МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ http://makstrip.com.mk/forum/ |
|
Освртите на Мешков http://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=48&t=3089 |
Page 1 of 1 |
Author: | Meskov [ 11 Jan 2011, 20:17 ] |
Post subject: | Освртите на Мешков |
Здраво. Ова ќе биде делот на овој форум каде ќе ги читате моите рецензии на сите изданија кои планира да ги издаде кој друг ако не нашиот ценет Александар Јовановски-Аце, односно фирмата Варм Комикс. Нормално колку издавачот ќе биде поажурен и ќе си стои на зборот, толку повеќе материјал ќе има за рецензија. Мојата прва рецензија веќе погодувате ќе биде Стрип Класикот на нашиот ни најомилен јунак - ЗАГОР - Денеска враќајќи се од работа видно возбуден стигнав до Табакото во населба Аеродром поточно кај ТЦ Бисер и следствено на препораките од издавачот внимателно си одбрав примерок од првиот колекционерски стрип класик Загор како што беше најавуван долго време од издавачот (чинам дека требаше да се појави за прв пат во март или април мината 2010 година) а согласно праксата на издавачоT се појави на почетокот на 2011 година во Јануар месец. Но беше што беше, стрипот конечно се појави и јас со големо задовлство си одбрав примерок (иако изборот се состоеше од два примерока), си платив уредно 400 денари (факт што лесно може да се провери ) и како и секој голем колекционер и вљубеник во стрипот со трчање отидов дома и одвај чекав да видам што сум купил. Стрипот си беше уредно завиткан во најлонче што е убава работа од издавачот бидејќи истото можа да ви се најде за замрзнување месо или некој зеленчук во фрижидер (голема благодарност за најлончето ) По внимателно отварање на најлончето (заради употребаната вредност погоре спомената), конечно го имав Стрип класикот во раце, прво нешто што приметив е линијата на рбетот односно истиот веќе беше со онаа линија која се прави по отварање на стрипот и си помислив дека некој претходно го прелистувал истиот па после го ставил во најлончето и највеќе што ме изнервира се видните гребнатинки по целата предна корица (види слика горе) Но ајде преминав преку тоа и го завртев стрипот за да ја видам задната корица и се шлогирав (патриотскоот момент се кажува (види слика доле) Но ајде си велам не е страшно ќе го отворам внатре и ќе ми помине нервозата, издавачот најавуваше дека на стрипот работат магистри, преведувачи, лкектори сосема нов тим кој си ја знае работа, се печатеше стрипот во нова печатница и очекував дека конечно ќе имаме квалитетно сработено издание. Отварам корицата и на првата страна уште еден шлог....(види слика доле) Ама ајде си викам ќе му дадам шанса ќе го пролистам стрипот и се ќе биде во ред арно ама.... После ова немам намера да рецензирам превод, лектура или недајбоже некоја од приказните, едноствено моја препорака е подалеку од ова ѓубре кое покрај корисното најлонче единствено може да послужи за збирање прашина на полици. |
Author: | Meskov [ 21 Feb 2011, 21:28 ] |
Post subject: | Re: OSVRTITE NA MESKOV |
Како што ветив погоре за моја и ваша забава во оваа тема ќе бидат рецензирани сите изданија кои ќе ги издаде Александар Јовановски - Аце или ти неговата фирма Варм Комикс. -МАРТИ МИСТЕРИЈА ГИГАНТ БР.2- Како што е редот се појави денес по трафики во Скопје долгонајавуваниот и нетолку очекуваниот Марти Мистерија Гигант бр.2 и јас уредно си купив примерок (факт кој лесно може да се провери) и мора да се пофалам дека заразлика од Загор Класикот овојпат имав поголем избор односно изборот наместо од два се состоеше од три примероци. Мора да признаам напочетокот ме израдува еден факт, а тоа е дека нели Гигантот е поголем од другите изданија и нормално со самата големина на стрипот следи и поголемо најлонче, што значи дека може повеќе зимница да завиткате во него. По внимателно кинење на најлончето веднаш ми падна во око истиот проблем од претходниот стрип, а тоа е рбетот повторно беше со линија како претходно некој да го отварал стрипот и мене лично тоа ми пречи многу од колекционерска гледна точка. Фонтот на насловот е доста несреќно