со Peter.
Прв cross-over меѓу Spider Man и X-Men.Инаку,прилично досаден story arc,кој е затишје пред бура.
Image
Cats & Kings(#47-#53)
Fisk се враќа.Сите докази против него се отфрлени и Peter сега се плаши за неговата сигурност.J.Jonah Jameson се обидува да го разоткрие Kingpin,па Spidey ќе мора да го спасува од незгодна ситуација.Се појавува мистериозната Black Cat.Отпрво,ќе му биде непријател на Spidey,но тие набрзо се зближуваат кога откриваат дека имаат заеднички непријател-Fisk.За жал,Cat ќе биде прободена од Elektra,и ќе падне во река.Се запознаваме со Vanessa Fisk,жената на Kingpin која е во кома.
Еден од моите омилени story arcs.Појавувањето на Black Cat е феноменално и конечно дознаваме нешто повеќе за Wilson Fisk.Кулминацијата е фантастична и иако остава неразјаснети прашања е маестрално изведена.
Image
Hollywood(#54-#59)
Spidey станува филмска ѕвезда! Многу интересна адаптација на вистинскиот свет (односно правењето на филмот за Spider-Man) во стрип. Spidey е саркастичен и песимистичен во однос на филмот за него,што резултира со неколку топ вицови.Ама,не е се така едноставно.Doc Ock излегува од затвор и знаејќи го вистинскиот идентитет на Spidey,го напѓа и се обидува да му се одмазди за понижувањето што му го нанел.Избива масовна тепачка на улиците на Њујорк,што ќе го однесе Peter дури до Бразил,каде што тој успева да го совлада Octopus.Неговото отсуство ќе и даде можност на Gwen да открие дека тој е Spider-Man.
Приказната кулминира со сцената во која Gwen сака да го убие Peter,но тој ја разубедува,и таа почнува да му верува.Во меѓувреме,S.H.I.E.L.D ги уништува краците на Doc Ock.
Image
Carnage(#60-#65)
Можеби и најбитен story arc во првата половина на Ult.Spidey.
Peter е ранет во борба и му се обраќа на Dr.Curt Connors за помош.Тој му помага,а за возврат зима дел од неговата крв на која,со дозвола од Peter,почнува да експериментира.Тие експерименти ќе доведат до создавање на ужасно чудовиште,Carnage,кое мора да се храни со крвта на други луѓе и така да ги регенерира клетките.Во градот настанува општ хаос,а Carnage следејќи ги сеќавањата на Peter,ќе дојде до неговата куќа и ќе ја убие Gwen Stacy.
Shoking moment number 2:Gwen повторно е мртва.Откако веќе беше убиена од Green Goblin во Amazing Spider-Man со можеби,најнеочекуваната смрт во било кој стрип,таа умира и во овој универзум.Нејзиниот лик,штотуку почнат да се развива е засекогаш избришан.Од писмата упатени кон Marvel,јасно се заклучува дека оваа смрт ги шокираше сите (што како мене) читаат Ult.Spider-Man.Но,нема враќање во минатото,и едно е сосема сигурно-и овој момент ќе биде Turning Point во животот на Peter Parker.
Тој потоа успева да го совлада Carnage,но сериозно размислува веќе никогаш да не го облече препознатливиот костум.Но.ќе се предомисли и со тешко срце повторно ќе стане Spider-Man.
Image
Superstars(#66-#71)
И повторно filler-story.
Part 1:Crossover помеѓу Spider-Man/X-Men.Peter и Logan ќе си ги заменат телата и ќе настане хаос додека се обидуваат да се вратат во нормала.на крај дознаваме дека тоа бил само mind trick на Jean Grey.
Part 2:Crossover помеѓу Spider-Man/FF.Johnny Storm ќе дојде во гимназијата на Peter.Тие брзо ќе се спријателат и откако Johnny несакајќи ќе открие дека е Human Torch,Spider-Man разговара со него и го учи да биде супер херој.
Part 3:Crossover меѓу Spider-Man/Doctor Strange.Многу,МНОГУ досаден број.
Peter,по вина на Strange има кошмари во кои се вклучени неговите најблиски.Жива глупост.
Но,тоа што следи е навистина интересно...

_________________
"There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix
The X-Men are dead.Long live the X-Men.
X-Men isn't a comic book. It's a drug.


06 Nov 2010, 22:01
Profile
Пензиониран Мрчатор
User avatar

Joined: 05 Jul 2010, 19:04
Posts: 3551
Location: Скопје
Image

Hobgoblin (#72-78)
Ах,пак проблеми со Osborns. Harry мистериозно ќе се врати во Њујорк со цел да ги исправи работите. Погодувате што ќе се случи. Наместо да си го врати стариот живот, Harry ќе се трансформира во Hobgoblin насред Менхетен. Тоа е наследството од татко му, кој сака Harry да биде барем половина од она што тој бил. Но,неговата добра душа ќе биде пречка и тој ќе биде совладан од Spidey, кој како последицата на сето тоа, раскинува со MJ во обид да ја заштити.

Image

Warriors (#79-85)
Дефинитивно еден од моите омилени story-arc-ови. Ова е приказна која најдобро го покажува валканото Њујоршко општество, со сите негови корумпирани полицајци (Jeanne De Wolfe), криминалци кои се борат за превласт (Hammerhead & Kingpin), атентатори (Elektra), борци за правдата (Iron Fist & Shang-Chi) навидум херои, но секој со своја скриена цел (Moon Knight & Black Cat) и се разбира, единствениот невин во целава ситуација-Spidey, кој се обидува да го доведе хаосот под контрола. Ставете ги сите во една соба и ќе добиете фантастичен крај.

