Јас тука би ставил две објасненија...
1). Десната рака му е стисната во тупаница, па не се гледа, и
2). Овој е Лош Дедо Мраз. Пред неколку Нови Години, гадно се начука во познатата биртија на Северниот пол
„Кај Белиот Пингвин“*, и започна тепачка со неговиот најдобар другар по локање - Рудолф Ирвасовски. Рудолф му го „отфикари“ десниот палец (јас би рекол, му го одгриза, ама кој сум јас да противречам + сакам сеуште да имам палци на рацете...) додека пак Дедо Мраз му го „поцрвени“ носот - перманентно. (Иако Рудолф тврди дека му е од пиењето, јас ни овој пат не би противречел, бидејки имам голем нос, па не сакам во иднина да личам ко наш Цане...)
...па ти одбери си кое најповеќе ти одговара.
од Редакцијата, директно од Северниот Пол. *
Пингвините се наоѓаат единствено на Јужниот Пол, па затоа е толку позната оваа биртија...