решен, значи „д-то„ мене лично ми личи на мало „а„ во поглед на големото „А„ употребено во насловот. И нормално Аце не би бил Аце ако не ја утне тотлано работата и не го повтори проблемот со скенот. И јас незнам колку броја треба да утне за да му текне дека кога се чита стрип премногу смета тоа што на предната страна се гледаат сликите од другата страна на листот, значи ако во првите броеви имавме никаков скен во смисла на блед, сив итн, сега скренот е прејасен и го имаме преклопот на сликите. Значи мене како колкеционер не ме интересираат правдањата во смисла на грешка во печатница, така прават и другите и слични работи, ова е едноставно нешто што смета и мора да се корегира. Ако не сте некој загорен фан на Марти Мистерија можете слободно да го прескоктнете ова издание |
Author: | Meskov [ 15 Mar 2012, 21:11 ] |
Post subject: | Re: OSVRTITE NA MESKOV |
-ДЕМОКРАТИЈА- Имав тро проблем, ми текна нешто што ме натера да објавам дека ќе пишам колумни у Четврток (не за друго да му ја земам популарноста на Зајакс-Мала шала наравно ) ама одненадеш или од попладневтното спиење или пак од то што сањав дека со секира мавам по невините Вајандоти и латам ко Тарзам по љиљаните на некоја фиктивна ама зелена прашума едноставно заборавив што сакаше писателот да каже......Ама Вие ценети мои како и секогаш сте тука полни со идеи и разбирање и ете така решив темава да ја посветам на најсветото нешто - Демократија - Демократија е збор кој често се употребува, го учев уште у средно во Согиологија а богами и на тоа факултетот што го завршив и верувајте не ми беше јасно ама баш ништо. Етимолошки ѓоамити бил кованица од два грчки (знам дека е непопуларна земја ама то Е) збора илити demos-држава kratos-народ или ти споено demokratos - народот владее. И супер истово го кажав на час по Социологија у средно и добив 5-ка ама ко за беља истото го кажав и на испит на факултет и пак добив 5-ка ден денес не ми е јасно зашто ама нејсе....И верувајте ни у средно ни на факултет не ми беше јасно како успеале од овие два збора да добијат Демократија, се обидов и преку правничка логика изразена во математичка равенка ДРЖАВА + НАРОД = ДРЖАВЕННАРОД/НАРОДДРЖАВА/ДРЖАВА И НАРОД....... ако некој знае да точно од мене го има АФ чврст по цена од моментална ремитенда на пазров!!!!!!!!!! И конечно дојде тој ВЕЛИЧЕНСТВЕН ден ДЕМОКРАТИЈА ТОА СУМ ЈАС!!!!!!!!!!!!!!!!!! Го прочитав ова на еден прв форум на нтернетов наш несушен и онака буквално се сепнав и викнав ЕУРЕКА, ДАААААААААААААААААААААААА го знам одговорот, јас сум народ јас сум држава значи јас сум демократија!!!!!!!!!!!!!!!!!! И наравно после на моја голема радост дознав дека ако некој е демократија на форум покрај тоа што увек мора да биде управо, сите му се потпикуваат и го величаат неговото дело едноставно ја има најблагородната можност на форумот а тоа е да..... Интермецо: Лавот или ти Величенствениот у секоја втора епизода сече по една глава А Демократијата на форум значи....БАН БАН БАН БАН.... Але але але.....Але але але............. КОнечно дојдов до ултимативниот монет и сватив...... да драги мои пријатели и непријатели едноставно нели ДЕМОКРАТИЈА ТОА СУМ ЈАС!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! 1 година потоа..... Се појавува група на интелектуалци/цртачи/сценаристи/колекционери и луѓе кои на ваков или таков начин се поврзани некако со стрипот седнуваат на маса и сваќаат дека досегашната демократија не функционира и решаваат да прават нова демократија, (тука треба да следи опис на тоа како се прави форум ама пошто јас од прваење форум се разбирам ко бурекџија у шамипити праење оставам на вас да си прочитате како се прави форум) форумот е направен, со тек на време се зголемува членството, се појавуваат нови идеи, школи. се развива комуникација у реал лифе, се наоѓаат нови начини за набавка на стрипови. се разменуваат искуства мислења, се пишуваат и цртаат стрипови, се појавува магазин, се прават промоции па дури и вашиот и наш колумнист при една таква средба решава да се опроба у сценаро пишење, илити накратко кажано стрип сцената живнува и то побааги брзо и побааги квалитетно. Секоја поврзаност со личности од реланиот живот е намерна, ако на некој му смета колумнава баш ми е гајле и сите претечки приватни пораки ги ставам на увид јавно Како прва колумна морав да дадам осврт на една тема која реков дека ќе ја закопам ама сепак едноставно морав да си го кажам мислењето јавно и без цензура...... Наравно 2 епизода нареден четврток....... |