Image

Silver Sable (#86-90)
Spidey станува мета на корпорацијата Roxxon која ја најмува Sable да го фати. Поради неа, цел Њујорк ќе дознае дека Spider-Man учи во Midtown High. Тој на крај сепак ќе биде фатен, но ќе успее да избега и да го совлада Vulture. Но,се има цена. Peter е се понесигурен во себе и се дистанцира од Aunt May.

Image

Deadpool (#91-94)
Еден вид на Spidey/X-Men crossover. Peter и неговата нова девојка Kitty, во комплет со целиот X тим се однесени на островот на Mojo каде треба да учествуваат во борба против Deadpool и неговата екипа. Сето тоа е снимано 24/7 од камери и емитувано низ целиот свет. Arc со многу акција,но слаба приказна. You may pass.

Morbius (#95-96)
Кратка приказна за првото соочување на Spidey со Morbius и Blade. Иако кратка, сепак интересна приказна која ни дава поглед кон подземјето во Њујорк. Плус,Morbius е (донекаде) пријателски расположен, што е освежување.

Image

The Clone Saga (#97-105)
За овој story arc има детална рецензија малку погоре, ама за тие што ги мрзи да читаат ќе кажам накратко: Gwen (која патем е новиот Carnage) и Octopus се враќаат. Spidey добива повеќе клонови меѓу кои има и еден што личи на неговиот татко, како и еден што е женско. MJ се претвара во Goblin. May ја дознава тајната на Peter. Mastermind-от е Octopus, кој открива дека има контрола над металот. Возбудлив arc, кој дефинитивно го препорачувам.

Image

Ultimate Knights (#106-110)
Продолжение на Warriors, овојпат зачинето со појавата на Daredevil и Ronin, кои заедно со Strange, Moon Knight, Spidey & Iron Fist оформуваат анти-Kingpin друштво. Но, имаат предавник во своите редови кој замалку ќе успее да му донесе победа на Kingpin. Сепак,хероите успеваат да го пикнат Fisk во затвор и покрај желбата на Murdock да го убие. Интензивен, интригантен arc во кој конечно дознаваме нешто повеќе за потеклото на Moon Knight.

The Talk (#111)
Peter се соочува со Aunt May. Таа го испрашува за неговиот двоен живот и ги поправаат односите. Во овој број си оди Bagley и доаѓа Immonen (со неговиот лош цртеж).

Image

Death of a Goblin (#112-117)
Разврска на долгата сага со Озборнови. Norman се враќа полут(д) од кога било. Отпрво пробува да манипулира со јавноста,но набрзо ќе го покаже своето вистинско лице. SHIELD го користи прво Spidey, а потоа и Harry како мамка за Osborn. По епската битка меѓу Peter, Green Goblin & Hobgoblin, Harry е мртов, убиен од својот татко, кој потоа бара да биде застрелан од Danvers. Со тоа (барем засега) завршува измачувачката приказна за гоблините. Приказна со доста тажен крај кој дефинитивно требало да биде напишан на друг начин.

Image

Spider-Man and his Amazing Friends (#118-120)
По неколкуте фантастични приказни, ова е прилично бавен story arc. Liz Allan станува Firestar. Liz,која отсекогаш се плашела од мутанти мора да реши што ќе прави понатаму со помош од Spidey, Human Torch & Iceman. Премногу беспотребен дијалог.

Omega Red (#121) & The Worst Day in Peter Parker's Life (#122)
Две кратки приказни. Во првата Spidey се бори со Omega Red, а во втората со Shocker. Во првата имаме тотално растурање на канцеларијата на JJ, а во втората Shocker му ја открива Peter грдата вистина за компаниите кои ги злоупотребуваат своите научници ( во случајов Roxxon). Видливо се губи динамиката и идеите во серијалов.

Image

War of the Symbiotes (#123-128)
Последната самостојна приказна. Насловот кажува премногу. Venom vs.Carnage (vs.Spidey). Eddie Brock е тотално полуден и кој да го спречи,ако не Spidey.Gwen се претвора во Venom и по долгата битка Venom ќе го собере Carnage симбиотот и ќе ја остави Gwen да живее нормално. Се појавува мистериозниот Beetle (за кого подоцна
дознаваме дека е пратен од Latveria) и кој ќе го апсорбира Venom. Arc со МНОГУ тепачки и акција,што го прави малку хаотичен, но интересен бидејќи е базиран на Ult.Spider-Man:The Game.

Image

Ultimatum (#129-133)
Доаѓаме до крајот на една ера. На повеќето од вас ви е познат Ultimatum,event-от кој го збриша пола Њујорк, како и половина од суперхероите. Во овие неколку броја тоа го гледаме од гледна точка на Spidey. Peter и неговите пријатели се во градот кога Magneto ќе нападне. Spidey & Kitty даваат се од себе да помогнат на што повеќе луѓе. Peter има проблеми да го совлада Hulk и да го натера да помогне. Тие заедно одат кај Doctor Strange, Hulk ќе изгуби контрола и ќе предизвика експлозија шо ќе збрише се во радиус од 20 метри. Kitty и MJ ја пронаоѓаат искинатата маска на Spider-Man во купот рушевини. Но дали е тој навистина мртов?

Фантастичен cliffhanger за крај на еден фантастичен серијал. И покрај неколкуте слаби приказни, имате искрена препорака да го симнете овој серијал бидејќи навистина вреди да се прочита.

_________________
"There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix
The X-Men are dead.Long live the X-Men.
X-Men isn't a comic book. It's a drug.


09 Apr 2011, 12:11
Profile
Display posts from previous:  Sort by  
This topic is locked, you cannot edit posts or make further replies.   [ 3 posts ] 

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 9 guests


You cannot post new topics in this forum
You cannot reply to topics in this forum
You cannot edit your posts in this forum
You cannot delete your posts in this forum

Jump to:  
cron