Author: | Meskov [ 22 Mar 2012, 18:28 ] |
Post subject: | Re: OSVRTITE NA MESKOV |
Гледам дека со првата колумна не постигнав никаков ефект (читај никако да си остварам моето демократско право колумните да ми бидат одвоени од коментарите ) се надевам дека и со втората колумна нема да постигнам ама баш ништо.... -ЌЕИФ- Се будам сабајле мамурен абе чудо едно додуше не испив многу претходната вечер и за среќа не јадев баничка ама главава ме искина, се довлечкав некако до купатило и пробав да обавам то ритуалот ама ко забеља и го слушнав гласот на една водителка што води ѓоамити утринска програма на Алфа телевизија и се сепнав на најслаткото (читај инспирација на ќенеф) се измив на две на три ама без некој ќеиф и седнав на фотеља со надеж дека се ќе среди после две голтки кафе и дубоко увлечен дим (Вест лајт стриктно) и таман помислив дека се е ок ќе се врати инспирација за на ќенеф и дека има шанси денот да почне ко шо треба, мајка ми мртва ладна и текна да ми соопшти една битна вест.... ИМА ДЕНЕС ЖЕНА ДА ЧИСТИ СОБЕРИ ТОА КАБЛИТЕ И ТОА СТРИПОВИТЕ.... Јас: Женааааааааааа, нема шанси да и дадам у соба да чисти. Мајка ми: Глас да не чујам ќе чисти и точка. Јас: Абе мамо стриповите, фигурите. МАјка ми: Нема простор за дискусија, средувај тоа и крај. Јас: !@#$% (ама то у себе) Бидна шо бидна, се отклатив на работа, помина денот онака глупо како и што почна и се пребирав некако дома. Влагам у соба и на прв поглед ми се виде топ, чисто, леп мирис, нема прашина, ѓубре фрлено, абе средено саат шарам малку со поглед и...ИИИИИ....ИИИ....ИИ....И.....FUCK најдов абе готово крај на муабетот приметив и то е, фигурата Скаар била чепкана и мачот што беше високо дигнат сеа беше спуштен надоле....и одма ми се скрши филм и почнав со пребројување на стриповите, прелистување, прередување итн итн итн..... И еве сеа додека ги пишувам овие редови почнав да се прашувам едно единствено прашање дали сум јас нормален!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Мислам алоооооо...чистела жената ја мрднала фигурата и сеа што...3 светска војна, немир у земји од трет свет, напад на клингонците, ќе почнеме колективно сите Загор пред спиење да читаме......!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Едноставно страв ме фати и почнав да се запрашувам дали то стриповите на полица се за мене и за мојот ќеиф или сум јас за нив тука и треба да им бидам роб..... Можеби подолг вовед ама сепак немав како просто да ви го објаснам чуството. И се супер, запалив цигара и седнав да пишам ова колумнава која погодувате треба да се однесува за колекционерството, пасијата према истото итн итн. Луѓе со каков мерак пред некој ден си исчитав 100 и кусур страни од темата Стрипотека на форумов наш несушен тоа е чудо едно (THEMICO КАПА ДОЛЕ ДРУЖЕ), абе нема ништо поубаво од тоа да ти стигне стрип дома и онака уште дур е пресен и лепо мирише (со исклучок на Весељците нели ) да го исликаш у две три пози па да го аплоудираш и да го закачиш на форум, па после со каков ќеиф читаш коментари од сите останати кои искрено се воодушевуваат на стрипот а тебе егото ти се дуе и дуе и дуе......абе милина (боље од Секс ) Па си отворив то темата кај што еден Мешков постирал слики од неговата скромна (како не бе!!!!) најбоља колекција у цел свет па си се присетив со каков мерак ја редев, броев, попишував и хронолошки ја средував...МХМХМХ....(дефинитивно боље од Секс) Страшна работа...(на сексот мислам)..патем ако не сте мажени женети користете кондом...ЗА МИРЕН СОН ДУРЕКС КОНДОМ.....(готово отиов со паметот), него да се вратам на темата... Како и да е, ќефот е голем бар за мене ко гледам колекции а поготово и кога ги знам луѓето и кога знам со каков ќеиф редат по тоа полиците (капа доле за сите) па ко ќе ми текне со Лаф со Љубиша колку само муабети сме терале по скаип по кафиња што како ќе се нарачува, тврд мек повез, па цена па од кој сајт да нарачаме па пре ордер па ребаланси на буџет, па ребаланс на ребалансот на буџет, искрено кога Comicgeek ми дојде првпат на гости па ко видов дека меракот му беше дури и поголем од мојот кога ја гледаше колекцијата, вниманието со кое ги листаше стриповите.....мераци луѓе....мераци..... Се после ова мислам дека е сувишно, дефинитивно чудна категорија на луѓе сме (ај да не кажам пицајзли со истенечен вкус), додуше сакав малку истражувачки да ја насочам колумната и тро општо да пишувам за колекционерството и да правам некакви си споредби со познавачи на стрипови, школи итн, ама решив тоа да го оставам за друг пат за друга тема за некои подобри времиња, едноставно чуството во мене беше појако и морав некако да го ставам на хартија овај на монитор...... Пријатели/другари/другарки....ЕДНОСТАВНО МИ Е ЧЕСТ И ЗАДОВОЛСТВО ШТО ЗНАМ ЛУЃЕ КОИ ГО ИМААТ ИСТИОТ МЕРАК КО МОЈОТ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! YOU ARE THE BEST!!!!!!! |
Author: | Meskov [ 24 Oct 2012, 19:37 ] |
Post subject: | Re: Освртите на Мешков |
Еве и од мене нешто колку да изразам револт за неодамнешните случувања, ова требаше на тоа пораталот кај што објавувам колумни да иде, ама глеам нешто не се расположени и така. Пред да ја прочитате колумната би сакал да напоменам дека мој личен став е да МАКСТРИП здружението треба да излезе со соопштение до јавноста за сите случувања и пиздарии што се прават во СЦВ и за истото треба да ги извести надлежните институции и дефинитивно треба малку посериозно да почне да се занимава со решавање на овие проблеми. Колку што знам тоа е и една од функциите на здружението. И искрено не ми е јасно зошто сеуште се молчи, направивме една ваква акција која сите добро ја знаете и не гледам причина зошто не го повториме истото. Ова е реален и сериозен проблем а воедно и шанса конечно да се посочат некои работи. ВО СЦВ СЕ НАПРАВИ КЛАСИЧЕН ПЛАГИЈАТ ИЛИ ПОВРЕДА НА АВТОРСКО ПРАВО ШТО Е И САНКЦИОНИРАНО СО КРВИВИЧНИОТ ЗАКОН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.....ако ова оставиме вака да помине ондак пријатели мои....ТЕШКО НАС....паѓа во вода се она што сме го збореле, мислеле, се она во што сме верувале. Сватете ме како сакате ама мене искрено ми пукна филм и после ова за неодредено време ќе се повлечам од се!!!!!!!!!!!!!!! КАКВА Е ОВАА СИТУАЦИЈА!!!!!! После подолга пауза заради мои професионални ангажмани и приватни зезалици се враќам повторно со моите колумни илити скромни видувања за стрипот и стрип сцената општо, а и во нашата мала но мила држава. Набавив многу наслови, прочитав многу стрипови периодов, се случија и многу стрип случувања кај нас, но за жал неместо овие редови да ги посветам на убавите работи и на тоа колку како држава одиме напред во поглед на стрипот и стрип сцената во Македонија сепак ќе мора да напишам збор два за она што ме разочара пред се како човек, како стрип љубител а и како граѓанин на Република Македонија. Буквално за мене се случи невозможното!!!!!!! Неодамна како и секоја година (десет години по ред) во Велес се одржа 10-тиот Меѓунареден сaлон за стрип со соодветна програмска содржина, како предвања, стрип работилници, презентација на стрип дела и стрип берза и доделување на награди за стрип во неколку категории што е реално и она за што се одржува еден стрип фестивал. Учество земаа повеќе гости - стрип автори како домашни така и странски меѓутоа најголем белег верувам дека остави присуството на Mauro Laurenti еден од попознатите цртачи на култниот стрип јунак Загор кој е навистина големо име во стрип индустријата и навистина ми е многу криво што не најдов време да присуствувам барем на неговото предавање. Морам да признаам дека и фестивалот или ти стрип салонот беше медиумски доста покриен (имам мала забелешка а тоа е презимето на Mauro кај нас дали свесно или несвесно во многу новинарски текстови а и официјални соопштенија од самиот салон беше преведено како “Лоренти„ што е апсолутно погрешно) ама ете луѓе сме грешиме и преминав преку тоа. Она што мене највеќе ме погоди е „Наградата за најдобар учесник до 18 години“.... Оваа награда верувале или не беше доделена на еден релативно млад автор кој морам да признаам дека учествувал на конкурсот со едно маестрално дело ама за жал не негово лично туку прецртано..... Да добро прочитавте буквално прецртано до најситен можен детал......Таквото дело го пријавил на конкурсот и што е најтрагично победил и не само што победил него до илустрациите кои нормално биле изложени за време на салонот стоело/и неговото полно име и презиме а верувам и дека свечено му била доделена наградата со сите салтанати како што е редот и верувам дека тоа така и ќе поминело ако по некоја случајност јас а и некои останати индивидуи (мои лични пријатели) од областа на стрипот не го приметеа очигледното, а тоа е дека стрипот (стрип таблите) со наслов „Бесмртен“ кој доби награда е всушност стрипот “Haunt„ на Todd McFarlane и Robert Kirkman издаден под капата на Image comics во 2009 година. Искрено првите десет минути бев збунет блеев како овца во монитор и едноставно не можев да сватам што точно се случува....Прво нешто што ми текна да направам е да ја проверам информацијта, почнав да гуглам и сватив дека тоа поминало без никаква реакција од никого, дури ме зачуфи фактот што и никој од комисијата (која ги оценувала делата пред доделување на наградите) не приметил дека се работи за клсичен плагијат или да бидам попрецизен злоупотреба на авторски права (да не се лажеме нема стрип автор, љубител, колекционер и слично што не чул за Haunt) или барем јас така мислев ама ете очигледно има и такви. Трагедијата да биде поголема такви луѓе се дел од комисијата или „жирито“ како сакате кои треба да оценат најдобар стрип и да доделат награда. Како и да е, по утврдување на веродостојноста на информацијата нареден чекор беше да се проверат пропозициите што секој учесник треба да ги исполни за да може да учествува на конкурсот, ја најдов официјалната страна на салонот и покрај сите општи и посебни услови апсолутно нигде не видов можност да се учествува со прецртан стрип (освен можеби тоа дека темата на стрипот е слободна) ама нема шанси ова да се протолкува дека може да се учествува со прецртан стрип, исто на самата интернет страна е наведено дека стриповите ќе бидат разгледани од три члена комисија, тука веднаш се поставува прашањето за кредибилитетот на тие луѓе во смисла на нивната компетентост, стручност и познавање од стрипот како категорија. Жалосно но вистинито, искрено уште сум збунет додека ги пишувам овие редови и едноставно не можам да поверувам дека на еден таков реномиран меѓународен стрип салон – фестивал може да се случи вакво нешто, па да не зборам за последиците од вакво нешто, и тоа не само во границите на нашата држава, ова е серизоен проблем од меѓунаордни рамки, можете ли да замислите какви реперкусии би можел да има ваквиот чин спрема сите оние наши авотри кои цртаат или се обидуваат да цртаат за странски издавачи, дали знаете каква црна дамка може да остави овој чин на сите оние напори на поединци кои од петни жили се трудат да создадат нешто, да создадат стрип сцена.....големи можат да бидат последиците и тоа на долг план. Уф....можеби преемотивно настапив, ама сепак мене лично како стрип познавач, колекционер и љубител на стрипот вакви работи навистина ме погодуваат, ама ете за жал ги има, тука се, меѓу нас се!!!!!!! Знам со сигурност уште едно, оваа работа нема да оставам да помине вака, додека ја имам слободата да пишувам ќе пишувам за ова и секојдневно ќе го следам проблемот!!!!! Здравје боже во наредната колумна ќе биде опфатена изложбата на здружението „Макстрип„ по повод Бели ноќи и средабата со легендите на македонскиот стрип...... Дотогаш останете ми со добро здравје и добра мисла. |
Page 1 of 1 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |